Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.849
    Пол:
    Женски
    ги има ли на јутуб да се видат овие бисери??
     
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Читам тепачка имало во собрание... :D Талат Џафери зборел на говорница и му дошле од ДПА пратеници и го растепале... :D Трајко обезбедувањето го викнал и се расчистила тепачката... :D

    Барам видео за дешавкава да ја видам...
     
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    29.07.2011, 14:53

    Претседателот на Законодавниот дом, Трајко Вељаноски, беше принуден да го повика собраниското обезбедување за да ги раздвои пратениците на ДУИ и ДПА, кои на денешната седница за избор на заменици-министри влегоа во жестока вербална расправа, чиј резултат беше близок физички контакт.

    Првичната причина за инцидентот беше обраќањето на Мераил Ферати од ДПА. Таа со низа критики се нафрли кон „интегративците“. Тоа го предизвика Талат Џафери од оваа партија да излезе на парламентарната говорница, од каде ги изрече зборовите: „ Вие, мажите од ДПА, дозволувате да ве брани една жена“.

    Орхан Ибаими беше првиот пратеник од партијата на Мендух Тачи кој истрча од неговот столче кон Џафери, по што му се придружи сопартиецот Имер Алиу. Нивната цел беше да го спречат пратеникот на ДУИ да продолжи да говори.

    Од ДУИ им се спротистави најпрво Арбен Лабуништа, по што настана општ хаос, на раб на масовна тепачка.


    Крај на муабетот сме :x
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
  5. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
  6. M.arty

    M.arty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Стварно срамно е ова што се случува во собранието, не доликува на луѓе, пратеници што народот ги избрал да не претставуваат, тепачки глупости!!!!!!!!!!1
     
  7. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    офф Македонијо црна Македонија што се држиш во себе :tmi:
     
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Овие браќава само да не срамат знаат :)
     
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    A се смеев за кога ја формираа владата. Пред тоа расправаа жестоко за министрите и излегува еден Велешанец комуњар ама расположен за шеги ( не сум сигурна може и некој друг да беше)
    ’’ Тодоровски за кого велите дека е успешен министер од образонание го префрлате во зравство. Ако е одличен оставете го таму каде што е да има континуиран успех. Знаете ли која е поврзаноста меѓу здравство и образование--- само кога учениците одат на систематскихахахахаха
    А за инвестициите на Бунарџик за кои ме убедувавте дека ке цветаат еве на Бунарџик само крави пасат ’’ Браво за човекот
     
    На SunFlower94, Offspring и Masnoli01 им се допаѓа ова.
  10. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    88
    Седниците во Собранието се како сапуници, 10 да испуштиш од 1 ќе сфатиш за што се работи а основна цел им е да го забавуваат народот кој ги избрал, ако не им се интересни пак нема да ги бира. Воедно е и ризница на фрази и изрази-кованици и новоформирани зборови, модна писта за женскиот дел а петлово место за машкиот дел кој секој се обидува да ги натпее другите, љубовта им е како Монтеки и Капулети итн.
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    http://www.utrinski.com.mk/default.asp? ... 49A6A43EE0

    Раскол во Комисијата за лустрација
    Шестмина членови на Комисијата за лустрација, и покрај тоа што немалo кворум, одлучиле да го потврдат првичното решение за „Драматург“



    Комисијата за лустрација вчера ја тресеа скандали откако пред гласањето за жалбата на Владимир Милчин на решението дека бил соработник со тајните служби тројца членови ја напуштиле седницата. Сепак, била донесена одлука со која се отфрла жалбата и се потврдува решението дека „Драматург“ бил кодош, за што гласале само шестмина членови, и покрај тоа што за одлуката да биде валидна, потребен е кворум од најмалку седуммина членови.

    Откако Комисијата ја напуштиле Чедомир Дамјановски, Јанакие Витановски и Благоја Гешоски, на седницата останале само шестмина, кои иако немале кворум, сепак, одлучиле да гласаат и со тоа на незаконски начин да ја потврдат првичната одлука. На ова реагирале тројцата членови што доставиле писмен допис до претседателот Томе Аџиев, со забелешка дека одлуката не е во согласност со законот. По тоа, првиот лустратор, Аџиев, вчера доцна попладнето повторно ги свика членовите на итна седница, но тој отфрла дека имало незаконитост во постапката.

    „Тоа не е точно. Двајца членови беа отсутни поради повреди, а за тројцата што излегоа, исто така, се смета дека е начин на изјаснување“, вели Аџиев.

