Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Или не дај боже за претседатели на Собрание на РМ!
     
    На Nigredo Odor, Victorian, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И не само тоа, јас не знам со кој памет сеуште се одржуваат дипломатски односи со Германија !
    Па уште и најголема трговска размена не знам што, а тие се оние кои ја окупираа и подарија нашата напатена земја на Бугарите. Да не случајно сами бугарите се осмелија да нападнат? Немачко масло било све тоа. DOKOGAVAKA?????
     
    На Elen4e_sonce и sjdgo им се допаѓа ова.
  3. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Што ми зборуваш дегенски муабети? Македонија и така со Бугарија има трговска размена без никакви проблеми.

    Сакате добрососедски односи? Нека Бугарија го признае македонското малцинство, јазик и партија во Бугарија со право на образование на мајчин јазик и квоти за вработување според рамковен договор. Македонија истото да го направи со бугарското малцинство во Македонија. Тоа се добрососедски односи, а не тоа што му се помочаа на Заев врз лицето, а јадниот ќе лиже и анус само да добие некоја препорака од НАТО и да му се крене рејтингот пред локалните избори за да владата опстане.
     
    На Victorian, Outlook, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Германија имаат посебно поглавје за македонското прашање и македонизмот во нивните историски читанки? Одиш во Германија и ти велат, Германец си, Македонија не постои вие сте Германија. Ако да, озбилно, на еден протест да се собереме пред амбасада и да бараме да си одат, сосе маслото.
    #немаправданемамир
    #ќесиплатите
    #ќепобедиме
    #смртфашизмуслободанароду
    О, вејт, се предомислив.. Сакам да сме Немачка. Може и Имачка. Како сакаат нека не викаат,само да сме тоа што и они.
     
    На Nigredo Odor, Victorian и Sesil им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ајде биди така љубезен колку што си нервозен и соопшти на форумската јавност како оди таа процедура за признавање на јазик?! Што тоа воопшто значи?
    Малцинство има и е признато и си имаат свои организации таму, на попис последен мислам имало нешто као 6.000 раја кои се изјасниле за македонци во Бг. За една таква минорна цифра никој на светот не отвара посебни школи.

    А Грција што е најголем странски инвеститор во РМ, што со тоа? Плачат духовите од Вичо и Грамос, ангелите небесни во бунило се клатат по небото кога ти точиш бензин од Хеленик петролеум и цела икономија може да запре ако не е грчкиот бензин и нафта, ја имаат цела РМ стиснато за јајца:party:Кој го тоа направи, кој ја продаде Окта на врагот, кој ја затвори подоцна, кој плаќаше пенали на грчиштата????????????
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека германците се обавестени за постоењето на Македонија.
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Па тоа е разликата.
    Али, фала им што ќе не спасуваат со посебен фонд. :inlove:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Зошто тогаш на Македонците не им даваат да регистрираат своја партија иако сите потребни документи и потписи се доставуваат редовно до судовите, а? Друго е кога имаш парламентарна партија и преку парламент се бориш. Тоа што им дале право да регистрираат две играорни групи е мање-битно ко Буковичка бања. Во Бугарија не живеат 6,000 Македонци. На првиот официјален попис после Втората светска војна се попишале 250,000 Македонци претежно во Пиринска Македонија.

    Па, и САД се најголем трговски партнер со Кина и што со тоа? Секој си ги гледа своите национални и економски интереси. Секоја грчка компанија е добродојдена во Македонија се дур не се меша во националните и безбедносните интереси на РМ. Ни тебе никој не ти брани да купуваш имот во Грција или да отвориш бизнис, но врши некои дејства против грчкиот устав, па ќе те јаде помрачина во животот.
     
    На Abeja, Lianna Anna и Victorian им се допаѓа ова.
  9. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Ај те молам разгледај ја темата бугарски пасоши тука на форумов па види дали се сите вмровци тие што чекаат пасоши , и не е точно дека вмро е таа која ги натерала луѓето да вадат бугарски пасоши туку самата Европска Унија бидејќе го укинаа давањето на работни визи за западен балкан и со тоа луѓето кои сакаа да идат надвор беа приморани така да не тупи ја многу не е вмро дежурен виновник за се во мкд врати се малку до 2006 како беше па после збори!
     
