Албанците знаеле македонски, а ние не сме знаеле албански? Ако си заборавила да те потсетам дека ова е Македонија, а сега албански ќе треба да знаат и оние од Гевгелија инаку ќе фрчат казни. А нашине од Пустец на кои сите им се потсмеваа живеат во најголема беда. Кои права ги уживаат тие? Ама доаѓаат локални, коалицијата шкрипи, па за некој ден и верата може ќе ја смениме. А членката ако сака да се разбере со комшиите со кои убаво си поминувала, нека си се запише на курс за да го научи јазикот.
http://www.dw.com/mk/100-нијанси-црно-бело/a-40483322 „Доколку новата власт прокнижи убедлива победа, по толку кусо време во кое нема реални драматични резултати, тогаш ќе биде јасно дека електоратот не е врзан за идеолошка, туку за клиентелистичко-авторитарна матрица: тие едноставно се приклонуваат кон власта. Тоа реално ќе нѐ олабави за идните потези: критика нема да има, патот е широко отворен. Тоа се и добри и лоши вести.“ Дури и Дојче Веле, кои се објективни почнаа да пишуваат за она кое многу од нас се сомневаа дека ќе се случи. За претходните коментари, интересно ми е кога гледам дека македонци бранат албански интереси, ама жално ми е што не гледам албанците да го прават истото. Може ви треба ријалити чек? А да, ако толку сакате да учите албански, слободно, одете на курсеви. Фразите од типот “сите треба да учиме“ или “има корист од тоа“, ми ствараат одвратност. Секој нормален народ, пред се штити национални интереси и се обидува да го заштити јазикот. Нормалноста заминала од овде многу одамна.
Значи се погрешно сфаќате имам мал милион примери каде АЛБАНЦИ ни помогнале додека МАКЕДОНЕЦОТ сака да гниеш и ТОНЕШ да немаш леб да јадеш за да ти се сити и смее . Еве ви друг пример , ама читајте до крај онака како што е напишано ! Мм беше невработен , јас невработена со мало дете . Свекрва ми и мм отидоа до градоначалникот на Тетово , Теута Арифи за да прашаат дали имаат потреба од работник во било која институција , на било која позиија , макар и чистач . Теута го прими веднаш мм на паркинг , за 18.000 денари ( баш тогаш се формираше зонско паркирање ) . Подоцна тој замина на селективен , одев јас на паркинзи на негово место . Она знаеше дека јас одам и знаете што кажа ? Додека сум јас градоначалник , ако можам да помогнам некако ќе помогнам . Македонците каде што работи мм гледаат да го избркаат од таму . Му крадат воена опрема , документи , година ипол дава стража секој месец без прекин , а другите ги менуваат на 3 месеци . Епа не ми ги кажувајте македонците . Да ова е МАКЕДОНИЈА и секогаш ќе биде , ама нашиов народ е полош од диктаторот Хитлер . А за јазикот , не мора да се учи каде што нема албанци . А онаму каде што е потребен , нека се воведе . Еве во Тетово е потребен навистина . Нема работодавци македонци , па мора да се вработуваш кај Албанец , а со тоа колку-толку да знаеш да се снајдеш на албански да се разбереш . Со кого јас ќе разговарам на германски тука кога живеам со албанци ? Да не ќе дојде германец можеби да купува ? Не дека не е убаво и германски да знаеш , јас би рекла сите јазици е убаво да се знаат , ама приоритет им давам на оние кои требаат . Па нели сме мулти-етничка држава ? Ако е така , тогаш треба да се учат јазиците на сите нации во државава . И српски и ромски и турски . За сите да важи тоа . И турци и албанци и македонци да учат . Рамноправно . Не ми кажувајте после дека со македонец ќе си поминеш подобро . Ги видов јас маските на нашиве " патриоти " П . С . @Gosh не сакаат да кажуваат дека го знаат ( веројатно така им е наложено ) . Но сите го знаат . Верувај ми . Опкружена сум со албанци , спомнав поназад и ги знам веќе и како дишат . @Rebecca_R не , контекстот не е ист . Албанците ќе ти пружат рака , Македонците ќе ти се потсмеваат . Тоа е разликата во поубаво и подобро .
