Со што ги нервираат гласачите? Што направиле сега? Законот за пушење со измената мислам дека се однесува да може да се затворат терасите. Пракса е секаде, ништо ново. Кај нас се бараа пари и врски за ваква работа. Што друго?
Не знам Јуле, да ги викнеме сите од фејсбук што коментираат и да кажат? Јас многу вести не следам. Немам време. Отварам фејсбук и лавина од коментари има секој ден. Од таму се информирам. А овие, не се Вмрони па да ги дисквалификувам ко небитни критичари. Се' е супер. У право си. Нека да се продолжи. По ВМРО - ВМРО.
Договорот со Бугарија. Океј како што помина времево гледам дека ова нема никаква врска со СДСМ или Заев. И ВМРО некако молчат. Не се најде еден да објасни од каде изникна овој договор со кој ние прифаќаме некакви обврски спрема Бугарија? Јас колку што се сеќавам ние со Бугарија немаме никаков спор или некаков сериозен проблем а сега испадна дека сме имале па Бугарите уште и ни диктираат. Друга работа вработувањата, министрите, замениците најави за закони, очигледно подготвување на терен за нови тендерчиња и рекети(ревизии на сите проекти) и тн.
Имавме. Неколку години се влечка тоа. Бугарите уште пред некоја година покажаа заби на тема „добрососедски односи“ и бараа ова што и денес го бараат. Од тогаш и има Комисија за (бла бла) решавање на разликите меѓу нив и нас.
А какви обврски прифаќаме? Што ни диктираат Бугарите? Имаш можеби некој линк до договорот? Да имаше нешто, Милошоски прв ќе одржеше ексклузивна прес конференција, еве не знам.
Веќе имаше изјави од сите страни дека договорот ќе содржи обврски по однос на националните малцинства во двете земји (сите знаеме дека македонци во Бугарија има ама изгледа ќе треба да се правиме дека нема, а Бугари во Македонија нема ама еве сега за пари ќе ги измислиме), образование (ревизија на учебници) и тн. Стрпи се ќе го обелоденат договорот.
Ако мислиш на изјави давање да, ама дека настана нерешлив проблем не знаев. А во што е проблемот, во спомениците, пошто стварно не знам со што друго сме и згрешиле на државиште како Бугарија.
Сфаќам... Уф, како бе нема Бугари во Македонија? Е тек сега ќе ни се удрат од глава бугарскине пасоши и ефтините македончиња што за лична корист тврдат дека се со бугарски произход пет колена наназад Ама ако. Баш сакам да излезат со јавен список на Бугарчиња, па видиме кои се всушност вистинските предавници.
Освен што им ја крадеме историјата, го зборуваме нивниот јазик и ги именуваме како окупатори, кога они не ослободиле? И јас, еве, не знам што сме им згрешиле. Со душа чекам да го обелоденат договорот па да ја видам таа великолепна почит и признавање меѓу двата народи, кога еден од народите не те признава ко засебен народ ами, те гледа како своевина и титова творевина.
Зборуваме за реално дали има Бугари. А инаку за другото за жал си во право. Според ова што го гледам ситуацијата е мн. опасна затоа што многу Македонци сега се кажуваат Бугари и стварно го мислам тоа затоа што се дограбиле до некое евро со помош на бугарскиот пасош. Жално. Во исто време гледам дека Бугариве финансираат бугарски клубови и здруженија во секој град во Македонија.
Пак ќе кажам, зборувам за реални проблеми. Овие измислени проблеми со Бугарија не се од пред 5-10 години туку од кога постоиме како држава. Не ми се верува со што се занимаваме во 21 век и како една членка на ЕУ и НАТО може да си дозволи вакви испади. Се разбира оние на запад кои се 100% политички коректни мижат кога ни се случуваат на нас вакви работи. Не им е гајле. Најголемиот проблем е што после 25 години немаме стратешки партнер ама не се виновни политичарите а ни ние како народ, едноставно Македонија непланирано стана држава (барем за големите сили непланирано). Еве кажете кој може да ни биде партнер не само на Балканов туку во Европа или Азија? Никој...
Тоа и е проблемот. Таа клаузула на ЕУ за „добрососедски односи“. Исто ко што Словенија и Хрватска се пазареа за парче територија, исто ко што Србија и Косово се пазареа.. и ЕУ тоа го аминува.
Види, ја сум согласен атер за можен напредок да подариме една долина од 3-4 км2, ама ова што они го бараат е апсурдно.
