А бре луѓе не се карајте. Ги разбирам подржувачите на власта и не ги кривам...оваа власт научи како да ни го замајува народот му ги опипа најосетливите точки ( егзистенција, национализам т.е. чувство на припадност, страв и со комбинација на овие елементи имате добитна комбинација: МИЛИ НАСЛЕДНИЦИ НА АЛЕКСАНДАР АКО НЕ ГЛАСАТЕ ЗА ВМРО НА ИЗБОРИВЕ...ЌЕ ЛЕТАТЕ ОД РАБОТА И ВИЕ И ДЕЦАТА ВАШИ И ЌЕ УМРЕТЕ ЗА ЛЕБ) и тука го држат и го стегаат а во меѓувреме факт е дека сите зависиме од државата- ПАЛАТ ГАСАТ и што ке праиш, ќе викаш УРА..тоа е! Не ни е крив народот не може сите до еден да се глупи....има и глупи не викам не што и веруваат безусловно на овие нашиве режисери што не владеат и ни продаваат филмој...меѓутоа исто така тоа е дека нродот ние кроток и ни се надева..и не го обвинувам... од надеж е тоа. Од надеж за тоа подобро утре кое што толку го очекуваат што не гледаат дека сите се во мршојади претворени идека се јадат еден со друг!? Така да дај не се карајте условно кажано сите сте во право и сите исто толку грешите. Така да и едните викате Грујо не подели другите Бранко не подели ...па дај бидете попаметни и од едниот и од другиот и обединете се!? Тешко ви е? Зезне те ги! ОБЕДИНЕТЕ СЕ ЛУЃЕ ДУРИ НЕ СФАТИТЕ ДЕКА ЧОВЕК СО ЧОВЕК ЖИВЕЕ НИ ЖИВОТ ЌЕ ВИДИТЕ НИ ЖИВОТОТ ВАС ЌЕ ВЕ ВИДИ.....СЕ ПОЦРНО НА ВАШИТЕ ДЕЦА ИМ ПИШУВАТЕ И СО НИВ ЌЕ ГО ПЛАТИТЕ ОВА ВРЕМЕ, СО НИВНИТЕ ЖИВОТИ.
^^^E па пак на она моето, ни Бранко, ни Грујо не поделија, ние се делиме, и после се тепаме еден со друг ко соседи за меѓа За кого? За оние на фотеља! И патем, да ве прашам, драги мои форумџики кои не сте обоени, зошто секој ден на темава гледам нов пост со плукање по сегашнава власт, со најлоши зборови за нешто што таа го направила, или како што вие велите НЕнаправила? М? Што не дадете линк за опозицијата, има купишта актуелности и од нивна страна Кажуваат ете и тие, зборуваат, бараат, прават, не се неактуелни, напротив, баш се актуелни?! Чудно :geek: Оцрнување на едната страна, баш ве бива
Турција по којзнае кој пат покажа дека не подржуваат и се на наша страна. Ердоган: За нас постои само една Македонија ПЕТОК, 30 СЕПТЕМВРИ 2011 Македонија има природно право да го користи своето уставно име под кое стана независна држава. Грчкиот став за нас е неразбирвлив и неправеден. Ние немаме разбирање за никаква додавка како горна, долна северна. Живееме во голбален свет во кој треба да преовладува мирот и разбирањето, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Ердоган побара Македонија да го добие заслуженото место во НАТО и ЕУ и најави оти Турција засилено ќе продолжи да ја поддржува во процесот на нејзинaта евро и евроатлантска интеграција. Извор : http://www.brkajrabota.mk/vesti/makedon ... makedonija
Од денес ќе патуваме во Србија само со лични карти, не ни требаат пасоши "Министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска со нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ денес ќе ја потпишат Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји. Спогодбата ќе се потпише во рамки на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда ЕУ-Западен Балкан што од денес се одржува во Охрид, а со која на македонските граѓани им се овозможува патување во Србија и премин на границите само со лична карта". Извор : http://www.brkajrabota.mk/vesti/makedon ... icna-karta
Морам да се подбивам малку, ама оти темата за Грујо е затворена овде ќе го ставам ова Еве му ја опсесијата, и моментот е Јанко у позадина Легнав од смеа http://www.youtube.com/watch?v=w6j4csMG ... re=related
Страшно не само во Австралија, туку и на друго место имаше, изгледа како намерно ова да се случува, одеднаш, па и се македонци
