Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Според она што го знаеме за Смилковско езеро, а можам да кажам дека малку знаеме, речиси ништо. Податоци и некакви “факти“ извртени од двете страни. И двете страни бесрамно ја користеа трагедијата за политички поени. Според некоја логика, станува збор за многу голема политичка игра. Одземање на концесијата на езерото, очигледно на некој “моќник“ тоа земјиште му било многу битно. Веројатно долго време ковале план како тоа да се изведи.
    Тоа што ми отвора најмногу прашања, е тоа како момчињата имале контакт со ќерката на Трајко? И да, знам дека била “опуштена девојка“, ама од каде контактот?
    Децава биле од Радишани, не е ниту приградска област, туку село. Сигурно не биле во исто друштво. Без навреда. Прочитав некоја си “квази статија“ дека биле деца од улицата и се занимавале со полу-легални работи. Колку е точно не знам, немам намера да го пласирам нештото како некој “доказ.“
    И на крај, цела оваа мистерија не завршува ни по толку поминати години. Заев требаше да ја објави бомбата, а не ја објави. Лабина Митевска е мета на напади, заради филмот кој се занимава со истата тематика.
    А баш сакам да го видам, зошто толку ги плаши.
    Очигледно, ни на вмро, ни на сдсм не им се допаѓа да се знае вистината. А најмногу на дуи, сите знаеме зошто. ;)
     
    На Rama, daylight и Schhhh... им се допаѓа ова.
  2. Schhhh...

    Schhhh... Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Машки
    Па наводно оној Зоран Буревесник Божиновски што беше обвинет во акцијата шпион тврди дека едниот од нив и бил дечко на керката од убиените и дека половина час пред да бидат убиени или отидени кај езерото не ме држи за збор биле кај него дома на гости,па као,јавно неколку пати јавно го повикува од фејсбук да каже зашто биле кај него и што разговарале (за кај Трајко)....од тука е тој муабет а тој Зоран понекогаш прави глупи екцеси као онаа со Тоше дека бил жив па као сега последната изјава дека Гордана го убила зашто не пеел на кампања за владеачката партија...од друга страна има некои информации и доста добро е поткован.
    Има и емисии ако протарашкаш низ интернет као наводно од бизнисмени барале пари со уцена за снимки ама таа е друга тема...значи не е и овој наивен со неговите изјави и не е од рангот на Саше Политико туку има поодамнешно новинарско досие
     
    На anaja1 и LollySky им се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа, имам слушнато за истото. Макар што, мислам дека не и бил дечко (туку нешто друго) и дека станувало збор за експлицитни снимки. Биле на разговор кај Трајко, најверојатно на воспитна. Да не објавуваат ништо. Е сеа, тука запира логиката на приказната. Можно е Мијалков и тука да е вмешан ама не се знае како иделе договорите и која била намерата. Сигурно не само за освета, туку има и други причини. За Божиновски, да има многу информации ама не е концизен. Тежок е за читање и не доволно аргументиран и затоа прави мали гафчиња. Макар што добар е, не им се плаши на никого и тоа е за почит.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    100.544
    ОТЕКОА на телефон од вемерото! Па и на врата прееска со црвените торби|(. Некој ќе се мачи по цели ноќи ќе работи, некој избори ќе си игра за уште подебел да се стори во вратот и во џебот. Гитла!
    Синиве ги нема:yawn:.
     
    На kuc, Sesil, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ana992

    ana992 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    5.994
    Ме интересира твојата претпоставка за дуи и зошто не му одговара ?
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Па вака, Ана: можеби на дуи не му одговара да се знае затоа што “шврљаа“ со вемерото 11 години. Правеа криминал подеднакво и тие луѓе кои под претпоставка се невини, а лежат во затвор, се впрочем “претпоставуваме“ нели? Искористени како жртва баш од нивните сонародници. Не е моја претпоставката, ја имам прочитано од луѓе кои божем имале инфо за настаните. Исто како што се шушкаше дека лежат во затвор, затоа што се добро платени.
    Во приказниве и теорииве, никој точно не знае што е вистина, што е лага.
    А нема ни да се дознае затоа што може да доведе до нови конфликти. Ќе се заташка се на стариот, добар фиромјански начин. Впрочем, најдобри сме во таа област.
     
    На Rama и daylight им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Почнаа со бркањето на неписмените од администрација ??
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Не.
    Опуштени се, гајле немаат.Уште и фатиле врски да не ги ,,чепка,, никој.

    Мало морген т.е. мало сутра:)
     
    На kuc, Βικτωρία и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Сериозно уште работаат?
     
