Инаку РМ во периодот од 2006-2017 се вивна во врвот на смртност на новороденчиња во Европа. Во светло на погоре изнесениот факт, дали можеш да не упатиш на некој твој пост за време на владеењето на мвро во врска со револт поради умрени бебиња. А ги имало илјадници. Патот кон врвот (во случајот на смрт на бебиња во Европа) е послан со смрт и страдание. Не е лесно да се најде нешто на било кој врв, па макар бил и толку морбиден, треба напор, тотална нефункционалност, непотизам, корупција, неукост... Ако не можеш, јас би ти препорачал нешто,но е крајно грубо и може се коси со правилата на форумот (во муабетот има и јаже), затоа очекувам да ме демантираш, да ме уништиш, со барем еден пост во кој гукнуваш нешто за илјадниците мртви деца во изминатата деценија. Интересно е како во последниве три месеци се појавија толку загрижени особи кои ги немало никаде пред тоа.
Исто како што е интересно што се изгубија и си молчат толку луѓе што претходно секојдневно известуваа за умрени бебиња. Ситацијата е следна - после смртта на Тамара, некои невладини и неформални здруженија блиски до СДС заклучија дека вакви несреќни случаи се одлични за подгревање на атмосферата и создавање револт. Затоа почнаа да бомбардираат со информации умрело бебе ваму, умрело бебе таму. Сега истата тактика ја применува ВМРО. Според мене некоректно беше и уште е да се применува ваква тактика. Тоа што остана нејасно и тогаш и денес е дали има некаде воопшто статистика за смртноста од година во година па да се направи споредба. Зборувам за конкретни бројки. Ниту СДС приложил такви бројки ниту ВМРО. Еве ти си напишала дека има илјадници мртви бебиња во последниве 10 години. Има некаде таква официјална бројка?
http://www.stat.gov.mk/pdf/2017/2.1.17.22.pdf за минатата година. Всушност од тука може да се видат сите од 94та до 2016та. За тие пред таа: http://www.stat.gov.mk/PrethodniSoopstenijaOblast.aspx?id=7&rbrObl=2 горед-долу, морталитетот меѓу новороденчињата движи во иста линија во изминатите неколку години. Најголем од овие сиве приложени бил во '94.
Баш и не може да се изведе некој заклучок, освен дека во периодот 2006-2017 не се се случило нешто драстично различно. На пример 2011 кога Тодоров стана министер имало најмалку смртни случаи па после пак се зголемиле па намалиле и тн.
Да. Заради политички поени, и едните и другите можат да трубат до миле воље,ама статистика е статистика.
Кој тоа секојдневно исвестувал за умрени бебиња? Сакаш да кажеш дека тоа било секојдневие во последниве 10 години? Такви случаи треба да бидат основа за револт без разлика на партии. Тој случај не е причина за тоа што екс-партијата на власт се губи со ваква пропаганда туку тоа што се работи за цивилизациско дно. http://novatv.mk/makedonija-i-godinava-kje-bide-rekorder-po-smrtnost-na-novorodenchinja/ http://www.mojmaticenginekolog.com/Testemonies/Testemonies.html 466 новороденчиња/бебиња само во 2016. Ако се соберат сите 11 години, цифрата е таа, илјадници. Тебе ти сметаат мртви бебиња или се радуваш на тоа?