    Последна измена: 23 јуни 2017
    На Lianna Anna, Outlook и veteruska им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Тоа е таа говеџа логика:

    - Имаше снимки, али не ги даваат! Газдата на станот потврди за Телма телевизија!

    Вау, шокантни вести и доста кредибилни.
     
    На Lianna Anna, zhap4e и Abeja им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.206
    Допаѓања:
    38.227
    Пол:
    Женски
    Малтене на исто рамниште со Курир и слични "медиуми" на кои вие тука се крстите. Така што... му рекол зајакот на магарето дека има големи уши :D
     
    На Someonespecial, ADOKI, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Ај ова може да е предмет на дискусија, немаме снимки а ги обвинуваме луѓето дека се педери, има простор за ремет.
    Ама што да се каже за тие кои слушаа снимки и викаат сечени, лепени, монтирани? Тие треба доживотно да бидат таргет на заебанција.
     
    На JollyGirl, LollySky, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    Не може да биде договорено. Што не сум отишла јас да земам ако е договорено?Кој договорил?Немаше перспектива сите овие години во Македонија и масовно се купуваа пасоши. Долгот ќе дојде за наплата.

    Нема да пишувам име, ама знаеме сите. Млад е. Го гледав кај Васко Ефтов и си ги врти работите на негова воденица, а историчар е.

    Никој не ни е крив што додека цел нормален свет одеше кон НАТО и ЕУ, ние губевме години и години. Ние сме дали и оваа територија денешна ќе ја сочуваме. Вие што сте поддршувачи на ВМРО зборувате како да сме велесила, па ние негде нешто ќе сме барале. Од нас ќе се бара, прифатете го тоа. Ние повеќе умираме одошто се раѓаме, ние сме земја со 30% малцинства, а ако додадеш и бугарски пасоши, малцинство ќе не сметаат. Нема каде што да бараме, можеме само да молиме. Ова не се причини, ова се последици од погрешни политики. Да сме помоќни од Бугари, Грци, да им наложиме да ни признаат малцинство. Освен тоа што му значи на еден Македонец во Бугарија ако го признаат како таков?Каде ќе оди со македонски пасош?Никаде. Но, со бугарски ќе оди секаде. Ние сме една црна дупка на Балканот, не сме велесила аман. Заев се труди нешто да поправи. За учебниците кажа дека експерти тоа ќе го прават, а Фрчковски на дебата кажа дека можно е да бидат ублажени работи како фашистички окупатор за да не се етикетира цел еден народ. Тоа ќе биде најанса. Многу сет ригорозни, но ако сега ви се нареди како македонски Бугари да си одите од оваа земја, така сте се изјасниле, каде ќе одите, кој ќе биде вашиот одговор?Сите молите и се правите Бугари за да го добиете тој нивни пасош, а ваму имате фобија. Оставате тие муабети, неважни сме. Каков народ сме, малку ни е. Петмина тука на форум нема да се сложиме, а вие очекувате Заев на сите да им удоволи?Пак ќе кажам, што ако дојде Борисов да се поклони, ќе ве земе ли вас сосе бугарските пасоши и ќе ве носи во Бугарија?Толку сме мали, неважни, немоќни. Со еден снег во јануари не можеме да се справиме, улици не сме способни да си исчистиме, ние ќе диктираме некоја регионална политика, ма немој.
     
    Последна измена од модератор: 23 јуни 2017
    На LollySky, anaja1 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Илинден и Преображение почнале на ист ден. Во Првата Балканска војна Македонија била на страната на Бугарија затоа што вторава и ветувала автономија. Тоа нас не не прави бугари. Во 1913 година Македонија е избришана од светската карта. Браво Заев. Какво историско познавање.

