Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Интересна колумна на Стевче Јакимовски во врска со Коридорот 8 и договорот што беше постигнат меѓу владата на РМ и ЕУ во Трст.


    „Ги гледам вчера во Трст како се среќни ќе сме добиеле пари, па како ќе го финансирале Коридорот 8 (исток-запад). Тоа значи пак оживување на промашената Бранкова инвестиција, пругата кон Бугарија. Таа оживеа и за време на Влада на Бучковски на средбата со Сергеј Станишев, ама кратко траеше.

    За оние што не знаат, да им објасниме дека Коридорот не е само железница или автопат, Коридорот е и енергетски и телекомуникациски.

    Тој коридор, до сега е целосно енергетски остварен, со гасоводот Ѓуешево-Крива Паланка-Скопје, како и со изградба на далноводот Крива Паланка-Ѓуешево. Инаку, изградбата на овој далновод го потпишавме 2004 јас и Панде Лазаров, и тогашниот министер за економија и директорот на бугарското електростопанство. Железничкиот коридор не е за нас интересен од неколку причини:

    • Прво, пристаништето во Драч е многу плитко и не може да прими големи бродови, што не е случај со Солунското.
    • Второ, Бургас ни е многу далеку, практично ние би се задолжувале и би правле железница која ќе има мала искористеност, и ќе носи мал бенефит за граѓаните на Р.Македонија, а бенефит ќе имаат само Бугарите како поголема земја.
    Значи нашите пријателчиња од Брисел и оние од преку „барата“ ќе не заглавуваат во кредити, за да градиме полумртов коридор, а не ни дозволија низ Македонија да помине „Турски поток“ и за тоа најмногу му се окомија на Груевски, затоа што рускиот гас ќе продирал преку нас, Албанија и Италија. Од овој проект, Македонија годишно ќе инкасираше 340 милиони евра и неколку стотиц вработувања. Овие 340 милиони евра, помножени со четири години се 1 милијарда 360 милиони евра.

    Знаете ли што би значело за Македонија, за четири години да се вложат 1 милијарда 360 милиони евра во инфраструктура, во телекомуникации, во брзи железници. А пак, кога ова ќе се помножи со уште еден четиригодишен мандат, со нови 1 милијарда и 360 милиони евра, што би било од Македонија.

    Американците не замајуваа со еден нивни нафтоводен проект кој се викаше „АМБО“. Ова ветување траеше цели 10 години, и ништо од тоа. Овој нафтовод требаше да ги премости чекањата на танкерите на Босфор, за бродовите кои доаѓаа од Црното Море, а со руска нафта и требаше да оди преку Турција, Бугарија, Македонија, Албанија, Јадранско море, Италија, нагоре кон Франција, Англија па дури до Америка.

    Гледате какви проекти ни нудат Американците, кој отприлика се „не умри магаре до зелена трева“. Кога од друга страна ќе имаме понуда за нешто конкретно и народецов наш Македонски да живее поубаво, тоа било загрозување на американските интереси. Тоа можеби ги загрозува Американските, но срозува нашите интереси. И наместо да водиме битка за подобро утре на нашите граѓани, ние водиме битка за подобро утре на американските граѓани. Затоа овие наши „лајки“ што мислат дека се многу паметни, да не мислат дека нешто многу добро ќе ни направат ако не задолжат за Коридорот 8 (исток-запад).

    Наш интерес е север-југ, односно Солун-Будимпешта. Затоа што Солунското пристанитште е спремно за големи танкери со подобра инфраструктура, и затоа што тој коридор е „патот на свилата“. Овој коридор е исто така енергетски и хидролошки битен. На него лежи проектот „Вардарска долина“ со 11 хидроцентрали. Во тој случај Вардар би станал пловен и би се развивал проектот „Вардар-Морава-Дунав“. За овој проект е живо заинтересирана и Грција затоа што во 11-те езера на Вардар, ќе се собира водата кога не им треба (во зима), а ќе им се пушта на Грците кога и на нив ќе им треба (пролет и лето). Тоа е вистински интерес на Македонија. Што мислите Кинезите не би влегле во таква инвестиција. Тие веќе го купија пристаништето во Пиреја, и за пристаништето во Солун колку пари им побараа Грците толку им дадоа.

