Не изгубил син. Нема деца. Толку е одвратен што никој не сакал да го ебе. А за Смилковско, ако има Вељановски некаква врска со него, јас би сакала и тој да одговара.
Џабе образование може за тебе. За мене не. Партиската припадност не ми ја мати реалната слика. На пример, јас јавно, на профил си пишувам ако нешто не ми се допаѓа. И против СДСМ замисли. И никој не ме испадил од штаб. Не ни добивам наредби што да пишувам и каде. Ова е нешто кое не можете да го замислете. За жал. Се што не ми се допаѓа од актуелната власт го критикувам, ама толку читате. Исто како што Сејдиу и овој другиот се вратија во затвор. Што дедото нема деца.
Не дај боже некој да си изгуби чедо, на било кој начин, но еве хипотетички гледано и наслов во инфомакс стил: - Дедото со изгубен син во 2001ва, му пукна филмот и застана да си ја одбрани државата. Кој изгласа амнестија на хашките случаи? Липковската брана, киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници? Смееше да писне некој во 2011та? Пратениците на тој црниот понеделник летаа како партали а не обичен човек да влезеше и да ја маваше Бонева со сталак по глава ради хашките случаи.
Прашање до сите што неможат д направат разлика собрание вс пазар. Еве да претпоставиме друга ситуација. Шеќеринска или.било.кој министер/пратеник виден како извршува физиолошка потреба на јавно место и човек обичен. Коментарите ќе бидат од типот срамота, таа е министер, каква слика остава пред луѓето. Доколку за тој обичниот ќе искоментираш онака. Често гледаме по фб слики од пратеници како спијат во собрание и се коментираат. Зошто не се коментираат и сликаат пазарџиите што спијат во камиончињата каде што продаваат? Се надевам барем малку дека ја сфативте поентата собрание/пазар и функционер/обична професија
Спојлер: Мнозинство. (51) > / < / = (49+10+3+5) Дип уште аргумент е кој е мнозинство. Решете ја задачата со соодветниот знак: Поголемо, помало или еднакво, споделете ги резултатите со класот. Дедото си ја доби казната, ако сметате дека е "наш" и автоматски "невин", преиспитајте се и искрено одговорете си дали одобрувате насилство. Јас го знам одговорот и мило ми е што завршил во затвор. И да, нема деца, а не пак син кој починал 2001. Нема оправдување за тоа што го направи и барем нека си одлежи. И не го велам ова зошто се работи за Шеќеринска, да не се сфатиме грешно, ни јас не ја сакам, но не значи дека тие кои не ги сакам, имам желба да биди извршено физичко насилство врз нив. Насилството е најдолно, никој не заслужува да биди нападнат без разлика на грешките кои ги направил.
Мара работи на пазар и за нејзе тезгата и е службена просторија. Ама напаѓачот на Мара ќе добие поблага казна од напаѓачот на Шеќерка. И Мара и Шеќерка биле на работа. Мара помалку ли ја боли? не е навредена? понижена? НЕ. Бараме, у ствари јас барам еднаквост на законот за сите и на цела територија на РМ. Немам проблем со тоа да казната и за напаѓачот на Мара и за напаѓачот на Шеќерка биде 10 год. Ама да е иста. ТРЕБА. ИСТО ЗА КОЈ И ДА Е ВО ПРАШАЊЕ. Ама ти не ме разбираш или не сакаш. Па јас сакам оној кој тебе на пазар ќе те нападне да плати исто како оној кој ја нападна Шеќерка. Цело време поентата ми е тоа. Сонцето за сите исто грее. Шамарот сите исто ги боли. Па сакаш биди разшамарана во Хилтон, Собрание, пазар.
