Од коментарите на Фб,ни сам не знае за што е назначен нешто комуникации коментираше,ама уште не бил сигурен. Мене повеќе за Лешоски ме копка да не му ги пишува говорите на Заев
И овие одат накај калак*рница систем кој што е и нормален за државава, фала Богу. Мене овој Васиљ ми е мноооогу лигав. А за Лешоски.
Мене па Јоци ми е смешна,цел ден плаче само таа од револуционерите не добила работно место изгледа не шарала доволно Па сега плука по Васиљ многу ... Сега за слобода се тепаше или за личен профит
Јуле, можда не знаеш, ама тој граѓански сектор кој го вклучија е апла, ама апла партиски војници, кои апла го користеа секторот за партиски работи. Затоа и се заслужни за падот на режимот де. Останатите од граѓански сектор се занимаваат со граѓански теми, не партиски. Не вмро или сдсм. Овие и опстојуваат оти се апла сдсм. Апла соросовски. Ко црева. Откако се почнати. И патем, постои процедура како се вработува во администрација. Ја спази ли некој? Не. Ок. Им се може. Да видиме уште колку им се може.
Трагикомедијава со вработувањето на Васиљ, продолжува. Коментарите му се во стилот “сам себе убила.“ Лешовски си молчи, ваљда и тој знае дека ќе биде вработен, ама не знае уште каде. Добро, јас сум олд скул или за работно место треба да има оглас, рок на огласот, кандидати кои ќе се пријават, па на крај одлука? Кој беше критериумов за вработување на Васиљ, твитање? Озбилно? Освен тоа се убива од правење печатни грешки. Да не должам, од новава влада останува да се надеваме дека нема да кради колку преходната. Друго све исто. Нема прогрес во оваа вукојебина, само тапкање во место.
Интересно ќе биде ако сите кренавте толкава галама и на крај излезе дека не се вработени, си се зезале со нас онака групно
Ау, многу ќе е интересно, богами. Не ме зезај, Дангел. Сериозно некој му прднало на памет да ги ангажира. Ако на крај не испадне... значи некој се пишманил ради реакцииве. О, лепотани... ваква влада да си ја чувате. Прва активност на Лешо. Васиљ лајкови ќе реди и ќе пишува: то царе.
Васиљ апла си се местеше, ич не ме изненадува. Ама Лешоски онака ко мутав ми е... шо фукција би имал тој
Мислев на оние апла војниците. Овие се знаеше за кого обработуваат. Некои работи ми се допаѓаат, некои не, како ваквиот вид на вработување. Веќе сум сигурна дека на ист начин ќе се вработува, само што повеќе ќе се гледа на стручноста, со исклучоци нели. Барем вака стојат работите засега. Само се надевам дека ќе има други позитивни реформи. Оти пишав, на крајот секој со својот интерес. И кога ќе видеш, така се преживува овде, за жал. Нас не оправува само јак приватен сектор кој во моментов е невозможен.
Он ќе му го пишува говорот на Заев по повод склучвањето Блгарскиот пакт. Илинден в лет, сшто като цвет. Какви Мисирков, Конески, Андоновски, само Лешо војвода!
Дечки а што се случи со долго најавуваниот прес на Боки што беше за денес,фамозно најавуваше дека ќе открие нешто важно за сите,бидна ли? Или да претпоставам сигурно беше нешто за случкиве актуелни со ЛГБТ како тоа да е поважно од стотиците загрозени и гладни луѓе,во гради се чукаа дека ќе има леб за сите а сега акцент ми ставаат тука на некој што му истекнало да го следи бурниот запад
Прееска ми се појави нешто лајв од него на фб, најверојатно е тоа, не го загледав. Еве стои и сега на неговиот профил, ќе ѕирнам баш малце ама не можам саат ипол да гледам, серии ме чекаат Инаку, таму кадешто читнав за сојузот, и Боки кога го гледав кај Огнен пред некоја недела - не спомна никаде ЛГБТ, туку баш секаде се зборува приоритетно за гладни, боси, луѓе без кров над глава, значи социјално загрозените категории. И да, за разлика од апсурдот со ставањето најмногу на Лешоски а и разни твитер ликови во влада, со критиките за Боки на позицијата во Меѓународниот сојуз воопшто не се согласувам. Колку што јас читнав и разбрав, Меѓународниот сојуз е цивилна организација и тој како активист со многу хумани дела зад себе не би рекла дека не е компетентен за претседател на истата. Не дека сум некој голем фан општо на Боки како јавна фаца, посебно порано не бев , но хуманите дела и залагањето за најзагрозените никој не може да му ги оспори.
@Aquamarine93 Евро-Балкан е истиот оној универзитет на кој и магистрирала, пред 7 години. Докторска дизертација не се спрема за 2 месеци. Не знам која ти е поентата со тоа што "докторирала, а кај ја вработија".
@DAngel Немаше напад, ниту пак скриена порака. Немав слушнато, ни прочитано за овој универзитет. Немаше ни да знам која е Ирена, да не прочитав во една статија дека и таа била од нововработените во влада.
Ова доволно кажува. Како така плукаш по некого а не знаеш ништо за него? Или битно е само да се плука
Ајде, наведи пример за плукање во конкретниов случај. Или на форумов треба да се дебатира на теми кои само тебе ти се допаѓаат?
Не бе не, ич не ти е малициозен постов Ирена е еден од наjголемите борци за права на маргинилизираните заедници каj нас. Со години. Првпат слушам дека и неа ja вработиле, постираj линк каде имаш прочитано.
Можеби имаше иронија, ама без возбуди и инсинуации за навреди и плукање. Веста не е официјална, нема печат. Од шарените другари слушнав дека и таа е во пакетот Васиљ-Лешовски. Впрочем, затоа постот и беше концепиран како прашање. Ако некој има повеќе информации, да пиши за тоа.