А тој со сталажата од камерите што ја удри по глава (и ја расцепи во главата) за него обвинение покренато е?
Не станува збор за Митра и Шекеринска туку за локацијата. Поголема е тежината на делото ако насилно влезеш во законодавен дом или слична институција и кубеш отколку на пазар да кубеш. Јас правник не сум.Ама тие што судат се.Не верувам дека од тепка се пресудите на стариов.Сега очите на сите се насочени таму.
Ваљда се товари за повеќе дела. Учество во толпа, спречување на лице да изврши службена должност, бла бла бла како и да е... Шеќеринска и Заев ќе му опнат и граѓански тужби, за оштета. Плус и ќе треба да им плати.
Неоспорна е вината на стариот, не дискутирам за тоа. Законодавен дом вс пазар Место на одбраните вс место на народот Битни граѓани вс не битни граѓани ...затоа што мене и тебе може да не искубат само на пазар Мислам дека законот не треба да биде по микролокација, туку единствен за РМ
Не знам како е формулирано тоа, ама сепак станува збор за службено лице, министер, значи не е напад на обичен човек поединец. Ако сакале, можеле да го водат случајот и како обид за убиство со умисла, зошто да не. Мене лично, многу ми дојде неубаво кога гледав што се случува таму. Шеќеринска не ја сакам воопшто, ептен ми е антипатична, може воопшто да не ја ценам како човек но сепак е жена, а мора да се почитува и функцијата која ја извршува и местото каде се наоѓала тогаш. Ако тоа им се случува на личности од државниот врв и се помине неказнето, тогаш каква правда би останала и би очекувале обичните граѓани, тоа е.
Извини ама напад во Собрание не е исто со напад на пазар. Напад на Собрание е малтене државен удар. Не е сеисто некој да ти влезе во службена просторија (насилно) и да те малтретира и да те сретне на пазар и да те кубе. Шекеринска не ми е фејворит, ама за момент се ставив на нејзино место. Што сторила таа, и на кој начин (ако за тоа е револтот) има Закони и судови, ама ваков начин НЕ се оправдува. Во некои теми сите сме едногласни за насилството, ама тука гледам дека правите отстапки. Според мене ТРЕБА да се осуди чинот, па кој и да е во прашање.Ако не се осуди и казни, тогаш утре на билокој може да му текне да влезе пак и да мава шамари на несимпатичните. Е сега...мене може само на пазар да ме шамараат (ако има зошто). Мислиш дека сторителот нема да одговара ?
Нападот од Сдсм со албанците и циркузот кој го направија не е државен удар ? Со сила да дојдиш на власт против мнозинството на македонскиот народ на држава Македонија не е државен удар ? Обезбедувањето од Заев кое пукаше не е државен удар ? Исто е да пукаш во Собрание и на пазар според тебе ? Туку, дали некој ќе те искуби на пазар или во Собрание, за мене и не е толку битно. Проблем е што мислиме дека во Собрание тие таму нешто повеќе вредат. Затоа ќе ти дадам одговор на твоето прашање - (Е сега...мене може само на пазар да ме шамараат (ако има зошто). Мислиш дека сторителот нема да одговара ?) Твојот сторител ќе добие парична казна, зависно повредите, 500, 1000, 1500 евра (што и се случува во реалноста), а животот на Шекеринска е повеќе вреден од твојот, затоа и нејзиниот сторител ќе добие казна затвор. Законите нека важат за сите исто. Е, тогаш можиме да правиме реален муабет. А, вака секој си влече таму како му одговара. А, лично ти, си најсубјективната и најнереалната личност која пишува во темиве за политика, и им се чудам на умовите на оние кои ти ставаат дека им се допаѓа напишаното. Сега пак ти реплицирав, ама просто тебе не вреди тебе да ти се реплицира.
Кога ќе направиш разлика помеѓу Собрание и пазар, тогаш ќе дискутираме И, ако не вреди, те молам не ми реплицирај. Ако некој ми ставил лајк сигурно е на мое стојалиште.И обратно.
Некој да те нападне на пазар и некој да ти влезе на работно место и да те нападне, пак не е исто. Без разлика што работното место не ти е собрание.
Да. И не во Собрание...еве во приватна фирма во канцеларија додека си на работа, насилно да ти влезе некој и да те малтретира на работно место е казниво. Ама и друго...ако ја малтретираат пазарџиката што продава морков и министертор не е исто. Ти ФУНКЦИЈА малтретираш.. На пример, сите знаеме колку тешко дело е да нападнеш полицаец на должност и полицаец кога дома низ двор си шета...се работи за истиот човек, ама во текот на денот има различна функција (еднаш е службено лице, еднаш обичен граѓанин) Еве...ајде правници-повелете.
