Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Може линк некој? Стварно не сум во тек :wasntme:
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Сега најдов и на ТВ 24. Си напишале и за 2003 и за 2006
    http://24vesti.mk/klinichki-centar-so-godini-ne-plakjal-smetki-za-voda

    19 милиони станале 180 милиони :sweat:
     
    Последна измена: 23 јуни 2017
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    Па да бе, ништо нема врска со ништо. Има. Овие проблеми се таложени со години. Допрва за нас доаѓаат тешки денови и реална сум, не е ова мој сон да ни биде потешко, туку ќе ни биде потешко. Ако Македонија ја снема крив ќе си биде самиот Македонец, а не Заев, Грујо, Бранко. Ние секој ден виткаме кичма. Чекор, по чекор, губиме. А за јазикот, гледај тв ќе видиш дека Димтиров и Заев кажаа дека со тоа што ќе се потпише договор за добрососедство на македонски јазик, Бугарија ќе го признае јазикот. И не гледам што е лошо што следам се од медиуми, тука ќе видиш и споредиш, па и ќе извлечеш заклучок. Само со пароли од штаб не се гради мислење. Кажав не сум фанатик на СДСМ, ама очекувам трпение и да им се даде шанса. Ако не ги бива, има избори. Кого не истрпе оваа Македонија, па за Заев, пфффф...

    Ааахх и убаво си кажа погоре, туризам било нешто друго, ама Грците и Буагрите биле против се што е македонско? Епа зошто одите кога ви пршкртуваат на колите МК?Нели е туризам, нели пари им даваат Македонците, и зошто така прават?Многу просто, затоа што тоа е народ кој има цел, дефиниран интерес, и работи на својата агенда. Кој ни е крв што ние сме нација без компас и тераме во 100 погрешни насоки?
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    @Tanjamm а ти кај одиш на одмор? Мислам не треба да се замерува никому што ја избрал најевтината опција да иде на море.
     
    На Victorian, LivingGlam, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти одговорам дека тоа не се грци туку наши македонци од сигурни извори ти го кажувам ова и јас одам на одмор во грција па што не си ја сакам државата
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm
    Не го коментирав договорот. Ја коментирав историската промена на "грешките". Дај боже да е така по твоето. Не ни се на одмет добрососедските односи. Ама, јас убаво знам оти некој негде изјави дека со тој договор и промената во историјата, ние ќе учиме бугарска историја и нашиот јазик ќе биде бугарски. Не велам оти навистина така ќе биде, ама имам право да ги коментирам шансите за истото. А исто, и да ми пречи таквото случување. Един народ, нели. Нема лошо во тоа да гледаш телевизија, ами има во пристрасноста. И те замолувам по втор пат. Не ме ставај мене во твојата генерализација. Ако тоа за народот било исто, ќе престенале видиш, таму да летуваат. Ние сме нација без компас, оти сами себе се негираме. Што останува тогаш за другите?! Нормално, кога немаме сопствен став, ами нечиј друг. Оставаме доволно простор да бидеме управувани како марионети. Да Тања, и до народот е.
     
    На Rama, Victorian, fina erika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Да, само од Телма кажаа...Уживај, тешете се...Ич не се педери, само по малку.

    Толку те боли душата дека се педери луѓето, што имаш протви педерите?
    Ќе ве разочараат патриотите?
    Како реагирате по штабовите кога дознавте дека се педери?
    Имаше ли онесвестувања и интервенции од брзата помош?
    :|


    п.с. Еве нов линк и од КАНАЛ5 (вмровско), не е ТЕЛМА.
    http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=126770

    Ќао. Никола.
    Сега појасно ви е дека пак катастрофално ќе изгуби на следни избори, и директно во затвор ќе оди?
     
    На fina erika и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Кај се парите?! ;) :D

    Значи што да кажам?! Тешко на обичниот граѓанин.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Јас не знам со кој памет тврди директорот на водовод дека 180 милиони денари долг е од 3 години само.
     
  11. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Ма батали тоа. Јасно е. Него како има народ да верува во истото?! :worried: :o Ај, треба и да поработам. Да не ме исклучат и мене. Хахахах.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    Ти си знаеш дали ја сакаш. Јас ја сакам и не одам. Ме гризе совест да им давам пари на тие што не викаат Скопје и Фиром. Не одам, не им давам пари, и ич не ми е криво што не се сончам на грчка плажа. Не знам, не сум љубопитна да ја истражувам нивната земја, баш заради тоа што се националисти.
     