Кои од фб Жапче? Они ли ќе ни се релевантни извори? Се е испомешано, едни се задоени, други изиграни, трети наградени. Не знаеш кој ја зборува вистината. Да бидеме реални, 11 години се крадеше и свашта се правеше, сега секоја одлука, чекор се дочекува на нож. Не се остава простор да се види како ќе профункционира. Зошто никој не збори за мерките на МТСП, ете сите кои останале без правото на постојана помош поради брз трансфер на пари сега пак може да аплицираат. И не е само ова мерка, повеќе се. Може не се нешто спекакуларно, ама пак е некаков почеток. Ребалансот на буџетот. Зголемување на минималната плата и кратење на буџетот предвиден за министри и вработени во Владата. Пак не е мала работа. Укинување на Кембрич, на екстерно. Договорот со Бугарија беше презентиран и пред пратеници на Вмро. Нешто нема бунење. За директори и вработувања, какви очекувате да се стават навистина? Битни се другите вработувања какви ќе бидат и што ќе се прави со вработувањата и вработените во приватен сектор. И мора итна измена на ЗРО и Законот за државни службеници. Не е сјајно, и мене не ми чинат некои работи, и тука критикувам, ама премногу очекуваме за многу кратко време.
Не се согласувам. Работниците никогаш немале повеќе права од сега. Недостатокот е во непочитувањето на законските регулативи. Новава влада нека се позанимава со синдикалните организации, а богами и со работодавачите. Законот за работни односи е таман, ама не се почитува! Спојлер Долго време ја одбегнувам темава, што ми требаше сега да пишам
Не реков дека сите се нерелевантни. И не очекувам само фалби и величење. Јас како прво не го правам тоа. Ама пак, и само критикувања и се нешто некому не му чини па и тоа не е во ред. А на фб се пишува свшта, и сите се критичри нешто станати. Дајте им време, како прво уште не може да се сменат ни раководните лица по институциите. Да не зборувам за судството, како ќе функционира со ваква судиска постава? @Jas! знаеш зошто се именуваат В.Д директори? Зошто оди толку бавна смената? ЗРО и Законот за државни службеници треба да претрпат измени оти Вмро си го правеше по свој терк за да не може туку така да бидат менувани. За другото, прво треба да се сменат сите корумпирани инспектории кои се продаваа за кутија баклава и локум. Кои беа се, само не инспектори.
Точно. И не само тоа, туку и да го сменат да неможе повеќе од едно скалило да оди надоле, што значи да мора заменик/помошник /советник (зависи од систематизацијата која бај д веј си ја направија према нивни терк) директор да биде. Прво тие си поделија убави работни места, па донесоа Закон према кој за билокое работно место повисоко еден степен мора да донесеш неколку Сертификати (булташ, психолошки тестови....) за да конкурираш. Воедно направија и за да си член на УО или НО да мора да ги имаш истите сертификати...АМА...тие претходно се изнаместија секаде-еден човек на неколку места. Ете затоа тешко одат промените сега.
Јас не следам секакви критичари. Јас следам новинари и аналитичари. Можда не го разбирате делот дека... преку ноќ измени предлагање, брзи постапки за небитности, неконсултирање на јавноста е типично вмровска работа. Типично недемократска, типично исклучување на јавноста, типично на сила одлучување во мое и име на оние нерелевантни критичари. Немам јас проблем да им дадам 4 години они да се докажуваат и кроце,кроце да се учат да бидат премиери,министри, директори, советници... оти, ако збориме за мој личен интерес, од интерес ми е конечно, ама конечно да се има стабилна влада и да нема секоја година предвремени избори или не знам ти какви рокади и блокади па на секој нов Тошо во кабинет да му се објаснува јово на ново што имаме договорено да сработиме во следниот х период. Ама имам и нешто повеќе од личен интерес. А тоа е дека партиичките во државава треба да научат што е партиципативна демократија.
Ок @zhap4e нека е така, еве ти го почитувам мислењето и секако не го зимам здраво за готово, напротив ми значи. Може и поинаку гледаш на работите, може си и со поголемо искуство, а може и очекувањата ти се различни. Не спорам дека не зборуваш вистина, напротив. Само што моите моментални очекувања се помали, секако за почеток такви, но ако се продолжи со ваквото темпо никако нема да молчам и да климам со главата, возвишувајќи второ Вмро. А и карактер, и на крајот пак се надевам на добро у целата ситуација, што не значи дека јас сум во право. Може јас потфрлувам со ваквата подршка, може има да аналитичари кои се за респект, ама реално и фб е преплавен со секакви квази експерти водени од некакви интереси, па се и сешто се величи и критикува. Затоа сум и со резерва, на моменти збунета кој е навистина непристарасен и објективен.