Уште колку деца треба да би изумрат по македонските клиники за да Тривари даде оставка... Овој стана ептен министер на "СМРТТА" за многу кратко време А и каква споредба човечено има направено од 600 000 на 500 000 исселени дојдоа изгледа 100 ооо се вратија откако дојде Не- ЖИВОТОВ кај нас у Македонија Види му памет крои му капа вика што биле 6 - деца умрени за два месеци а пред тоа 500 000 се исселиле... Простак каква споредба
Зошто Таравари да одговара? Персоналот е ист од времето на ТодороФ, опремата е таа која ТодороФ ја набавил. Треба време и време да помине за работата на Таравари на било кој начин да ја засени таа на Тодоров. И вака кога обвинувате лекари и останат мед.персонал за смрт на некого, попцујте ги малку и оние кои дозволија секој да заврши медицина.
Ехее , кога во село има медицински факултет ... што да очекуваме повеќе . И јас мислам дека Таравари не е виновен . Сепак не делеше човекот дипломи на секој што ќе му дадеше по 500-че прикриено во индекс за шестка . Опремата во нашава клиника едвај се користи . Сега скоро почнаа да ги користат новите апарати , иако се донесени од 2015 , претрпеа поплавување и седеа по подруми долго време . На одделенијата имаше застарени апаратури кои често беа расипанИ и дисфункционални додека новите скапуваа во подрум полни со вода и тиња . Ќе речете , самиот персонал е крив . Не , Тодоров е виновен . Нели се правеа ненајавени посети во клиниките низ Македонија ? Епа требаше такви и да бидат . Овој дојде само до главна капија на клиника се сликаше , даде кратка изјава дека е се во ред и збриша а баш ништо не беше во ред . И сеуште не е . Но ќе почекаме да видиме како ќе се покаже Таравари . Ваљда ќе биде помудар од Тодоров
Чекај сега ако добро разбрав - кога умираше некој во времето кога беше Тодоров министер, тогаш секогаш тој беше виновен. Кога умира некој во времето на Таравари тогаш се криви медицински факултет, опремата, пациентите, докторите и сестрите но никогаш Таравари?
Срамота за минатата Влада. Спојлер: 800 000 евра Внатрешната ревизија во рамките на Генерален секретаријат на Влада на РМ, утврди дека голем број лица од 166 до 80 (точниот број варира), кои биле вработени од страна на поранешниот генерален секретаријат, не доаѓале на работа, а примале исплата на финансиски средства односно плата. Исплатата на платата според внатрешната ревизија е направена за неизвршена задача што е во спротивност со Законот за работни односи како и Законот за административните службеници. Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што, за истата сума, е оштетен буџетот на Република Македонија. Владата на Република Македонија во согласност со наодите од извршената ревизија, формира комисија и отворена е дисциплинска постапка против вработените лица, која, во согласност со Изборниот законик, својата работа ќе ја продолжи по завршувањето на локалните избори. Владата на Република Македонија упатува дека постои можна одговорност и кај работодавачот и кај работниците. По завршување на дисциплинската постапка владата ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек на постапката. Замислете, секој понеделник доаѓале да се потпишат и си заминувале. Користеле неплатени одмори, боледувања и годиши одмори Сега да ги видиме , пак нека не доаѓаат на работа И не само дисциплинки, туку и да ги вратат парите назад
Спроведување на рамковниот соживот: 1.600 лица седат дома и си примаат плата https://www.mkd.mk/makedonija/polit...hivot-1600-lica-sedat-doma-i-si-primaat-plata И јас сум за тоа да си ги вратат парите и да се отпуштат ама се ми се чини дека тоа нема да се случи.
Зар коментирање по социјални мрежи, учество на протести/контрапротести, ширење пропаганда... не се рачуна за работа? Демн ит, погрешно сме разбрале Сите до еден треба да ги вратат парите и да платат плус оштета на државата, нивното место можело да биде пополнето од квалификувано лице кое во меѓувреме можеби и си заминало од државата. Смешни ми се од дпомне со изјавиве секој ден, како да до вчера не беа они на власт, за 3 месеци све тргна надолу Јака пропаганда имаат, и им поминува затоа што таргет групата им е таква. Некој треба да биде и гласен, секако. И што бидна сега со бегалските кампови? Барал Спиро да се градат или не?
Се слагам Кравче. И актулениве почнаа да вработуваат од ,,гласноговорниците,, што посебно ме нервира. Значи ли дека ако не сум фрлала боја по објекти дека не заслужувам со мои квалификации да работам во Влада?! КОлку паметна и компетентна младина за тие места има во Мкд постои, штета што со сила ги бркаме децата надвор..