И јас многу сакам законите да важат за сите исто, ама во земјава изгледа тоа никогаш нема да биде. Ќе се случи некој настан па само смешки си правиме, а обичниот граѓанин настрадува. Eдните се фатиле за другите, другите за третите.. крајно објективно како да ви кажам. Особено кога спрема едните имате 8 очи отворени, а спрема други замижувате. Големите играчи спасуваат глава, марионетките секогаш страдаат. И пред законот, и пред религијата, правилата само за малите и сиромашните важат. Толку ми е згадено и од сдсм и од дпмне, штета е што нема кандидат од трета опција во мојата општина. И од народот ми е згадено, често се прашувам оние што коментираат на фб како најдобриот кандидат, ја заслужувате нашата доверба и слични булшит дали се фор риал. Затоа и поминуваат оние националистички провокации, и кај едните и кај другите. Затоа што сме прости.
Не се вакви законите само кај нас. Ајде сега да не претеруваме. Нашите закони се препишани од други закони кои се речиси слични и во другите дражави кои го применуваат континенталното право. Не правете приказни за дискриминација Собрание вс пазар. Имаше упад во Собрание, нападнато е лице на работно место. И да, титулата пратеник/министер има свои привилегии, права и обврски. Дедото поминал лесно. Правете разлика. Сите луѓе се исти според законот. Но за едно дело да се клкласифицира постојат многу околности. Затоа споредбите воопшто не ви држат место. Добро е да ди ги научиме законите и да ги почитуваме. Во Собрание се случи делото. Треба најостро да се осуди настанот, да се очекуваат казни за сторителите. Дедото и Горде да ја нападнаше, истото ќе го пишев.
referentkka Мислам дека не е важно функција или не туку работно место или не. Полицаец дома не е на работно место, но продавачкаѕта во бутик е на работно место. Инаку си ги читам коментарите од темата за децата од смилковско кога истите фацки на форумов што беа тогаш да се казнат убијците денес релативизираат. Мизерии , од такви сме тука кај што сме. да ја нападнеше гореде ти Јуле 100% немаше исто да го напипшеш да не се правиме дека од вчера се читаме
Токму тоа и го реков. Јас на пазар не сум на работно место. Ама полицаец во станица Е на работно место И животот е еден и на Претседателот и на работникот, ама кога ќе се посегне по нивни животи првото се вика АТЕНТАТ а второто се вика УБИСТВО. Исходот е ист, ама има различно име. Не е од сега така ова, со години наназад е, од кога знам за себе.
А што ќе пишев? Право ли? Упад во Собрание е за осуда. Аман бре луѓе, не значи дека ако сум подржувач на една партија дека не размислувам со своја глава и дека ги мразам спротивните. Дел најдобрите пријатели и ех маж ми се Вмровци. Стопати пишав. Човек не може мислење да си даде. Еве има и други правници, па нека објаснат и тие што значи Собранитето и упадот во него, напад на пратеник и сл. Може сум политички определена, ама тоа не ви дава право да ми го деградирате знаењето и да ми наметнувате дека заради тоа лажам. Впрочем постојат закони, достапни се. Земете и учете право. Македонија, земја на експерти. Сите знаеме се.
Во ред е ти го почитувам мислењето, само ете за сите важи, ретки се на форумов што гледаат реална слика, а ти сигурно не си мегу нив , и затоа џабе образование и се кога некој држи страна и секогаш секаде таа страна. Биле не биле во право , за некого се СДСМ или ВМРО секогаш во право. Ако не се во право тогаш кутите. Ке ве избркаат од штаб или што? Или имате по 15 години и се што лета се јаде? Смилковскио, смилковско смилковско, во бомби го имало, Груевски бил крив, тој го нарачал, дојде овој ги ослободи фино лепо оп сите кутат. Да беа сменети улогите ВМРО/СДСМ па вмровците ке кутеа. Мислам од такви си патиме. И ако ни е. Нека ви убијат на вас/мене дете во конфликт како 2001 или дете на смилковско и некој да ќари политички поеини на тоа па ке видиме како ке ни биде. Мислам дека дедово штом изгубил син, веке и не му е гајле за тие 4 години затвор.
@kikikikirika Де бе оставете тоа дека му загинал син во 2001ва. Самиот ви кажува дека немал деца никад, вие тоа па тоа.