Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Па и музиката во позадина? Хаха, неможев да престанам да се смеам кога ги прочитав и коментарите. :D
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Богами и јас се изнасмеав. За убав ден. :D
    Дојде животот. Треба да славиме. :party:
     
    На Rama и veteruska им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    40% од општините немаат матичен гинеколог. Во Шутка ситуацијата беше најкритична, многу од тие жени буквално гинеколог гледаа прв пат на породување.
    Малолетнички бремености, СПИ, најголем процент заболени од рак на грлото на матката, плус што не ги следува додаток за трето дете ако не посетувале гинеколог редовно во текот на бременоста.

    @Aquamarine93 јас очекував како женско да дадеш подршка дека конечно се прави нешто за оние најзаборавените од претходната власт, жените. Треба да знаеш дека за такви реформи, кои ги бараш, треба време.
     
    На Mishela, Emy867, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Џабе ти е ова, не се враќа повеќе пастирот, помирете се додека има време :devil:
     
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Барем сега знаеме, ако треба чистење подрум, Рашковски да го бараме. :D
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Што се вика, од збор се :*:

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија утринава до Собранието на Република Македонија поднесоа три закони во процедура, од кои два се во скратена постапка и се очекува да бидат ставени на дневен ред на денешната седница. Еден од оние во скратена постапка беше и Предлог законотза измена на Законот за аудио визуелни услуги, со кој што бараат итно укинување на радиодифузната такса.

    -Законот кој што го предлагаме денес е ветување на СДСМ и ние тука си земавме обврска сите ветувања од страна на СДСМ која сега ги заборави или ги стави под тепих и да не ги исполни, ние во најмала рака ќе ги поднесеме во процедура како закони за да ги потсетиме дека имаат потреба да го направат тоа. Пред две години СДСМ поднесе закон за менување на аудио и аудио визуелни медиумски услуги, но се однесува на укинување на радио дифузната такса. Целта ни е да ги потсетиме до нивните ветувања, овој закон ако се изгласа денеска ќе значи укинување на радио дифузната такса. СДСМ ветуваше дека веднаш штом ќе дојдат на власт ќе ја укинат радио дифузната такса, но нив веќе трет месец ги нема со ниту една активност, затоа ние денес ќе ги прашаме што мислат во однос на ова нивно ветување, потенцираше Димовски.

    -Ова ви е итно, приоритетно предизборно ветување. Еве можност да ги исполните тие ветувања што не ги исполнивте, веднаш, по скратена постапка, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски пред гласањето.

    Сепак, со 62 пратеника против, владејачкото мнозинство предводено од СДСМ гласаше против укинување на радиодифузната такса.

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/sd...she-protiv-ukinuvane-na-radiodifuznata-taksa/
     
    На realGirl, Rama, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Сами против себе одат. Си газат ветување по ветување. :clap:
     
    На Nigredo Odor, Rama, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  8. hardcore

    hardcore Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2016
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Машки
    Гнаси. Паѓаат на следни избори. Тоа се истите стари гнаси од секогаш.
     
    На Abeja, Nigredo Odor, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  9. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    22.227
    Вмро продолжува да ја потценува интелигенцијата на народот.
    До пред два месеца беа 11 години на власт и не само што не ја укинаа радиодифузната такса туку му се закануваа на народот со судови за тие што не плаќаат.
    Сега сакаат укинување на радиодифузната такса и тоа по брза постапка.
    Мизерници , не можете веќе да го крадете народот од се и сешто па кукајте.
    Такви изроди и такво лицемерие сеуште не беше видено како последниве години од расипниците кои Македонија ја држеа во заложништво!
     
    На Elen4e_sonce, Sesil, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  10. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    http://markukule.mk/Лицемерие-СДСМ-ветуваше-а-денес-гласа/ FB_IMG_1499255126584.jpg FB_IMG_1499255130685.jpg
    Е ова е СДС на која не може да и се верува...!
    Точно нека не ја потценува интелегенцијата Сдс бидејќи народот памети што ветиле
     
    На Abeja, baba Rada, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  11. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    22.227
    Е да баш и тоа испуштив да кажам.
    Сдсм го ветија ова во предизборието а овие морони сега глумат лудило и бараат работи кои Сдсм вети дека ќе ги реализира.
    Дно дна се.
    Да , ќе има ослободување од радиодифузната такса само фала богу не кога ќе им текне на вмровците ( а рака на срце ако беа толку загрижени за народот имаа прилика уште многу одамна да го ослободат од оваа наметната апсурдна давачка , а не наместо тоа да испраќаат писма за на суд на кутриот народ кој го соголеа.Ама нели убаво им доаѓаа да си лапат парички од секоја дупка каде што е можно ама ете сега веќе не можат да прават будали од народот.) туку кога ќе направат ребаланс на буџетот оти нели празна каса наследија , се што можеа земаа господата.
    Дали стварно мислат дека народот е толку глупав за да продолжуваат да му ја потценуваат интелигенцијата ( точно дека голем дел од образованите ги протераа од државата ама имаме сеуште капацитет за да знаеме дека се држат на последната сламка сакајќи да си ги спасат задниците.Зборам за врхушката, претпоставувам дека си дел од неа пошо гледам дека многу жолчно ги бранеш , зошто во спротивно би ми било жал да си обичен граѓанин со нормална плата и испран мозок за да ги браниш оние кои си се збогатија на грбот на народот а обичните вмрОВЦИ ги малтретираат да одат по контрапротести , да споделуваат по социјални мрежи , со еден збор марионетки кутри кои се задоволуваат со трошки од големциве.
     
