Ватикан на глобално ниво е можеби една од најмоќните организации. Каква моќ имаат православните цркви? Скоро никаква. Плус, Македонија опколена со православни земји што гроб и копаат на секој можен начин. Македонија е мала земја. Мора да научи да биде и да се држи до посилните и поорганизираните ако сака воз да не ја прегази.
Јоци повторно ги стави на тапет револуционерите. Барем да не се грижиме, го имаме новиот Бетмен велит, а тоа е се разбира Влатко Васиљ. Се испазарил добро, браво. Се сеќавам пред година или две, Васиљ на интервју кај Жаре во еден на еден. Жаре го прашува дали планира да гради политичка кариера, со симпатии кон него вели дека чесен човек не треба да влегува во политика. Васиљ горд, кажува дека е поддржувач на сдсм, а истовремено и нивни критичар. Тој требало да биде репер дека и чесните луѓе треба да се занимаваат со политика. Мхммм, за тоа ли беше одењето на протести? Не дека ме изнендадува што сдсм имитира вмро, али сум благо шокирана како сите се вработија во влада.
Мене па , веќе ништо не ме чуди не знам , можеби јас така гледам на работите . Се ми е некако веќе очекувано
Не го знам овој Васиљ, ниту останатите, ама дали сериозно Лешоски го напраиле советник у влада? Лешоски бе?!? Се превртев, сериозно Тој да си го чуваш лепотице... говори да пишувал бе леле Коста Петров, Лешоски... уште Лајлица фали
Што е сега наеднаш бунење ти беше најгласна за ШАРЕНИТЕ шареноликите сега они од невладини станаа ептен владини... за нив гласаше сега нема буниш!
Ме преобративте ти и Ветерушка со вашите остроумни и длабоки аргументи и образложенија Ај сега пиши ми 5ка на раче Има нешто што се вика објективност, ама џабе и да ти кажам да го побараш у речник Ајт.
Си се продадоја како пи***ци. Не знам кој кредибилитет ќе го имаат овие, со нивните твитови и статуси после ова? Имале голем број на следачи?! И Бетменот имаше, па ги изгуби повеќе од пола во рок од неколку месеци. Ама го ругаа него како влегувал во штаб, додека истото го правеле и они. Лешовски да си држи до квази поезија подобро ќе му биде. Се сеќавам како го зезаа за јакната, па и група на фб направија “јакната на поетот“, нешто така беше. Уште на почеток на шарена, се сомневав дека можен е ваков пресврт, ама не сакав да верувам. Не протестиравме ние за Васиљ, Дарко и ним сличните да седнат на функција. Претестиравме за транспарентно судство, подобро образование и здравство. Не пуштија по вода на многу добар начин, ама ако станат и албанските партнери незадоволни, владата ќе трае точно 100 дена. Мислам, не го сугерирам јас ова. Сеља така изјави.
Хаха као демек ти и објективност два различни поими а за петче на раче ќе треба да се испотиш малце и да заслужиш како и секој примерен ученик...! Допрва ќе ја покажуваш твојата објективност за овој живот што дојде кај сите нас
И шо викаш сите ја утнале трасата за автопатите кај беше ово Сугаров до сега да им каже бре по што има око соколово , а овија слепци ај за нашиве македонциве , ама по што слабо риба јадеме и не ни е добар видот ама и за кинезиве они барем се познати по јадење на морска храна меѓу кои и рибата која е многу битна за ВИДОТ...ај нејсе ама и шпанциве да се Слепи не ми се верува http://markukule.mk/Смешно-Сите-ги-згрешиле-трасите-и-Кин-2/
Баш ќе спомнев да и најдат место и на Лајлица, после Лешоски, ама спешлка ме претркала. Боки 13, Лешоски, па оној младичот директор на Агенција за млади и спорт Дарко, шо не му се фаќало книга да учи и што се дружел многу со алкохолот, па криминалецот српски можен директор на ЕЛЕМ, мислам и Лајлица да ја пикнат за портпарол за односи со јавноста ама под услов и Ристо Бомбата да го стават на висока позиција, ми беше забавен музикант во тинејџерските години, ама со тој несериозен стил од тогаш не како сега. А и да, сите проекти ги стопираат, им сметаат бидејќи не се американска инвестиција. И после фаќам лет шо подалеку, еве за Нов Зеланд, ќе барам политички азил бидејќи мојата држава ја запоседнале педери, пијаници, криминалци, музичари, поети... Одамна ме мрзи да следам политика во државава, не за друго, туку ние немаме политика, имаме гејм оф тронс, кој попрв да се смести во фотелјата.
Да вработуваа исклучиво партиски членови, ќе беше муабетов "леле, срам да им е, вработуваат само со партиски книшки". Кога вработуваат активисти веднаш е муабетот "предавници низаедни, срам да им е, знаевме дека се продале". Е па кого требаа да вработат, вас можеби? Па сега криво малце. Јас сакав промена на власта, не бев водена од лични амбиции и желба да извлечам лична корист па сега да се чувствувам разочарано или предадено. Целта е остварена, па кого сака нека вработуваат сега, важно е тој да се покаже како професионалец кој навистина ќе даде позитивен придонес во власта и придобивки за нас граѓаните. Споредбите со Бетмен барем засега не држаат воопшто место затоа што неговите ставови се сменија за 180 степени откако го купија. Почекајте да видиме дали тие ќе останат доследни на себе и на тоа што го зборуваа порано и не спуштајте на ниво на баба ванѓите од дпмне што однапред знаат што се Заев ќе направи.
Секоја власт поставува свои луѓе од доверба на сите функции. Институциите се партизираат за да подоцна тешко се департизираат. Така функционира секаде во светот. Не само кај нас. Нема потреба од драматизации. Мене многу повеќе ми е смешна наивноста на луѓето што поверуваа во глупости како департизација, реформи во судството, здравството, бла бла. Уште поголема иронија.
Разликата помеѓу Бетмен и Васиљ е тоа што Васиљ си е деклариран Сдсмовец и во време на опозиција. Нормално е дека ќе лапне место у владата,мене не ме чуди. Додека пак Бетменот плукаше по Вмровците,за од еднаш за некое евреќе да ја сврти плочата па од нивен огромен критичар да стане сипатизер,значи не остана доследен на своите сфаќања и верувања,туку си се ПРОДАДЕ Патем,доста цицаа од државна дојка 11 години. Нека си поседат у опозиција,чисто за промена За новата влада ќе критикувам или фалам за неколку месеци,се уште е многу рано да оформам некое мислење за нивнава работа. За Лешоски и јас сум изненадена,што е муабетот Не ми е компетентен тој воопшто за таква работа али ајде
Лешоски бре . Еве со одредени работи не се согласувам како Талат, Васиљ и Лешоски. Ама пак, добро е што нема само партиски војници туку што го вклучија и граѓанскиот сектор. Сепак, они и те како се заслужни за падот на режимот. А Јоци и Софи останаа со празни раце па денес на секоја минута пишува статуси. Пази она се знае, најпаметна е.
Абе не е праведно, ама се очекуваше ехеее... павле, васиљ,зекири кој е новинар, па ја напушти новинарската кариера некој месец пред влада да се оформи, мислам така беше... Си влезе во политиката, си седна на столчето и тоа е тоа.. И Вмро да победеше исто ќе беше со Бетмен пример.... ТАКА функционира политикава кај нас тоа е... Само да се молиме да не лопосуваат до степен ко оние другите...тоа ни останува, како сакате вртете ја политиката за одредени фаци тоа е профит. Затоа јас сум со резерва и за овие сегашниве... ВРЕМЕТО најубаво ќе си покаже