Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Во право си Лилит. Сега овие треба да ги следат примерите на претходниците во пракса. Затоа од мртва точка не мрдаме.
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.224
    Допаѓања:
    167.457
    Чекај да почекаме, не сме толку наивни веќе.
    Како за почеток не се сјајни, но треба барем неколку месеци да ја видиме крајната слика. Мислам и дека пишав одамна кога беше Шарената дека ова делува како револт зошто на шарените татковците не крадат повеќе. Меѓу водечката екипа имаше многу деца на профитери од транзицијата и приватизацијата кои и онака беа дебело нафајтани. Несфатени "парталковци" кои сепак живееа згодно од парите на родителите.
    Како сакате сфатете ме, но ни вмро, ни сдсм не треба да ги сфаќа сериозно сите оние "уметници" кои се трудат да бидат гласноговорници во политиката. Сепак шупливоста од образовната позадина искача на површина. Нека си ги држат во соодветните сектори зошто многу глупости се истресоа. Сериозно многу! Тој романтизам во говорите и испран памет пркоси на секаква економска, политичка и општествена логика. Синоличка и Софија, не знаат кај тераат, мислат дека со сериозните фаци доволно е да поентираат, детска глупост истресена од усти на возрасен, по грешка ќе спојат некад по нешто паметно. Онаа на вмро со мачевите забега у некој филм на Тарантино, Гоце и оној со брковите како да читаа моно драми...хаос.
    А овие нови уметнички клинци на Шарена ќе ги задржам за друг пат, да видиме што ќе стане со нив, а ќе стане, па тогаш ќе збориме.
    Ако не ни чини, сега знаеме како.
    Иако на вмро криминалите и испрљаните раце со крв ништо нема да ги измие.
     
    Последна измена: 13 јули 2017
    На Rama, JuLleE, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.998
    Допаѓања:
    14.642
    Сите кои јаделе и пиеле како говеда со парите на народот се предавници. Само Марта Арсовска Томовска имаше трошоци помалку од 500 евра годишно, а другово јаделе како стоки додека народот се плашеше дали нова војна ќе избие по Диво насеље. Не ги бранам ни СДСМ, еве Жак реагира и Кирацовски добро се хранел, го кажаа на вести 460 евра за еден месец. Министерката толку за цела година, а тој за еден месец, бравоооооо. Чистка за такви. А за Села, не му се секирај мнозинство ќе биле. Како да не. Било кој може да каже дека се 10% во Македонија, но реално се 25%. Што сака нека збори, но на тој Села кураж му дадоа сите што и ден денес продаваат имоти и дозволуваат да се доселуваат косовари во Македонија. Нема да е крив Заев ако се отвори дебата, ќе мора да се отвори заради демографијата кога тогаш, ако не се средиме на ова поле. Но, и со поголем демографски раст ние имаме многу територија која е продадена и така да, дебата за знаме, химна, јазик и што уште не, нема да ме чуди ако се отвори. Не се чудете, само Господ ја чуваа оваа земја со малцинство кое има амбиција да стане мнозинство и се шири.
     
    На Elen4e_sonce, Rama и LollySky им се допаѓа ова.
  4. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
    Видете ги фискалните само жити се. Датумите се 13 април 2012 денот после Смилковско. Прославувале добро завршена работа?

    672 евра на ден трошеле и после коа ќе слушнам некој ја не сум вемеро ама морам пошо губам работно место ми иде таков нагон на насилство.

    Ослободете се не се на власт сеа, дојде време да одговараат за секоја глупост секоја битанга шо не знае да се потпише и до вчера бил на паштети сеа коњско месо ќе јаде


    Зборете пак за платформи....
     
    Последна измена: 13 јули 2017
    На Elen4e_sonce, Tanjamm, Luna91 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Дали си ти свесна дека тие пари не се нивни приватни/заработени?
    Дали ти доаѓа до свеста дека деца умираа за да твоите стопани ручаат бизони и остала храна за која виделе на ТВ дека е нешто...као...демек...ексклузива нешто...и така нивните сељачки физиономии се товеле со екстра скапа храна на сметка на цело население.
    По болници сеуште се клечи по чучавци, но како што гледаме има раја која не им смета приоритет да биде гнетење на припадници на власта со цехови од 30.000+ денари по вечер.

    Сендвич логиката "ами сестра ти може ја силуваше Трајко ама па шо, ете утре и Петко може ќе силува некоја, оставете го, шо му фали" е страшна и крајно недолична за припадничка на Хомо-сапиенс-сапиенс видот во 2017 година.

    П.С. Ако може некој нека објасни како не е дозволено за вакви ликови како цитиранава да се користат крајно погрдни изрази бидејќи особи кои оправдуваат и релативизираат криминал - треба да бидат исмевани и омаловажувани.
    Оној што оправдува крадење е на исто морално-етичко ниво како некој кој подржува педофилија, убиства, силувања...

