Тебе не ти се допаѓа, битно на господинот Груевски кој и лично си го намести таму му одговара-како не му одговара! дотичнит господин не сака неполушност и несака спротивставување, сакам само послушност и климање со главата! за јанкулаовска нема да коментирам, но можам да кажам дека преседателот воопшто не е таков човек, баш е прекрасен професор, ова можат фа го потврдат мн негови студенти, но ок не го бидува за политчар, Факт! Не ми се допаѓа едноумието во државава, тоа што не се почитуваат залични размислувања, често спротивни од оние на власта! никој не порекува дека оваа влада има донесено некои добри закони и има напревено доста добро за општините конкретно, но влада која не поднесува критки и надворешни мислења и за нив смета дека се непријателски и НЕПАТРИОТСКИ, нема да донесе просперитет и прогрес, туку само уназадување!
^^^Бетер од Глигоров. За мене и едниот и другиот се водени од друг, и воопшто не ми се допаѓа што Македонија за председател има „англиска кралица“ Не само сега, туку од крај! Признавам дека се доста пофалени, Иванов е премил и пренаивен човек, а Глигоров го остави својот потенцијал само на маса за културни разговори, пиење кафе и промоција на Македонија. Толку.
http://www.youtube.com/watch?v=uA3kwC2YTq4 Глигоров знае од ова дедово за мене е own: . Не знаев дека си има право да каже од кај сме и што сме .
Има околности... поради кои и да си умреш е луксуз. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?I ... FD5AF1E6E6
Па што? ти ако мислиш дека сме антички некој има друго мислење. А како тоа не знаеш дали имал право да каже кои сме и од што сме? Па нели Грујо и баграта си дадоа за право да не направат потомци од античките со што го ставија Аце на плоштад и нон стоп ја воскреснуваат таа историја, со која не е ни докажано дали си имаме некаква врска ние. Така и овој си кажува мислење, или едните смеат другите не смеат да кажуваат? Крај краева, јас имам мислење дека појма си немаме ни со едните ни со другите, тука 5 века со турци сме се мешале, побогу, којзнае што се случувало, како божем се било тогаш како во Македонска крвава свадба, животот ќе го дадам верата не ја давам, оф мори мајко, како тогаш така и сега исто, има девојки што одат со Албанци. Ако сакате изнасмејте ми се, тоа е моето логично размислување.
Многу јасно дека сме се мешале со Турците, има генетски докази дека е тоа така - погледнете не ко народ како изгледаме, и ќе ви стане јасно (не сме баш највисоки, не сме баш најбледи, не сме баш словенски типови) Побогу 5 века се во прашање, ај да речеш повремено да биле тука па некако да сфатам. Не еднаш сум рекла на форумов, алал да им е на бабите и прабабите наши како се мешале со Турците и со кој све не, најубава нација сме на Балканов Еј сериозно, навистина е докажано дека мешаните народи се онака, полични, сега без патриотски нагони или зафрканции. А и на страна од тоа, Македонија као сообраќајна крстосница - помини замини, се се мешало. Многу јасно дека не сме останале имуни на тоа. Освен тоа сеуште не го разбирам навратот кон антиката. Јас колку и да се чудам нема да се изначудам и да објаснам елементарна работа - сознанието дали сум или не сум 5.269.875ти потомок на Александар Македонски односно несознанието ниту ме остава без сон, ниту ме прави нешто посебно горда, ниту ми носи леб на маса, ниту ми носи бонбончиња. Ова чисто као општа констатација. Едноставно имам теорија дека тогаш, кога државата се соочува со вистински проблеми, владата посегнува по најсигурното средство за одвлекување внимание - тривијалности на кои им се додава значење и благо речено се тупи со нив. Навратот кон антиката е токму една од нив.
Аце бил геј со што автоматски е невозможно да има потомци. А и да има, сигурно не сум јас една од нив, туку, нели во Паљурци некои демек негови потомци од Пакистан т.н Хунзи ќе си градеа замок? Ќе се отрујам, жими се Еве, ќе плукнам и ќе си се удавам во плункава ради тоа што ете, постојат луѓе што веруваат дека се потомци на некој си таму, окупатор што војувал до таму кај што немал основа да војува, може бил некој искомплексиран што сакал да владее со цел свет и живеел пред нашата ера. Оф мори мајко, приказни за добра ноќ, главата в торба и вози Мишко.