    На Elen4e_sonce, Nausicaa, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.588
    Алал да ви е бе либералчиња, да си држите до себе! Они вас (ВМРО) ќе ви ја потценуваат интелигенцијата и ќе ви се мешаат у штипки!? Има да си плаќате такса + склекови правење ако побараат, и дури и да му се наљутите на инкасаторот ако не ве најде дома. Е тоа е принцип.
    Она мене...што би рекол Тошо Малерот
     
    На Abeja, Nigredo Odor, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Знам за проблемов, меѓутоа не мислев дека е дотолку, мислам без гинеколог?! :o

    Македонија, ако не се лажам, има потпишано Национален акционен план за подобрување на здравјето на Ромите, па мислев дека работите се насочени првично кон остварување на целите во истиот.

    Меѓутоа сега, еве разлистав по нетов. И гледам дека не само што немале гинеколог, туку ни педијатар, матичен и ред друго, да не го тупам со набројување. :D

    Здравството секако е во лоша состојба. Неминовни се реформи, не само за Ромите, ами општо, со еднаква и праведна застапеност за сите. Тука веќе не ме интересира кој е на власт, кој ќе биде на власт итн. Барам и сакам, а всушност и навистина има од тоа потреба, унапредување на здравствениот систем.

    Малолетничката бременост, ја гледам како друг проблем. Од сексуално необразование до табу тема-секс, родител-дете. Да, пак е до системот.
     
    На Elen4e_sonce, realGirl, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Баш тоа, милион пати реков на темава, не ми е гајле кој е на власт, само здравството да мрдне.
     
    На theowndemon, Someonespecial, glosipgirl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам, ние како граѓани МОРАМЕ да ги бараме нашите граѓански права на сите полиња, пред се во тие што не засегаат сите како здравството, образованието итн. без разлика кој е на власт, и едноставно не смееме да премолчуваме неправилности во функционирањето на било која јавна институција. Тие се ДОЛЖНИ да ни служат на нас, а не да гледаат на нас само како на подвижни гласачки машини.
     
    На Nausicaa, theowndemon, Nigredo Odor и 5 други им се допаѓа ова.
  16. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Штета што радиодифузната такса не ја укинаа. Многу луѓе гласаа за сдс само ја им се укине радиодифузна такса, наместо тоа ќе си добијат промена на име, двојазичност, укинување на дисперзирани студии, ненавремена исплата на субвенции, плати и пензии и ред други работи.

    П.С. Мислев со заштедините пари од радиодифузна такса да си купам папагалче и да го дресирам да ми стои на рамо, пошто никогаш не ми застанало врапче на рамо :$
     
    На Ana Marija 1, ADOKI, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.473
    Многу очекувано и еквивалентно со ветувањата за департизација, покренување на минималните плати и влегувањето во ЕУ. Прашање на време е кога комплетно ќе се запоседнат фотелјите, за да станат уште побогати од она што биле претходно, и ќе почне да се работи по истиот принцип на уцена со партиска книшка. Локалните избори намерно ги одоговлекуваат, затоа што знаат кој ќе биде исходот.

    ..Исто, се прашувам каде се сега "независните" шарени револуционери да се огласат, пошто нели секоја неправедна постапка на идната и било која Влада ќе беше критикувана од нивна страна? Како тоа борците за права и слободи останаа неми пред (не)укинувањето на р.д.ф?

    Ах, народе мој напатен, грев ми е за сите нас што р'мбаме за вкупен фамилијарен буџет од едвај 20 - 30 илјади месечно, ама така ни е кога наместо да пристапиме кон обединување за исфрлање на шутот од Власта и опозицијата играме според нивни правила.
     
    Последна измена: 6 јули 2017
    На Rama, Ana Marija 1, carangigia и 7 други им се допаѓа ова.
  18. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    За гинекологот во Шуто Оризари - таму од 2014 доаѓаат гинеколози ама привремено не се постојани - нема матичен гинеколог. Е сега проблемот беше што исто како во сите општини си имаше оглас за постојан матичен гинеколог и никој не сакаше да работи таму (од кои причини може само да погодуваме). Дури имаше и финансиска стимулација за тој што ќе се пријави ама никој не се нафаќаше. Сега гледам дека Министерството за Здравство назначило матичен гинеколог извесна Вјолце Мбиара. Никаде не пишува дали имало јавен оглас, колку ќе чини, како е избрана. Нормално дека треба да има ама процедурата некако како да не е запазена.
     
    На Rama, Nigredo Odor, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Да, од 2014, еднаш неделно, од 2016 требаше по 3 пати. После беа престанале да одат, не им се одело :wasntme:
    За процедурата нема да коментирам, од запазување беа без гинеколог. Лекар со Хипократова да не сака да се запосли заради дискриминација на пациентите кои ќе треба да ги лекува :?: Ајде добро.
     
  20. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Апсолутно! Јас сум повеќе практичен отколку по формалностите ама дека другиве секогаш инсистираа на процедура а сега после еден месец се однесуваат како тие што ги критикуваа.
     
    На Rama и Ana Marija 1 им се допаѓа ова.