Единствен факт е дека во Мк нема објективен медиум Тоа е единствената вистина, дали се за или против влада, сепак не се објективни и тоа е тоа. Ова со сител воопшто не изненадува, ништо веќе не изненадува...
Да, излегуваат работите на виделина.. но.. по мое мислење ова ќе остане уште долго непипнато по судовите... ќе си остане така... додека е Грујо на власт и Сител ќе биде, кога ќе падне, и ако падне ќе се случува истото со Бране и А1... Толку од објективноста на медиумите... Ќе не дриблаат уште доооолго, дооолгоо... Не излегнувам на избори!
Зошто на пример ако некој има став во кој подржува НЕКОИ работи што ги прави владата значи дека е обоен или дека нема став. Ете имам различни мислења за разни теми, не сакам сега опширно да разлагам, но ако во некои од тие мислења ја подржувам власта на некој начин, тоа моето не е став? јас сум обоена, глупава, за тоа што вашиот став е поинаков од мојот? Сакате да кажете дека вие сте луѓе со став, и само тие што размислуваат како вас имаат став, и се објективни, другите се глупави или необјективни, луѓе без став.
Леле луѓе се изнервирав читајќи овде, каква комуникација па толку да не се разбирате кој што кажал, MSkorpionka си брани ставови, а другите тврдите дека е необјективна и дека нема свое мислење за тоа што пишува ставови на некои политичари, а истите вие вашата објективност ја претставувате преку готови текстови, на некои весници, вашиот став е се тоа што ќе го прочитате таму да се согласите со тоа,тоа е вашата објективност? Тоа е ВАШЕ размислување?
Јас мислам дека се додека под копираниот текст, кој е постиран овде, го пишува изворот(медиумот од каде што е изваден или името на новинарот) е дозволено..Тука нема простор за реплики, затоа што не се кршат никакви правила или авторки права..Едноставно текстот е посочен како пример само, информативно...Е сега дали е од Време, Шпиц, Коха Диторе, Дневник или Вест - тоа си е соопствено право на секој...Јас на пример Вест најмногу читам и не може никој да ми забрани да постирам текст од истиот, но обавезно доле да го пишува името на весникот и иницијалите на новинарот или пак целосното име...Ако било кој смета дека Шпиц, на пример, е објективен весник и си го чита редовно слободно нека си постира текстови тука... И, MSkorpionka, не е прикладно за една млада девојка да употребува термини и фрази од типот Спојлер дупење во мозок , посебно не на јавно место како овој форум тука...Овае моја најдобронамерна сугестија.
Аман луѓе толку ли не разбирате дека текстот се копира тука за да се коментира, ако сум го ставила текстот не значи дека се согласувам со него, туку дека го ставам за да се коментира, да се изнесат ваши мислења.