ЕК ПО ТРЕТПАТ ЈА ПОТВРДИ ПРЕПОРАКАТА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ Eвропската комисија по третпат ја потврди препораката за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската унија, но укажа и на спорот за името чие решавање е клучно за нивно отпочнување, истакна еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент - Остануваме на нашата препорака за почнување на пристапните преговори. Перспективите за интеграција во Европската унија се водилка за продолжување на реформскиот процес. Сепак, со продолжување на спорот за името мотивираноста за реформи е намалена. Постигнат е мал прогрес во текот на изминатава година. Суштествените предизвици остануваат - независноста на судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Слободата на изразување и натаму останува сериозен предизвик. Затоа клучно е да се постигне прогрес за прашањето за името. Решавањето премногу се одолжува. Отворањето на пристапните преговори ќе биде корисно не само за земјата и за регионот, туку и за Европската унија како целина. Не смее да биде загубена уште една година, рече еврокомесарот Филе, презентирајќи ги извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ во 2011 година.
Само во целиот назив на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, кој гласи Внатрешна Македонска Револуционерна ВМРО-ДПМНЕ ја спаси придавката „македонски“ во Извештајот на ЕК Организација, или на англиски јазик Internal Macedonian Revolutionary Organisation, се употребува придавката „македонски“, односно „Macedonian“, во над 80 страни, колку што содржи Извештајот за напредок на Македонија од Европската комисија (ЕК), објавен денеска во Брисел. Оваа придавка, која ја снема како определба на службениот јазик на Македонија во минатогодишниот, може да се забележи на шестата страна во годинaшниот извештај во делот во кој се говори за коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. - Минатата година имаше, но оваа немаше потреба да ја употребиме фраза за определување на вашиот јазик - се обиде да објасни Алексадра Кас Грање, при презентацијата на клучните точки од извештајот. Ова болдираново е крај на програмата! Леле шубаа држава сме. А на Сител во меѓувреме Латас цело време образложува како Бранко е крив за се: и за ова и за пописот и ....АМА ЗА СЕ!! И искрено станаа одвратни и досадни со тоа па и да е крив и најкрив на нардот веќе не им е гајле кој е крив....дајте решете го вие..народот бара решенија и излез а не кој е крив или прав!! Ама стварно утепаа со Бранко и се надевам дека контра ефект ќе добијат , не за друго за да сфатат дека неможат повеќе да го замајуваат народот ( иако секогаш ќе има слепци до крај ) али поголем дел од народов...гарантирам дека ич не им чуе дали е Бранко крив или не и кој е крив и дека преку нос им е и до него и од нив. Мене конкретно мака ми е од Бранко !!! Аман!!!!
" ОКУПИРАЈ ГО "WALL STREET", ОКУПИРАЈ ГО СКОПЈЕ Македонија застанува зад повикот на американските демонстранти на 15-ти октомври сите држави во светот да излезат на протести против капиталистичкото уредување и системот кој продуцира социјална неправда. Неформална група млади ќе ја окупира улицата Македонија. Идејата е да се формира генерално собрание кое ќе стане составен дел на иницијативата окупирај го Wall street. Македонија е една од 150-те држави кои в сабота ќе изразат незадоволство од финансиските корпорации. Протестите започнаа пред еден месец во Њујорк – токму против корупцијата во институциите и социјалната неправда. Потоа се проширија низ многу американски градови, а деновиве се протестира и низ европските центри. На 15-ти гласот против финансиските моќници ќе го крене и Скопје. " Спојлер http://www.fakulteti.mk/news/11-10-11/okupiraj_go_wall_street_okupiraj_go_skopje.aspx
Стигна извештаот на Европската комисија за Македонија, Штефан Филе јасно, гласно и недвосмислено кажа дека ако Македонија вака продолжи може да ја загуби препораката за преговори, дури и да го реши спорот со името. Главни критики се упатени на адреса на судството, слободата на медиумите и партизираната администрација. Имено од Брисел објавија дека Хрватска станува членка идната година, Црна Гора стартува со преговорите, Србија има статус на земја кандидат со можност да ги почне преговорите ако ги нормализира односите со Косово, а Македонија е на пат да го изгуби сето тоа што досега го имала, па дури и да го реши споот со името.