    А тоа што евидентно прославувале на софра оние кои биле задолжени за спречување на масакрот ден после истиот...само ја доловува суштината уште подобро.
     
    На Elen4e_sonce, Tanjamm и Luna91 им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Имав порано една комшивка. Се викаше Ружа. (Веројатно се уште се вика така, што знам, изгубивме контакт)

    Сеедно. Ружа, ги делеше луѓето на класи. (Ај сега да не претерам, не дека истиве ги немаме) Ама Ружа, го правеше тоа на екстравагантен начин, чиниш сме индиски касти, а во истите од самото раѓање припаѓаме. Да не бидам контрадикторна, Ружо, не дека по раѓање немаме воопшто никаков статус, ами Ружа, мојата комшивка, не сакаше мешање со луѓето од пониските слоеви. Ама ич. Не. Поради размислувањата, различните погледи на светот, економскиот и социјален статус, а потоа и политичката определенсот. Ова последново, ми се чини ја убиваше. Не можеше Ружа, никако да разбере дека оној кој е симпатизер на одредена политика, не значи дека со истата во целост се согласува, а тоа уште помалку го прави убиец и други некои девијантни појави за себе деградација. Оти, ич не значи дека истиот не е, пред се човек.

    Секое утро пиевме кафе. Егоцентрична личност, која многу сакаше да раскажува, како оние кои се целосна спротивност од неа, таа, Ружа, радо би им ги скратила маките, оти живееле слепи, заблудени, па да им ги затворела очите засекогаш. Чиниш е Заев, па ќе пука, или, живи луѓе ќе јаде. Што знам, дали таа тогаш беше заслепена од омраза или само можеби хедонистички настроена да ужива исклучиво со своите истомисленици.

    Ружа, беше паметна. Образована и начитана. Иако често имавме спротивни мислења, имаше и такви со кои и двете се согласувавме. Мислам дека и тоа не држеше заедно. Многу сакав да ја слушам на одредени теми, но не и на сите, иако радо дебатирав на истите, без исклучок. Освен за оние, за кои бев помалку знаела, па учев од неа.

    Ружа, среќно се омажи, со неистомисленик и класа подоле од нејзината. Ме покани на свадба. Се изнаиграв. Ружа имаше среќен брак и дете. Го воспитуваше во духот на разликите, од денешна гледна точка. Не како девијантни појави, ами како нешто нормално и неминовно во едно општество. Со некои, нормални исклучоци, што е и нормално.

    Ама, ружата не би била ружа, кога би немала трње. И оваа беше таква, Ружо. Ружа, по некое време ја покажа својата бодликавост. Го остави сопругот, замсили не си го зема ниту детето. Замина со друг. Исто размислувале, рече. Не помина долго време и од него се разведе. Рече оти психички и физички ја злоставувал, па немало врска веќе што размислувањата им биле исти. Оти, тој, новиот, не само што имал поголеми трња од ружата, ами не бил ниту човек.

    Приказната заврши. Ако воопшто разбра што сакам да кажам, со таков интелектуален капацитет.

    Сега кажи ми.
    Кои мои стопани?! Немам јас такви. Кого јас оправдувам?! Апсолутно сум против криминал и ич не ме боли кој за истото ќе одговара оти и треба да одговараат.

    Со кое право ти зборуваш за омаловажување и исмевање?!

    Свесен ли си дека со ваков коментар сам себе се деградираш?!

    Коментарот твој, повеќе за тебе кажува. Не за мене.

    П.С Еднаш на фејсбук зачитана во длабока политичка дебата, прочитав еден коментар. Беше нешто во овој стил: "Јас сум Албанец, го чекам Горан да ми дојде на ракија и салата и заедно да се смееме на вашите расправии". Да, тука е целата филозофија на животот. Срамота е ако дозволиме политика да не дели.

    Во иднина не ги читај моите постови. Има опција игнор. Ова е последен пат да ти цитирам. Едноставно не си ми на ниво, а не си ми ниту интересен.

    Пријатна вечер Ружо.

    Едитирам оти ти го ѕирнав профилот и видов оти Ружа уствари ти, машко си. :rofl: Не дискриминирам по полови разлики, во секој случај.

    И не знам како не ви е срам, тебе и на тебе сличните да ги ставате во уста децата жртви. Тоа не ве прави ништо подобри, ниту и од убијци со меко срце. Напротив. Полоши сте од било кого и од било кој политичар одговорен или не за ваков чин, оти вакво нешто е грев за политика и за да падне народ на фора да го злоупотребувате. Па и за било што воопшто. Не си здосадивте самите на себе?!
     