Џабе дискутираме кога очигледно не знаеш што содржи законот. Значи не таму каде што има Албанци, туку се воведува двојазичност на цела територија. А дека Теута со еден збор ве вработила, да видам да не верувам. Може ги вработила тие наши што се зачленија во Дуи. Па дури и да е вистина, каква врска има тоа со законот што ни се наметнува?
А што те спречува тебе да научиш албански ако толку веќе сакаш? Или било кој друг што мисли дека има потреба да знае албански... Независно од тоа што не е донесен законот... Двете работи немаат врска едно со друго.
Па она сака да научи, може и вера сака да смени ама и е малку незгодно. Така ако на сите ни наметнат да го направиме тоа ќе и биде полесно пред себе.
Не верувај ако не сакаш . Не сме ниту дуи ниту било која друга партија . Значи погоре дискутираа бидејќи пишав со албанци подобро ќе поминеш . Она што ти прашуваш е одговор кој го дадов на членките кои прв пат слушаат некој вака да каже . Па што ако ви воведат албански ? Автоматски Албанија ќе бидеме ? Дека Англиски учиме со години , Англија ли сме ? Колку што знам , англиски учиме сите , и тоа јас од 4 одд имав воведен англиски , и што сега ? Германски учев 2 години , па еве не стана државава Германска колонија
Се извинувам за пост под пост . Не , не сакам да сменам вера , и не ми е незгодно . Имам еден комшија доаѓа на кафе кај нас , вели Бог е еден . Политичарите направиле Муслиманска вера и Христијанска вера . Јас сум муслиман ама јадам свинско , пијам вино , се дружам со христијани , сум читал Библија , сум бил и во црква . Ако не сте седнале со албанец на маса џабе попувате и сите ви се добри само албанците не . Тебе те читав и предходно , многу патриотски си настроен вака , ај кажи ми колку албанци ти напраиле зло , а колку македонци ти пружиле рака во животот ? Дали некогаш си се дружел со албанци ? Дали можеби сите комшии ти се албанци ? Си бил во Тетово ? Ах заборавив , Тетово не е Македонија , Македонија вас ви почнува од Скопје .
Извини вака ама многу плитко размислување. Сме учеле англиски, па што да не и албански. Колку Англичани има во Македонија кои се борат за територија? Второ, англиски е светски јазики секаде се учи. А да, колку наши војници беа убиени во 2001 па и пред 2 години во Куманово? Или некој Македонец ги уби?
Мене ништо не ме спречува , зошто не е воведен во училиште како предмет рамноправно со англискиот ? Англиски зошто учиме тогаш ? Или германски ? Ако не да учиме барем Англиски ( кој е светски јазик ) и албански кој што ни треба . Не знам зошто се буните , кога веќе одамна ни се наметнати и други јазици за учење . Едит : Да , убиствата беа нарачани од властите . И 2001 и пред 2 години . Имам пишано како убаво не е*еа во здрав мозок со она " 40 души со 1 ПМВ дошле во Куманово " ..каде собира 40 души ? Во автобус ? А каде е граничната полиција која требало да го види тоа ? Нели илегално дојдоа тие 40 души ? Па и наоружани .
Ти одговорила членката @Ana Marija 1 зашто учиме англиски, е толку е просто.. Мене албански не ми треба, за други не можам да кажам.
Значи да сумираме, тебе ти помогнал Албанец во животот и сега си за законот за јазици и за се што бараат албанците. Многу длабоко размислување.
Аууу, властите ги донесоа оние од ОНА што после ги евакуираа Американците. Подобро не пишувај на темава, зашто болно е да прочита некој што изгубил член од фамилија. Јас за жал загубив драг сосед, а неговата ќеркичка на 3 месеци остана без татко и никогаш не го запозна.