Само да кажам ова, нема врска не сме словени, а и немало никакво доаѓање на словените во 6 или 7 век како било, на овие простори, па сега сосем логично за една грешка на Глигоров, да се добива сосем погрешна слика или ретроспектива на минатото, без разлика дали е во интерес или не.Па и нешто што е едно од клучните причини за нашиот конфликт со Грција и сосем нормално Грците тоа да го искористат во за свои цели.
Темава од актуелни политички настани преминала во историски настани од п . н . е . Епа ајде да додадам нешто од историска гледна точка . Не постојат цврсти и поткрепени докази дека Александар бил навистина геј , теоријата се базира само на еден историски текст на Плутарх , а од она што Плутарх го напишал па и не може баш да се заклучи дали Александар бил геј или не . Тоа се слободно протолкувани теории кои денеска се прифатени во духот на демократијата и слободата на избор на нашите пријатели хомосексуалци ( немам ништо против хомосексуалците да се разбереме , но имам против манипулирањето со историски факти ), не се работи само за Александар , туку и за други познати историски личности . Впрочем не е ни важна нечија сексуална определба во случајов ... Александар Македонски имал еден директен потомок - син , Александар IV кој е отруен на 13 - годишна возраст во династиските борби на генералите . И секако дека никој нормален во нашава држава не мисли дека е директен потомок на Александар , но многумина мислат дека потекнуваат од истиот род од кој потекнувал и тој , што не е срамота и не е нешто за исмејување , Италијанците се горди на римските императори , Франција е горда што го имала Наполеон , да не ги набројувам другите народи , па еве и Грција е горда на истиот тој Александар на кого некои од нас му се смеат и го сметаат за искомплексиран , додека остатокот од светот всушност му се восхитува ... И некои луѓе треба да разберат дека ако ним историјата и минатото не им значат ништо , има луѓе , па и цели народи на кои им значат . И јас мислам дека Македонците имаат многу поголеми проблеми во моментов од исмејувањето едни со други и исмејувањето на античката историја и тие проблеми не се толку од финансиска колку што се од општествена природа додека не се решат тие проблеми сите ќе бидеме постојано незадоволни и дежурни мрчатори со право ....
Оффспринг уно моменто !!! Па што ? ! Ти мора да се шегуваш нели е така ? Како ПРВО ГЛИГОРОВ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА и не може да си зема за право да кажува од кај сме биле и што сме да не ни испитал ДНК ? Каков е тој претседател што си зема за право да пресуди од кај сме и кои сме ? Кога ние Македонците сме се декларирале дека сме Словени освен поединци ? ! ПА тој да ни го застапува нашето мислење кога во тоа време сеуште ја имавме заставата на Вергина ? Кој ќе се откажеше ако не не притиснеа ? Груевски и да каже дека сме Антички Македонци сме , освен тоа не знам дали забележуваш колкава подршка има за тоа ? Сакала признала сакала не , Македонците најголем процент од нив своите корени ги бара во Античките Македонци Дали забележа еве прост пример ти е прославава ... Колку знамиња имаше на вергина ? Можеби и повеќе од оние нашите сегашни ! Што покажува тоа сите биле вмро ? Тоа покажува дека сите своите корени си ги бараат во Александар Македонски . Што се однесува то твојот став небитен е ... Од проста причина што ти не ја застапуваш и претставуваш Македонија инаку би било погубно . Од кого потекнуваме од Кинезите можеби ? ! ваква сум Искрено ти се чудам на овие ставови кои немаат врска со здрав разум Сме се мешале пфф Ако сме се мешале ќе сме се измешале сме имале 550 години нешто што во историјата е попознато како АСИМИЛАЦИЈА И искрено не ти се смеам само ме запрепасти и разочара знаев дека си СДСМ ама толку нездрави сваќања за толку осетлива тема не знам . 迎接 Еве ти еден за крај од мајчиниот ти јазик Мора грујо да им се јавил ... инаку ќе летале од работа туу и англичаниве во заблуда ... http://www.youtube.com/watch?v=2AdgCe0c ... re=related