    Наместо ние да го развиваме коридорот кој ќе биде Европски и ќе биде многу профитабилен, „реформската“ влада ќе не задолжува за коридор кој што ќе биде непрофитабилен. “
     
    На Abeja, Lianna Anna и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  2. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Ај сега и ти ме бунело :) Не бев запознаен со твоите ставови, но без разлика се согласувам со тебе во врска со твојата забелешка.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Покрај сите разговори кои се во рацете на СДСМ, кои во моментот не се опозиција, ами власт, очекувам дека го имаат и одговорот на шпекулациите за Диво Насеље и Смилковско и се друго што не занима, многу, ама многу. И очекувам дека во некое догледно време СЈО ќе го отвори и тоа прашање и ќе се истера целата постапка, ко што е редот, впрочем, на Суд и нели, ќе се докаже кој-што-како и секој по заслуга и ќе си добие.
    Оти, од приказни за темиве... преку глава.
    Ако е Мијалков, НГ, Јанкуловска, Ахмети... вмешан, а чувме пример од еден снимен разговор меѓу Ахмети и еден од тие душичките во Диво Насеље, пак сега и го гледаме Ахмети како миротворец... очекувам и тој да си добие следовање, барабар со првата постава на НГ.
    Или уејт, не може така? Државни интереси се да се ќути...
     
    На Someonespecial, JuLleE, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    А можно е исто така, се да се заташка на стариот, добар фиромјански начин.
     
    На Someonespecial, Gosh, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.127
    Пол:
    Женски
    Јованти секоја чест за пишаново . Се сложувам со тебе . Ама оди објасни им |(
    Не . Не се Груевски и Мијалков криви . Светци се . Дај ќе им нацртаме икони и ќе ги стаиме во црква . И ќе ги осветиме свечано .
    Абе еве јас сум од Тетово . Од 2001 живееме со Албанци , па никој не не тера да зборуваме албански . Не не чепкаат на улица во 12 навечер помини не те дира никој . Не се секогаш они криви . Имам комшии од карши што сме славеле , сме пукале со пиштол ( ќорец де ) и збор не ни кажале . Дури и на кафе ми доаѓа комшивката и јас одам кај неа . Овде полошо поминуваш со македонец јер злобни се луѓево гледаат само да ти наштетат . Они ако можат ќе ти помогнат ако не правилно ти кажува ја не можам да ти помогнам и чао .
    За Џоли не се мешам веќе , ваша работа е ама јас ти велам се фативте со Мијалков , Груевски и Заев , а реално никој од овие не е светец и нема потреба очи да си копате за нив ама ајде .
    П . С . И војната во 2001 беше наместена работа . Ова го знам од сигурен извор . Греота за луѓето што останаа без најблиските . Татко ми беше собран од дома . Биле во напад и од нашата армија пукале на нив . Среќа останале неповредени од тимот со кој бил татко ми .
     
    Последна измена: 18 јули 2017
    На Dust, Baby-bubu, Sesil и 3 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.202
    Допаѓања:
    42.062
    Пол:
    Женски
    Сашо Мијалков да беше светец, немаше пола Македонија да е негова, а тоа не се постигнува на чесен начин. Со уцени и закани успеа да ги придобие голем дел од големите фирми. А оние кои не му беа послушници успеа да ги затвори. Далеку од невин е овој.
     
    На Dust, makedonkamak, Sesil и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.160
    Допаѓања:
    83.066
    Пол:
    Женски
    Овој Заев ова што го прави во тајност (мислам на договорот со Бугарија) нема да излезе на добро, така ми мириса. Зошто се крие? Нема храброст да каже или се плаши пак да не изеде ќотек? Како што кажа татко ми, не е државава од мајка му и татко му па да си прави што сака и да си потпишува договори а народот да не знае за што се работи.
     
    На Dust, Rama, НаталиЛили и 3 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    934
    Пол:
    Машки
    Мене не ме плаши Заев, туку ме плаши тој што стои позади него затоа што е очигледно дека е марионета. Договорот нема да биде претставен во оваа фаза ама пред гласање ќе мора да го објават. Во секој случај ова е нешто необично и неочекувано (во негативна смисла).
     
    На Espadrila, Dust, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Ајде, може нема да ја утнат трасата :wasntme:
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AmorFati

    AmorFati Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2016
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    ова колку е точно е жално. Албанците успеваат затоа што си помагаат меѓусебе, а македонците се толку себични нешто најопшто да ги прашаш и да знаат нема да ти кажат, се си чуваат за себе, се чекаат некој да не успее во нешто па да го оговараат за да се чувствуваат подобро за сопствените патетични животи.
    Второ име за малограѓански менталитет е македонски менталитет. Додека е така земјава ќе ни биде црна дупка и СДСМ и кој и да било да е на власт бидејќи најголемиот проблем е самиот мазохистички народ.
     
    На Dust, Rama, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Сдс без М и точка зашто без М...
    Бидејќи не заслужуваат М во нивната кратенка за партијата а сама заклучи зашто е тоа така?
     
