Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ако прочиташ внимателно во ставот кој го изнесов а се однесуваше на тебе, јасно и гласно стои дека навистина не ми е битно од која партија си и дека тоа е твое лично право.

    Секако дека секој граѓанин на оваа земја е Македонец пред се, без разлика на неговите сфаќања и идеали. СДСМ не ни реков дека не спаѓаат во оваа категорија, единствено што потенцирав е дека лично јас не ја подржувам политиката на нивниот лидер.

    Искрено пре би го бодрела Грујо, отколку Бранко.
    А знаеш ли зошто?
    Затоа што чувствувам, гледам, доживувам некој вистински нов почеток на оваа земја, па макар да тоа било и со градење на споменици. Претходно немаше пополнето ни една дупка на улица.
    Јас приметувам промена и ја поздравувам.

    Просечната плата во 1993 год изнесуваше 3200 ден. , за во 2011 год да биде 20.000 Евра. Веќе Владата и Синдикатот се во преговори за најниска плата од 160 Евра.

    Пензиите се покачени, пензионериве ги третираат ко кинески кралици, на бања, без пари автобус...и да, малку е, ама битно е почеток на некое подобрување.

    Земјоделците, тутунарите, лозарите....добиваат субвенции, добиваат државна земја да ја работат која со години пустееше само, добиваат помош од ИПАР програмата. Велам добиваат, значи се работи за позитивно нешто а не губиток.

    Студентите добија намалени партиципации, образование што прилега за еден млад и интелегентен човек.
    Учениците добиваат бесплатни учебници, спортски сали, компјутери....

    Здравството се издигнува, нови апарати, реновирани болници...

    Ова не е кампања за Владата, ова е нешто што јас сум го согледала дека оди на подобро.
    Како што ти реков, нешто што во моите 25 год не го доживеав, ниту јас ниту моите родители, ниту моите баби и дедовци.
    Дали овие не крадат? Мало морген, ама барем има нешто на видик.
    За да бидеме вистинска европска држава, мора да си почнеме од сопствениот двор а таму има навистина што да се исчисти.

    Ако овие мои ставови ме прават Вмровка, нека бидам.
    Јас како и ти, како и сите ние сум граѓанин, човек кој би требало да има било каква корист и привилегија од сопствената земја. Мене ми е јасно дека во оваа земја има толку работи што треба да се исправат, да дојдат на свое место, кога е нешто за критика, критикувам и јас.Од прв ред и тоа.

    Ама искрено, ми се смачи вечното незадоволство на форумов, како Грујо бил ваков или онаков, а дали истите тие некогаш воопшто вести имаат изгледано е само прашање.
    Кога се пљачка навелико незадоволни сме, кога некој се труди да управи нешто незадоволни сме пак, епа мајке му како да се управи земјава ако само мрчиме и никако не ни се погодува.Јазк!

    Едит: Јас бев прва што се муртеше и негодуваше на градењето на спомениците на пример, сеуште стојам на ставот дека тие пари можеа да бидат искористени во други цели. Од друга страна пак, пари се искористуваат и за други цели, еве веќе три големи инвестиции веќе се скоро реализирани, тоа значи вработување на значителен број на граѓани. Значи со некој баланс има можност за просперитет на повеќе работи. И не бев на плоштад додуша на славјево, ама од она што го видов, што го слушнав сепак на крајот сите се задоволни со крајниот продукт. Пусто Македонче, желно за величење и патриотизам :)
     
