Судот има рок од 24 часа односно 48 да се изјасни дали ќе определи мерка притвор или не за обвинетите. Случај може да постои, да се прифати обвинението, но да не се определи притвор. Во овие случаи се очекува тоа, притвор, законските услови се исполнети, ама останува да видеме кој ќе има муда и дали ќе има да му одреди мерка притвор на Груевски и Мијалков.
А во каков бог веруваш ти? Зарем твојот бог казнува особи кои се борат против неправди а наградува криминалци, манијаци, корумпирани идиоти и убијци?
А зарњм ти мислиш дека туку така се случуваат нештата? Сепак Бог е еден и тој ги казнува неправедните а за тоа што викаш убијци криминалци ова она прво треба да се докаже па после можеш да збореш а вака паушално не! За сите обвиненија треба да има вистински докази а не само снимки кои се сомнотелни атоа не значи дека се виновни не е исто тоа!
Секој ќе си го добие, на овој или оној начин. Но тоа не е тема на муабет овде. Веста за партиските книшки е актуелна, ги спомнав неколку страни поназад, зошто молчите за нив? Вистина е дека со партиски книшки од СДС луѓето ќе можат да им се лижат на овие од власта и да им се гледа низ прсти? Ако не знаете ни вие дали навистина ќе биде така, барем кажете став, досега тоа ви пречеше па...
Значи за СЈО или било кое Обвинителство да покрене обвинителен акт или предлог мора да има докази. Снимките ги слушавме сите, слушавте колку народни пари се открадени. Па не ми заобиколувај туку кажи дали не слушна дека колку пари се открадени? Никој не ви оди против партија туку против криминалците. Па и протести. Џабе. Бевте и пред Собрание. За сите скептици, па и јас да ви кажам, сепак за среќа мрдат работите. Уште сум со резерва, не ни помислив дека ќе има обид да се притвори Грујо. Судиите ако не го притворат ќе си потпишат капитулација. Колку за споредба, Велија и Лубе ги апсеа одма, со голема фама за финансиски криминал, многу помал од овој на Груевски. За овие ќе се чека да се одреди притвор. Гледате во која состојба ни е судството?
Не сум во тек со настаните од овие 2, 3 дена. Ама, претпоставувам дека нема да има притвор. ВМРО нема да падне, иако е слабо и уценето. Единствено што може да се случи, а веќе има и претендирање, е да го сменат Груевски од позиција Претседател на партијата, а на негово место да инсталираат друг. Оти договор. Груевски никогаш нема да прифати голем дел од "реформите", ама ќе прифати да не оди во затвор. Без Груевски, ќе им биде многу полесно да ги спроведуваат истите, како и добрососедските односи ака един народ, промена на историјата, односно негирање на се што било пред 1991 година, спорот со името итн. ВМРО е за СДС повеќе од потребно, ради 2/3 мнозинство. Но со оваа постава, за многу "прашања" никогаш нема да го добијат истото. Ако го сменат Груевски, ќе ги сменат и работите во своја корист, оти не знам колку наредниот Претседател ќе биде личност која нема да паѓа на притисок, уцени и закани. И живо ме интересира, како снимката за Заев да не важи и не покажува дека е криминал во прашање, оти нецелосна, а за ВМРО да биде сосем спротивното.
Забораваш дека СЈО ги има целосните снимки, а не само исечоците што се презентираа јавно. Целосните снимки со дополнителни докази се користат на суд. Да не ме сфатиш погрешно, и Заев дефинитивно треба да одговара, и веројатно можат да обезбедат валидни докази против него. Се’ да се испозатвори.
Да. Тоа го изумив. Кога така, постои целосна снимка и за Заев. Дали ќе се испозатворат сите, останува на државници и функционери. Ќе видиме. Народот одамна веќе престана да се прашува, ако некогаш воопшто и се прашувал.
http://novatv.mk/protesti-pred-krivichniot-sud-dodeka-se-odluchuva-za-pritvorite/ Продолжиле и денес. Туку, навистина ме интересира, дали ќе одат во притвор или и ова беше само организирана забава за рајата.
Сум за да се смени Груевски, па и да лежи затвор. ВМРО најмногу ради него изгуби поени, заедно со братучед му Мијалков, а потоа и целокупниот поранешен државен врв кој тие го ставија на чело. Додека вистинските членови на партијата трчаа и им вршеа работа за да опстојат, други ги добиваа плодовите во нивно име. Едит: Сеуште трае протестот пред кривичен, може линк?
Пред неколку месеци пастирот викаше него да го судат, да го мачат, а само земјата да ја остават на мира... Пошто нели патриот... Епа еве сега ќе го судат а тој излезе држи прес конференција и плаче зошто ќе го суделе...ги собра сендвичите на протест. Што се премисли? Наеднаш му текна сапунот ако му падне што ќе му се деси? Деца во градинка не им се рамни на глупостите. Па и тие што протестираат... Слабо мозок.
Сега нема илјадници протестанти. Никој веќе не излегува од работа..нема списоци..нема СМС пораки каде МОРА да дојдат и да викаат ,,уааа,, Се упрпа членството кое го напикаа по државните институции, подвиен е опашот...промени се на видик, секој го боли органот за друг (што би рекол Жак) Се собрале 100-тина души , најверојатно блиските на оние кои ќе ги судат и оние кои се ,,закоравени,, по партијата (нели Македонија ќе ја спасуваат) Каде се сега стотиците луѓе да ,,вријат,, пред кривичен? Се е И Н Т Е Р Е С ! Каква партија, каква љубов кон партија
Сега ќе видиме колку шетањето по Европа (деновиве) ќе му се исплати. Се пазарел. Да се надеваме неуспешно ќе испадне.
Ова е изгледа од фамозните „спонтани“ протести вчеравечер, така? Без коментар... со какви сељаци го делиме воздухот еј (18+) https://www.facebook.com/seir2017/videos/822205581277516/