Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    Мене пак твоево Тетово ми е непознато . Имам комшии и помлади и постари што зборуваат македонски . Комшивката карши го учи три годишниот син македонски и албански паралелно . Не можеш да запознаеш цел народ преку 2 примери . Сум била во чисто албански села , и зборуваат . Те разбираат и враќаат на македонски .
    Нејсе , јас не можам да докажувам на поединци на форумов дека не е така како што они мислат , ама јас мислењето не го менувам . Државава е Македонија да , ама одамна е мулти-етничка . Ако ја прифатија сите како таква , тогаш секој ново воведен јазик за изучување нека го прифатат .
     
    Последна измена: 14 септември 2017
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    ама одлучи се сега?ко неможеш да запознаеш народ преку 2 примери што се инаетиш?
    и ти врз основа на еден пример кажуваш...па?
     
    На Rama, Lianna Anna, Ana Marija 1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    Абе дочитувате вие ? Еден пример кажав , а имам МАЛ МИЛИОН примери кои не се за на форум бидејќи содржат приватни информации .
    Нејсе не се расправам веќе . Што сака нека биде . И онака нема мене да ме прашаат властите дали да биде вака или онака .
     
  4. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    и ја имам мал милион примери преку кои можам да ти докажам дека не баш можеш подобро да поминеш со албанец,туку напротив.И сеа што,до утре ќе се убедуваме? it's all personal preferences baby
     
    На Rama, Lianna Anna и carangigia им се допаѓа ова.
  5. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    80.264
    Пол:
    Женски
    Во чисто албански села зборуваат македонски. Имам желба да ме однесеш и да го видам тоа чудо. Мажите да има знаат можеби ама жените не знаат и тоа гарантирам. Па сум зборела со албанци и самите го кажуваат тоа. Газдата ми беше албанец, да тој знаеше македонски. Се погоди еднаш жена му да дојде во канцеларија не знаеше добар ден да каже на македонски, а не па нешто друго.
     
    На Rama, Lianna Anna, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    Епа како што ти имаш милион примери за тоа , јас имам милион примери каде македонци ни направиле повеќе лошо од добро .
    @macka91 ако де , слободно дојди . Каде сакаш таму те носам . Мене не ми е битно дали е маж или жена , битно е дека навистина зборуваат . Мојте комшии албанци сите зборуваат македонски . А од македонците кои ми се комшии еден не знаеме албански , да и не не знам на албански да кажам а камо ли нешто друго . Како и да е , може до утре да ви објаснувам , пак нема да ме разберете .
     
  7. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    80.264
    Пол:
    Женски
    Ако е вака како што велиш дека знаат сите македонски, тогаш заклучувам дека намерно не сакаат да зборуваат.
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    Е за тоа не знам . Или намерно не сакаат да зборуваат , или им е наложено од некој да не зборуваат . Но , кога сум прашала за насока , во место каде живеат албанци ( зборувам македонски со секој , бидејќи и да сакам да зборувам албански не знам ) ме разбирал и ми враќал на македонски .
     
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.917
    Допаѓања:
    189.072
    Пол:
    Женски
    Не знам кој пиша погоре за Албанците во Грција, што збореле грчки перфект.. ама ич не е точно. Може 20 Албанци овде зборат перфект грчки исто како што 20 Албанци се на се зборат перфект Македонски.
    На страна фактот што Албанците почитуваат се во другите земји освен во Македонија. Цел Епирус е Албанци, на Крф врие Албанци, зборат грчки да, ама локалците овде одма знаат да кажат за нив дека се Албанци, впрочем како што и ние ги распознаваме.

    Старите Албанци знаат македонски. Новиве генерации ретко кој.
    Милион пати сум рекла, не ми смета да си учат и зборат на нивни јазик, ама додека живееш во Македонија културно е и мора да знаеш Македонски. Зошто ние сме мултикултурно општество. Малцинствата нека си го негуваат секој својот јазик, Албанците зборат албански, Турците - турски, Ромите - ромски, Србите - српски итн. Ама на крајот од денот меѓусебе сите тие комуницираат на Македонски. Сакале да го прифатат тој факт или не. Затоа сите што живеат во Македонија мора да знаат прво Македонски.

    И дај престанете со "двојазичност на цела територија" смешни сте. Милион пати ви е посочено дека тоа ниту во некоја Македонија на друг паралелен универзум е невозможно.
    Ах да, имаше протест вчера и пренесоа. Имаше двајца со знамиња пред собрание.
     
    На Mishela, pravnicka_2604, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    и поради оваа причина викаш дека треба да се учи албански?
     
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    42.057
    Пол:
    Женски
    Прво малцинствата, Албанци,Турци нека научат македонски кој е официјален јазик во државата каде што живеат, па после ние ќе им го учеме нивниот јазик. Додека стажирав тие бремени жени Албанки и Турчинки не знаеја да зуцнат на македонски, немаше никакви комуникација со нив, а во Источна Македонија живеат.
     
