Абе секакви глупости читате, на плус инфо ли беше ова Има добро здравство во Шутка, има матични доктори, има амбуланта, има дежурна ноќна служба, во амбулантата се вршат вакцинации итн, информации од прва рака. Не ширете дезинформации и не потпаѓајте под сдсмовски влијанија. Немале матичен гинеколог, уаууу, готово, крај на светот, па и кај мене нема гинеколог па кога бев бремена секоја недела одев кај матичниот гинеколог кој е на друга страна од градот, одев и на ГАК, уауу научна фантастика. Ама битно Шемсие на пораѓање видела гинеколог, а може и го родила дома па не видела воопшто гинеколог. Ако сака да отиде на гинеколог ќе фати автобус и ќе отиде во поликлиника Бит пазар или евентуално Бутел, не е крај на светот. Што све не им дадоа без пари и пак им фали нешто, глоти.
Затоа што Ромите стереотипно се поврзуваат со нечистотија, беда и сиромаштија. "Уживаат" лош социјален статус, социјална исклученост, невработеност, образовна сегрегација. Лоши станбени и инфраструктурни услови, незавидливи економски услови. Се ова доведува до трнлив пат за нив, до социјалните и здравствените услуги. @Abeja точно тоа го прочитав. Оти ништо од тоа немале. Не располагам со многу информации на темава, освен што знам за "Стратегијата за Ромите". Не се сеќавам на порталот навистина. Најмалку сакам да ширам дезинформации, а посебно ми е мило ако тоа навистина се. Зашто тоа значи дека сепак сме мрднале од "мртва точка". Иначе, дојдов тука да ја искажам мојата љубопитност. Многу ме интересира дали јавноста ќе биде известена за оној "мал технички проблем" кој треба да се дефинира, за да се потпише договорот со Бугарија. Кој е тој проблем, зошто никој за тоа не зборува?! Дали ќе биде подметнато нешто, како што ја протнаа референцата на времето?! Дали ја утнавме психоанализата?! Дали оваа платформа која лежи во бугарофилскиот сон го потврдува постоењето на "Албанската"?! Конкретно мислам на "Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување". Не тврдам, само гласно размислувам.
Извини што ти цитирам мислење, се што имаш пишано е точно и ја отсликува ситуацијата, баш онаква каква што е. Мислам дека не е некоја терорија на заговор, ако веруваш дека сите политички лидери биле марионети. Откако ќе си ја извршат функцијата, се ставени во сенка. Најблизок пример се Бранко и Љупчо. Бранко беше одговорен за приватизицијата, Љупчо за територијалната поделба и Рамковниот договор. Ова само како мало потсетување, дека и денес ни се случува иста приказна. Заев и Никола се новите Бранко и Љупчо. Во јавноста сите мислат дека се најоштри противници, во реалноста имале многу тајни средби на кои се правело пазарање. Не е случајно што локалните се одложуваат и не е случајно што на ниво на општини, работите ќе останат исти и раководните функции ќе си ги има старата гарда на вмро. Искрено, не верувам ни дека ќе сменат судии. Сите тие што се бореа за вистински промени, не за подобра функција се разочарани, ама гневот не си го покажуваат јавно. @Lianna Anna Сакале да си признаат Македонците или не, Македонија како земја многу пати била зависна од помош од Бугарија. Раката која што дава е над раката која што прима. Па така, ако помагале сега имаат максималистички барања. Заев мора барем некои од нив да исполни, за да се продолжи приказната дека се стремиме кон евроинтеграции. И јас не се согласувам да мењаме историја на секои 10 години, ама ова е висока политика, каде мислењето на граѓанството е сосема небитно.
Јас сум против сите, баш ви се чудам на вас што така со жар браните било која партија. Која е дрогата, и јас сакам?
Кога ни требала толкава помош од Бугарија баш ме интересира? И кога Бугарите ја дале таа помош онака од хуманистички побуди?
За време на Илинденско востание, а и долго време пред тоа, оружје се носело директно од Бугарија. Голем дел од војводи и комити кои биле под прогон, се криеле во Бугарија. Многу материјални средства се проневериле во тој период. Се носеле многу пари од Македонија, во Софија. А за возврат, оружјето кое се носело било старо, некогаш и нефункционално. Во поново време, за време на конфликтот во 2001, тенкови и современо оружје, повторно било носено преку Бугарија. Додека специјалните единици, на тренинг биле носени во Србија. Тоа се тие податоци кои можеби тебе не ти се допаѓаат, ама се реални. Друго, таа помош не била од филантропски причини, туку чиста калкулација. Исто е и со пасошите, добиваш европски пасош, ама се согласуваш дека сите твои предци биле Бугари. Бугарите се паметни, си складираат материјали и потоа ги користат како своја предност. Не е морално и етички, ама таква е политиката.