    Последна измена: 13 јули 2017
    На Rama, Abeja, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    http://fokus.mk/novata-vlada-so-nov-sistem-za-komunikacii-so-javnosta/

    Плус четириесет луѓенца ќе прават „клати врата - зимај плата“.
    Министерство за пропаганда.... вистина,:D или што год. Твит.цом.
    Васиљот и поетот... туа ќе да се. Да не им се сеќираме.
    Оние коњи јаделе, бизони, овие... убаво ни е.
     
    На Aquamarine93, Rama, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    55.370
    Пол:
    Женски
    Удавени сме до гуша,:( од едно у друго г***о.:D
     
    На Rama, mareane, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Богата држава сме, Џинџер. :D
     
    На Rama и Ginger^ им се допаѓа ова.
  10. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    55.370
    Пол:
    Женски
    Овие пресните, на власт што се, бар имаат вкус:D. Октоподче, маринирано. :P
    Претходните, летечки пекинезери ^_^,кркале.:D
     
    На Rama, Abeja, ADOKI и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Бaш преескa видoв еден oд есдеес кaкo јaде четврт леб сo 100 грaмa пoсебнa сaлaмa oд стoдвaес денaри/килo.
     
    На Tanjamm, referentka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  12. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.128
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме . Никој не е цвеќе за мирисање , ама оние претераа малку повеќе . Енормни сметки по такви настани како Смилковско и Диво Насеље , значи дека немале ни трошка срам и жал за луѓето кои изгубија блиски во ваквите настани . После даваа оставка и плачеа на ТВ наводно беа многу загрижени .. Ма дај . Би ги пратила во театар . Едино за тоа ги бидува .
    Не дека новопечениве се поарни , ама допрва е владеењето нивно , ќе видиме како ќе биде .
     
    На Elen4e_sonce, Tanjamm, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Без Иноспектар сокче? На суво?
     
    На Rama, Abeja и Ginger^ им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Јас мислам дека по фенси е да јадеш дивеч отколку морски плодови. Не научиле уште овие новиве дека морско само покрај море се јаде. Секогаш јаде тоа што е специфично за регионот во кој се наоѓаш. Во Микеи дивеч спремаат и лов организираат.
     
    На Tanjamm, Someonespecial и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    55.370
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.321
    Допаѓања:
    55.370
    Пол:
    Женски

    Па тие се несфатени, затоа кај што нема море јадат морско.:D Да си несфатен е во мода, со 50 евра измотан шал околу врат на 40 степени8):emo:
     
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Клoт нa прaзнo!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.837
    Допаѓања:
    264.521
    Нормално е, кој и да биде на позиција дека ќе си користи картички и ќе си покрива ручек од тие пари.
    Ама прифатливо би било да кажеме да читаме сметки од 500 ден или 1000 ден ручек, ама да читаме за сметки од 500 евра за ручек/вечер не иде. Сиромашна држава сме, каде што децата се лекуваат со донации, а некој од Влада се частеле со вечери кои чинат по 500 евра во просек.
    Никако не можм да го прифатм ова за нормално.
    Вие, што ви е баш гајле и сеедно, кажете колку хранарина ви исплаќа работодавецот?
    500 евра е плата кој ретко кој ја зима, а некому му е хранарина и тоа на ден.
     
    На christinnn, ludoto19, Tanjamm и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема потреба од планини бесцелни муабети со цел да се избегне соочувањето со реалноста.
    Види, ти како и сличните на тебе правите грешка дека нешто некој има лично против вас. Нема, едноставно кога човек ќе види пост во кој се релативизира па и оправдува крадење - ако тој човек не е лишен од основни човечки епитети, тој човек реагира негативно на нив.
    Така е во случајов а така ќе биде и во иднина.
    Како група, како колектив на подвижни сендвичи - секако дека нормален човек треба да има против и да биде непријателски поставен.

    Фактите се тие, пост-масакр гозби на припадници на органите кои требаше да со спречат тоа и пост-Диво насеље прослави со огромни количини изедена и испиена храна на сметка на сите граѓани.

    http://www.telma.com.mk/vesti/za-6-...ra-troshele-i-za-morski-plodovi-i-za-domashna

    Само врвот на едно министерство, само за 6 од 11-те години власт изеле и испиле 1,41 милион евра.
    Се дури раја не се научи дека Митре не е фраер ако ждере на државна сметка туку е арамија и говно, до тогаш ќе се копа ново дно бидејќи ова во моментов е премалку длабоко.
    И се додека кон лицата кои оправдуваат и релативизираат крадење не се постави мнозинството како према арамии, никогаш нема да се тргне од мртва точка.

    Мора да се менува перцепција.
     
    На Elen4e_sonce, referentka, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Воопшто не е смешно.
    Настрана што 1/4 леб, посебна и растителен кашкавал беа главното мени на армијата сендвичи кои контрапротестираа цела деценија, релативизирањето не е начин.
    Шо му јебеш матер а, сеа и овие новите ќе ждерат, пффф...

    Трагичен мајндсет.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.