    Дамјановски, Витановски и Гешоски, незадоволни и револтирани од начинот на кој Аџиев ја водел седницата, заминале пред да почне гласањето, бидејќи не сакале да бидат дел од одлуката за која немало факти. Како што дознаваме, Комисијата се повикува единствено на документите од Архивот кои се од МВР, а во кои било наведено дека Милчин три пати бил повикуван на информативен разговор поради неговите анархолибералистички ставови. Во истиот извештај стоела и забелешката дека тој не соработувал со службите. Но, и покрај тоа, за шестемина членови на Комисијата доволен доказ дека Милчин кодошел било единствено тоа што тој бил повикуван на разговори во МВР.

    „Согласно со член 236 од Законот, донесовме решение дека изјавата на подносителот не е во согласност со податоците со кои располага Комисијата. Подносителот достави изјава во која тврди дека не соработувал со органите на државната безбедност, а Комисијата утврди дека таа не е во согласност со документите што ги имаме“, нервозно ни одговори Аџиев на прашањето врз основа на кои докази и од кои безбедносни органи се потврдува првичната одлука. Тој само рече дека решението го носат врз основа на документите од МВР, но одби да одговори и дали во истиот тој извештај стои забелешката дека не соработувал со службите за безбедност.

    „Такви работи не можам да кажувам, тоа се строго класифицирани податоци и не смеам да кажувам ништо во врска со тоа што е наведено во нив. Расправавме само по жалбата и донесовме решение дека таа не е во согласност со документите со кои располагаме и со тоа се потврдува првичната одлука на Комисијата“, ни рече Аџиев.

    Милчин, кој претходно јавно на прес-конференција тврдеше дека не бил соработник, туку жртва на тајните служби, вчера не сакаше да го коментира скандалот што се случи во Комисијата за лустрација и најави дека откако ќе види каков ќе биде исходот и откако ќе добие решение, повторно ќе излезе во јавност да го соопшти својот став. Тој откако ќе ја добие одлуката, има право во рок од осум дена да достави тужба до Управниот суд, а доколку не е задоволен од одлуката, има право на жалба до Вишиот управен суд. Ако и последната судска инстанција го потврди решението на Комисијата за лустрација, тој може да се соочи со губење на работното место професор на Факултетот за драмски уметности.

    :x :x :x
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Дипломираниот правник и поранешен светски првак во јапонската одбрамбена вештина џиуџицу-Никола Тодоров најавува: "Ќе правам џиуџицу-потези во здраството" :|
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Одговорно тврдам дека државнава администрација има потреба од малтретирање луѓе.
    Во петокот поминав пред социјално. Од една страна колона луѓе чекаат да земат бројче, а од другата страна стојат оние среќници кои веќе земале бројче за да извршат пререгистрација.

    Каде отиде оној едношалтерски систем? Што се случи со поврзаноста на институциите?

    Ако Агенцијата за вработување достави листа на регистрирани невработени, а УЈП список на невработени кои по било кој основ оствариле приход, до Социјално, тогаш нема никој да им стои пред врата ( а и пред шалтер кога ќе дојде на ред ...некогаш) и ќе можат на раат да си работат.

    Навистина нема смисла.
     
    На nena2010 и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.849
    Пол:
    Женски
    Грчката полиција го приведе новинарот на Канал 5 Горан Момироски

    Новинарот на Канал 5 Горан Момироски е приведен во Лерин. Грчките полицајци го уапсиле претпладнето околу 11.45 часот додека извршувал професионална задача во Лерин. Според последните информации до кои дојде Канал 5, Момироски во моментот се наоѓа во полициска станица во Лерин каде што го испрашуваат грчки полицајци.



    Информациите за Канал 5 ги потврди грчкиот конзулат во Скопје, од каде што соопштија дека Момироски бил приведен затоа што сакал да сними како Македонците во Лерин вадат изводи од матичната служба.

    Канал 5 се обрати и до грчкото Министерство за надворешни работи од каде што соопштија дека немале никакви информации за инцидентот. За апсењето на новинарот на Канал 5 е информиран и македонскиот конзул во Солун кој рече дека веднаш ќе замине во Лерин за да провери што точно се случува.

    Во меѓувреме алармирано е Здружението на новинари на југоисточна Европа СЕЕМО. Момироски вчера престојуваше на прославата на празникот Голема Богородица во леринското село Неред за што и известуваше во вестите на Канал 5.

    Освен новинарот на Канал 5, уапсена е и новинарката на дневниот весник „Вест“, Милена Ѓоргиевска. /www.kanal5.com.mk
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    :D :D Морав. Траги комедии мајко мори! :tmi:
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Што, по ѓаволите? :^)
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Се отвора ли мегдан за нова државна химна?