ВМРО-ДПМНЕ избраа свој уставен судија Крај на демократијата, скандал, срам за судството. Жестока дебата се водеше во Собранието по изборот на Владимир Стојаноски за нов уставен судија - истиот човек кој стави крај на кариерата на неговиот претходник Трендафил Ивановски, со образложение дека соработувал со тајните служби, сега седнува на неговото место. Судскиот совет експресно го предложи, Собранието уште побрзо го изгласа, откако опозицијата ја напушти седницата. „Груевски денес во Уставниот суд позиционираше свој партиски послушник, облечен во портокалово одело“, изјави Горан Мисовски, НСДП. „За судија на Уставен суд се избра докажан партиски послушник и војник на ДПМНЕ“, вели Игор Ивановски, СДСМ. Не ја добивте довербата за да поставувате партиски кадри во судството, обвини ЛДП. „Зошто на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски му се брза да избере уставен судија во ист ден кога се самораспушта Собранието. Ако Груевски е сигурен во победата, нема да го прави ова“, рече Андреј Жерновски, ЛДП. „Ние нема да дозволиме три месеци Уставниот суд да работи во некомплетен состав. Господине Жерновски нервозата е забележителна, кај вас, не кај нас. - Ние немаме од што да се плашиме, вие треба да се плашите дали воопшто ќе бидете дел од следниот парламентарен состав“, изјави Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ. Додека расправата течеше, уште неизбран идниот уставен судија чекаше во собраниските ходници да влета и набрзина да се заколне. Стојаноски не може да се пофали со богата судиска кариера - целиот работен век го поминал во владините институции. Отсега, како почетник во судството, ќе ја прегледува уставноста на законите што ги носи власта. Извор А1
Епа добро де...за претседател на ДИК е избран Кондарко. Компензација де...не знам зашто би се кревало фама од тоа
^^Ама според законот, претседателот на ДИК мора да биде предложен од редовите на опозицијата (тоа е закон кој впрочем ВМРО го бараше додека беше во опозиција, а СДСМ како владејачка пртија во тоа време го донесе). Тоа е со цел као демек да се спречи изборен фалсификат А судството според закон МОРА да биде независно и деполитизирано. Е тоа е разликата И баш мислам дека треба да се крева фама, зошто ова е уште еден доказ дека судството ни е политизирано, и покрај сите убедувања и од власта дека судството е независки. Независно?!? Утре сабајле.
Никој не сака да биде кандидат за премиер поддржан од СДСМ: И Глигоров го одби Бранко Откако Илија Гечев ја одби понудата на Бранко Црвенковски да биде кандидат за премиер предложен од СДСМ, понудата ја одбија и Мајк Зафировски и Владимир Глигоров, дознава Вечер од извори во СДСМ. Единствено Радмила Шеќеринска му соопштила на Црвенковски дека може да се носи со извесниот пораз на изборите Пред распуштањето на Собранието закажано за утре четврток, во партиските штабови се прават последните комбинаторики за носителите на изборните листи во шесте изборни единици за претстојните вонредни парламентарни избори. Главната битка за премиерската функција ќе се води меѓу двете најголеми политички партии: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Извесно е дека Никола Груевски ќе биде носител на листата во првата изборна единица. За останатите единици се прават комбинаторики во самите партии и во коалициите. СДСМ се уште се соочува со внатрепартиски проблем да реши кој ќе биде носител на листите и во која изборна единица. Откако Илија Гечев ја одби понудата на Бранко Црвенковски да биде кандидат за премиер предложен од СДСМ, понудата ја одбија и Мајк Зафировски и Владимир Глигоров, дознава Вечер од извори во СДСМ. Единствено Радмила Шеќеринска му соопштила на Црвенковски дека може да се носи со извесниот пораз на изборите како кандидат за премиер, доколку нејзините луѓе бидат носители во вкупно 5 изборни единици, плус првите три места на сите листи, а таа да биде носител во изборна единица каде што противкандидат нема да биде Никола Груевски. Каков е ставот на Црвенковски и партиските органи се уште не се знае, но работите ќе бидат појасни по распуштање на Парламентот кон крајот на неделава. ИВОНА Талевска Зошто човекот кој бараше избори и е сигурен во својата победа,не го заземе местото кое сега го нуди на други? За тоа што ако изгуби ќе мора целосно да се изгуби од политиката, а вака нема да е директно одговорен за поразот за кој е свесен дека ќе го доживее?