    На PeachGirl, Stam, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Да ти разјаснам- Бранко не е мој лидер тоа од памет жити Митра тргни го или ајде да бидам како тебе- Колку не си партиски обоена и од кинески ѕид и од марс и од друга галаксија се гледа....жими Митра твоја ич не се познава...така го тераш муабетов значи се гледа дека си и секако твое право.
    За ништо од наведеново не ти спорам: точно поубаво споменици отколку ништо...за то аси во право и јас истото го викам, ама било разумно или не не е битно битно се праи нешто и подобро нешто отколку ништо! И за сите работи што ги наведе така е.....
    Во делот со земјоделството...грешиш прашај неко земјоделец кој добива земја и субвенции и зашто пошто не добиваат сите....тука криво збориш грев ќе те фати. Баш правите земјоделци се така остаени..а некој си праи бизнис од тие проектчиња....
    И тоа со образованието...сега ќе видиш како ќе ги платат тие книги почекај...зарем не си приметила дека оваа влада дава едно а ти заме две? Ништо не даваат тие така зад секој проект има едно АМА! Чист маркетинг...цела држава ни е маркетинг агенција и успешно запалила таа кампања...тоа е прост народ сиромав...што да праат.
    Владеење со страв........ полицајците имаат нај плати и бенефиции ( што мислиш зошто е тоа така? )...и така натака......Него зборот ми е овој: Зад сето тоа што го прави Груевски поради кои што многу го критикуваат на форумот а тебе ти било смачено, е сите тие од кои што ти е смачено успеале да ја видат заднината и што има зад маската на Груевски и неговите проекти...девојче јас и ред други тука сме ја виделе целосната слика која што се прави а која што за жал ти ја гледаш дел по дел....како што и се стреми оваа влада да ја гледате..дел по дел..тоа им е намера оти ако ја видат сите одеднаш ќе имаме тешка граѓанска војна, еден ден ќе видиш зашто е критикуван и какво зло посеа Груевски во оваа држава и во овој народ..тоа зло сега расте и кога ќе изникне...брат на брата очи ќе му вади. За тоа го критикуваат, за тоа и јас го критикувам и не го обичам...ради лицемерието...и да ти предложам да земиш да прочиташ литература за фашизам..како се гради, како почнува, како им се фарбаат очите на луѓето како се перат мозоци ама се за фашизам.... затоа што фашизмот реално уште постои и има повеќе видови и начини на воведување итн...зами прочитај... и тогаш ќе ја видиш Мкедонија денес каква што е.
    Затоа Грујо е тука критикуван. Јас колку што гледам Тој не е критикуван на сметка на Бранко!? Не го фали Бранко некој а Грујо да го критикува...сите кажуваат исто...овој не чинеше и не чини ( за Бранко) ама овој мама ни расплака. ( и немој да речеш време беше и редно беше и оти тоа ќе ти е исто како да му посакуваш смрт на својот народ, пошто и сама знаеш кај се криминалците)
    Ете тоа е цел муабет.
    Поздрав и допрва ќе видиш што ќе те снајде од овој што го обичаш...... и тебе и мене и сите!
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Масноли, ако не си земјоделка, те молам не ги кажувај нивните маки зашто биле далеку полоши ;) Произведуваш-добиваш, уште да се пожалиме сме |( Во моментов земјоделството е на завидно нив, во однос на она што беше пред неколку години, не гледајте само А1 и Сител, реалната ситуација е далеку позадоволителна. Мислите оти сите се ќе кажат, дека ништо не е преувеличено? Можда не е одлично, ама солидно секако дека е засега.

    И во образованието се работи, или не ви одговара да ви е платен превозот, да не купите ниедна книга за сите години школување, не ги сакате салите кои се изградија, не ви се по ќеиф новите подови, клупи и столчиња? Кај што се работи, се работи, ги најде најверодостојните примери за да кажеш дека не чини. За малце и ќе се убедев, ама замисли, жив сведок сум за подобар живот :!: :)
     