    Двата владини партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ засега не го отвориле прашањето за донесување нова државна химна што би ја заменила „Денес над Македонија“, иако и двете партии помислуваат на тоа. Првата, зашто смета дека актуелната химна не одговара на современите услови, бидејќи е создадена во претходниот режим. Втората, зашто со неа не се идентификуваат Албанците

    Композицијата што Министерството за култура ја нарача по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста има потенцијал да стане нова државна химна. Тоа е видливо од критериумите на конкурсот за композицијата, кои бараат свечена песна со македонската мелоритмика и со пригоден текст што ќе се однесува на државотворноста, но и од најавите на надлежните дека таа ќе се интонира во повеќе државни пригоди, особено на секој 8 Септември.

    Слична процедура на воспоставување композиција за државен симбол била применета и на актуелната химна „Денес над Македонија“, за која од моментот на нејзиното создавање како пригодна партизанска песна во 1941 година во Струга до официјализирањето како химна во 1989 година поминале 47 години.
    Иако Македонија во 1992 година, една година по осамостојувањето, ја прифати со одредени текстуални модификации старата химна „Денес над Македонија“, сепак нема владина гарнитура во која не се отвора прашањето колку овој државен симбол одговара на условите.
    Дел македонски партии, меѓу кои и актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, одредено време тврдеа дека химната не соодветствува на демократските услови во самостојна, суверена и независна Македонија, бидејќи е од комунистичко време.

    Албанските партии, пак, сметаа дека не се работи за химна со која се идентификуваат сите граѓани како што му прилега на еден државен симбол.

    Државната химна се смета и за најзапоставен државен симбол од трите (знаме, грб и химна). Таа се интонира само при чествување државни празници, свечености и спортски натпревари, неретко без неопходното внимание. Така, на спортски натпревари се пушта само кратка верзија од една строфа, на државен настан ни се има случено прво да се обрати министер, па потоа да се пушти химната, на јавни настани организирани од албанските партии воопшто и да не се отсвири и слично.

    Партиите молчат?

    Според Уставот и законите, државната химна се воспоставува со закон што се носи со двотретинско мнозинство. Иако државните симболи, особено знамето и грбот, беа предмет на договарања уште во времето на донесување на рамковниот договор во 2001 година, законите со кои се уредуваат државните симболи и нивната употреба не се носат со двотретинско мнозинство, односно со Бадентеров принцип, бидејќи веќе беа донесени. Дополнително, пак, користењето етнички симболи беше регулирано со посебни закони (законот за употреба на знамињата), кои се носат со Бадентерово мнозинство.

    Актуелната владина гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не поседува вакво квалификувано мнозинство во Собранието, па така доколку се одлучат на ваков чекор, ќе мора да постигнат компромис и со опозициските партии. Според извори од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, двата владини партнери засега не го отвориле прашањето за нова државна химна што би ја заменила „Денес над Македонија“, иако двете партии имаат забелешки на актуелниот државен симбол.

    - Нема промена на химната - официјално се децидни од двете владејачки партии.

    Секоја од партиите молчи за нова химна од свои причини. ДУИ последен пат јавно проговори за промена на државната химна во 2006 година. Тогаш нејзиниот лидер Али Ахмети излезе со јасен став дека на државата и недостига државен симбол со кој ќе се идентификуваат сите граѓани на Македонија и дека химната воопшто не го изразува мултиетничкиот карактер на државата, воспоставен по 2001 година.
    Предлогот беше да се направи мелодија без текст, бидејќи така најлесно ќе се дојде до компромис меѓу македонските и албанските партии, а таквата композиција би била прифатлива и за сите граѓани. Партијата на Ахмети не го отвора ова прашање, бидејќи знае дека тешко ќе дојде до договор со коалициската ВМРО-ДПМНЕ за песна без текст.

    Една од причините поради кои, пак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ не го отвора прашањето за нова химна е тоа што не може да добие гаранција од албанскиот партнер дека новиот државен симбол ќе биде единствената композиција што ќе се интонира на настани што ги организира албанската етничка заедница.
    Имено, партијата на Ахмети останува на ставот дека паралелно со евентуалната нова химна останува да се свири и албанската државна химна, како нивен етнички симбол, слично како што тоа се прави со државното и со албанското знаме. ДУИ не е осамена во барањето за нова химна во која свое место ќе добијат Албанците. Прашањето за промена на химната уште во доцните 1990-ти го отвори ДПА. Арбен Џафери тогаш изјавуваше дека не може да се очекува Албанците да стојат на химна во која се пее за Гоце Делчев и Јане Сандански, ниту може да се очекува Македонците да се идентификуваат со химна во која ќе се споменува Јумни Јонузи. Тој бараше нова химна во која ќе преовладува хуманистичка порака слична на „Одата на радоста“ од Бетовен или на некое дело од Бах.

    Според историчарите, не постои потреба од донесување нова химна бидејќи актуелната сé уште функционира.

