Па и ти би требало да ги бараш Ни ти ни jac не сме гатачи па да предвидуваме што ке правел сдсм, многу нормално дека ако и тие ги прават истите работи ке изгубат поддршка од било кого, не само од мене. Ама имаат простор, нека се покажат. Не се ни еден месец на власт.
http://fokus.mk/gruevski-sakame-shto-pobrzoi-da-ja-vidime-makedonija-vo-eu-i-nato/ Одамна на форумов пишував дека Грујо, Мијалков, како и некои од помоќните бизнисмени во партијата нема да одат во затвор. Оваа делумно наивна вест од вчера, за мене е уште еден доказ за тоа. Смешно е само што некои дури сега се сетија дека нема да има “спектакуларни промени.“ И се надевам дека на темава завршија препукувањата од типот вмро(овци)-сдсм(овци). Нема логика дечки и онака двете партии газат 25 години... и ќе продолжат и во наредните 25.
Јас па читав изјава во провладините демек Димитров во Бугарија изјавил дека македонскиот јазик е дијалект од бугарскиот јазик. Вакви лажги не се пласирале никогаш. Можеби имало мала пристрасност, ама ова апла лажење за кое треба тужби и барање оштета според мене. А плус колку го нарушуваат имиџот на државата.
Интересна/скандалозна изјава од Заев после првото рочиште од случајот Поткуп (до сега го одложуваше неколку пати, всушност прв пат дојде сега на суд откако стана премиер) Согласно закон посебно истражна мерка којашто е јавно објавена не се употребува како доказ. (Чекај малку? Па човеку ти крена револуција после објавување аудио снимки кои сам ги толкуваше и за кои пресуди дека се најтежок криминал уште пред да се покренат обвиненија!?) Јас лично како обвинето лице очекувам и сакам таа снимка да излезе во јавноста да се види целовитоста на дејствието коешто се случувало и да се види дека ниту имав намера, ниту се случил било каков поткуп. (Аха, значи сега сакаш се убаво да се види и да се прикажела цела снимка и ситуација за да се види дека не си барал поктуп иако според видео снимкава не знам што треба друго да се случувало за да испаднеш невин? И пак да прашам - дали им даде шанса ти на сите кои ги објави со аудио снимките да се бранат или си толкуваше како сакаш врз основа на аудио снимки? Како може да знаеме дека некои аудио снимки не се штелувани т.е. вадени од контекст?)
E ова не го сфаќам каj вас, зарем немате морални вредности па оправдувате криминал? Или свети Груjo е безгрешен?
А овој светецов ваш безгрешњн е а Сечена била снимката ја бара целата верзија...А не се сеќава кога он сечеше лешеше и зашто не пушти ниедна целосна снимка. А оваа била сечена а се гледа убаво со тон и слика како бара по едно евро за вице тоооо
Што вртиш муабет, јас за Грујо те прашав. И тие околу него. Колку што тие ви ја упропастија партијата, толку сте криви и вие членовите што ги поддржувате. Дозволувате цела партија да се идентификува со куп криминалци кои и го срушија угледот и ја водат кон распаѓање.
Па јас не верувам како што ти не веруваш и зашто постојано инсистираш на тоа ...Ти кажав не верувам на снимки кои се дадени и не се целосни тука слушаме само разговори , за да обвиниш некого прво треба тоа со документ кој ќе го потврди тоа обвинение и затоа не ме убедувај!!!
Мене ме интересира само, ако не веруваш во снимки, зошто веднаш поверува во снимката на Геровски и Фрчковски што ја постираше овде?
Не те убедувам, си правиме муабет, одамна имам сфатено дека на вмровци не можеш ништо да им докажеш Пази молим те, твоите copy paste од феjсбук и курир се апсолутна вистина, а снимките сечени, лепени и монтирани
Абе тоа на снимките не биле нивните гласови,ние сме во заблуда не бе не не сме ние тоа се некој други гласови ама исти како нашиве само малку слични
Та не сме саде ние, та не сме саде тука. http://www.libertas.mk/grtsija-ja-obvini-albanija-za-iredenti/ Убаво е соседиве да се размрдаат малку. Доста се занимаваат само со нас.
Го коментиравме ли? (ВИДЕО) Што мисли Латас за Грујо: Знам дека лаже, ама он го лаже народот а не мене, ја знам дека лаже! (ВИДЕО) Латас: Ја работам за пари, не го мислам тоа што го зборам на вести! (ВИДЕО) Латас признава: Моите весници лажат!
По дифолт, ако на Зајко му дозволат снимките да не се земаат како доказ, тогаш истото ќе биде употребно и за вмро-фелата. Што значи дека никој нема да оди во затвор, освен ситните полтрончиња кои турале потписи. Ќе замачкаат очи со избор на нови судии, ќе сменат по некое директорче и тоа ќе биде од “промените.“ Трпи сиротињо! За волја на вистината одамна велам дека изгласавме нов режим. И дека не е битно кој е на власт, дали вмро или сдсм. Македонија е амерички протекторат и овде Америте решаваат и се т.н. deep state government. Ама не може тоа баш секој да го сфати и прифати.