Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Што ќе прават без него, како изгубени ќе бидат:lol:

    Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Алсат М на прашањето дали е подготвен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу партијата ги изгуби изборите, кусо одговори:

    “Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”, одговор што индиректно кажува дека резултатот од изборите ќе влијае на неговата политичка кариера, која и така не е многу стабилна со оглед на моменталниот рејтинг и уште поголемиот притисок кој би го имал од страна на реформаторите во партијата, особено по забрзувањето на судските случаи против него од страна на СЈО.

    Груевски после девет години беше гостин на телевизија Алсат-М. Тој од новинарот доби критика дека не доаѓал на дебата во одредени медиуми и долги години ги игнорирал.

    – Не сте биле девет години во Алсат телевизија, каде ќе ви се посветеа деликатни прашања. Нели игнорирањето на граѓаните значи нивно потценување – го праша Назим Рашиди лидерот на ДПМНЕ.

    Груевски врати дека секогаш одговарал на сите новинарски прашања, но си призна дека не се појавувал во одредени медиуми.

    Никогаш не се појави во дебатна емисија.
    Дуел?!....Н И К А К О !!

    Па и треба да си даде, време му е.
    И да не си даде, ќе оди во ќорка па ќе го испудат:lol: сакал или несакал.

    И Реформаторите изгледа земаа сила.Им здодеа на челновите од него и неговата фамилија.
     
    На Justicija, Yipman2, pravnicka_2604 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943

    :rofl:
     
    На referentka, Sesil, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    264.476
    Да не ти се верува дури дека ова е собир на Вмро:worried:. Кај е членството? Победа велите:^). Парламентарни?:D
    Ок, ќе има.
     
    На JollyGirl, galapce, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нормално дека бега и не се појавува на дуели, таков каков што е, полуписмено копито со дикција на вреќа со компири може единствено да победи на дуел со лице со Даунов синдром. И тоа ако тоа лице има лош ден...
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    264.476
    Не ти е во ред мислењето. Не ги навредувај лицата со Даунов синдром може?
     
    На Justicija, galapce, Yipman2 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.405
    Пол:
    Женски
    Ако ваков речник користиш и во реална комуникација, жив очај си момче
     
    На ADOKI и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Зарем има навреда во фактот што особите со ДС се морално, етички па и интелектуално далеку подобри од ликот со најдолг стаж на премиер во РМ? Тоа што таков лик бил на тоа место толку долго е дистописка ситуација но тоа е друго...

    Во живо може пастирот да се опише со многу поинтензивен речник, не знам зошто те погодува тоа?
    Па не сме ваљда во Република Монголија да не смее да се опише екс-носителот на највисока функција со реални епитети?:party:
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.405
    Пол:
    Женски
    Мене не ме допира никој од пол.сцена, лицата со даунов синдром не им е место во постот твој
     
    На baba Rada, ADOKI, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Лицата со ДС не би имале ништо против мојот пост бидејќи се споменати во позитивен контекст :hai:
    Let`s snowflake hard.:^:
     
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Јуле дали веруваш дека сите што се зачленија во вмро за да се вработат сега им свртеа грб?!
    Неможеа притисокот да го издржат,секојдневни јавувања,закани...
     
    На Justicija, wannaBeMomma и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    264.476
    Верувам. Гледам и колку во нашата општина се свртеа и побараа пристапници во Сдсм.
    Јас не ги сакам сончогледите, никаде ги немаше да реагират порано. Сега еве ги.
    Ама пак, кога е интерес во прашање, одгледување на семејство, деца, тие не можам да ги осудам. Борба за егзистенција, тоа е.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Прво морам да поздравам тоа што конечно им текнало на дпмновците од форумов дека и студентите се гласачко тело па решиле и нив да ги таргетираат со пропаганда , доста беше само пензионерите и работната класа да ги таргетирате.
    Во темата Скопје 2014-15 поставував слики од типот какви услови живеат студентите.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    http://zase.mk/articles/91654/foto-...denstkiot-dom-goce-delchev-so-student-vo-nego

    http://www.fakulteti.mk/news/14-10-...mesteni_vo_studentskiot_dom_goce_delchev.aspx

    И гледам тогаш се утепавте од пишување и загрженост, редица постови и хуманитарност ,ама ете тогаш не беа Сдсм на власт , а можеби сум требал да пишам додека вие уживате во вашите домови некои денеска во мувла живее или така нешто поетично и тажно да допре до народот.

    Така да убаво што ви текнало и сте загрижени за студентите што ќе им се случува сега кога се Сдсм на власт, само требаше малце порано , години порано... Камо среќа кога 10+ илјади студенти излегоа на протест да ги подржевте а не да ги заокружувате со црвено и да ги етикирате дека се соросоиди.


    П.С уште чекаме на 150 илјади албанци со пушките и 200 илјади мигранти и Украинско сценарио и Голема Албанија и промена на химна и сите да учиме Албански и викилис линковите и громовите од ведро небо на Адоки.

