Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Нема смисла веќе ова. Секаде има неправда, тука најмногу се мириса. Навистина сум згрозена, нема никакво решение, освен некој ваков тип.
    [​IMG]
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Мафијата е на врвот. Што да се каже, холивудски сценарија ... жално што свеста тука е ниска за да народов го сфати вистинското сиже на филмот. Не само на овој и Змиско око ... туку и на Фаланга, процесот со Љубе, Рамковски ... мафијата наводна од Франкфурт итн. Не сме свесни која тешка корупција владее со народов.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    ^^^ Со ваквите зачестени "холивудски" чистки народот само си ја зацврстува (не)довербата кон институциите. Полиција, здраство, образование, администратори, судство... Криминал и корупција на сите страни, ќе треба време да се доведе барем на минимално ниво, ама знаете како велат "рибата смрди од главата" и се си мислам дека промените кон подобро треба да почнат од врвот.
     
    На esperanca, rossonerka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    26.698
    The Court finds that Greece, by objecting to the admission of the former Yugoslav Republic of Macedonia to NATO, has breached its obligation under Article 11, paragraph 1, of the Interim Accord of 13 September 1995

    http://www.icj-cij.org/docket/files/142/16841.pdf
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Предмалку заврши изнесувањето на пресудата на Судот во Хаг во случајот кој Македонија го покрена против Грција. Судот прифати две од трите тужбени барања на Македонија.

    По првото тужбено барање, со кое Судот се прогласи за надлежен во слуајот, гласале 14 судии „за“, а само двајца „против“. За вториот заклучок на Судот, дека Грција ја прекршила Времената спогодба од 1995 година на НАТО-самитот во Букурешт 15 судии гласале „за“, а само еден „против“. Со ист распоред на гласови Судот ја донесе и одлуката дека не може да ѝ наметне на Грција во иднина да не ја блокира Македонија во нејзините ЕУ и НАТО интеграции.

    Грција не успеа да докаже дека блокадата во Букурешт била одговор на македонската употреба на симболи во 2004 година. Судот утврди дека пред Самитот Македонија не иницирала негативна кампања, односно според Судот, Македонија активно учествувала во преговорите за разликите околу името кои се водат под покровителство на ООН.

    На почетокот од соопштувањето на пресудата, Судот го отфрли барањето на Грција за ненадлежност, и се прогласи за надлежен во случајот кој Македонија го покрена против Грција во ноември 2008 година.

    Судот кој одлучуваше по жалбата на Македонија го сочинуваа 15 судии од целиот свет, и во него немаше судии од Македонија и од Грција. Двете страни во спорот имаа именувано по еден ад-хок судија. Македонската страна ја претставуваше судијата од Хрватска Будислав Вукас, а грчки ад-хок судија беше професорот по меѓународно право на Универзитетот од Атина, Емануил Рукунас.

    Апликацијата пред Меѓународниот суд на правдата против Грција, Македонија ја поднесе во ноември 2008 година неколку месеци по самитот на НАТО во Букурешт. Следеа два обемни писмени поднесоци, односно меморандуми, на кои грчката страна приложи меморандуми – одговори.

    Извор плусинфо
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    ^^^Беше многу веројатно дека ќе го добиеме спорот, сите докази беа на наша страна. Според мене оваа одлука и не е којзнае каков напредок за решавање на проблемот, се потврди она што се знаеше а како за крај судот ги повика двете странки да изнајдат заемно решение. Ама со ова Грција е таа која е обврзана да ги продолжи започнатите преговори. Сега останува да се види нивната реакција. Лично мислам дека се можни три опции:
    -Не е многу за верување, ама можно е јавно да се обврзе дека ќе ја почитува оваа пресуда, и не би ја блокирала Македонија во иднина.
    -Можно е исто така да негодува и со "свои факти" јавно да се изјасни на нејзино непочитување.
    -А по се изгледа најверојатно е дека ќе молчи и ќе ја миниманизира важноста од сето ова бавејќи се со побитни прашања за државата (економијата и спасот од банкрот, наредните избори...).
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сепак имало надеж, има правда. Очекувано .
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ^^ Мислам дека ова беше само губење време, Грција знаеше дека игра незаконски ама си купуваше време, а и ништо посебно не се реши со пресудава, никаква корист зашто пак се остава простор за нај битното прашање-а тоа е можноста за Грција и понатаму да ни става вето. А со самото држење на одлуката спремна а не прочитана уште повеќе и се додаваше време на Грција. И што сега, пак јово на ново, толку замрсени односи, толку независни а економски сепак зависни од нив. Ако одат тие одиме делумно и ние, особено ако се отцепат од ЕУ готови се/сме.
    Толку време ја чекавме пресудава како чиниш готово цел свет ќе не признае со неа, а сега ми изгледа како толку непродуктивна :?:
     
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Баш ми е мило што победивме.Барем имаме основ на што да се повикуваме кога ќе не тераат да си го смениме името,а ние не се даваме.
    Со други зборови,победава можеме само да си ја урамиме на ѕид и да се фалиме,пошто друго фајде од неа немаме.
    Освен како тотално неразумни,да веруваме дека на Грцине ќе станат разумни.Па нели нема да не попрекуваат да влеземе у ЕУ ил НАТО,и ќе не оставаат да се викаме Македонија и така среќни и весели на крајот ќе си се гушнеме. |(
    Ту гуд ту би тру.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Туку фино шо ја победивме Грција на ваков начин ^_^ е арно ама сето ова е игра на големите сили :D а се знае кои се, иако ние имаме доста аргументи со кои би ја решиле Грција, кога нас би не прашале, значи без големците :) значит мислам на секаков начин.Којзнае што финта им е ова што со тешко срце дозволија да го земеме случајот против Грција, некоја си тактика имаат, а што не велам дека Грците не беа против нас,ох тие и те како се против нас, само Америка ги притискаше уште повеќе во врска со ова, затоа и се тегне целава работа со името, со оглед на фактот кој ја одгледувал Грција.Секако не би требало да се очекува дека Америка во целост не подржува, тоа е само тапкање по рамо :D Грција е зависна од големите сили, не дека тие не влијаат врз било која држава во светов, ама Грција им е слаба точка.А поради ова, секако дака би се радувала на ваквата одлука, но некако има нешто во позадина кое прави некакви си математики, во поблага форма речено :D
     