Јас загубив некој многу поблизок од сосед , човекот што погина пред 2 години во Куманово на мене ми беше чичко . Ама тоа не го менува фактот дека пукотниците беа наместени од тогашната власт ! Размисли трезвено . Во кое патничко моторно возило собира дури 40 души ? @edenandrej Не реков дека се што бараат албанците треба да се прифати . Не извртувај реченици . Тоа што јас го кажав погоре беше кажано за друг муабет . Шутрак си или се правиш ?
Јaс честo пишувaм зa oвa, пoсебнo вo темaтa Рaбoтењетo нa нoвaтa влaдa и нејзинoт сoстaв. Јaс сум прoтив oвoј зaкoн. Вчерa имaше прoтест прoтив зaкoнoт зa двoјaзичнoст, ниеден медиум не известувaше зa oвa. Прoтестoт ќе трaе денес и утре, сoбирнo местo пaркoт Женa бoрец вo 17:30 прoтестoт зaпoчнувa вo 18:00 пред Сoбрaние. Секoј штo е прoтив зaкoнoт зa двoјaзичнoст ќе дoјде нa oвoј прoтест, a пoдржувaчите нa зaкoнoт некa си пoчнaт сo време дa учaт aлбaнски бидејќи нaскoрo ќе дoјдaт 200 000 мигрaнти пa ќе требa и aрaпски дa учaт. Oд критикувaње пo фoруми и фб немa фaјде, требa дa се реaгирa дур не е дoнесен зaкoнoт. Јaс немa дa виткaм кичмa.
Децата од 6то одделение во нашата општина имаат предмет по албански јазик. Ме интересира дали и во други општини има? Искрено цел живот сум меѓу албанци, ама не се така наивни како што се кажуваат. Колку пати на работно место се закарале со мене дека не сум им зборувала албански. Демек сум МОРАЛА да знам. Јас ги разбирам и убаво е да ги разбираш, ама не им зборувам. Како можам јас да ги разберам нека се потрудат и тие мене да ме разберат.
Во општинава каде живеам , нема предмет албански во училиштата . Јас погоре сакав да им укажам дека не е ферски спрема народот некаде да се учи некаде не . Ете во твојата општина го учат . Ама не , Македонија е само Скопје . Западна Македонија кој ја шиша нели ? Ние колку неправди сме издржале тука ? Дали некој од државниот врв се заинтересирал ? Ама сите си вртат како нив им одговара . Јас им велам дека тие нас не разбираат и дури и зборуваат македонски , барем повеќето од оние кои ги познавам јас зборуваат , не знам како е во твојата општина , но во мојава општина е така . А за јазици , убаво е секој јазик да се знае , не само македонски , англиски , албански .. Викторија , чистокрвна македонка сум , мажена сум за србин и знаеш што ? Србите кои се вработени во Армија се прогонувани баш од македонци , иако се со македонско државјанство . Албанците уживаат повеќе почит од србите . Револтирана сум од нашава нација . Немам проблем , ама се срамам што сум македонка . До сега на никој не му сметаше што македонците во Тетово немаат права , и во општините каде има албанско население , а сега одеднаш ви смета што ќе се учи албански јазик ? Па не го учете ако не сакате . Ќе добивате оценка за знаење , како и за секој друг предмет во училиште . Никој не ви става нож на врат ако не сакате да го учите . Ама сите гледате само да се нафрлите како мечки на мед .
Не знам во кое Тетово живееш ти затоа што ова што го пишуваш ми е непознато. Еве ти пример од општина од Тетово. Девојче на пракса и доаѓаат албанци и се караат со неа зошто не знае албански, ако Теута толку е фина нема да дозволи тоа. Македонски знаеле да зборуваат старите албанци, сега новиве генерации не знаат да гугнат. Албанците кои живеат по околните села каде што немаат македонци не знаат да зборуваат посебно женската популација.