Срамно, морбидно и не е човечки, смртта на новороденчињата да се преџвакува и да не се вади од уста, да се користи за политички препукувања...значи без тронка совест и сочувство сте сите вие што ги спомнувате, исти сте како политичарине...срамота!!! Секојдневно умираат и други луѓе по болнициве наши, кој поради грешна дијагноза, кој поради ненавремено дијагностицирање, кој поради икс причини...зарем овие луѓе не ви се важни!? Ниту Тодоров, ниту Таравари ги пораѓаат, лекуваат, ниту имаат близок контакт со пациентите, што се они виновни!? Најпрв одговорен е главниот на одделениет, тој треба да одговара за работата на својот персонал оти секојдневно работи со нив и им ги знае квалитетите. Сите сте се фатиле за вмро и сдсм, па зарем немавме здравсто пред нив!? Знае ли некој каква беше состојбата во здравств.установи за време на СФРЈ во Македонија!? Знам дека не знаете, но еве да ви кажам...Катастрофа...и така се провлекуваше до ден денес. Единствена болница со сите стандарди беше Воената болница ама таму се знаеше кој се лекува.
Weweee buhuhu kowku woshi wugje imaaaa..... А пред СФРЈ имаше ЦБ а пред ЦБ имаше КЈ а пред КЈ имаше СХС а пред СХС имаше КС а пред КС имаше ОИ (не олимписки игри него отоманска империја)...muhuhu kakwo beshe zdrastvoto vo tursko hhehe i sea sho? Мора и треба таквите ситуации да бидат во јавноста и да се бара одговорност од лицата кои се задолжени за здравството. Крајно малоумно е да се тврди дека никој нема одговорност. За случаите за кои прв пат се дигна голема галама како тој на Тамара се работеше за директна одговорност на министерот и пастирот кои им ветуваа дека ќе им се доделат средства. Значи тие се директно виновни за смртта на девојчето. Како и за стотици други кои умреа без медиумска врева, пошто пари имало за подобните а не за оние кои умирале.
Политички гледаш со огромен револт и нереално на сите околности...така да бадијала со тебе да се расправам...и повторно Тамара...бре бре..
Бизарни прашања и коментари. Поентата беше дека нешто за што треба да дискутираат стручни луѓе во овие области го користеа и користат медиуми за медиумски сензации, партии за политички поени и индивидуалци за експонирање.
Човек не е битно што е завршен ама ако не го бива за нешто не го бива за се се сака да имаш идеи и организациони можности ама некој тоа не го сфаќа
Кoгa Тaрaвaри јa прифaтил функцијaтa ги прифaтил и мoментaлните услoви вo здрaвствoтo, a јa прифaтил и oдгoвoрнoстa кoјa јa нoси сaмaтa функцијa. Дaли сегa требa 11 гoдини дa имa aлиби зa неуспесите и трaгедиите кoи се случувaaт. Кaквa oпремa им требaше вo Oхрид кoгa девoјчетo билo дoнесенo и пo експертски преглед врaтенo дoмa сo дијaгнoзa вирус? Диши-не диши, oк, дoмa. Тoдoрoв гo немa, не пoстoи. Тoчкa. (дa не пoстoеше вooпштo пoaрнo ќе беше) Министерoт имa oдгoвoрнoст пa не битнo дaли е еден ден или еднa гoдинa нa функцијa. Oд мoрaлни причини требaше дa си пoднесе oстaвкa, кoлку и дa не зaвиселе директнo oд негo немилите нaстaни. Дo душa директнo oд министер никoгaш и немa дa зaвиси билo кoј нaстaн, зoштo нaшите министри кoгa се министри, се сaмo министри, a не дoктoри, прaвници, екoнoмисти. Вo билo кoјa влaдa, сите игрaaт кaкo штo им свирaт, зoштo фoтељaтa е удoбнa. Зa врaбoтените кoи не рaбoтеле.. Не сaмo штo oделе вo пoнеделник дa се пoтпишaт, туку имaше и тaкви кoи не знaеa кaде вooпштo им се кaнцелaриите. Пoзнaвaм двaјцa тaкви. 10+ гoдини јa мереa улицa Македонија.
Страшна одвратност ми создаваат пар новинари кои изигруваат фејсбук советници и портпароли на владата Дај, ЗЗ нек ги прибере, во кое год министерство. Бар да си го прават тоа што сакаат и што,очигледно им лежи. Нек не глумат новинари.