Сакаш да кажеш дека има шанси Тоше да е жив?? Абе дај оставете го човекот да почива во мир, ако нешто стварно имало ниту ќе се дознае ниту некој ќе успее жив да докаже. Партииве јавно се негираат меѓу себе, но тие се длабоко поврзани и вклучени во криминал така е секаде не само кај нас, што мислите зошто не можеше позицијата да затвори никој од опозиција и сл. Тоше е мртов и нема да се врати, да не му го валкаме името со политика и криминал. Добро е да се знае вистината но во случајов никогаш нема да се открие и да било нешто. Затоа да се сеќаваме на Тоше само по убави работи.
Менаџери на 14 здравствени установи низ Македонија санкционирани со 15% од плата во следните 3 месеци, поради незаконско работење, неправилно пресметување на партиципација при давање здравствени услуги, ставање пари во џеб и корумпираност... Да се изразам со еден збор: С Р А М О Т А! Очекував да бидат кривично гонети, разрешени, да добијат забрана за работење по 2-3 години, трајно губење на правото за следно кандидирање! Ни медиумите ниту надлежните не дадоа никаква проценка за тоа колку ги имаат оштетено граѓаните и државната каса поради несовесност. Чисто се сомневам дека посебно ќе ги погодат по џеб 15 % од плата со оглед на тоа дека тие заработиле стотици илјади денари на страна од јавната функција, и ДА имаа право како што се предлагаше наместо здравствени работници да ги назначат за државна администрација, затоа што тоа и се!
Не да е срамота. Само сиротите граѓани си знаат кои жртви се самите... А голема казна не им следува затоа што процент од нечисто заработените пари одат во рацете на највисоките - сфаќате што сакам да кажам. А ова со санкцијата на 15% од плата е чисто колку да се замачкаат очите на граѓаните, чиста манипулација и театар, ете да се рече дека некако реагирале на тоа злосторство. Работава „Мижи Асан да ти баам...“ Тоа е мое мислење.
Навали народе! Само морате да му ја лајкнете страната Ајде пукајте.. вечер ако не искачате зборнете си со Грујчета на тема: „шчо напрајфте море?“ http://kurir.mk/makedonija/vesti/47699- ... k-stranica
Не успеав да го прашам,гужва беше невидена. Инаку,прашањето гласи: "Зошто Вие како про-европски ориентирана Влада,не дозволувате да постојат јавни куќи во Македонија,со оглед на фактот што јавните куќи се легализирани во Европа,и тоа на големо. Дали имате страв од конкуренција"?
^ Очекуваш балканче да излезе од своето затуцано средновоековно мислење! не ме смеј, не сме ние Холандија, нит пак некад ќе бидеме! Иначе да си требал да го поставиш многу ме интересираат одговорите!
ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА НЕШКОВСКИ - СВЕДОК: Тигарот Игор не го уби Мартин! Радица Ралевска сведокот што вечерта на 5 јуни ноќта кога беше убиен младиот Мартин Нешковски, за време на прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите, денес пред судскиот совет тврди дека обвинетиот Игор Спасов, што се најде на обвинителна клупа за убиството на момчето не е лицето што ноќта го претепало Нешковски. Обвинениот Игор Спасов ја заврши својата одбрана. Тврдеше дека не е виновен, немал мотив ниту намера да го убие Нешковски, бил службено ангажиран и само си ја вршел својата должност. Побара да биде ставен на полиграф за да ја докаже неговата невиност и дека Мартин Нешковски бегајќи се сопнал на кабли и од тоа паднал во бессознание, а не дека го претепал. Извор: Вест Добро, нели направија обдукција според која се констатираа телесни повреди и се утврди дека најверојатно стануваа збор за насилна смрт? Имаше една изјава од сведок кој ја опиша вака ситуацијата: „Одеднаш се случи некој бркотница, детето се сопна од каблите, падна, му се извини два-трипати на полицаецот, а тој му рипна одозгора и почна да го тепа; го фрли на клупа; го чукна уште два-трипати; дојде брза помош; констатираа смрт; не го земаа, а полицаецот го извлече назад на тревникот и го фрли како партал. Се` се случи во една минута - му удри неколку боксови, го тресна од земја два-трипати, го клоцна и го удри од клупа“. И сега одеднаш се појави нов сведок кој го тврди спротивното од она што беше докажано, а случајот добива нова димензија.
Значи во денешно време ако си полицаец слободно може да убиеш човек без око да ти трепне. Притоа од многу сведоци само еден на суд да се појави кој ќе тврди дека си невин. А кај се другите, кај се оние на телевизија кои се појавија зашто ги нема како сведоци? Од илјадници таа вечер само еден сведок и тоа на страна на полицаецот? И сакал полиграф. Молимти се, да ти го направат твоите колеги а? Додуше јас никад не сум и верувала на таа направа и крај. И уште еден добар цитат видов во весник. Ај договорете се и решете како ќе лажете ако ништо друго.
