Ни тоа, ни како си ги финансираат тоа партиите нивни кои им се семејни бизниси. Па си се местат тендерчиња со компании блиски до нив, се прават кешови и се носат надвор. Вмро така правеше, сеа сдсм ќе прави и се во круг. Како што вели еден пријател: „На избори гласаат сиромавите, за да ги направат богатите уште побогати.“
За борците за права и дечките што дебатите ги завршуваат со КЕ СИ ЛЕЖИТЕ да ве потсетам дека денес саканиот ни премиер пак не беше на суд за Поткуп , се разболе судијката. Не знам стварно како така, таман дојде живот таа се разболе...
Имав почит за Фетаи, се до фабулознава изјава дека сакала да биде шеф на држава. Очигледно е многу нарцисоидна и се преценила, мнооогу се преценила. http://meta.mk/fetai-saka-da-bide-pretsedatel-na-makedonija-janeva-gradonachalnik-ili-pratenik/
Мене ме изненади нејзината огромна самодоверба и тоа нејзино "Ќе бидам..." Катица доколку се кандидира за градоначалник мислам дека и ќе добие мандат во Гевгелија
Сценава со Фетаи, трагикомична до бескрај. Седната на кауч, неформално облечена, цигарите до неа. Си фантазира како ќе бидела претседател. Ја гледам и онака психолошки анализирам, дека и не делува баш најнормално. Невкусно е тоа што има толку големи нокти, второ веѓа скината не е модерно и кул за жена на таква функција. Блиските ја убедувале дека и сега била спремна за тоа? Молам? Хаха, си се смеам во себе. Барем беше искрена и призна дека на овие години не била емоционално стабилна. Фатиме, никој не ти гарантира дека на 40 или 50 ќе станиш. Карактерот не се менува сам, а некогаш станува и полош, со тек на годините... Пола интелектуалци од Македонија се иселија. Скромни, паметни деца без никаква дамка. Никогаш не сонувале да бидат на политичка функција, воспитувани да не бидат алчни. А ти ја гледаш некоја, со сомнително завршен факултет и добиена функција, како си прави тешки филмови и онака ти текнува дека “све е у к**ац отидено во оваа држава.“
Нели политички независни беа СЈО какво е ова кандидирање?? Или ај заев/али јас ке ти ги простам грешките ама ти стави ме кандидат за претседател?
Незнам дали да те потсетам за судството и за Сваровски-судиката?! Да..независно е судството. И Зврле баш независен беше.Од што беше таков,дури едвај го сменија.
Ние екшли во реалноста и сегашноста веќе скоро деценија имаме претседател - безгласна буква, што ќе се појави еднаш во неколку месеци и предизвикува потсмев или бурни реакции, нè брука во свет со незнаењето да гукне на англиски... и сега големиот проблем за загрижување е што Фатиме спомнала оти желба и врв на амбиција ѝ е на 50 години да биде претседател... Ohhhhhh weeeeelllllllllll...
Да бидеш амбициозен е страшно нешто. Може ги плаши што е албанка. Албанка што зборува подобро македонски од 70% македонци. А, да, албанците се реалност во македонија и не и ја оспорувам амбицијата, напротив, ако се решила и ќе биде.
Да се кандидира Фатиме, ќе добие. Ленче исто. И треба да се кандидираат. Преку глава веќе од политички партии. И магаре да стават на листа, ќе го гласаат. Плус додека жена не го преземе кормилото, не ја бива државава. Не дека на западот е пресјајно, ама барем народот има достојна плата. Имено, колку години е Фатиме? Нешто дата на раѓање ако може. За Ленче исто.
Се плашиме? Јас лично, од никого не сум се уплашила. Зборуваме за манири на однесување и нарцисоидност. А ти слободно и да ја гласаш, никој не ти забранува. Зошто не ги спомнав Ленче и Катица во иста категорија? Оти се Македонки? Не. Оти не глумат шмизли на возрасни години и се реални.
Побргу неа ќе ја гласам отколу Доналд Дак, Фикус и дете што еднаш возело џип после се премислило и не возело. А за нарцисоидноста и живеењето во облаци, не реков дека тоа се позитивни работи, туку можат да му помогнат на човек на патот до успехот. Зошто занемаривте дека има во главата нешто? Има, нарцисоидноста и е после тоа. А што и треба на држава? Паметен човек, за кој не ми е гајле дали навечер си игра огледалце огледалце во купатило.
А јас пак ти тврдам дека има далеку поспособни и попаметни од неа, ама немаат начин да се истакнат. А за Фикус, глупаво ми е да го коментирам, кога не сум го ни гласала.
Нормална е, не е во тоа ствар туку во тоа што е под дејство на извесна супстанца, мозокот работи 300 на сат и тешко е да се артикулираат мислите, веројатно под целиот терет со ситуацијава посегнала по тоа А за прецедник, не може да има полош од Хорхе така што и Фатиме би била апдејт (што и не е тешко пошто и Љубе Лигавиот би бил апдејт на фикусот)