    Тања, нема да му го злоупотребам името за сопствени цели. :DГледаш, човекот и сам се експонирал. Чисто ме интересира кој е тој што менува историја како нему му одговара, а и зошто истото би одговарало за ВМРО. Затоа и прашав. Васко Ефтов никогаш не сум го гледала. Ниту Миленко, и нему сличните. Не знам. Ете, не се согласувам во целост со нивното говорење. Можеби во дел, но никако во говорот на омраза. А реално, го има. Зборувам за последниве, оти за Васко не знам.
    Тања, јас сум симпатизер на ВМРО. Но сум далеку од тоа да бидам заслепена од нивната политика. Им ги истакнувам маните. И птетходно и сега. Никогаш не биле ниту ќе бидат светци. Всушност, такво нешто не постои. Не ја сакам новата Влада, особено не начинот на кој дојдоа на власт. Не ми се допаѓа фактот што нема транспарентност, што се од ДУИ не казнети. Но сепак, исто, се согласувам со новата Влада за екстерно, дисперзирани студии, враќање на родовите итн. Но не ми се допаѓа промена на историјата, односно виткање кичма, без разлика за која цел, оти сметам дека шансите да се избрише нашиот идентитет се големи. Ај сеа да не го тупам со ова пак. Сакам да кажам, јас не гледам ништо лошо во подобрување на односите со соседите, поклонување пред споменици, ваму или таму. Ми пречи мене, промената на историјата. Ми пречи тоа што се истрчуваат да решаваат помалку битни работи, наместо да им се даде шанса прво на поважните. Ветуваа департизација. Разбирам треба време. Но од првиот ден на Парламентот, ја видовме истата, ставајќи ги на пратенички столчиња шарените. Можеби ќе се придвижиме кон НАТО и ЕУ. Но за која цена?! И дали и колку со тоа ќе ни биде нам подобро?! Ако до тогаш, воопшто и имаме држава.
     
    На Victorian, Bitter-Sweet, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.840
    Допаѓања:
    264.563
    Толку ви е испран мозокот што трескате глупости. Замарате со патриотизам и спинувате едни исти работи. Ама така ве пумпат по штабови, чудо сте.

    Лично сум ги слушала муабетиве.
    Да ви кажам право ич не ми е гајле ни за историја, ни за име. Гајле ми е да имам пари во џебот и да одам да си платам сметките.

    Сакам овој народ да живне малце, а не да гледам тажни и болни лица. Додека вие тука крекате за име, додека мороните од Вмро си делеле хонорари од 5 илјади евра во Клинички, луѓето умираат. Знаете колку е пораснат бројот на заболени од рак? Мозочни и срцеви удари? Знаете колку млад народ умира и боледува? И знаете зошто? Заради лошото здравство на Тодоров и Груевски.
    Луѓево просат за леб, образовани луѓе аргатираат и возат такси оти штабските војничиња и швалерки ги испопикаа секаде, ако се необразовани и неписмени.
    Што не го коментирате новиот министер за здравство кој секој ден вади во јавноста како се распределувале хонорари од илјадници евра, а немаше пари за реагенси и за гази на пример.
     
    На BoaVista, sweet-cherry, Waka-waka и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    И јас сум против што ДУИ сега пак се во власт и ќе се спасат. Ама ако не се ДУИ ќе бидат БЕСА, а исто зло се сите албански партии и не и мислат добро на Македонија, туку само грабаат. Која историја ќе се смени?Сите тука се буните против Бугари и Грци, ќе ни смета историја, а штом ќе дојде продолжен викенд сите трчате во Грција и Бугарија, се чекирате по фб. Се додека нашите пари ги даваме во соседството, тие ќе бидат супериорни над нас, побогати се, помоќни се, побројни се, понапредни се во политичка смисла. Кои сме ние?Станавме никој и ништо. Тоа што се ладите во Грција, давате пари на истите тие Грци на кои се плашите и срамите да се кажете дека сте од Македонија, туку велите Србија, и сега тоа не е виткање на кичма?Виткање на кичма било што отишол Заев или Димитров во Софија, тоест Атина. Па нормално дека ќе одат, државници се, нема баба ми да оди сигурно. Сите сте патриоти и загрижени на форум, ама во реалноста не сте и затоа сме пред распад. Велиш не се согласуваш со некои политики на ВМРо?Отиде некаде во некој штаб да си кажеш став?Имаш пратеник од твојата единица кого можеш да го посетиш и да кажеш дека како гласач не се согласуваш?Имаш мејл на сајт на Собрание, дали реагираше некогаш некаде, културно, не мора агресивно и со навреди?
     