    - Нацијата во одреден момент има потреба од осовременување, што подразбира и осовременување на симболите, со тоа што во нив традицијата ќе биде втемелена за да се задоволат потребите и идентификувањето на граѓаните. Сепак, актуелната химна сé уште функционира. Ако се тргне од нејзиното повикување на Крушевската Република, таа дури има и мултиетнички карактер. Се знае дека во манифестот на оваа република се споменати сите граѓани со различна етничка припадност - вели Марјан Димитријевски, професор на Институтот за национална историја, кој работел на историските факти за „Денес над Македонија“.

    Оо песна до химна

    Историјата покажува дека државните химни во суштина се создаваат „навидум“ стихијно, а чинот на нивно официјализирање е само крај на процесот. Актуелната државна химна настанала на сличен начин.
    Според историските факти, „Денес над Македонија се раѓа“, дело на Владо Малески (иако и тука постојат контроверзии), била изведена на партизанска средба во 1941 година во Струга. На првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, учесниците на собранието, според сведоштвата на Страхил Гигов, спонтано ја запеале „Изгреј сонце на слободата“. Иако не била официјализирана како химна, оваа песна била изведена во декември 1944 година на државен настан во Тетово, заедно со „Хеј Словени“ како сојузна химна на Југославија и албанската химна, со која се идентификувало албанското население во овој регион.

    Но набрзо потоа песната на Малевски почнува да доминира на настаните што ги организирала тогашната власт. Според сведоштвата на Тодор Скаловски, во 1989 година во „Вечер“, актуелната химна „Денес над Македонија се раѓа“ (по осамостојувањето само „Денес над Македонија“) е композиција што не станала државна химна благодарение на еден државен акт. Напротив, тоа било процес што почнал уште во 1941 година, а траел речиси пет децении, кога во 1989 година, откако композицијата била општоприфатена и постојано интонирана, била прогласена за државен симбол. Двете композиции со свечена нота и текст со кој се идентификувале тогашните граѓани паралелно се изведувале до 1950-тите години. Подоцна, институционална поддршка со професионално адаптирање на мелодијата и текстот, премин од хорска песна во целосно музичко дело и официјални оркестарски снимки во Радио Скопје добила „Денес над Македонија се раѓа“ на Владо Малески.

    - Како што се сеќавам, едно доаѓање во Скопје, некаде во почетокот на 50-тите години, песната беше отпечатена во, ми се чини, огромен тираж, и потоа ја пееше цела Македонија - раскажувал Скаловски во 1989 година.

    Дополнително, во раните 1960-ти од сојузната престолнина Белград, сведочи Скаловски, стигнал налог „Денес над Македонија се раѓа“ да добие професионална оркестарска изведба, бидејќи со оваа песна ќе биде отворен хорскиот фестивалот „Нишки средби“, кога песната првпат била промовирана и во југословенски рамки. Кон средината на 1980-тите дошол налог песната да се подготви за обнародување, бидејќи ќе стане официјална државна т.е. републичка химна.

    - Новата понуда ми стигна од Радио Скопје со покана дека треба повторно да се навратам врз партитурата на „Денес над Македонија“, зашто таа ќе биде нашата химна - раскажуваше Скаловски.

    Историчарите сé уште не сакаат да говорат дали ваквата институционална поддршка на „Денес над Македонија се раѓа“ го навикнала увото на македонскиот граѓанин да ја прифати композицијата за химна.
    По осамостојувањето, во 1992 година Собранието распишува конкурс за државна химна на која се јавуваат три композиции: „Химна“ од Таки Хрисик, „Да ни бидеш вечна“ од Александар Џамбазов и „Денес над Македонија“ како музичка преработка од Тодор Скаловски. Работната група во Собранието првите две композиции ги одбива како несоодветни, а за третата било оценето дека делото „и музички и текстуално побудува чувства на гордост, достоинство и припадност на самостојна и суверена Македонија“.

    Конкурсот за изработка на композиција за 8 Септември е првата директна нарачка на државата за музичко дело во независна Македонија. Во македонска историја нема многу вакви примери кога државата стимулирала создавање наменско музичко дело за чествување празници. Такви дела се ораториумите „Клименту“ од Властимир Николовски, напишан по повод прославата на 1.050-годишнината од смртта на Климент Охридски, и „Похвала Кирилу и Методију“ од Томислав Зографски, по повод 1.100-годишнината од смртта на Кирил и именувањето на универзитетот во Скопје во 1969 година.
    извор http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22359
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па нормално, во Денес над Македонија не се спомнува Александар Македонски, овај, да, Воинот на коњ :D

    Шала на страна, реков јас уште кога се затворија хашките случаи дека фали уште во химната да ги стават учките покрај Гоце Делчев, Питу и.т.н.

    Сега уште личните описи нека ни ги сменат и се да е во ред :D