Ај уште летово да го поминеме со мизерни плати, па од септември официјално се зголемуваат минималните А во некои фирми веќе и јулските ќе бидат зголемени. Па може конечно ќе не биде за држава.
Со поддршка од буџетот (значи да се изразиме СДСовски со НАШИ пари) ќе се финансира зголемување на платата за фантастични 2.000 до 3.000 денари (за тие што зимаат минимална плата). И пази ова е само предлог, претставници на работниците и на стопанствениците сеуште не се изјасниле. Што е со еуфоријава? Ова е нешто слично за што го исмевавте ВМРО до пред некој месец дека тврделе дека сме појаки од Германија економски.
Не е само предлог туку веќе ќе се реализира. Вети дека ќе ги зголеми и ќе ги зголеми, а вие ако сакате на глава застанете... или... не ги земајте покачените плати туку донирајте ги кога не ви дошло до нив. Мрчала.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/28581505.html Ќе почне за почнување, ќе дели субвенции, цц.. ќе се задолжува.... Колку ќе е одржливо да видиме. Kaмо среќа да биде. Па и ќе ги донираме вишоците ако треба. Што да не.
Платите секоја година се зголемуваат ама истите сега што коментираат викаа еее за 200 евра плата кој ќе работи. Сега тоа е нешто невидено Ај те држам за збор
Секоја година се зголемувале платите? Супер. Сигурно многу убаво е да си живееш во некој замислен свет. Секоја година се зголемуваше бројот на луѓе што избегаа од дупката, се зголемуваше и сиромаштијата, ама плати сигурно не се зголемиле. Па нормално кој нормален ќе работи за 200 евра? Ама за некои заслепени и 100 евра се многу.
Подобро со наши пари да се финансира зголемување на плати, отколку да плаќаме скапи реклами без ефект на CCN и BBC, или да даваме на Субрата Рој и слични на него. Нашите пари во наш џеб. Ми се допаѓа.
Нешто слабо коментирате за партиските вработувања, уценување на Ромите да земат партиски книшки на снимката која излезе пред некој ден, снимката каде Фрчко му наредува на Геро што да пишува во весник, тужбите што ги спремало СЈО спрема Артан Груби, Бујар Османи и нивните семејства за големи проневери на пари за да истите подоцна бидат наградени со високи функции и ред други работи во реформската влада. Само кажувам...
Немој да мислиш дека имам намера да се правам слепа при очи како вмровец На првите листови има барање за достава на документи од кои ќе се провери имотна состојба. Значи само барање. Јас мислев ќе ставиш документ со резултати од тоа барање. И резултати од било каква истрага, било чија. Артан Груби ми е одвратен лик уште од настаните на Кале, но вмро место да го казни, го награди со функција. Бујар Османи ми беше ок како министер. Зошто вмро не го казни ако се покажало дека крадел? Како и да е, утре СЈО има прес конференција во 12 часот на која ќе бидат покренати 16 обвиненија. Можеби ќе има и за ДУИ, не знам. Ако некој од дпмне има докази за нивен криминал, нека повели и нека ги презентира, па и нека покрене тужби на суд. Вака и тие испаѓаат калкуланти, ги обвинуваат другиве за нешто што и самите не го прават. ДУИ испадна најскапа ороспија во државава
900 000 апарат мајке ми? Веројатно тој апарат ги лечи сите болести на светов....и бонус те шиша..фризура,бричење...маникир педикир....ладна топла депилација...егзотична масажа...те подмладува 20 години и ти дава одмор во Бора Бора на 2 недели.
На 24 вести анализа гостин Билал Касами. Ауууу која мизерија е. Не чуствувал вина затоа што негов пратеник пееше албанска химна, а и тој ќе ја пеел во Собрание. Еее за вакви само ќотек.