    На Abeja, starbucks и macysh им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Доволно имам пишувано за моите ставови околу владеењето на оваа власт и стојам зад нив сеуште, ама некако ми се смачи да се објаснувам за се едни исти работи по стопати, затоа еве веќе неколку месеци наназад ги одбегнував политичките теми на форумот, зошто увидов дека само се вртиме во круг. Еве разгледајте ги постовите од претходно и ќе видите дека кога сега би сакала да реплицирам на некој пост би требала да го реплицирам истото што пред неколку месеци сум го реплицирала на некоја друга форумџика. И да ви кажам право ми здосади веќе. И незнам што ѓавол ме натера сега да пишам на темава, ама ај ;) .
    Значи да разграничиме малку. Незнам зошто цело време кога се спомене нешто за работата на оваа власт оправдувањето се бара во добропознатата реченица ,, Ама Бранко...,,. Да, потврдувам и јас Бранко не чинеше. Ама овие чинат ли бре? Едните не тепаа, другите не дотепаа. За време на едните сиромаштија, за време на другите пак сиромаштија. Невработеност и за време на едните и за време на другите. За образование и здравство не ми се ни пишува, зошто хаос го направија и образованието и здравството. Факултет во секој град, само за сликање и после ги префрлаа студентите во Скопје. Гледам пишувате за пензионерите. Еве јас ќе си напишам за баба ми, која ќе напоменам дека никогаш немала книшка од ниедна партија, ама секогаш била наклонета кон Груевски. Одам пред некој ден и ја гледам прави математики за сметките како ќе ги плаќа и ја зафркавам да не се жали оти нели Грујо им ги покачи пензиите им обезбеди бањи и бесплатен превоз. И ми вика, еее се радував и ја на качената пензија, ама краткорочно, дури не видов колчу е покачен лебот, зејтинот и другите основни продукти за исхрана. Така да, математиката е таа што ја напиша и Масноли, од една страна ќе ти даде, а од друга двапати ќе ти го земе. Евроинтеграциите стојат во место, инвестициите исто. Слобода на говор? Демократија? Што беше тоа? Земјоделците ако толку многу бенифиции имаа немаше со месеци да протестират и да го расипуваат млекото, да го фрлаат тутунот.
    Скопје 2014 - според мене најглупото нешто што може да и се случи на државава. Од спомениците само Александар ми е ок, другите :x . И да ги тргнеме настрана емоциите кои не понесоа овие денови поради победите и одбележувањето на независноста, па одеднаш сите патриоти станавме. Ќе помине еуфоријата, ќе дојде први, ќе треба да се плаќаат сметки, па целата оваа еуфорија ќе се претвори во нешто сосеам спротивно. Факт е дека спомениците не се приоритет. факт е дека се нафрлани и Скопје е направено Дизниленд. Факт е дека не вредат онолку колку што ги ,,платиле,, . И факт е дека не треба да се вложува само во Скопје. Па добро бре постојат ли други градови во државата? Во некој градови нема асални улици, а народските пари од даноци пак ќе одат во Скопје. пензионери само во Скопје ли има, па само на нив беспалтен превоз да им се овозможи?
    И гледам свесно или несвесно, ама сите прогледувате низ прсти, па дури не ја споменувате аместијата на терористите и откажувањето од гонење на државниот обвинител кој самиот пред неколку години изјави дека хашките случаи не можат да бидат опфатени со амнестија. Сума сумарум, исти се и едните и другите. Ама не, според вас треба едниот да го плукаме, а другиот да го величиме. Епа неможе.
     
    На silvice, tanja6, Masnoli01 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Вака значи:
    Грујо не им се допаѓа на оние кои лижеле мед од времето на приватизацијата. Затоа на тогашните дебели чичковци наречени бизнисмени, сега им е тешко да се прилагодат на пазарна економија. Самото име вели-пазарот, а не државата. Се ужаснувам кога слушам како државата треба да отвора фабрики. Хелоу. Секако, државата е таа која треба да ги одреди усолвите на пазарот..Е сега колку успева во тоа е друга приказна. Туку, муабетов ми е...разбирам некој закоравен и неообразован мозок да плука по се и сешто...Она што ме иритира, е кога слушам, а и богами, читам, кога некои млади и образовани личности упорно одат со глава во ѕид и чекаат државата да ги спаси од нашата ни мачна судбина. Чист пример ми се вработените кај мајка ми. Не било битно да се седи на работа до 16 и 30. Им било тешко, и требало да одат на пауза кога сакаат и колку сакаат. А убаво било да земаат плата? Е па, извинете, ама платата треба да се заработи. Не е гратис од државата. Е тука лежи зајакот. Не можат да се прилагодат на новите европски закони, а сакаат во Европа. А јасно е дека само најприлагодливите преживуваат.
    Ама оди кажи и на баба ми.
    Власта не е најсјајна.Тоа е факт. Ама не смее да се оди контра позитивните работи. Мора да се научиме на ред. Не може кој што сака да прави. Кога сите би си ја бркале својата работа ќе нема застој. Во капитализам, за разлика од комунизам, победуваат работливите и вредни луѓе. Кој е спремен на работа и труд, ќе си го најде местото под сонцето.
    Затоа ви препорачувам, не се ставјате во улога на жртви, туку превземете акција. Ќе ви олесни-верувајте.
     