За Илинеднскиот период - тоа била нормална појава, сите на Балканот соработувале меѓу себе за да ги избркаат османлиите. Точно е дека нашите војводи имале поддршка од Бугарија исто како што е точно дека Бугарија цело време се обидувала да го искористи револтот на населението во Македонија во свои цели. Тенковите од Бугарија беа донирани пред конфликтот. Оружјето за време на конфликтот е купувано претежно од Украина. Специјални единици постоеа од 1991 и претходно а точно е дека тука имаат доаѓано инструктори од Србија и Русија (не знам каква врска има Бугарија со ова?). Енивеј не знам која ти е поентата? Бугарија како и сите наши соседи ни помагала и ни одмагала затоа што си ги гледала своите интереси и уште си ги гледа. Исто како што треба да правиме и ние. Според мене овој договор е на наша штета и само неспотребно се комплицираат работите. Потпишување на договор за градење на автопат или железница или нешто друго такво би бил реален и конрекетен потег и знак за добрососедство. А ова со заедничко славење на Илинден е чиста глупост која само ќе ни ја направи ситуацијата потешка.
Македонците се генерално многу глуп и неорганизиран народ. Требаше уште многу одамна масовно да се конвертираат во католици, да формираат Македонска католичка црква и Македонија ќе беше под јуристикција на Ватикан и заштитена во секоја смисла на зборот. Ватикан ќе помогнеше Македонија да добие економска и воена помош од сите големи сили. Православните “браќа“ Србите, Бугарите и Грците заедно со цариградската патријаршија гледаат на секаков начин да ја уништат Македонија.
Таксата ќе се укине кога ќе се направи ребаланс на буџетот за да се најде начин МРТВ да се финансира самостојно. Ова е смислено од Вмро за добивање на поени. Имаа 11 години да ја укинат. Ќе биде укината во октомври, пред локални. Инаку, продолжете да верувате во тероријата дека Грујо и Заев се договорени, дека нема да има смени на судии и на раководните функции. Заев се што кажа исполни, па така да тргнувајќи дека ќе има избори, дека СДСМ ќе прави Влада, дека Иванов ќе го даде мандатот, дека нема да има немири, дека нема кантонизација итн итн. Така да ќе има и апсења, и притвори и смена нс директори и други ветувања. Се во свое време. А за локалните само одредени вмровци веруваат дека ќе Вмро ќе ги добие пак, Членството се разбега, плачат по штабовите на Сдсм. Толку од љубовта вмровска. Се е интерес. Кој помалку, кој повеќе.
http://infomax.mk/wp/криминалот-станува-форма-на-власт-во-м/ ДОЈДЕ ЖИВОТ У МАКЕДОНИЈА НЕМА ВЕЌЕ УМИРАЊЕ И ТАКВИ СТВАРИ
Во никој момент не пишав дека треба да се потпише тој договор. Мојата поента беше дека го користат минатото, нестабилната политичка состојба и сето тоа го свртуваат во своја корист. Заев мора да возврати на помошта од Бугарија, заради тоа што многу тамошни лоби групи му даваа поддршка, посебно за време на кампањата, ама и во текот на цела политичка криза. Можеме да дебатираме за историја и поврзаност цел ден, тоа не го менува фактот дека имаме недостиг на силни политички лидери и сето тоа се одразува на земјата. Не се криви ни Србите, ни Грците, ни пак Бугарите, колку што сами сме криви затоа што носиме дебили на позиција.
Јас те разбрав дека ние како држава мора да вратиме. А за Заев јасно е дека ова го прави за да врати за некоја услуга од претходно. За жал ова беше најочигледна злоупотреба на надворешна политика за исплаќање некои лични долгови.
Уат а фак Шала на страна, ама идејава ти вришти http://kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=127679 ://m.kajgana.com/vatikan-otkri-nad-3000-siluvachi-i-pedofili-za-10-godini? Ватикан ќе ни помогнеше во ширење на педофилија и педерастија. Не, благодарам. Туку, страшно ова со Ватикан и со цел свет, вклучувајќи не и нас, "глуп" народ, нели, па геј паради, права на педери, маж у жена, оргии, силување деца, Содома и Гомора.
Како невладините станаа веднаш владини? Шарените наградени со високи владини функции ужас.и каква правда ... http://republika.mk/794757
Најсмешни ми се коментарите кога некој ќе напише, вас од штаб ви рекоа вака да пишувате Обично така прават кога немаат аргументи. Не можат едноставно да се помират со фактот дека постојат луѓе што си ја сакаат државата и нема да дозволат промена на име, знаме, химна и бришење на нашата историја. Предводени сте од материјалното,а најлесно во животот е да бидеш Коте од Руља и да фрлаш боја на споменици.