Ете не е Сител туку,вечер ама му доаѓа скоро исто. Само еве сакавте дебата,ако ова со copy paste на готови текстови на новинари е тоа тоа, ајде да дебатираме. Стојановски избран за уставен судија Собранието вчера го избра Владимир Стојановски за нов судија на Уставниот суд на на местото на разрешениот Трендафил Ивановски, кој беше разрешен откако Комисијата за лустрација утврди дека бил соработник на тајните служби. Предлогот за избор на Стојановски, Судскиот совет го усвои завчера, едногласно, на итна седница. Во биографијата на Стојановски е наведено дека тој бил советник на премиерот за правни прашања во Владата во 2001 година, бил директор на Бирото за судски вештачења во мандатот на оваа влада. Стојановски за судија во Управниот суд бил избран во 2007 година, а во 2010 станал судија на Врховниот суд. Андреј Жерновски на почетокот на седницата во име на ЛДП побара од дневниот ред да се тргне точката за избор на судија на Уставниот суд. Тој праша зошто се брза да се избере уставниот судија и зошто тоа не се направи по изборите од новиот парламентарен состав. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека институциите на системот треба да функционираат без разлика на волјата на ЛДП. - Нема да дозволиме Уставниот суд три месеци да работи во некомплетен состав, рече Димовски.
Дами и господа како што гледате предизборието е во полна сила, разни членови кои од ведро небо се појавуваат, спамаат со вести од Сител, Вечер итн . Ве молиме да исклучите телевизорот , радиото и да ги одбегнувате весниците. Изборите ќе бидат наместени бидејќи во земјава одамна народот не партискине безрбетници прекина да гласа. Топла препорака е овој период долг неколку недели да се помине со тампони за уши, надвор од цивилизацијата или со телевизор каде сите македонски канали ќе бидат избришани. Како што гледате бич фајтот продолжува кој попрво да се исплука јавно додека позади затворени врати кој попрво да го испуши к***т на олигарсите. Тртење и играње заводливи танци со ветувања јавно одамна нема. Конкретни програми нема. Гола борба за власт уште ни фалат крстоносците. Се што ни останува е очите да ги држиме широко затворени, со затнат нос и да се молиме да ни падне во раце пасош од некоја друга понормална држава макар и да било уругвај, парагввај, бугарија или некоја вукојебина за која не си чул. Фала чао пријатно.
http://www.a1.com.mk/video-home.asp?VideoID=2661 Ставревски денеска свечено пушти во употреба канта за ѓубре Дал је могуче?!? Овие скроз забегаа, цела влада се собрала за да чукне трипати во една грчка канта. Еееееее за тоа ли ги биравме?!?
Го читам ова и проверувам дата, мислев сум заглавила на 1ви април. Абе овие не се заебавале, мртви озбилни Господе дај им среќа, за памет касно е Свечено пуштање во употреба на канта за ѓубре Кантиве ќе го подобреле животниот стандард на граѓаните. Ајде народе, повелете на по една канта за среќа и благодети во животот. А успешно лекува и разни болести
Вакви канти од кога паметам имаме во Австралија,уствари три различни бои,едната за рециклирање,едната за ѓубре и едната за трева,а јас имам 30години..... И ово треба да се пушта во свечена употреба,ццццц
Мене ми се врв палмите што ќе ги ставале на прекрасниве езера и мориња што ги имаме во Скопје ``Е не, бадеми ќе ставаме``-Коце Трајановски. Со многу работи се помирив, ама оваа ми е смешка нема да се помирам апсурдно смешно е.
Ц ц ц ја пипна Коце кантата го сликаа, ја пипна Зоки и него го сликаа. Овие тотално се изгубија. Не се свесни колку смешно изгледаат Глупост врз глупост прават, незнам што би било следно, претераа
Колку сум изреволтирана за ова со кантиве, прееска глеам на тв и се крстам! ја претераа, мој мој па преку мој! Ова денес ја прели чашата! Се прашувам дали се нормални и кој им дал лекарско? Луѓево немаат леб да јадат овие канти купуваат , сите заглавени до гуша од кредити овие споменици и градски плажи, покрај смрдливите канализации праат! Прости им боже не знаат што прават! Минатиот пат се зафркавав и си гласав за себе, зошто во ни еден немам доверба, ама сеа дефинитивно ќе гласам за другиве, од двете зла помалото! Никола и компанија си ги наполнија џебовите! Доста им беше.