    Ја поздравувам и новата ера што ја ветуваат Вмро
    [​IMG]
     
    На Gosh, Црна Ружа, Baby-bubu и 13 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Вистината кога-тогаш излегува на виделина

    Доказ со аргументи, факти, фактури СЕ НАПИСМЕНО...

    Застреланиот Коста Крпач како управител на фирмата Финзи набавил возило за мобилно прислушување за потребите на Управата за безбедност и контраразузнавање, објави ТВ Телма. Набавката е дел од обвинението на СЈО за истрагата Трезор во кое обвинети се Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Горан Грујовски. Дојче веле повикувајќи се на извори од истрагата објави дека тоа специјализирано комби всушност е -„Жолтото комбе“ кое стана синоним за неаргументираната одбрана на Владата на Никола Груевски за масовното прислушување на над 20.000 граѓани, наводно командувано за потребите на „странски служби“.

    Од СЈО не коментираа на оваа тема, а нема ниту коментар од УБК. Таканареченото жолто комбе кое прислушувало во центарот на Скопје го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кога беше објавен случајот Пуч. Во обвинението на СЈО за Трезор стои дека анекс договорот со Финзи е потпишан на 8-ми јуни 2012-та година и дека е набавено нешто што го немало во спецификацијата на набавката.

    -Обвинетиот Г.Г. (Горан Грујовски) изготвил допис-барање за доопремување на системската единица за подвижен видео надзор, насловено до Сектор при Министерството, кој допис е даден на потпис на обвинетиот Т.Ј. (Тони Јакимовски) и истиот ставил своерачен потпис и печат на барањето заведено со бр… од 08.06.2012 година, па по поднесеното барање потпишано од обвинетиот Т.Ј. и изготвување на анексот број… од страна на службите на Управата, помеѓу Министерството застапувано од сведокот Ѓ.П. и правното лице ДТУ Ф.(Финзи) ДООЕЛ С. претставувано од тогашниот управител К.К. (Коста Крпач). на 09.07.2012 година склучен е анекс, пишува во обвинението на СЈО за „Трезор“.

    Крпач го потпишал договорот и анкесот за набавка на подвижното возило. Неговата мистериозна смрт според обвинителството е заведена како самоубиство. Во обвинението не е јасно наведено дали има изјава од Крпач како доказ. Комбето е купено од британската фирма Гама, а на нивниот веб сајт нема повеќе слики за тоа како изгледа комбе за подвижно следење комуникации. Ова е слика и опис на услуга која можело да се набави од Гама во тоа време, специјализирано комбе за набљудување кое може да биде набавено само од држава, а не и од приватна фирма. Секое возило се прави посебно според потребите на нарачателот. Дојче Веле повикувајќи се на свои извори тврди дека биле барани дополнителни две седишта внатре како и вграден тоалет за корисниците на опремата. Во истиот текст се наведува дека биле барани и специјални заштитни стакла за возилото, видео сервер, видео модем, неколку монитори, стабилизатор на слика, контролен приемник, тетра радио, антена-преклопник, специјални батерии, засилувачи на сигнали и звук и друга опрема. Според обвинението на СЈО анкесот тежел над 47 милиони денари или околу 770 илјади евра, а штетата за буџетот поради набавката на возилото преку приватна фирма, наместо преку државен орган изнесува над 13 милиони денари или околу 215 илјади евра. Тие пари според СЈО се штетата која екс директорот и началниците на УБК ја направиле само со анексот за набавка на тајното полициско жолто комбе кое многу малку се користело и поради необучени луѓе и поради брзо застарување на техниката.
     
    На Justicija и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Потребни ни се нови ликови во политикава.... И така старите се изнаполнаа со пари, нека ги остапат местата....
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. allez

    allez Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Уште ова не го бев видел. СДСМ преку серија на Канал 5 пере мозок на народот и вребува гласачи.
     
    На carangigia, ADOKI и IvaSand им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Ајде барем во недела струјата е евтина, на евтина струја ни перат мозок :rofl:
    Строго на вриење, и со вениш :!:
     
    На theowndemon, Yowannty, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Нов член , првите мислења против Сдсм .... Почнува кампањата , почнаа и лажните профили 8-|
     
    На Sesil, Gosh, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Јас мислам и да дојдат нови, ќе го следат примерот на старите. Затруена е психата и ретко кој се потпира на морал и етика. :)
     
    На ELIDavor, Nausicaa, edenandrej и 3 други им се допаѓа ова.
  19. allez

    allez Активен член

    Се зачлени на:
    25 септември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Вратете се во реалноста. На крај Стојменов го јаде медот а не вие :) Вас ви даваат фалшлив.
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Нема закон што ги контролира работењето на политичарите , па прават што сакаат
     
    На Redrosses му/ѝ се допаѓа ова.