Баш сакам тоа и да се случи, можеби тогаш народот ќе се опамети и ќе се преземе нешто конкретно..или не
Владата повторно се задолжува! Зоран Ставревски министерот за финансии денеска повторно ке извши позајмица од 14 милиони евра од домашниот пазар на капитал со продавање на тримесечни записи. Иако Владата вети дека домашното задолжување ќе го сведе на минимум за да не ја истиснува ликвидноста од економијата, министерот Зоран Ставрески оди контра тие ветувања. За крајот на годината, се планира и издавање на петгодишна обврзница, со која од економијата дополнително ќе се извлечат најмалку 50 милиони евра, а ќе се потрошат за да се финансира буџетскиот дефицит. Тоа значи дека најголем дел од позајмените пари ќе завршат за плати на јавната администрација, социјални давачки и субвенции, владини кампањи, привремени вработувања и набавка на автомобили и мебел, додека пак капиталните инвестиции кои би требало да донесат повеќе пари во буџетот во наредните години се оставени во стенд бај или сведени на минимум. Или пак ова не е актуелно? Јас мислам дека не е ништо ново ова, паразитите во администрација ќе продолжат да паразитираат на сметка на грбот на целиот народ. Зборувам за оние административци што се вештачко напумпани таму, по двајца на едно столче. Ако ги има такви на форумов и се навредат од ова, баш ми е гајле.
НАЈМАСОВЕН ПРОТЕСТ НА СИНДИКАТОТ КОН ВЛАДАТА ВО ИСТОРИЈАТА НА ГРЦИЈА Атина повторно гори, Грција парализирана! Грчкиот синдикат вчера напладне го започна дводневниот генерален штрајк, најмасовен протест во последните две години, насочен кон Парламентот, а со цел да го спречи изгласувањето на новите мерки за штедење со кои наводно би се спречил банкротот на државата. Епицентарот на незадоволството кон владата, генералниот штрајк во Атина, од осум часот сабајлето се прошири и ја парализираше целата земја, затворајќи ги сите владини институции, аеродроми, болници, фирми, јавни служби, дури и продавниците кои ги обезбедуваат граѓаните со основни прехранбени продукти. Во првите часови од демонстрациите пред Парламентот во Атина, грчката полиција употреби солзавец, како одговор на насилството против група млади, кои кон полицијата фрлале молотови коктели. Според досегашни информации, во судирите пред Парламентот човечки жртви немало, иако бројот на потешко повредените во судирите е голем. На протестите против предлог-законот за рестриктивна економија кој вчера требаше да биде ставен на гласање во Парламентот во Грција учествуваат околу 125.000 лица, од кои само во главниот град Атина оваа бројка изнесува околу 70.000 луѓе. Истовремено, 16-ти ден по ред сметот во Атина не е собран и гние по улиците. Земјата е во информативен мрак, бидејќи ниту еден државен или приватен медиум не емитува информации. Освен новинарите, даночните службеници, општинските службеници, судиите и многу лекари продолжуваат со протестите, започнати во понеделникот. Вчера сите летови на грчките авиокомпании "Егиан ерлајнс" и "Олимпик ерлајнс" беа откажани, а за летовите на меѓународните авиокомпании се предвидени големи задоцнувања поради штрајкот на авиодиспечерите. Македонија заложник на грчките штрајкови Патничкиот и товарниот сообраќај кон граничните премини во Грција веќе четврти ден е блокиран, поради штрајкот на грчките погранични служби кој почна во понеделникот. Автомото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информации добиени од македонските гранични служби, соопшти дека на премините Богородица, Дојран и Меџитлија на грчката страна од премините воопшто не се пропуштаат возила. Според најавите, штрајкот ќе трае до петок. Извор вечер Од ситуацијава жал ми е само што Македонија трпи загуби на економски план. САД е во хаос, Европа е во хаос па уште и извештаи ќе ни даваат на нас а не се гледаат себеси на кое ниво паднаа, ние сме премија за нив.