  6. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Абе од рано посабајле, ме обврзувате да философирам тука :D ...

    Ќе ја поддржам Боа во едно....ми се здосади, ама искрено. Со тоа што овде се чукаме во гради, бистриме политики, бараме виновници, величиме патриоти....никој нема фала да ни каже ;)

    Мојот став на се беше дека јас гледам некакво подобрување, далеку од совршено, но сепак и да е мачкање очи на народот доста успешно обавено е.

    Масноли, абре дај читај ми ги постовите барем пред да реплицираш ;)

    Толку...немам време и воља да идам со глава во ѕид.

    Ајт со здравје ;)
     
  7. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Појасно...здравје. Боа доволно и отпојќе си објаснала....и јас завршувам па нека продолжат со глава во ѕид да чукаат ама кога ќе ги пукне по џеб или по друго онда...баш ќе ги видам.
    И пошто сум земјоделка односно имам ниви ќе ви кажам вака на Вас што не вие јасно: Оди да видиш на кого и како им се дава субвенција и информирајте се прво на 4 ти Јуни ден пред изборите до колку саат исплаќаа субвенции и заради што и после да ми продавате тука евтини приказни??!
    Затоа не мрчете многу, информирајте се!
    Јас завршив со моето и кажав: ОВАА ВЛАДА ЕДНО ЌЕ ТИ ДАДЕ ДВЕ ЌЕ ТИ ЗЕМЕ! СО ЕДНАТА РАКА СЕ ПОЗДРАВУВААТ СО нАС СО ДРУГАТА ВО ЏЕБОТ НИ БУРИЧКААТ! Ама има време ќе видите и сами!
     
    На BoaVista, nena2010 и enca.69 им се допаѓа ова.
  8. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    за едно сум сигурна ...не е во другите дршави така како е што е кај нас сигурно,бар не во оние кои се во Европска Унија....земи ја пример Англија храната и пијалоците се исти цени како кај нас а земаат просечна плата 700 800 евра.....земи ја пример Грција....плаќаат бензин исто ко нас а земаат просечна плата 700 800 евра така да немој да ме убедуваш дека и во др земји е исто ко овде...зашто дефинитивно не е....работата не чини тоа е реалноста....сега можам веднаш да ти набројам 30 луге кои имаат високо образование а седат дома...така ли треба???дефинитивно не......и уште да земам од платата од која немам ни струја да платам да му давам на груевски сета ќе ја наредиме .....
     
    На Masnoli01 и BoaVista им се допаѓа ова.
  9. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218