    На JuLleE, LollySky, Elen4e_sonce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Дали е вистина дека Катица Јанева отвара истрага против Бујар Османи и неговото семејство за проневера од 28 мил.евра
    Да видеме дали сдс дуи колку ќе функционира :puke:(n) FB_IMG_1498219087358.jpg
     
    На fina erika, Lianna Anna и veteruska им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Пред 70+ години попис треба да е актуелен во 2017?
    А зошто баш тој, зошто не некој пред 120 години? Дај среди си логика малку и врати се.
    Како не се меша кога целокупниот транспорт во РМ зависи од вољата на грците? Па да затворат граница за нафтени деривати на неколку дена и тоа е тоа, не мораат да испукаат ни еден куршум. РМ е доведена до полуколонијален статус во однос на Грција од страна на твојот пастир.

    Мирољубе сречо, немој бити такав јер у спротивном идеш под мач бато, не гине ти црна погибија :D
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Тања, гледам дека воопшто не си ме разбрала. Зборувам за транспарентност и еднаквост пред закон. Не зборувам за тоа дека ако не се ДУИ ќе биде БЕСА итн. Не ме интересира тоа. Не сум против бугарите и грците. Тие се против нас и против се што е македонско. Ако некој не знае да чита меѓу редови, тоа не е мој проблем. И стварно не е соодветна твојата констатација или споредба, да мешаш интереси на обични граѓани и тамошни или овдешни Влади. Политиката е едно, историја друго, а одморот во Грција сосема трето. Ако беше така, тогаш ние не треба ич од државава да излегуваме. И те молам, не ме ставај мене во твојата генерализација. Оти за волја на вистината во Грција 100 години не сум била. А ми се чини дека истата е најмногу од Шеќеринска посетувана. Како и да е, верувај ваквиот муабет е тотално излишен. Каде трошиме пари и нашето име, немаат никаква допирна точка. Прочитај погоре повторно. Не ми пречи тоа што нашите државници одат кај нив, или нивните тука. Ама ич. Патриот најмалку глумам, а во реалноста, точно сме пред распад. Види, виткање кичма не споменав во контекст на државните прошетки, ами за нешто друго. Ти велам, прочитај пак. Ако тебе воопшто не ти пречи ништо од политиките на СДС, мене ми пречи, па имам право на истото. А богами, истово важи и за другата партија. Исто како што имаш ти право, па дури и субјективно упорно да ги браниш за апсолутно се, а да ги напаѓаш другите за апсолутно се. И двете партии имаат вина, и тоа е така колку и да не ти се допаѓа. За историјата, еве јас ќе оставам, остави и ти, да видиме дали ќе имаме име или ќе бидеме една безимена именка без право на сопствена територија. Бидејќи, ако некој не ти го признава јазикот, не ти го признава ниту идентитетот. За прашањата. Да, реагирав соодветно и институционално. Неколку пати по неколку прашања. Вклучувајќи го и последниот испад на Талат Џафери, знамето во кабинет. Не дојдов тука на форумов да се расфрлам со пофалби или вакви или онакви податоци. Вие не морате да го знаете тоа или ова. Не дремев ниту пред телевизија видиш. За разлика од некои кои како факти ги користат телевизиските информации. Не морав ова да го кажам, ама кога веќе праша, ете. Иначе, знаеш каков одговор добив?! Игнор. Реална сум Тања. И за волја на вистината, имам сајт, но таму се промовирам себе, односно фирмата која ја претставувам. А што направи ти?! Освен што реплицираш за пари и одмори?!

    Иначе, кога сме кај сметките во здравство, истите не се платени повеќе од 15 години. Прочитајте. Двете партии имаат вина. И наместо новиве да се расфрлаат со криминалот на старите, нека реформираат во здравство. Ете, нека има и за гази, па дај боже и за многу повеќе. Не ми пречи, него напротив. Реална сум, најмалку заслепена.

    И Тања, агресија и навреди се мојата најслаба страна.
     
    На Victorian, LillyBe и Rama им се допаѓа ова.