  13. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.523
    Пол:
    Женски
    А каде би на одмор по тебе во охрид или црна гора а можеби бугарија и сигурно нема мене или тебе да не прашаат како ќе се викаме тоа се интереси на политиката помеѓу двете земји кој не шиша нас бре
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Ама ти Тања сама себе се побиваш. Од една страна велиш не те интересира промена макар и за нијанса во историјата итн.итн. А ваму ти пречи ФИРОМ. Сериозно?!
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    За учебниците беше објаснето дека експерти ќе работат да се отсранат сите зборови кои водат до дискриминација. Значи тоа ќе биде поблага формулација, нема да има бугарски фашистички окупатор, туку дека Македонија била окупирана од таа и таа влада во тој период во Бугарија, за да не се генерализира и оцрнува цел народ нели. Така беше објаснето. Тоа се само нијанси кои ништо не менуваат. Нијанси во начин на изразување, не менување на историја. Сигурно нема да пишат дека Илиденското востание се кренало во Благоевград нели? ФИРОМ ми пречи да ме викаат Грците, ми пречи да не викаат Скопје, Цигани.
     
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    Знам дека никој не не шиша и нема да не шиша. Сепак, ете не ми дава срце бе да им дадам пари на нив. Искрено вооопшто не жалам што не летувам таму.
     
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    А не ти пречи да ни го променат името под притисок?! Не ти пречи бугарското досегашно негирање на Македонија и нашиот идентитет?! Бугарите не се националисти?! Како не нарекувале тие во годините наназад и сега?! Ама сега ги сакаш нив, оти ќе има договор. Утре ќе ја сакаш и Грција, пошто и таму може да падне договор. Летуваш во Бугарија?! Или ради учебнициве ни таму нема да одиш?! Не ти пречи тоа што скоро секоја држава нас не дискриминира на ваков или онаков начин?! Поради се ова веројатно, сметаш дека никогаш не треба да ја напуштиш државата. Ама затоа пак сметаш дека оние кои летуваат во Грција не си ја сакаат државата. Што да кажам веќе. Доволно прочитав.
     
    На Rama и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Тоа ќе го видеме на избори Заев водеше во анкетите на Спасов ама секогаш губеше пак ќе биде исто
     
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Секогаш губел, а сега е на власт :)
    Иронија.
    Ако секогаш губел, сега пак ќе беше опозиција, а немаше со полна пареа да си работи.

    Ја изгубија довербата во пастирот сите гаѓани што имаат мозок сами да размислат.
    После сите тие снимки и разговори, само несовсни може да го поддржуват.

    Може ако се сменат членовите на вмро би успеало и понатаму, ама ако останат овие истите гнаси и криминалци- толку е од вмро.
    Ете и граѓаните се освестуваат по малку.

    Ако минатите години сдсм не можеше да му се приближи на вмро, после снимките го растури.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.999
    Допаѓања:
    14.643
    Ти си толкуваш како сакаш. Во Грција сум била во еден град само на еден ден и во Бугарија исто, на еден ден во еден град. Потрошив скромна сума на пари, не планирам да полнам џеб на тој што ме негира. Ми пречи секој што не негира, ама од некаде мора да почнеме. Договорот не ми пречи, засега колку што знаеме е тоа договор за добрососедство и тука јас не гледам ништо лошо. Детали не се објавени никаде, а ти реагираш како да си го прочитала и како да е тој штетен. Трпение. Ќе видиме што ќе се случува. Со години симпатизери на ВМРО гледаат само Сител и избираат предавници, само редат имиња кој бил предавник, тие се најповикани па кажуваат кој е предавник. Учебниците уште не се чепнати и како што следам медиуми, а ги следам сите и странските, еве ти кажувам дека ќе се работи на јазични финеси кои нема да бидат навредливи за никој, а не на пример дека Гоце Делчев е Бугарин и е роден во Созопол, како што некој можеби сфати. Во учебниците имаше се и сешто, нели се побунија за дефиниција за жена, дека жената во општеството била корисна ако има деца, што ги дискириминира оние што немаат или не можат да имаат. Јас сум за тоа да се коригира, зошто да не. Да не учат децата од смени учебници со она бела кравоа, бело млеко нам ни дава и не знам што. Ако мислите дека некој комплет сега искорија ќе менува и ќе фалсификува, навистина не знам каде тоа прочитавте. Ако некој тоа го направи си потпишал смртна пресуда и нека толку глуп политичар што сам ќе си потпише пораз.

    Заев е на власт неколку недели, а вие сто мани најдовте, ова направил, она направил. Зошто не сте реални?Па 11 години што се не видовме, тепање во Собрание видовме какво што на Балканот немаме, а вие сега од еднаш сте критични за нешто што не е направено. Гледате многу сител. Јас сум задоволна што конечно нема да плаќаме за МТВ, нема да сме во страв да ни блокираат сметки, нема секоја вечер на вести да слушам како се е мед и млеко, а всушност не е. И мило ми е што сите маалски апаши што со години мито земаат затоа што партијата им е на власт се со наведнати глави.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.