Во ерата на масовно достапен интернет многу луѓе се информираат и комуницираат преку истиот. Тоа може да се злоупотреби за масовна дистрибуција на лажни вести со ставање „лажни„ лајкови, коментари и сл. за да се создаде впечаток дека јавноста одобрува или посакува одреден курс во политиката или економијата а со цел нарачателот на тие активности да наштети на оние кои ги смета за противници во политиката или бизнисот и ги оствари своите лични цели(било како поединец било како држава или некоја организација). Но истите тие вести со коментари и со лајкови треба некој да ги напише, исклика и прати преку интернет но поединец тоа не може да го направи толку масовно (нема толку време, компјутери, кориснички налози на социјалните мрежи и тн.) но доколку се платат група луѓе тогаш тоа може да оди многу побрзо и полесно. Во Русија на пр. постојат цели „фабрики„ на интернет тролови. Сомневањата се дека во Македонија група луѓе биле хонорарно вработени како создавачи или дистрибутери на такви лажни информации. Во Македонија најголемиот број млади имаат компјутер и интернет, знаат некаков англиски(најупотребуван јазик за комуникација преку интернет) а доколку прифатат, „валканата„ работа (зборот е во наводници бидејќи технички никаков официјален закон не е прекршен) ќе ја сработат за неколку стотици или илјадници наместо за неколку десетици илјади долари. Во видеото се вели дека дури купувале фејсбук профили од деца за неколку евра. Токму затоа е битно човек да не верува слепо на сè што ќе види и прочита на интернет и другите медиуми, туку да промисли со своја глава и истражи (а тоа не е секогаш можно) пред нешто да подржи или осуди. Впрочем како што би требало да биде и во секјдневниот живот, но за жал многумина дозволуваат да бидат овци т.е. пливаат заедно со широката толпа, неретко дури и кон бездна.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=857822377710543&id=844435062382608 Ех Драги Драги Раштакоски
1. Утепан Мартин Нешковски за време на прослава. 2.Шамарите за Жерновски. 3.Љубе "ќе му пуштеме некој да го е*е" Бошковски. #ни #срам #ни #перде
Цк, цк, цк Спојлер: Гинекологија Според нашите информации, претходната директорка на клиниката Марија Хаџи-Лега во јануари, 2016 година примила на работа докторка што цели 18 месеци не се појавила на работното место, но затоа пак на сметка редовно добивала плата. Откако се појавиле реакции на клиниката, лекарката, кој е специјализант немала друг избор, па морала да се појави на своето работно место. Таа првпат на работа дошла во април, 2017 година. – Некои од вработените дежураат секој трети ден, односно паѓаат од работа, додека некои земаат само плати, а воопшто не се појавувале на клиниката. Кој ќе сноси одговорност за хаосот што беше на клиниката – коментираат дел од лекарите. Тотална негрижа. Здравството тешко дека ќе се оправи
http://novatv.mk/video-vistinata-za-enormnata-smrtnost-na-novorodenchina-na-ginekologija/ Да се изнаплаче човек...
Македонското здравство намерно се уништуваше и деградираше со цел да се развие приватното здравство на чело со мафијата која стои позади тоа. Сите квалитетни доктори и сестри преминаа таму. Верувам дека поголем дел од вас стапнале низ приватниве клиники и лично се увериле какви астрономски цени владеат таму.
Па да, држи вода. Кога ќе видеш дека Гинекологија е најкатстрофа клиника. Ова ко намерно испадна. Како ете да се оправи здравството, како?
-Да се платат докторите. -Да работат по учинок. -Да се набават апарати и не само тоа туку и да запослат и обучат кадар (не како МВР што купиле најсовремени апарати за форензика па така прашина фатиле зашто кадар немало ама важно пари за апарати се испраа). -Да се наградува и КАЗНУВА. -Да се воведе лечење за ранливи групи граѓани БЕСПЛАТНО. -Да се направи регистар на корисници на дефицитарни лекови и истите да се набавуваат во однапред познати ограничени количини а не како досега ДА ГИ НЕМА воопшто. -Раѓањето да биде бесплатно -Да се направат према бројност на жители екипи кои ќе се грижат за лицата кои неможат да дојдат на прњглед и контрола. ... Мора да се превземе нешто. Ова лудило од 11 години мора да запре. "Мој термин" ..важеше за сите освен за повластените лица..лица со врски.. А тој што закажал,кој го шмиргла.. Во секоја пора навлегоа,неможеш да ги истребиш сега.Сеуште страдаме од нив.Време треба да сфатат дека е готово и да се прилагодат на релакс атмосферата.Уште се трудат да силуваат.Нафрлаат невистини,лобираат ПРОТИВ. Ќе се свикнат....
Би додала само дека очајно треба нов инвентар, мебелот по болничките соби е од време на Југославија, парталави ќебиња, скинати флекосани чаршави и пижами и сл. И останатиот инвентар, од стерилизатори па се до сталаци, бубрежњаци, итн. се прастари и дотрајани. Знаете ли дека дури и памук, ханзапласт, фластер, игли, шприцови, се брои и требува по пациент? И сестрите наместо да ги гледаат пациентите мораат да пишуваат безвезни извештаи за потрошен материјал кои никој не ги чита.
Ако е вистина поврзаноста на Трајко Вељановски со Смилковско,ќе биде жестоко. Денес му се слошило ,можеби од стрес од веста дека судењето за Смилковско почнува од почеток. Ќе има полиграфи за него и потесната фамилија,па да видиме кој што ќе изјави. И? Ќе гласаме за нив?
Јас сум за тоа да се објават и тие снимки. Чисто да се знае црно на бело на што сè се спремни луѓето жедни за власт во државава. Можеби тогаш конечно ќе се прелие лонецот и луѓево ќе се кренат и ќе реагираат.