    Да се надоврзам..... значи ова е за Кате21: Како бе сам се поделил народот? Ма немој!? Тука си у голема заблуда и дури и ти ја искажуваш таа омраза која е наметната од страна на владеачката партија кон СДСМ ( оти така го поделија народот со тоа што ги прогласија СДСМ и Бранко за се криви...не викам дека не се ама за СЕ не верувам оти сите се исти а плус ДПМНЕ е многу повеќе години на власт од СДСМ...али ајде тоа да оставам него да ти кажам колку глупости си истресила ).
    Народот не се подели сам, него власта си даде ексклузивно право на Македонија..како дедо му на Груевски да му ја оставил во наследство сфаќаш.... и секој кој не е ДПМНЕ значи е предавник...ете така го поделија народот. Јас не сум ДПМНЕ ама си ја сакам бре државата..ни ти ќе ме негираш ни никој ни тој Грујо.....јас сум македонка ито толку колку што си ти, и колку што е секој кој што си ја сака земјата и никој не може да има ексклузивно право да биде Македонец за сметка на друг кој што ако не ја поддржува политиката на владава по автоматизам е СДСМ а штом си СДСМ си предавник...и кој го наметна ова...народот сам?
    А бе ајде ти се молам......власта и партијата на власт.
    Ти си македонка, и патриот и ќе ти кажам едно нешто- Да е груевски и некој од врвот на таа нацистичка организација 1/16 патриот колку тебе...немаше да бидеме на ова дереџе.
    И ете со самиот твој пост само го докажуваш она што е факт: секоја втора реченица ти е Бранко како на премиерон наш, за се е крив СДСМ, сега било не знам мед и млеко течело...порано било за никаде.....е сега јас вака ќе ти кажам- исто било и порано и сега само порано не се мачеа да трошат пари на шминкање и перење мозоци како сега што се отепаа трошење пари на маркетинг- тоа е разликата драга....иначе реалност е иста.
    И се додека има вакви како тебе кои не сакаат да ги отворат очите и кои упорна маваат со главата во ѕид и кои веруваат на евтините маркетинг трикови на овие така наречените патриоти...нема никогаш да не биде затоа што - ПРАВИОТ ПАТРИОТ НИКОГАШ НЕ БИ СИ ГО НАРЕКОЛ ПОЛА ОД СВОЈОТ НАРОД ДЕКА СЕ ПРЕДАВНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ СТРЕЛААТ НА ПЛОШТАД само затоа што не ја подржуваат политиката на власта....од кога тоа стана мерило за патриотизам молим те!? Од кога почна да се мери патриотизам со тоа дали ја поддржуваш власта или не? Ете тоа е тоа што го подели народот драга а не се подели сам народот!
    Не мора да објаснувам сама имаш верификувано се ова во твојот пост а во наредниот само ќе го потврдиш тоа...или ти или таа што ќе ми реплицира на ова..... за тоа колку сум комуњар.....! И после не му е јасно на некој нешто? Кој има 3 грама мозок во глава...јасно му е, а на грото пак им е забрането и јасно да им е......да се разбереме.
    КОј разбра разбра......кој не ќе разбере времето е најдобар учител!
     
