Името може да се смени на референдум на кое јас би гласала против промена, а веројатно е Албанците да гласаат за промена. Или со 2/3 во Парламент, што секако нема да има 2/3 промени. Ти навистина не си во тек што се случува. Јасно кажаа челниците наши дека целат ако не може како Македонија да влезат како БЈРМ во ЕУ и НАТО и тоа јас го поддржувам. И така за многу земји сме БЈРМ, и на Евровизија не викаат БРМЈ, така да сакам така да влезе. Со реформи да се средиме, да се притисне Грција од други земји, меѓу кои се надевам дека и Бугарија ќе притисне и да се влезе така. Така ќе си шетаат Македонците со македонки пасош, а бугарскиот во таа ситуација ви завршил во корпа за отпадоци. Јас ова го сакам. Но, за тоа треба работа и работа. Многу напор од властите за да се вратиме на колосек кон ЕУ. Кој е тука мојот грев не знам?
Пропаганда на дело изминативе децении: Сечија борба за сопствената кауза, на пример сечиј национализам е добар, но ако Македонец си го почитува својот дом, народ, култура, традиција, вера без при тоа да нарушува туѓ интегритет и суверенитет - тоа е лошо, тоа е затуцано, непросветлено и така натаму епитети. Каков е таков е, колку и да е скапан и никаков, мој е, дом ми е, немам друг, живеам во него, не ти се населувам во твојот, не ти го земам ниту менувам твоето. Јас не сум против секој да си го гледа својот интерес - тоа е сосема природно, но треба и ние да си го гледаме нашиот.
Како што кажав, задоволна сум и јас од некои работи. Да те просветлам, сител, телма за мене се нерелевантни извори. Па не ги следам. Иначе, толкувам така како што пишуваш. Ти кажав еднаш, еве се повторувам, се цитирам од погоре. Те молам, читај убаво. Не ме интересира каде си била. Но не ми се допаѓа ниту тоа што обвинуваш оние кои одат на одмор во Грција, а ваму не оставаш простор никој да коментира за историјата. Извини, тоа право за грците го имаш само ти. Ние збор не смееме за бугарите. За учебниците. Апсолутно им треба промена, не само на историските. Меѓутоа, факти и епохи и релевантни историски извори, за добра волја на соседот не треба да се чепкаат. Како бе така сакаш да влезе под БЈРМ?! Па нели ти смета тебе ФИРОМ?! Стварно си неразбирлива.
Што сте се запанеле со името? Македонија не се мења во никој слушај. Е сеа референцата мање битно коа е. Шо ви мења дали ќе биде Република Македонија или (вардарска, горна, долна, јужна, северна) Република Македонија? Јас на референдум ако има, ќе гласам да се смени.
Ти воопшто не следиш изјави по медиуми. Штом збориш името ќе ни го сменеле, а такво нешто никој од владата на Заев не изјави, значи не следиш ништо, зборуваш онака. Ми пречи ФИРОМ и БЈРМ ама кога сме една шака народ, дај да влеземе така оти реално и во Србија се закани Дачиќ неодамна дека ќе не викаат и тие БЈРМ. А ти сакаш вечно да бидеме во изолација или како БЈРМ да имаме европски пасош, да шетаме, работиме без проблем?БЈРМ одамна си го носиме, не знам што не ти е јасно. Пофали ми се ти кога ВМРО и Гревски ќе ја внесат Македонија како Македонија во ЕУ и НАТО. Тие само не изолираа, а Филип Петровски и навредуваше дипломати и песни патриотски им пееше.
Се слагам комплет. Ако не одам во Грција од мои лични причини, и немам проблем да се капам во Струга, да шетам до Вевчани, Дојран, јас сум будала и сум конзервативна и националист пример, а тие што годишно за шопинзи и одмори даваат дури и 1000 евра на некој Грк кој не смееш Македонија да им изговориш, ееее тие се патриотите. Јас знам Македонци што викаат кај беше тоа Бигроски, ама затоа Грција на памет ја знаат и се фалат бев у Грчка, ова она.
Каде виде дека јас тврдам оти името ќе ни го сменат?! Има индикации за истото, но далеку од тоа дека тврдам оти навистина ќе се случи. Само, не би сакала промена на истото навистина. И не ја сакам референцата. Која патем, ни ја наметнаа. А види ваму, ниту изолација сакам. И да, бре, јас немам телевизор. Јас не бранам ниту од мене зависи, така да не ми кажувај мене дај да влеземе така. Да сум јас власт, ќе се игра сосема друга политика. Сега е СДС на власт, актуелни се. И не, ти си патриот, од лични причини, а не од национални. Пошто нели, од лични причини во Грција не одиш, ич не е ради ФИРОМ, како што претходно се изјасни.