па не е баш некој политички настан, ама се меша политика и во случајов, така да да го споделам.... Сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во која животот го загуби Тоше Проески никогаш не се случи, рекол за хрватскиот портал „Индекс“ македонскиот новинар Зоран Божиновски, пренесува Нетпрес. Божиновски во Загреб јавно ќе ги претстави деталите од своето 4-годишно истражување за смртта на македонската поп ѕвезда. „Немаше обдукција на телото по сообраќајната несреќа, тоа го тврдам во изминатите три години. Тоше уште во летото 2006 година од новите македонски власти предводени од премиерот Никола Груевски, е обвинет дека заедно со менаџерката Лилјана Петровиќ затаиле данок“, рекол Божиновски. Од декември 2006 година, според Божиновски, целиот менаџерско- продуцентски тим бил под истрага за перење пари од Кувајт. „Според моите сознанија, тие би биле уапсени доколку се вратиле од Хрватска. Целата ’несреќа’ кај Градишка била само лоша филмска продукција“, рекол Божиновски за „Индекс“. Паричните трансакции околу пејачот наводно ги следела и Дирекција за спречување перење пари и своите сознанија ги пренела на македонското Обвинителство. „Обвинителот Јован Илиевски од декември 2006 година до денеска не покренал истрага, освен тоа што на почетокот на информативен разговор ги повикал Тоше, неговата менаџерка Лилјана и продуцентот Ласте Николовски. Тогашните власти не направиле ништо да го изолираат пејачот од таквото окружување и го оставиле на милост и немилост на мафијата“, додава Божиновски. Македонскиот новинар, веќе два пати е претепан заради истражување на луѓето и сомнителните работи поврзани со починатиот пејач, а во својата земја, според „Индекс“ многумина го сметаат за неверодостоен извор, кој бара само медиумско внимание. Во книгата, како што најавил Божиновски, ќе ја обелодени улогата на десничарската владејачка партија ВМРО- ДПМНЕ, која наводно почнала да му се одмаздува на Тоше бидејќи пред пет години одбил да пее за нивна изборна кампања. „Одмаздата започна кога ВМРО победи на изборите и кога Гордана Јанкуловска од таа партија стана министерка за внатрешни работи“, открива Божиновски дел од својата книга околу улогата на политиката и мафијата околу смртта на 27-годишниот пејач, која треба да ја издаде во март наредната година.
Можеби имало нешто...но сепак ова е голем случај и за тоа требаат цврсти докази и факти Ако Зоран ги има тогаш е во ред.Но ако ова е само уште една претпоставка човеков ќе го летаат
Читав еднаш за ова на еден блог и по неколку месеци сакав да и го пратам на една другарка да го прочита. Го отварам линкот и постот го нема. Пишуваше дека бил избришах заради не знам ти кои таму причини. А Зоран кажуваше од каде му се тие сознанија, дека зборувал со другарот на Тоше (возачот негов) и дека тој му кажал се', бил спремен дури и изјава да даде, ама кога го слушнал тоа неговиот адвокат (кој бил поврзан со Црвенковски) веднаш дал изјава во име на возачот на Тоше, а така тој веќе бил немоќен, т.е. не можел да демантира нешто што "тој" предходно го кажал. Божиновски не вика дека смртта на Тоше е дело само на Груевски, туку и на Груевски и на Црвенковски, затоа во онаа "мафијата" имало замешано високи личности и од двете партии. Тој кажува дека најверојатно смртта на Тоше е дело на заеднички договор помеѓу ВМРО и СДСМ.