^^^ Значи како што имам кажано: Ден нема да лежи во затвор! И еве гледате што се случува....само искрено не мислев дека ќе се потрудат светец да го праат демек он му давал прва помош се мачел да го спаси а ние сите мислевме дека го истепал....аууу... срам да ни е...па детето ( Мартин Бог да го прости) само се истепало..гледате има и сведок кој сведочи дека обвинетиот не е тој што го тепал...тој бил голем ќелав крупен дечко со тетоважа и имал пиштол...а овој имал брада бил слаб има и коса и нема пиштол нели ( Што мислите како ќе изгледате по 5 месеци притвор? И сигурно нема да ви даат пиштол да си носите таму а? )...колку е ова не знам....цел народ нафта пие. Ах тешко нас и ако ни е и сите до еден треба да не утепаат кога си дремиме дома и ништо не правиме. На улица сите.....па и нека не утепаат сите ако можат. Македонија ВЕЧНА,......ГЛУПОСТ!
...Тигаров го освестувал Мартин со клоци, шамари и тупаници!! Изјавава му е дел од неговото излагање за одбрана Мислам хелоуууу....кој е овде ненормален?? Вакви бесни реплики се просто непребол значи. Катастрофа. Јас искрено сметам, дека немал навистина намера да го убие, ама се случило тоа и сега ќе си ги сноси последиците. Крај на било каква дискусија бре.
Знаете што ми е мене најтрагично во случајов со Мартин??? Реално, веќе сите ја знаеме вистината. Знаеме дека Мартин е убиен. Знаеме дека имаше обид да се сокрие убиството. Знаеме какви беа резултатите од обдукцијата. Е сега, после неколку месеци, се појавува “нов“ сведок и изјавува дека Спасов не е тој кој што го тепал Мартин. Глупост жива! Па, за овој временски период, дете од 5 години ќе смислеше подобра варијанта за алиби и лажирање. Срамота! Навистина е доблест, човек да си ги признава грешките и да си ги сноси последиците од нив! Ама очигледно, во моменталниве државни органи никој нема доблест....можеби им е само мисловна именка. Греота детето, не го оставивте да почива во мир. Срамота! Судбината и кармата се опасна работа, нема да завршат добро сценаристите на судењево! Практично, сите ја знаеме вистината и сега ќе се најде некој кој ќе кажува небулози....и одеднаш судијата навистина ќе му поверува (иако и тој знае како стојат работите)....
Спојлер ОД ТРОЈЦА СВЕДОЦИ ЕДЕН ГО ПРЕПОЗНА СПАСОВ Сведокот Филип Гроздановски, кој бил очевидец на убиството на Мартин Нешковски, во судницата го препозна полицискиот специјалец Игор Спасов како човекот кој крвнички го претепал Мартин... Сведокот Филип Гроздановски, кој бил очевидец на убиството на Мартин Нешковски, во судницата го препозна полицискиот специјалец Игор Спасов како човекот кој крвнички го претепал Мартин на плоштадот. Според него, откако Нешковски се сопнал од кабел, се обидел да стане, но Спасов дотрчал и почнал да го удира со тупаници во пределот на главата, додека овој извикувал да престане. По некое време Нешковски се онесвестил, а Спасов со шлаканици и вода се обидел да го освести. Но, според сведокот, заедно со него имало и друго неуниформирано лице кое се легитимирало како полицаец и не им дозволувал да пријдат до местото. Останатите двајца сведоци, потврдија дека крупен и келав човек со бела маица го тепал Нешковски, а потоа заедно со двајца униформирани и еден неуниформиран човек го влечеле телото до паркот пред „МЕПСО“. Но, еден од нив не го видел како изгледа во лице, а другиот претходно го препознал Спасов на слика, но сега не беше сигурен дали е истиот човек и во судницата. Четвртиот сведот твреше дека го видел истото лице само како го подига телото, но не видел тепање, додека член на обезбедувањето на „Баскер Фест“, кој се одржуваше истата вечер рече дека не можел да им пријде бидејќи бил избркан од полицијата. Адвокатот на семејството Нешковски рече дека сведоците ги докажуваат наводите во обвинеието и потврдуваат дека Спасов не бил сам. - Постои уште едно лице од МВР кое било таму, затоа ние поднесовме и кривични пријави за познати и непознати лица кои помагале, останува обвинителството да ги процесуира, вели Сашо Дуковски, адвокат на Нешковски. - Почнува да се откриваат работи се гледа дека имало други инвовлирани, чекаме правда, вели Александар Нешковски, брат на Мартин. Адвокатот на Спасов пак вели дека дополнително ќе ги анализира изјавите, кои, според него, се во корист на обвинетиот. - Јас сметам дека изјавите само го потврдувата исказот на обвинетиот, но дополнително ќе се утврдува фактичката состојба, вели Ване Андреев, адвокат на Игор Спасов. Спасов кој веќе 5 месеци е во притвор во своја одбрана тврдеше дека Нешковски се сопнал и паднал, а тој само се обидувал да го освести, но никогаш не го удрил. Судењето продолжува во среда. Колку мизерно, при очи слепи го прават народот. Колку информации сакаа да останат неоткриени, а кој знае уште што се не кријат или заштитуваат. Да не беа сведоците кои проговорија на тв за настанот и ова ќе си го монтираа во нечија полза. Од медицинските вештачења е утврдено дека смртта е последица на сериосни повреди и скршеници на главата, па со која логика тој "трачајки, се сопнал, му се слошило и починал" Или во таа состојба дошол на прослава на плоштад, па дури имал и кондиција да бега Никој го сторил тоа, и некој треба да одговара.