Што сакаш кажи за Грците и Бугарите, ниту едните, ниту другите нема да ги изгубам за мутерии. Ти ја сфаќам поентата, ама паника креваш и по тоа што го пишуваш гледам дека не си во тек со официјалните изјави од Заев, Борисов, Димитров. Тие ги велчат конците сега. Ако тие изјави не ги следиш, другото е нагодување. Ниту име е сменето, ниту Бугари станавме поради Заев. Не знам што толку врева.
Тања, се изморив. Нема крај полемизирањево. Следам изјави колку за инфо, што не значи дека слепо во истите верувам. Не кревам паника, само гласно размислувам. Поточно, во пишана форма размислувам. Не реплицирам веќе оти не гледам никаква поента натаму. Поздрав до тебе. Имај убав ден. Мојов пропадна.
Имплицитно: Ние луѓето референцираме ентитети по име. Експлицитно: Ние луѓето поврзуваме работи по име. Името е референца. Референца е врска. Името е врска. Секој што од страна и на косо ви продава муабети за „референци“ и како тоа тие немаат врска со имиња - ви продава гола вода. Дали ќе ја купите зависи до тоа колку сте наивни. Треба да функционираме внатре доволно добро, за нашето постоење да биде неодбегливо и неповредливо, безразлика што некој друг некаде мисли. Значи жив сум и постојам, не те прашувам за признание на моето постоење.
Кога читам статус, пост, изјава од вмро вец,како да гледам луѓе кои тонат во жива кал,подаваат рака за помош,им подаваш,ке подизлезат,и пак сами се испуштаат за пак да тонат и повторно од почеток.
http://novatv.mk/dimitrov-bugarija-ke-go-prifati-makedonskiot-jazik-kako-poseben/ Не знам како никој ова не го виде, а многумина сфатиле дека Бугари ќе бидеме. Ако е ова вистина, ова што Димитров го изјави, тоа е голема победа за нас и треба сите да бидеме среќни. Едно прашање ќе затвориме.
Кога се следат медиуми, изјавата треба да се чита од почеток до крај, а не да се прераскажува слободно како што некои тоа го прават. Фактите се важни, а не слушано недослушнато, па изјавите на Заев и Борисов измешани со тие на Божидар Димитров и готово демек Бугари сме веќе. Смешки.
Изгледа и последниве избори победи Црпко а? По вашата математика 51 е помало од 49 ... Она што се случи постозборно беше монтирано од надвор и затоа не се прави наивна као заев победил иако е на власт но сепак ја загуби довербата кај македонакиот народ 460000 наспрема 370 000 македонски гласови не ги сметај албанските гласови они не секогаш ќе бидат негови!
A ги сметаш и фантомските гласачи, починатите и оние од И.Македониja што кога се гласаше не беа во Македониja а сепак некоj гласал во нивно име?
Мој роднина уценуваше и собираше по 15 луѓе сигурни кои ќе гласаат за ВМРО. И не е само тој, илјадници такви ги има низ државата, тие што се вработени партиски. Така беше тешко било кој да ги побие, но ете ги поби сепак. Имав деновиве гостин кој е загреан вмровец, но вели ако вака продолжи СДСМ ќе смени страна иќе гласа за нив. Од стартот е задоволен, што ме зачуди.
Во jaвна администрациja бараа по 20 сигурни гласачи. Дпмне имаше дури и кол центар каде дежураат и се jaвуваат по телефони ако не излегол некоj од нив да гласа.
И ти веруваш во приказната за фантоми , бре бре бре во таа приказна и самиот зајак не верува иако сам ја измисли од 500 ооо фантоми дојдоа на 0 - нула и сега ти тука попуваш дека имало фантоми а не пукни да те видам ужасни се сите кои мислат како тебе
Бев заменик претседател на гласачко место и видов како функционира тоа Во една кука на пример има 47 гласачи, 2 реални а 45 фиктивни, т.е. во овоj случаj Роми со фалсификат лична картa на кои им биле ветени по 50 евра. На излез ги штиклираа во список дека дошле. Приjaвив и во ОИК, но многу нормално сами против себе не поднесоа приговор. Знаеjки со коj си имам работа приjaвив и во МОСТ, Цивил и на др. места така да за локални ке се пречисти списокот. И олабави малку со простотилакот, води нормална дискусиja ако знаеш.