Значи ќе бидам кратка...колку што можам нели Нема да се трудам да разглобувам чии сме и од каде сме, ќе кажам само дека со мрчатори на кои никогаш не им е ништо погодено, незадоволни ќе бидат и стан да им опремат на Менхетен, што вечно бараат начин за да живеат во некое нивно идеолошко разединување...оваа напатен држава нема да направи ни еден чекор напред со димензија на колибра. Пу јазк! Срам ми е, гнас ми е на душава што вечното незадоволство е стимул за живеење во држава каде што корените ги гмечат, ги унаказуваат единствено со дефиницијата и обидот дека уствари не ни биле. Искрено, ми е гајле дали сум потомка на Александар или на Џингис Кан. Мене ме радува фактот дека токму таа идеологија, обединува една нација! Наместо да ве исполнува фактот дека сте потомци на човек кој ја испишал историјата со озонски размери, вечното Македонче бара начин како и својот успех треба да се избрука. Геј бил, мочко бил, ваков бил онаков бил....епа ако де. Сите епитети што му ги лепите нема да го сменат фактот дека тој е еден од највлијателните личности на сите истории ( антички, социјалистички, ренесансни...ку*ци и палци)! Затоа ќе не заебаваат сите, зашто самите сме ко сирачиња на улица на накиснат дожд. Не знаеме ни кај сме, ни од кај сме ни за кај сме. Ама ако ни е, сами си го бараме. Со боринче и тоа
денес слушнав нешто што одеше вака.....Изгради си капија победите сами ќе дојдат!!!!од една наша водителка хахахаха да си пукнеш од смеа....демек сеа си изградивме триумфална капија па затоа кошаркарите победија ...демек владата и нивната капија е заслужна за победите на нашите кошаркари хахаха поголема глупост не сум чула....немам дури ни зборови..да не беше смешно ќе беше жално
Сите си го присвојуваат и величат ама ние сме тука да кажеме каква сесксуална определба имал , и нормално да си го отуѓиме и тоа што е наше !!! Еве ваков нагон ми иде . Ако ваков третман добива не заслужуваме да се нарекуваме негови потомци . Фала му на Горниот што немаат сите ставови како на Оффспринг
Тоа си е мој став, и според мене мое логично размислување, кое не го имам само јас, го имаат повеќе луѓе исто како што и ти го имаш мислењето што го имаш. Мене ми е смешно да, што имам да барам корени во човек кој не ни живеел во ерата во која јас живеам, впрочем, Античките Македонци се изумрени народи, исто како што се Инките, Маите и кои да се таму други. Дали бил наш Александар не се знае, ете Грците викаат дека е нивен исто како што ти викаш дека е наш и се убедени во тоа, и апсолутно не ми е гајле ни па ме задира директно. Роднини мои, или предци како сакаш така, ги рачунам од на мојата баба родителите па наваму и целиот огранок што тие го створиле, а дали Аце ми е незнам ти кој прапрапрапрапрапрапра дедо, уопште не ме занима, секако живеам бедно. Сума сумарум, ме заболе за Александар. Кој гледа причина да го слави, нека си го слави, јас не, а знамето на Вергина не е никаков доказ ни признание. Ах заборавив, а дали сум јас сдсм, лдп, ом, нсдп или не, тоа е најмалку битно и исто така е моја лична ствар која тебе не треба да те засега И Киро беше претседател, сега на чело е некој друг кој исто си има свои ставови и си ги изнесува како што ги изнесувал некогаш Киро.
Додека некој се занимава со тоа од каде ни се корењата антика, славика, византика ... турско итн. освен не може нели од оние кои ги пуштаме пред неговото величество КОМПЈУТЕРОТ, некој ќе се пресели и на Марс, Венера, Месечина, Јупитер ... ват евр. Од каде сме, чиви сме, кому сме не треба да ни е поважно од тоа до каде сме, зошто сме, како сме сега во сегашноста со претензии за истото да би го знаеле со некакви планови и во иднината.
