Ќе се снајде тој Законите се за обичните граѓани. Се збори дека Иванов ќе го помилува. Ако сегашните дозволат вакво нешто,тогаш ј'з'к да им е..тогаш сите се за во исти кош.
То ест кога ќе размислам, подобро и да оди. Само ако стане советник на Медведев и Рогозин, тие нема да го тинтрат како што го тинтрат тука FYR-овците. Може и сибирски тигар да го изеде...
Два часа, два. А и некој сигурно ќе е дома тоа време за да пушти бојлер и ручек да направи. Подобро два часа отколку ич.
Daaamn, одамна не сум го посетила форумов. Грујо ќе идел кај Руските “браќа“... интересно. Нешто случајно ми излезе и видеово. Ништо не коментирам, ама добро е да се слушне.
И Нора Шаќири ја вработиле во Министерството за култура. Вистина ли е? Колку е одвратна и безобразна, таман местото во културата и е.
Не Бриџо. Мене веќе одамна не ми текнува ништо за пропалитетов од држава и луѓе кои ја водат. Од бетер, побетер.
Ги гледам на фб идните ѕвезди во градот мој. Новите директори, советници, идниот градоначалник...среќа што сум излезена, не знам како ќе преживеев. И за старите исто, иста сорта се.
А што очекуваше ти, некој кој се скапал од учење и докторирал на некоја тема да ти работи во Министерство за култура? Тие продаваат бурек...
Искрено, не знам што се чудите, кога веќе знаете како функционираат работиве во државава. Сите ние сме на еден или на друг начин во генерала разочарани. Еве, јас да ти кажам искрено, политика македонска веќе не ни следам толку, повеќе ја следам германската политика зошто веќе работите во државава се јасни како ден. Што очекуваш ти од држава каде некојси Дарко Лешоски кој нема врска од животот го ставаат за директор на некоја важна институција и на крајот да го отпуштат поради притисокот на јавноста? Да немаше притисок ќе останеше и директор. Јас не знам веќе што да кажам искрено, тотално сум разочаран од овој нужник и чекам уште некои работи да завршам па ќе си заминувам како што заминаа вкупно 400 000 Македонци во рок од десет години.
Трајче Заев, братучед на актуелниот прв министер (избран од Америка) Зоран Заев купил 22.25% од акциите на струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев”, фирма која поседува 7.396 м2 индустриски погони и деловни простори, за само 20.000 евра. Да почитувани граѓани, Заеви купија фирма со имот која вреди милиони, за само 10 евра по метар квадратен. Акциите купени од Трајче Заев, се купени под паритет, односно под реалната вредност на истите. Заеви со оваа купопродажба се имаат стекнато со несразмерно голем имот, за кој имаат платено само 20.000 евра Ке ми каже некој кај можам јас да купам 7000 м2 за 20К - а братучеди што велите ке мојт? јас ќе платам 30к дури 20 повеке
Мене ми изгледа дека и овие нема да бидат нешто подобро. Навистина се само три месеци на власт, но како тргнала работава нема никој да уапсат. И ве молам, немојте сега да зборувате за тоа како ВМРО граделе нешто и правеле нешто зошто тоа беше продавање само магла и ништо повеќе.
За тоа дека овие нама да направат ништо јас зборував уште по избори само на вас не ви беше верно... А тоа што се градеше дека било продавање на магла изгледа тебе ти се гледа магла па се наоѓаш во облаци и неможеш да се разбудеш од длабок сон... Се што направи Вмро е реалност и видливо на лице место само ако на некој му требаат очила за во магла..!
Дечки,завршени се обвиненијата,ќе почнат судењата против бившата власт. Конечно вистината на видело Ќе се наполни Идризово од вистински криминалци