Не дека јас несакам да те разберам, туку дека за различни работи збориме. И не...несакам да бидам шамарана ни дома ни надвор од дома.Никој несака. Затоа и ќеф ми е кога такви насилници (па и јавно) се обидуваат да дискредитираат жена ќе добијат казна. Казната е од 3 до 10 години...значи можел и 10 да биде казнет. И...не е казнет само затоа што Рада ја шамара, туку за неколку дела наеднаш ! Ова беше ЈАВЕН НАСИЛЕН УПАД во Законодавен дом ! И да не ја шамарал, казниво е. Незнам зошто упорно го браниш човечево... Или ако сакаш веќе да направиш компарација, дај пример- Митра ја шамараа на пазар па никој не настрада..
Народно собрание, избрано од народот. Колку гласа добила партијата, толку пратеници. Да не делиме - множиме сега, мање битно. Удар врз пратеник е по автоматизам удар по народот. Само една од разликите помеѓу собрание и пазар.
@sanjaeva , разбирам што сакаш да кажеш и делумно се согласувам,законот треба да е ист за сите. Ама кога некој напаѓа службено лице пример полицаец,судија,пратеник тоа се смета како напад на институцијата. Ако јас удрам полицаец, правам престап и покажувам непочитување кон самата институција. А, од тоа колку ни вредат и си ги браниме институциите толку ни вреди државата. Затоа во поразвиените земји со збор да навредиш полицаец ќе добиеш огромна казна. Тоа е навреда кон државата,т.е сите граѓани. Затоа што ја намалува сигурноста во институциите. Исто така не видовте ли дека овој дедото си играл мајтап со судот,па кажал дека пробувал да ја ``одбрани`` Шеќеринска од толпата. Кај него нема каење за делото,нити ја сфатил грешката,туку пробува да го мајтапи судот. Ја омаловажува институцијата. И целосно се согласувам со @GrevMk ,тој пратеник е избран,гласан од одреден број на луѓе,ударот по него е удар и по слободната волја на сите тие луѓе што го избрале.
Превземено: Според Уставот на РМ, Собранието е највисокиот орган во државата, а пратениците се директни претставници на граѓаните. Оттаму, нападот врз Собранието, пратениците и новинарите е истовремено и напад врз демократијата во Република Македонија. Ваков чин не смее да се случи во едно демократско општество и претставува вршење на повеќе кривични дела, а за најтешкото од нив е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотно. Еве го Кривичниот законик за граѓаните на РМза условно речено-шамарање на не-пратеник) http://www.pravda.gov.mk/documents/KRIVICEN ZAKONIK precisten tekst.pdf
@Waka-waka и гледаш на видеово и вели дојди мори ваму , она не слуша , он пак дојди да те спасам , она пак не слуша , епа што да прави човекот мора да ја спаси нели жена е Шала на страна . Убаво е што ќе одговара пред лицето на правдата , ама не е убаво што законот не е ист за секој насилник
Некој пиша дека исто насилство различно се казнува во Законодавен дом и пазар. Не треба да е различно Рефи. И пазарот е јавно место. Те молам цитирај ме од кој мој збор процени дека го бранам? едит: не разбирам за што треба компарација да направам мене и Митра и Шеќерка ми се исти
Различно се казнува затоа што секоја професија си носи различна одговорност. Тежината на професијата игра голема улога. Судот по службена должност не може да донесе иста одлука и за тезгаџија и за пратеник. Пратеникот е институција, има одговорност пред народ, впрочем пратеникот е претставник на народот. Претставува маса. Тезгаџијата е индивидуа. Пред закон, не сме сите исти. Како што Мара не може да биде нападната од причина "го предала" народот, така Шекерка не може да биде нападната од причина ставила една краставица помалку во кесата. Секое дело има различна тежина. Исто како што потешко дело е да извршиш атентат, отколку убиство на обичен рандом човек. Како што потешко дело е да биде нападната полициска станица отколку кафана. Ако пукаш во станица и ако пукаш во кафана, различна е казната. Како што шлаканицата е потешко дело во суд, отколку на улица. Да бевме сите исти, сите ќе бевме или тезгаџии или пратеници. Кај нас проблемот е што ние имаме слаби казни, никакво судство. Кога Мара би добила правда со соодветна казна за нејзиниот напад, никој нема да праи толкава галама за нападот на Шекерка.