  10. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    П.С.- Прославата беше одлична и се изјаснав по тоа.....меѓутоа тоа што ни ја силуваат историјата и што сакаат да ја променат...тоа не е во ред.
    ти не паметиш..јас паметам пред 20 години како беше што беше..... и повеќе од пола народ памети не се 200 години 20 се! А власта ја силова историјата и ја менува место Глигоров го величи Кљусев кој паи беше дирекно од Глигоров поставен и стана ВМРОвец во 1998, а кога беше премиер беше...КОМУНИСТ И ТОА ПОСЛУШНИК НА ГЛИГОРОВ-ЧОВЕКОТ КОЈ Е НАЈЗАСЛУЖЕН ЗА НЕЗАВИСНОСТА НАША !!!!
    Ни еден борец после 1941 нема во музејот... ко дирек од Александар преку комитите да добивме независност и држава а сите знаеме дека оваа Македонија денес каква што ја знаеме е добиена баш од таа војна од 41 наваму....после АСНОМ....и сега овие се праат дека тој период не постоел? А бе ајде......и после народот сам се дели?
    Па двајца дедовци мои се загинати бранејќи ја Македонија како партизани.... како да немам револт кога државата не им ја признава нивната жртва? А знаеш уште колку ги има такви семејства? И уште колку луѓе и борци и жртви ги негира оваа влада? И сами се делат а? Сами? Важи..... хах! :fubar:
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Што ти е на тебе, каква втора светска војна, какви партизани, ТИЕ СЕ КОМУЊАРИ, непатриоти, ПРЕДAВНИЦИ! :fubar: Не направиле тие ништо за Мекедонија и не заслужуваат ни грам почит! Александар напрвил-ословјувал и градел сегде само во Македонија не!
    Најдоа овци неписмени па им продаваат лажен патриотизам и измената историја. Како викаат глуп народ, силна држава! Е баш така во моментов. Југославија се брише како де не била дел од историјата. Не сум шивеела тогаш, баш сум се родила на распадот. Каква и да била,не смее да биде заборавена и избришана! Тоа е дедовците наши се бореле како партизани, биле именувани како херои, како борци против најголемото зло фашизмот а сега не се ни спомнуваат, а дури и се наредуваат. Срамота и жалосно |(
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Масноли, да не те цитирам, премногу си кажала ;)
    Партизани биле и моите дедовци, па освен што загинале и не им се знае гробот, не сум видела друго арно од нивната борба, ниту било чие признание ;)
    Друго, Глигоров Бог знае како станал претседател, од обичен писар, од еден обичен реферат за прослава напишан од него, станал тоа што е, за таман да му ја тупнат нашата квази независност, со страшно име, и квалитетна водечка позадина. Ма веројатно бил добра марионета :)
    Е сега, она што главно сакам да ти кажам :) : јас не сум во заблуда, ниту пак ги марзам опозициските членови, напротив, признавам луѓе кои добро контрираат со достоинство и ум. Ама, сигурно не луѓе кои со години изустуваат само два-три збора-Грујо не чини! И со што да ја споредувам политиката на сегашниов премиер? Со кого, со иднината ли? Неа за жал не ја знам, ама знам како јас и моите сограѓани живееја до пред неколку години, а знам како живеат сега. Да не навлагам во детали! Ама некои луѓе не сакаат да превземат ништо освен негирање на сопственото и плукање по оној отспротива. Јас убаво ве прашав-каде ви е вашиот матичен да ве насочи, јас не видов ни О од опозиција последниве години, освен „дајте предвремени избори“(кои патем ги губат) и празни муабети и закани! Нека се работи, и јас ќе се крстам на нив ако воопшто нешто внесеа ново и имаа вистински план и секако желба да ја понесат Македонија погоре од ова што е! Политиката е курва, денес си со оваа партија, утре можда со друга, ама верувам секогаш сакаш да одиш напред, и секогаш гласаш за оној кој ТИ мислиш дека е подобар! А еве јас сега мислам вака. :)
    За крај, да имаш ниви, не е исто што и да си земјоделец ;) . Информирај се ти, пошто погоди што, јас тукушто седнав да одморам после работа в поле. Субвенции за тутун зедов точно на време, од предадени пиперки точно после откупот! Не е сјајно, милиони пати повторив, ама е подобро! Ама кој да признае!? Оној што се наполни пари од тие субвенции на грбот на народот? Трговците? Прекупците? Или вие што си седите во Скопје и си чекате плата на први? Земјоделците се добри, здрави, живи и задоволни. Во најголем број. По долго време без дожд, капна и капка. Од утре, ќе видиме ;)

    Eдит: актуелен „политички“ настан- зошто нашата највредна репрезентација ги пее оние националистички песни, м? |( Срамота, и тие ли се платени од Грујо бе? Немаше што да се каже, па ајде ќе поплукаме и на нив! Срамота!
    Браво наши, ќе се гордеете со изјавата на СДСМ кога ќе си дојдете!
     
    На starbucks и Abeja им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Берлускони: Меркел е недоебана дебела курва! (не ставив цензура за да не дојде до забуна, како што долу под текстот некој во коментар напишал-к**ва се мисли на крава или курва? :D )
    извор кирилица

    Ова е од вчера ама многу е смешно и жалосно, за една држава членка на ЕУ ова е срамота. Па нашите се јагненца за овие, уште не сме дошле до лепење на вакви епитети (јавно).
    Па после ваков некој ќе ни поставува услови за во ЕУ, ќе ни јаде гомца кои сме ние , како треба да се викаме и сл.
    Педери, курви, лезбијки, во мозок ебани, отракани.... Кон каква ли унија се стремиме ние :tmi:
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    И мене писмово ми падна мноооогу чудно :^) .