    На Rama, Lianna Anna, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме кој е смешен, а кој заслепен.
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    Не поради тоа . Поради тоа што не знам колку земји се на се се мулти етнички како нашава . А нашиот народ ја прифати како таква . Сега не се чудете со законот за јазици. Денес албански ќе вметнат , утре ромски итн . А дека мора да зборуваат македонски не е спорно . МОРА . Тие и понатаму живеат во Македонија . И македонците секако нема да мора да зборуваат албански . Ако јас сакам да учам албански ќе земам книга и ќе учам . Ако не , нема ни да ја отворам книгата по албански . Што ако го воведат во училиштата ? И албанците велите учат македонски , ама не знаат да гугнат . Епа и ние можеме така нели ?
     
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.719
    Пол:
    Женски
    :drunk: :drunk: :drunk: Да посака човек да се пресели во Тетово...

    Градоначалник на толку голем град нема друга работа, тебе и маж ти ќе ве расправа и вработува, дај не не зезај.
    Види, ако се вратиш во реалноста, и сама отидеш кај градоначалникот, прво, нема да го најдеш на работното место. Ќе се сретнеш со секретарката/секретарот и ќе бараш да ти закаже средба. Ако не познаваш никој (или по нашки, ако немаш луѓе), средба нема да ти закажат, јер, навистина немаат време од договарање тендери и ручеци по ресторани. Цела куќа соберете се и отидете, седете пред општина од-до, само во ходник ќе ја сретнете Теута Арифи, а и било кој друг градоначалник, така работат сите.

    Е што имаат против маж ти? Дека е србин? Вау, македонци против срби, а албанци притрчуваат во помош, аха, сигурно.
     
    На Rama, Ana Marija 1, Βικτωρία и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.208
    Пол:
    Женски
    Точно е дека муслимани повеќе ќе ти се најдат во животот, ама тоа веќе има културолошка позадина зошто е така и нема врска со дискусија за јазикот. Мене учење албански би ми претставувало бадијала трошење време (исто како македонскиот што е непотребен, глобално земено).
     
    На Justicija, pravnicka_2604, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    На carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    А Тетово еден голем , не се доодува пеш :drunk: .
    Средбата беше закажана предходно . Не сакам да навлегувам во детали затоа и не коментирам повеќе . Што сакате пишувајте .
     
  18. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    ја незнам што ја нападнавте членката погоре, како што има Нелуѓе меѓу македонците има и нелуѓе меѓу албанците, секој човек е приказна за себе..
    И мене ми се има случено да ми помогне албанец, и тоа без никаков проблем, ти кажува ти завршува, и сега да му се јавам да ми треба за нешто знам дека работата ќе ми биде завршена, додека пак кај македонец му звониш не ти крева, се е индивидуално, не значи да ја напаѓате дека нешто и фалело, или пак е албанка- сменила вера ова она
    јас веќе 10 тина години живеам во бутел, први комшии ми се албанци, у сред ноќ да треба нешто тие први се тука да ти помогнат, и на одмор кога одам клуч кај нив оставам за недај боже, и сега што??? луѓе сме сите алооо
    претходно сум девојка од аеродром, ми било несфатливо да идам преку бит пазар, што од страв што од незнам ете некоја немир во мене, дека ако се качам у 57 ца дека нешто ќе ми се случи, ама ете не било така
     
    На Gosh, CrazyOne, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    11.379
    Пол:
    Женски
    Овде не се дискутираше дали има луѓе меѓу Албанците, или дали може некој од нив да ни биде пријател. Нормално дека има и добри и лоши, како Албанци, така и Македонци. Зборувавме за новиот закон за јазици и колку се согласуваме со истиот.
     
    На Gosh, pravnicka_2604 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.126
    Пол:
    Женски
    А ти го прочита првото мислење што го напишав пред да ме нападнете ко муви на го*но ? Јас ли ја однесов темава до тој степен ? Јас кажав дека тие знаат македински но или им е наредено да не зборуваат и да се прават мутави или пак навистина не сакаат . Но вие ми се нафрливте дали сум била во Чаир или не знам каде .. во Чаир не сум била , ама сум била во доста поопасни места од вашиот Чаир и што ? Ништо не ми се случило , ако прашаш за информација фино ќе ти вратат на македонски . Ама ај , човек не може да ви докаже на вас дека реалноста е поинаква од она што вие сте го замислиле .

    П . С . Сами сте сведоци дека знаат македонски . Колку албанки имаме на форумот што течно зборуваат и пишуваат македонски , па дури и кирилица ? Зејнеп е една од многуте . Затоа престанете да напаѓате без аргументи !
     
    На cresa-jagoda и anaja1 им се допаѓа ова.