Таман си е казната за кубачот, за да научат нашиве сограѓани со примитивна свесност, дека институциите на системот не им се домашниот им двор, па да се однесуваат како сакаат. Преку глава ми е од луѓе кои не прават разлика меѓу личното, партиското и државното. И нека не остане само на кубачот....кај е Бетмен сељакот и компањонот негов, кај е цела фамилија Груевци?
Напад врз физичко лице и напад врз функционер не е исто и не се третира исто. И двете се казниви, но напад врз функционер многу по ригорозно. Не само кај нас туку секаде во светот. Префрли му нешто на полицаец или функционер во Америка директно во станица те водат. За физички напад да не збориме. И нормално е да е така, логично. Колку се шансите да биде нападната жена на пазар што продава компири, а колку функционер? Зошто некој би сакал да ја нападне женичката на пазарот, на кого би му текнало, што решава таа? Затоа шансите да биде нападнат функционер се големи, па од тука и големите казни, за да секој кој ке помисли такво нешто не се осмели, а сигурно ги има многу лудаци на кои им пролетуваат секакви мисли. Напад врз функционер значи напад и врз државата, функционерите ја претставуваат државата, тие се нејзини органи. Функционер и жена на пазар неможе да споредуваме.
Гревче овој стариот си го извлече поделиот крај Сите тепаа, кршеа, ама овој го фатија Им се јавил грујо да тргнат во напад, па овој старецот се нашол во штаб и така сенилно си кубел кого стигнал Заслужено 4 години. Ко е без памет на 100 годишна возраст да слуша наредби од криминалец, нека скапе таму. Ајде тој е стар, не размислува, изгубен, не знае што прави... Ама млади луѓе што го поддржуваат овој насилник бетер сте од него. Опасни сте за околината
Не е баш дека не размислува, убаво му се чита ОМРАЗА во лицето додека ја кубе и ја влече. Еј, не ми се верува, како воопшто можеш да се доведеш во ситуација да мразиш или пак да си заљубен-занесен, во некој таму функционер? Македонциве се стварно без мозок Се однесуваат ко функционериве да им се по дома, па ќе ги сакаме или ќе ги мразиме, и тоа со силни чувства
Блесави или налудничави изберете во која категорија ќе сакате да ве групира Црпко? https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=863412937151487&id=844435062382608 https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1673784045998866&id=100001018603730
едно е сигурно:читате ко шо ви одговара,а после па ко ќе почнете да драмите околу тоа леле леле мајко никој НЕ ГО ПОДДРЖА старецот туку сања вели дека НЕ Е ФЕР тоа што ако некој ја искубе Мара на пазар,кубачот ќе помине или со минимална казна(во нашата држава неказнето)а кубачот на рада во затвор 5 години.океј?значи не го поддржуваме и не сме опасни за околината чувај боже не се плашете толку. аман ве молам И не,не сум вмровка,многу ебитно да се каже тоа зошто на форумот е богохулење ако кажеш дека нешто не ти се допаѓа во врска со сдс доста ги вреѓате луѓето и ги класифицирате како„одредена банда на форумот што ви биле одвратни“ кога единствено што вреѓате сте вие,а само вие се жалите.Оставете секој што има да си каже.
Рада е институција. Митра е единка. Шамарот е шамар,ама неможе Митра да посакува да ги ужива привилегиите на Рада,бидејќи Рада е претставник на 20 000-100 000 -250 000 граѓани а Мара е поединец. Незнам како треба да се нацрта за да се објасни нешто дека ниту било ниту некогаш ќе биде. Да њ Митра во Собрание пратеник и да ја боли глава за тие 10 000-50 000-250 000 граѓани,тогаш и за неа ќе биде шамарот поскап. Горново е хипотетички кажано.