http://emagazin.mk/vesti/vest/37318...nik-za-odnosi-so-javnost--plata-32.000-denari Советник за односи со јавност, а услов..завршено книжевност, англиски јазик. Претпоставувам, не е огласот вака срочен ради што е наместен за конкретна личност, ами оти книжевност и ПР одат рака за рака од дамнини. ц Не ќе знаев за ова, ако не прочитав коментар - критика на контра-вмровец.. про-шарен, про-сдсм.
Па ајде во 11 години владеење еден стадион во Скопје главен град да не го средија ко што требаше, ќе беше страшно и смешно... Мислам сериозно. Ззапнале со стадионот каков бил во времето на БРАНКО. значи во времето на БРАНКО, ЗАЕВ мислам дека не ни постоел на политичката сцена, да бидеме реални. Еден месец се на власт, не знам што очекувате вие бе, да станеме Швајцарија и Германија ли Мене најбитно ми е секој да си го добие заслуженото, и да си истера СЈО до крај со работата, па кој што грешел да си плати за тоа што го правел, небитно дали сдсм или Вмро А, и СЕЉАКОТ ОД НИВА...Човекот е СЕЛАНЕЦ. Не е убаво така да се навредува Истото го порчитав и на Фб, за ГНАСНИ ЕГЕЈЧИШТА проклети, од страна на Сдсмовци. ЦЦЦ, греота и жално е. Да се вреѓа било кој под тој основ, дали е Вмровец или Сдсмовец,Абе Очи ќе си ископаат, за срам.
Некако не ја сфаќам поврзаноста на огласот со критиките кои ги наведов погоре. Не се мои, парафразирани мислења од социјални мрежи. Запрепастувачки можеби, просдсм лик има пишано коментар “Што чека црпко уште?“ Инаку, ако ми се допаѓала нечија политичка идеологија, а гледам дека не функционира, не знам зошто би се правела дека не ги гледам пропустите. Тоа е суштината на демократијата нели? Слобода на говор
Не зборуваш за незадоволството на членството? Дека некој тера политика слична на претходните уште од стартов?
Океј, паралела со огласот за работа. Мое мислење 98% е наместен. Исто како што внукот на Катица, случајно беше вработен оти никој друг не се јавил на огласот. Yeah right Ама “мудро“ си молчевме тогаш.
Тоа беше коментарот... огласов беше дисециран на фб ѕид на некој кој чекаше многу поинакви работи од владава (не местенки вакви кои ти ја вреѓаат интелегенцијата). Нема долго да си молчат ваквите.
Фејсбук е еден огромен канцер кој се шири, затоа што на тој ФБ секој дебил има шанса да пишува и коментира. Најтрагично е тоа што Зоран Заев го исмејуваат ликови коишто целите да ги истресеш со се гаќите немаат 30 денари во себе. Дали на некого му се допаѓа Зоран Заев или не сепак станува збор за успешен човек кој тежи 20 милиони евра капитал позади себе и е премиер на РМ со своите 42 години. Сите тие што го исмејуваат на ФБ заедно не тежат 500 евра и живеат под кирија.
Политичарите не се божества и идоли и не треба да се третираат како такви. Мене гајле ми е дали станува збор за Зајко, Грујо, Мијалков, Миле. Кога видам и слушнам дебилно однесување, го критикувам. Јавни личности се, треба да бидат спремни на напади и плукање. Впрочем, политичарите треба да му служат на народот, не обратно. Во Америка, секојдневно има напади кон Трамп. За време на кампањата, имаше и кон Хилари. Многу поостри коментари од колку што ние овде можеме да сонуваме да бидат упатени кон политичар. Се стремите кон Запад, ама слабо некако...
Море ко ќе се пријавам сега... ќе се гребете после, ај, ај! Аналогно на ова, и криминалците од дпмне што тежат милиони евра најмногу ги бранат оние што рмбаат за 200-300 евра
и обуки после за ПР да си почнеш, консалтинг. Од сега да кажам, по амбасадиве од SEE види нештичко ко за мене
^ Јас ќе кажам големо не – ама за изјавата на Зекири. И мило ми е што некои контра-ВМРО ликови со либерални погледи, на фб остро го осудија. Да се знае дека не сите хомофоби се вмровци, не сите од сдсм мора да се либерали и за човекови права, а и хомофобијата од член на сдсм е исто неприфатлива. No double standards
Добро мочање добија денес лицата од ЛГБТ заедницата од Мухамед Зекири Како човек кој шета забулена жена дома и редовно практикува религија стана еден од најважните членови на партија која се декларира за социјалдемократска, прогресивна и либерална? Све је лаж, само пуста лаж
Какво е тоа ''педерчење во брак"? Зборуваш за потенцијална легализација на истополовите брачни заедници? Хомосексуалноста е работа исклучиво на оној што ја практикува. Ако ти лично не си засегнат не гледам зошто би се замарал со тоа. @Someonespecial , веројатно изјавата на Зекири дојде како контраизјава на Манојловски. Или обратно. Јас најискрено мислам дека смислија со што да ја замајуваат јавноста дури го приспастрат судството
А некој озбилно очекуваше од Зекири, либерални ставови? Неговата неодамнешна политичка ориентација беше само чиста калкулација. Ама добро е што почнаа да се отвораат од сам почеток, да си знаеме со кого сме имале работа цело време. „Господине Зекири, ќе ве замолам да не глумите толку добронамерен и да се криете зад партијата повикувајќи се на правото на слободно изразување. Правата и слободите на една индивидуа завршуваат таму кадешто почнуваат правата и слободите на другите. Можете да изразувате мислење и ставови за различни видови политики, но во моментот кога ќе почнете да ги оспорувате основните човекови права на цела група на луѓе вие дискриминирате и ја стигматизирате таа заедница. Според вашиот статус, ако почнеме да ги оспоруваме правата на жените на пример, тоа би било придовка за демократијата и слободата на говор, нема логика, нели? Искрено се надевам дека ќе размислите за вашите ставови и како тоа се рефлектира на вашиот имиџ.“ Коментар под неговиот статус, каде пишува дека и тој имал право на мислење.
А, после тие две години нема да има социјално ранлива категорија? А, за останатите доволно ли се намалувањата од 0,33%? Не знам за вас, ама јас конечно ќе си ги купам долго планираните мастики. Се продава ли уште орбит со вкус на лубеница? http://tvnova.mk/vesti/biznis/eez-e...ijalnite-kategorii-za-period-od-dve-godini-2/
Патем, нешто многу популарна стана да човеците кои јавно изразуваат став и наидуваат на жестоки критики, да се жалат дека се јавно линчувани. Линч мене ме учеа дека значи нешто друго. Плус, и баш Зеќири најде да се жали? Некој да му каже на момчево дека, ова е само почеток. Од сега ќенкање за критика од народот... Не е лесно.
Зеќири се изјасни дека ставот е негов личен. Кога се збори за личен став, тогаш тој став го опишува исклучиво него. Значи се додека е само став, а не личен интерес за кој тој евентуално би се залагал.. не е нешто посебно страшно какво што го направија да изгледа. И само затоа што држи некоја позиција, не може да се очекува од него да престане да биде затуцан фанатик. Се додека ставот не му преминува во интерес нека си блада човекот. Мене па пресмешен ми е Милошески. Тој реденки на Халкидики тераше, а ваму најголем хомофоб. Додуша, најголемите хомофоби, најчесто се латентни гејови што уште јавно не излегле од плакарот, ама тоа е друг муабет.