    Тој да се извини ма дај :!: :?: .
    Што е наредно ? ! подарок за Никола Груевски не знам се е помало чудно . :^)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Си бараше и си доби тоа што го сакаше. Извинете сите ама мене некој да ме спаси од ХАГ и да ме донесе дома, јас нема по него да плукам туку ке се осекам ко најголем должник на тој човек.
    Неможам јас да се правам добра со тоа што ке плукам по другите, ке направам нешто свое за да докажам. Не само искочи на митинг и плукај по секој- плукај по оној кој ти подари 10 години слобода, само згрешија извадија погрешен човек од таму.
    Така да според мене- Малку му е. Го почитував човекот до пред изборите, кога му ги слушнав говорите на митинзите негови бедни, ми стана одвратен. Поузз Брат Љ!
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Ќотек?
    Ако е ќотек само, од него и Гвујо очекувам дека имало закани и по децата и по нивните животи, никој не го прави ова, освен ако фамилијата не му е загрозена. Е сега наместо целиот народ да скокне, зашто секој со 2 грама ум знае што е работата, уште вмровчињата ќе се пукаат у груди.
    Ај и јас да не зборам многу, да не се извинувам после тука, и да викам Гвујо у газе хитлерско те љубим. :@
     
  18. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    кате21,мила,разбирам дека си наклонета кон владејачката партија,тоа си е твој избор,твое право,мегутоа не претерувај,да кажеш за глигоров дека бил некаков си писар неук,и напишал реферат и затоа го ставиле претседател :^) ако се ставаа така претседатели одма седнувам не еден 100 реферата ке напишам :D мислам дајте ве молам,јас разбирам да ги величаш своите,а потценуваш тугите ама имајте мерка..глигоров е политичар познат и признаен и надвор од нашите граници.денешниве политичари можат да учат од него..ама пошто не е од редовите на вмро ајде да плукаме по него..барем тебе не те мислев дека си склона кон такви претерувања..
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Тањушке, јас не плукам по него затоа што е од другата страна, туку само кажав мислење кое јас го имам зацврстено во изминативе мои години познавања. А зошто, затоа што многу пати ми се докажало дека Глигоров и покрај својата положба, и покрај тоа што бил председател, почитуван, покрај своите цели и памет, не направил ништо. Зошто? Затоа што цел живот го влече за јазик некој друг, цел живот му кажуваат како да каже и прави, цел живот го носат онаму каде што друг сака. А да си ја бркаше сам работата и јас би го гласала на негови 90 и кусур години. Јас доволно го почитувам, ама сакав да кажам дека сакајќи да бидеме под нечија директива и Глигоров беше марионета на тие времиња. Знам, сега ќе настапат, уствари очекувам да настапат со контра пост оние за кои тоа време беше злато време, ама тргнете од тоа дека сопствената партија го изневери кога се случи атентатот, значи не штимало, не сакале да сам одговара за своите одлуки како председател :) А можел многу повеќе. И баш затоа сега е сеуште само како фигура, почитуван, одликуван и веројатно не баш горд на она што го прави неговата матична партија. Мое мислење. :)
    А дека ги бранам слепо, не фала, не ми се допаѓа уште подобрава марионетка од председател сега, ама човекот е закочен, што да прави, не ми се допаѓа Јанкулоска, ама ич, не ме бендисува политиката на многумина на кои Груевски им даде фнкција, ама тоа , глобално, за мене вака е добро ;)
    И да, јас си го сакам Никола Поповски, дајте ни го :D Мала шала :D
     
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.758
    Допаѓања:
    116.848
    Пол:
    Женски
    Како прво како можеш да кажеш дека Киро Глигоров не направил ништо?? Да не беше Киро Глигоров, и компромисот за името да бидеме Фиром, знаеш што ќе не снајдеше?? Војната како Босна, изолација како Србија и кој знае што. Мораше да прифати да бидеме привремена ФИРОМ за да влеземе во ОН, и за да не пукне војна во македонија. Затоа те молам прочитај нешто пред да зборуваш и пред да пишуваш. Знам сега ќе почне муабет дека ете уште сме ФИРОМ. Кажи ми каде освен кај грчките педери нас не нарекоа ФИРОМ за време на Евробаскет 2011?? Цел свет не знае како Македонија а ова со Грција е проблем на повисока политика со сосема други заднини, кои за нас обичниот народ се несватливи. Уште нешто. Киро Глигоров има политичка кариера за каква овие сегашниве, Бранко, Грујо и компанија можат само да сонуваат.
     
    На JuLleE, BoaVista и Li0ness им се допаѓа ова.