Немам јас против декларирањето на некого како потомок на Античките Македонци или Словени или бугарофили или србомани. Сечие право си е кој како ќе се определи и како се чувствува и дали ќе го смета пр. еден Ванчо Михајлов за тиранин или па херој. Бидејќи фактите на историјата се донекаде варијабилна категорија и оттаму се всушност сите судири меѓу нациите. Толпата реагира по принципот на стадо - психологијата го користи терминов значи не ми е целта некого да обезвреднам. Тој принцип функционира на натпревари, манифестации и е подложен меѓу другото и на сугестии. Поентата ми е што некој упорно уфрла вакви идеологии во народот ко запалени молотови, тоа е она што ми пречи. Бидејќи во распарталена сегашност се врти вниманието кон блескавото минато. Факт - ни утреш, ама ни вчераш куќа не рани. Кога оваа или онаа наша или нечија политичка гарнитура го користи овој метод, ја нема мојата поддршка. Ни па ќе ја има. Наместо религијата како што тврдел Маркс сега историјата ќе ја правиме ли опиум на народот?! Овој став не ме прави негорда на своите корени воопшто, мене гајле ми е т.е. жал поточно за секој еден напатен човек кој животот го дал за ова парче земја и неговата слобода, ама дали со тоа што некој од тоа денес ќе прави пропаганда за лични цели му оддаваме почит за жртвите т.е. жртвувањето на себеси?! Тие луѓе имале идеал, овие имаат за цел - лична корист. Не фер е од нас кон нашите претци да не ја согледаме разликата! Историјата не е причина за гордост на поединецот ако е вткаена во нечија пропаганда и злоупoтреба за лични цели според мене!
Има ли потреба уште нешто да се додаде? Оној кој сака да прочита, ќе прочита и ќе сфати, а оној кој не сака да ги отвори очите ќе остане да биде инструмент во рацете на оние кои после сите прокоцкани карти, им остана да играат уште на картата на ,,патриотизмот,, и национализмот. Инаку Теодора секоја чест за постот
Јас едно знам, додека живееме во антиката, сегашноста а богами и иднината ни отиде во бестрага. Искрено ме заболе таквото дали сум од Александар, дали сум од Петко или Трајко. ЈАс сум си од мама и тато. Тие ми се мене предци. Мене ми е битно сега како се живее. Јас едно знам, до 1944 година бевме Српска бановина. На првото заседание на АСНОМ се одлучи по заслуга на Тито да бидеме Република Македонија со што го врати делот кој србите го земаа при делбата во 1912 година. Отаму па навака ние бевме прво република во склоп на СФРЈ па после 1991 станавме суверена држава. Само ова изгледа сите го заборавија, го избришаа тој период па сега сме Антички македонци. А со оглед на тоа колку млади се иселуваат од државата и колкав ни е наталитетот ќе си остане државава само со АНТИКИ.
Десетина затвореници во затворот во Штип од вчера почнаа штрајк со глад со што, како што тврдат изворите на „Нова Македонија“ од затворот, сакаат да издејствуваат амнестија по примерот на обвинетите и осудените за четирите хашки случаи Штрајкувачите сметаат дека амнестијата треба да важи и во случајот „Планинска бура“, кога полицијата во 2007 година уапси 13, а уби шестмина осомничени од терористичката група предводена од Лирим Јакупи-Нацист. В.д. директорот Ангел Бојаџиев вели дека не е овластен да дава информации за тоа што се случува во затворот со кој тој директорува, а директорката на Управата за извршување санкции, Лидија Гаврилоска, воопшто не знае дека во штипскиот затвор се случува бунт и дека некои од затворениците штрајкуваат со глад. Покрај барањето за амнестија, осудените во полициската акција „Планинска бура“ се жалат и на условите во затворот и, како што тврдат тие, селективноста на надлежните кон дел од затворениците. - Сметката на затворот е празна, а последица на тоа е што храната и хигиената во затворот се катастрофални - тврди нашиот извор. Кривичниот суд Скопје 1 ги осуди на 192 години затвор членовите на терористичка група од селото Бродец. Во акцијата „Планинска бура“ полицијата ги уапси албанскиот државјанин Фатос Алијај-Тоси, Метин Ислами, познат како командант Талибани, Косовецот Амир Сопа, познат како командант Голем Дреница и жители од селото Бродец, кои, според пресудата, се виновни за складирање оружје, муниција, географски карти и друга воена опрема. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22388 нова Македонија, пред 2 дена
Го сместувам линков тука затоа што има споредби со нашава ни попара политика Добра колумна http://www.zdravo.com.mk/gospod-da-ni-e ... toj-mozhe/