А бре луѓе уште не ви е јасно кај живеете и до којстепен ни е државата? Мислите случајно сведоците не го препознаваат сторителот? Мислите нивните изјави се туку така? Не бре луѓе тоа е се испланирано сценарио, кој знае со што им се имаат заканато на сведоците...ќе ве уништиме, мама тато иш од работа, и што ти уште не...факт е го можат тоа нашите властодршци ако не па само во уништување животи се покажаа најдобри досега, а па тие што го посочуваат со прст него секоја чест мислам што не подлегнале на уцени ( бар така мислам или и тоа е намерно и испланирано па за да може судот да го ослободи овој крвникот ради контрадикторности во изјавите на сведоците ) а доколку не подлегнале на уцените...мислам дека или ќе исчезнат од држжавава мистериозно или ќе си извршат од нашите така наречени самоубиства...нели....ќе се "самоубијат" ради грижа на совест. Зарем оној Спасов од мрза пушта брада и коса а? Нееееееее! Тоа му е речено, нему, на очевидците овие што сведочат.....ехееее како е све тоа испланирано а ние дури чекаме правда лежејки дома...убаво ни се праи. Се е однапред планирано сценарио, притиснати се очевидците, некои со пари купени, некои со тешки уцени, некои може и не(се сомневам чисто за ова) ама прочитај погоре што ќе ги снајде нив што не успеале да ги НАШТЕЛУВААТ....... И така ви е тоа....Македонија...земајта на можностите утепај дете и ич не се секирај...затоа што Владата е тука за тебе....ако си нејзин поттрчко. Ова е мое видување и МИСЛАМ ДЕКА Е 99,9% ТАКА. Треба човк само маааалце да размисли.............
Можеби прашањето не ми е во соодветната тема,ама ај да не отварам нова тема. Ми тврдат дека е донесен законот пред неколку дена за владиниот проект за станови имате ли вие некакви сознанија.
Охоооо многу многу висока казна Седум години казна затвор за Љубе Бошкоски тукушто му одреди кривничниот совет на Основниот суд Скопје 1 во процесот наречен „кампања“. Тоа предизвика револт кај роднините и пријателите на Бошкоски, а сестрата на Љубе по пресудата се онесвести, а подоцна видно вознемирена почна и да вика по судиката и Советот на судот. - Знаевме дека очекуваме волку голема казна. Не очекувам ниту Апелација ниту Врховен суд да ја сменат пресудата , но очекувам овој процес да го добиеме во Хаг - изјави неговата сопруга Виолета Бошкоска.
Каде јас живеам Тигарон човек уби, невин ќе го направат. Зекиров прегази човек, со години не оди на судење, туку манијачи женски и шета по дискотеки. Овој демек перел пари и 7 години ќе седи во затвор.
А што ќе речете за денешниот настан? Змијско око 2 или поточно наречена КАЛДРМА. Откриени и приведени се 87 лица од криминална група од 92, под сомнеж дека злоупотребиле околу 2 милиони евра. „Кај дел од лицата при претресите пронајдени се бланко котури од оригинална хартија, кои биле наменти за печатење на фалсификувани фискални сметки, пронајдени се компјутери каде што има посебна програма за печатење фискални сметки за наплатните станици. Се на се, пронајдени се доста матријални докази кои укажуваат на тоа дека групата е организирана, дека работи по претходен договор и дека настапува се со цел да прибави за себе и за членовите на групата, противправно имотна корист.“ За „влез“ во криминалната група требало да се платат од 100 до 500 евра ц ц ц преваранти мамата бе, лопови у срж. Еве го линкот од МВР за акцијата http://www.youtube.com/watch?v=RFMEk8W3 ... r_embedded
Што се чудите,пирамидален начин на заработка! А и искрено да ви кажам,не им ја разбирам логикава.Колку глуп народ значи!