  11. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Видете, се’ тоа фино што победивме, правдата е на наша страна...
    Но сето тоа е во теорија, а што правиме во пракса? :)
     
    На kate21, Hipica, antilla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Јеее победивме тралалалалалалала 15 према 1 ...

    И ? !
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    253.450
    Џабе што пресудија во наша корист кога пресудата е правно образувачка само за Македонија и Грција.
    Судот се прогласи за ненадлежен.
    Очекувано беше да ја добиеме, ама за што ќе ни е? :^)
    Да си ја урамиме!
    Се сомневам дека Грците ќе се обврзат да ја почитуваат пресудата.
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.076
    Допаѓања:
    1.123
    И ќе го чекаме следниот самит, има уште 6 месеци, чуда може да се издешаваат до тогаш. Нема потреба од песимистички ставови. Јасно е дека пресудата е чисто декларативна, тој суд нема механизам со кој може да ѝ наложи Грција да не го користи повторно правото на вето, меѓутоа се подразбира дека држава меѓународно осудена - не смее и не треба да го повтори делото. Дали ќе го почитува тоа никој не може да знае. Не би требало да се осудат на таква бламажа пак, а ако биде такво нешто, ќе мораат да кажат зошто ставаат вето. Ако е заради името, ние од денес имаме судска пресуда која вели дека не смее така. Додека пак, уште кога ставија вето знаеја дека ја прекршуваат спогодбата и штом тогаш не им беше страв... Па сеа тумачете.

    Од друга страна, Грција на која во моментов светот и ЕУ гледаат како на најголем срам на унијата, доби уште еден шамар, што не е ич мала работа. Македонија е безгласна буква во меѓународна политика, а дипломатски победи држава што се декларира како место кај што е родена демократијата. Не може никој за сигурно да каже што и како, може да си прогнозираме само, иако ако евентуално влегуваме негде, тоа е НАТО. Крај краева, си има членка над мене пишано, клучна улога има САД. Едно е барем сигурно, прекин на преговорите би бил најглуп потег во моментов.
     
    На Donatella му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    "'Во очекување на обраќањето на премиерот Никола Груевски по повод пресудата на Судот во Хаг кој потврди дека Грција ја прекршила Времената спогодба во Букурешт, се очекуваат и спонтани собири на луѓето на плоштадите низ целата држава...'

    абе што му е на народов ќе се собира за ова?? па оваа одлука на хаг не е нкоја голема работа за да му се аплаудира на груевски... боже што се ќе прочитам кој ќе оди на ова ?
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    ^^ Тоа ти е
    Македонија победи, Грција не е поразена.

    Не знам што ќе се слави, со пресудава ама ич ништо не се утврди, особено не идентитетот. :?: :(
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Е морам да си пишам на најголемиот гаф на нашиот ни ....семоќен
    Овие од Хаг и пошироката околина јасно и гласно се изјаснија дека Пресудата од Хаг тотално никакво значење нема за влез на МК во ЕУ а оној наш дебил излегува пред ТВ и јасно и гласно си вели дека Пресудата е од значење за МК и од неа зависи дали ќе влеземе во ЕУ.
    Јас стварно незнам дали веќе има писмени.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ништо работа, според официјалните изјави на Хаг тие не можат да го ограничат Грчкото повторно (не)ставње Вето кое е официјално право на секоја членка, што значи пак сме статус кво, само што тие повторно ја вртат вината на наша страна со изјавите дека ова е со цел пролонгирање на решението за проблемот, а пак ние си имаме доказ в рака дека сето ова е "калимеро правда" која ќе се користи како аргумент за се поочигледното оддалечување од каков било напредок. Со ова односите ептен се заладија, а секаква комуникација спрема двете странки одамна е само рутина.
    Ми се чини дека нашиве кога се впуштија во ова не беа свесни која ќе биде користа од позитивниот исход. Како што е кажано погоре - ова нема да има никакво влијание врз било какви потези кои би биле продуктивни во практика. Сепак мислам дека треба да се работи на случајот затоа што членството во ЕУ е дискутабилна тема, но НАТО ни е и тоа како потребно.
     
    На Donatella му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rebeca

    rebeca Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    30
    Знаете кој слави за овој случај......ТВ СИТЕЛ.......ЦАЦИ АРСОВА во вчерашниот тв дневник додека читаше за ова може и се подмоча грејната, целата блескаше од радост како којзнае што и се случило нејзе лично.Абе таквите особи се да ги жалиш на животи, спас им нема..... Жално навистина мноооооогу жално .
     
  20. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Со оваа пресуда на меѓународниот суд во Хаг ние не добивме ништо друго освен една голема сатисфакција, ниту пак Македонија, врз основа на истата, ќе влезе во ЕУ или НАТО.
    Оваа пресуда не повлекува апсолутно никакви санкции кон Грција. Се уште постои можност Грција повторно да ни стави вето.