    На carangigia и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    @ADOKI, не ни очекувам основна култура од тебе ;)

    Во мегувреме... Горан Груjовски, поранешен Началник на Петта управа, Тони Jакимовски, поранешен Шеф на кабинетот на Мијалков и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК се пратени на заслужено летовaње во Шутка. Е па аj честито, нека се множат, let the games begin! :D
     
    На Elen4e_sonce, Baby-bubu, Sesil и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    @LollySky
    Аууу каква култура пак ти покажуваш?
    За мене се СДС а тебе ако не ти одговара твој проблем! Да не си портпарол на сдс па цело време дремеш у штаб и чекаш што се дешава најново па тука не труеш со невостинити работи ...Или можеби очекуваш добра столица а?
    А за тоа кој одел баш ме брига !!!
     
    На carangigia и veteruska им се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Е да, на курир уште не јавиле...

    http://24vesti.mk/apelacija-pritvor...nikola-boshkovski-mijalkov-ostanuva-bez-pasos
     
  15. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.806
    Пол:
    Женски
    Стварно претерувате со изразите,и едните и другите.
    Само што кај едните како да се повторуваат два три лика низ повеке никови.
     
    На Dust, zhap4e, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Ти кажа не ги познавам и не ме интересира
    Ти кажав не ми е брига дали некој ќе иде во затвор кој јадел маз ќе јаде и стап ако се докаже?
    А инаку не ви се оствари сонот за Грујо хаха
     
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Знаеш, знаеш. Ама ок, нервоза, разбирам.

    Нели "не ти е брига", па "коj jaде маз ке крка и стап"? Не важи тоа за Груjo?
    Сонувам jac побитни работи од него, ич да не ме мислиш.
    Не ти реплицирам веке на темава, уживаj со главата во песок :)

    п.с. Не важи тоа за сите теми. Многу нормално дека ке те цитирам и ке ти реплицирам кога ке тролаш и шириш дезинформации.
     
    Последна измена: 19 јули 2017
    На Someonespecial и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Вчера заврши тајната вечера.


    По забелешките на пратениците на ВМРО, ние само можеме да претпоставуваме за што се работи, се додека не го изнесат договорот јавно, или пак ќе не стават пред свршен чин.

    Тајната вечера била за доброто на народот. Изјави Заев. Затоа и била тајна, оти народот само така ќе постигнел консензус и ќе извојувал победа. Па не присуствуваше народот на тајната вечера, ами негови претставници. И никој од нив, не се осмели да не просветли. Останува сега на соседот, дали ќе изнесе детали, кои ќе стигнат до тука.

    За тајност ли ги гласавме?! Уствари дел од нив сами се гласаа и сами се изгласаа. :rofl:

    Сега, нема народна партиципација и задоволување на неговите потреби и интереси. Имавме, ако не и се уште народна делба, наспроти унификација.

    Бошковски, Грујовски и Јакимовски завршија во притвор. Прво обвинетиот по истиот предмет, остана само со одземен пасош. Може да падне тежок "пазар", оти договор куќа гради. Ама договор и куќа урива. Чудно некое судство. Или некој се жртвува, како носечки лик или објект на договор. Купопродажен. Транспарентност, на жими мајка, со врзани очи.

    Доживуваме, а и преживуваме континуирано деструктивни елементи на политичка сцена. Навистина не знам дали некој поседува интелектуален капацитет за рехабилитација на Македонија. Брејн дрејн. Што би рекол Заев. :rofl:

    П.С. Сакав да оставам тука уште едно видео, а сега не можам да го најдам. Се работи за самохрана мајка, која ја избркале од работа, под изговор дека ја изгубила картичката за време, на работно време. Без претходна опомена или било каква соодветна институционална казнива мерка. Стварно, на секого може да му се случи и тоа не е мерка по која се цени нечија работа. Ич не ме интересира кој е на власт кога се работи за ваква ранлива категорија на луѓе.

    Дали дојде животот?! Или само продолжува стариот?!
     
    Последна измена: 19 јули 2017
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  20. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna Еве го линкот за самохраната мајка ја отпуштиле од работа, бидејќи ја изгубила картичката, пред неполни три месеци починал нејзиот сопруг сама се борела за егзистенцијата за своето дете, а сега она е без работа. Тешко на таа мајка :(

    http://infomax.mk/wp/самохрана-мајка-доби-политички-отказ/

    Инаку мерцедесот што беше изгребан од мачки (котки) за еден месец државен блиндиран мерцедес на Зоран Заев учествувал во сообраќајка во скопско „Дебар маало“.
    На сликите се гледа дека регистрацијата на мерцедесот е покриена со крпа, како граѓаните не би можеле да видат дека се работи за државниот мерцедес (facepalm)

    http://ohriddenes.mk/мерцедесот-кој-премиерот-заев-ќе-го-пр/http://ohriddenes.mk/мерцедесот-кој-премиерот-заев-ќе-го-пр/
     
    На Rama, veteruska и Lianna Anna им се допаѓа ова.