    На Gosh и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Воопшто не очекував да има бркање од администрација. Едноставно, поранешните гласачи на вмро, ќе станат гласачи на сдсм и све ќе биде океј.
    Видов пост од Јоци. За митингот од сдсм, вчера. Интересно е тоа што се вклопувал датумот, со роденденот на Заев. Таа тврди дека така било намерно осмислено. Па и сликата со Бучко како почесен гостин.
    “Сама себе убила“ ми е начинов на кој ја тераат кампањава од сдсм.

    Овие другиве па нова ера ќе носеле. Па реформатори, па срања.
    :D
     
    На ana992 и Rama им се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав, сдсм се залагаат за департизација, очекуваат сите оние полтрончиња кои се напикаа преку партија во администрација наеднаш да станат професионалци и да работат како што треба. Тешко тоа кај нас.
     
    На Nigredo Odor, Rama, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Владо Бучковски е дно дна!!
    Заради неговото катастрофално работање додека беше премиер , Сдсм не можеше да се врати 11 години на власт !!! Мислам каков почесен гостин нека не заебаваат
     
    На H.VAGA, friendy, ADOKI и 2 други им се допаѓа ова.
  13. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Како поминавте сдсовци вчера на митинг? Гледам ви донеле сендвичи :rofl: :rofl: :rofl: за сендвич ли се продадовте? :?: чајче имаше ли? Гледам дека ве носеле со автобуси. Што би рекол Пендаровски ги возат по автобуси ко стока :o
    Да не заборавам Заеб стигнал на митингот со мерцедесот што беше гребен од мачки (котки) бидејќи он е по бугарскиот јазик. Пак ли решил да го продава мерцедесот? :rofl:

    Еве неколку линкчиња да се потсетите на вчерашните АЈРОсендвичи и автобуси
    П.С линковите се од вашите омилени портали
    http://infomax.mk/wp/сендвич-за-на-митинг-сдс-со-сендвичи-го/

    Уште неколку слики од сендвичите (како ги товарат).
    http://zurnal.net/?p=42580

    Слики од автобусите
    http://infomax.mk/wp/што-би-рекол-пендаровски-ги-возат-по/

    http://markukule.mk/ОЧАЈ-Сендвичи-и-води-во-празните-автоб/

    Да се потсетите на мерцедесот
    http://infomax.mk/wp/колку-пати-ќе-го-продава-мерцедесот-за/
     
    На Silver.E, veteruska, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Вчера имаа инфомакс објавено дека СДСМ доживеале дебкл и имало само околу 10000 луѓе на митингот. Беа ставиле една слика од полупразен плоштад. Сега гледам ја тргнале објавата. Да не знаете зошто? :?:
     
    На referentka и JuLleE им се допаѓа ова.
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    FB_IMG_1507583387068.jpg Дали е ова вистина кој е од Битола?
     
    На veteruska и carangigia им се допаѓа ова.
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    264.476
    Пола од членството не знаеше дека на Заев му е роденден. Тој никаде не спомна дека му е роденден. Ама Јоци одлично одработува за Коце. Женава оддамна не е во ред.
    Народ носеле и ќе носат и од двете партии.
    Лично не се согласувам, ама за жал имаме прост и лесно манипулативен народ и овие митинзи се за докажување и дигање на самодоверба.
    А верувај влијае.
    Видов.
    Дебакал кај нас во мојот град на митингот на Вмро. Денес поинаква атмосферата.
    Имаме народ кој се пали на митинзи и слики од народ.
    За жал.
     
    На Gosh, galapce, referentka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Iviy

    Iviy Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    39
    Јоци и Борјан Јовановски распалија јако по СДС синоќа после дебаклот од митингот. Нити сум видела нити ме интересира, само коментирам по нивните постови на ФБ :)
     
    На ADOKI и carangigia им се допаѓа ова.
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.833
    Допаѓања:
    264.476
    Кој дебакал? Знаеш колку народ имаше?
    Во доба на интернет со вакви ли лаги ќе се служеме.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Iviy

    Iviy Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    39
    Не знам и не ме интересира пишав. Само кажав што пишаа про СДС новинарите Јоци и Борјан Јовановски, што прочитав на ФБ со свои очи.
    Патем, знам дека моите пријатели скопјани кои навиваат за СДСМ воопшто не излегоа на вчерашниот митинг. @JuLleE
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Некако не се инвентивни со кампањиве. Цело време се иста прича и играат со стари, истрошени политичари. Не верував пред избориве дека ќе има позитивна промена, нема да верувам ни потоа.
    Очигледна е поентата, се прави замена на функционери.
    Едини кои ќе се радуваат после избориве, ќе бидат тие што ќе лапнат советничко место.
    Не знам ни зошто коментирам на тема политика.
    Очигледно е дека нема промена, нема ни да ја има.
     
    На Nigredo Odor и Rama им се допаѓа ова.