Нешто што се расипува 11 години, неможи да се поправи за 3 месеци. Затоа после 9-10 години, постојано Тодоров беше крив за здраството зошто 11 години здраството беше "средувано" од ДПМНЕ. Колку луѓе, деца, родилки, новороденчиња умреа тогаш. Да имаше мрднато Тодоров тогаш со прст, па сега пак да умираа, Таравари ќе беше виновен, но Тодоров никогаш не пресече, па дур среди Таравари ... Му посакувам голема среќа. Зошто кој и да дојди, ќе умираат луѓе ради условите, и ако се менуваат на месец министри нема да има промена. Верувам за вакво нешто многу поќе време треба.
Се сложувам дека после ТодороФФ потоп. 11 години беда не се лечат за 3 месеци, ама па Таравари го слушам на прес пред некој ден (или вчера беше?!) поставиле нови насоки на клиника, пациентите постојано го прашувале која амбуланта каде се наоѓа. Ма извини друже докторе, ама тоа е најмалце битно сега. Да кажеше дека ќе има тендери за набавка на нова опрема, дека персоналот ќе се тестира за способност, дека ќе се реновира клиниката, подобрување на услугата, нешто што ни е приоритет нас. А за амбулантите како до сега, така ќе се снаоѓавме уште некое време.
Интересен факт - Тодоров беше министер од 2011. Што се однесува до настапите на ВМРО (пресови известувања и тн.) во последно време, на тој што не разбира да му подобјаснам, ВМРО е сега СДС. Истите тактики ги применуваат плукање секојдневно, отварање афери и тн. Лично тоа не ми се допаѓа затоа што мислам дека има потреба од конструктивност за да оди државата напред. Од друга страна, така СДС дојде на власт. Никакви предлози само плукања, кодошења, создавање негативна атмосфера. Таа партија толку се навикна на критики што сега им треба минимум една година да ја критикуваат претходната власт па да почнат нешто да подработуваат. P.S. А тие оправдувања во стил ее овие беа 11 години на власт чекај ми треба време се стандард во македонската политика овие 25 години. Сега ќе не убедуваат дека треба и на локални да им дадеме шанса за да ја имаат комплетната власт и да немаат опструкции. ВМРО од друга страна ќе повика на гласање за нив за да ја спасиме државата и да ја собориме власта. Ист филм 25 години.
Не се малку иако од тие 6, 2 години беше технички министер. Јас лично не сум барал оставка ни за Тодоров ни за Таравари. Тодоров требаше да си поднесе оставка под притисок на јавноста. За Таравари не сакам да коментирам затоа што сметам дека воопшто не треба да биде министер и дел од владата како член на шовинистичка партија (партијата на Зијадин Села). Ќе видите сите во следните месеци за каков лик се работи и за каква партија.
Не е виновен министерот Таравари виновни се тие што работат по клиниките имаат опрема ама кој да ја употреби. Нема кадри од доктори неедуцирани кадри непрофесионални доктори без етика без морал. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Сега таравати додека го среди хаосот што го направи Тодороф ќе помине доста време
Уште кога на гинекологија вработил некој како Николче докторчето-лажго и шарлатан , што човек да каже друго.
И сеушшшшшшшште работи после сите бламажи по телевизија море нурни ја главата како ној во земја докторееееееееееееее.
Добро, знае ли некој кои се овие говеда кои ги сечат дрвјата? Оти цело време само констатираме како орките ни ја упропастуваат животната околина и се се завршува на тоа. Знае ли некој кој им дал овластување да сечат стари дрвја по булевари и зошто? А овие што живеат во околните згради околу пресечените дрвја, видоа ли дека некој ги сечe? Презедоа ли нешто? Излегоа да ги попречат? Пат ќе граделе. Кој идиот планира да направи пат пресекувајќи 10-ина 80 годишни дрвја во најстрогиот центар на најзагадениот град во Европа што секој ден се бори за воздух? На местото од битолската касарна никна нова населба со можност за комплетно ново инфраструктурно планирање. Значи можеа да бираат каде ќе направат пат, каде детско игралиште, каде зграда, каде улица... И истиве идиоти кои ги сечеа овие дрвја оти ќе правеле пат, покрај ниту еден нов пат во касарната не направиле велосипедски патеки. Алоо, имате ли вие излезено од Плетвар понатаму? Како може на нов трасиран пат во нова населба, во 21-ви век да не ви текне дека покрај патот треба да направите и вело-патеки? И наместо да сечеа дрвја за да изградат фантомски пат кој ретко кој ќе го користи оти населбата се уште не е изградена, нека ги закрпат кратерите по главните булевари и нека ги направат влезовите во градот поради кои е претворен во треторазредна касаба од среден век.