Рада 25 години е во политика. Нели и здодеа-незнам. Еден мандат и доста би ми било..така си мислам.. Ама изгледа кога ќе седнеш на фотеља тешко се напушта.
Па затоа е вака како што е. Кога би биле паметни Македонците, би направиле целосен бојкот на избори. А можеби и бојкот на советничките листи, кои ми се чини дека никогаш не биле полоши. Се разбира, ова во некој паралелен универзум со нормална држава и народ.
Не е работата дали да ја жалиме Шеќеринска, Села, Трајко, Петко... Работата е, зошто такво дивјачко однесување на 24 април во највисокиот законодавен дом на една држава? Дедото, кои и да му биле поривите, не му личи на годините тоа што го стори. Јас знаеш ли колку сум бесна на локалната власт во моето место? И што треба да правам сега, да одам да ги кубам за коси? Ако е за така, преку ден можам да го правам тоа, ама зошто? Они долни, јас уште подолна. Не. На сите ќе им дојде крајот кога-тогаш, ни Рада е вечна, ни Грујо, ни Бранко... А дотогаш можам само сеир да си гледам и да си молчам. Мир за политичар да си нарушувам, никогаш. Оти тој секогаш ќе биде прав, а јас крива. Исто како дедото. Тој во затвор, Рада министер.
Сите знаевме дека ќе дојди до такво нешто, порано или подоцна. Работите одамна се излезени од контрола, така да не знам зошто толкава запрепастеност. Ако сакаш повеќе да се запрепастуваш од тоа што се случувало во мкд, а и што се случува посети ја страната на Буре весник, па ќе видиш дека скршено е дното. Не оправдувам насилство, ама здосадено ми е од политички пропаганди, па и не ми падна нешто многу жал.
Знаеш никогаш ама баш никогаш нема да се сплотат заедно македонците за да ги бојкотираат изборите(јас и би бојкотирала избориве , многу погрешни лица се поставени на погрешни места) , затоа државава ни е таква каква што е
Не ни очекувам такво нешто. Одамна ми е тргната илузијата дека ќе тргнат работите на подобро. Тоа подоброто може да бида индивидуално. Ако некој се ухлеба на функција, па него/неа да и биде добро, а мнозинството пак да тоне во сиромаштија. Затоа сме фиром и ќе останеме тоа.
Не зборувам за жал, зборувам за глупавоста на народот глава во оган да ставаат за политичари и нивни налудничави идеи. Тогаш ќе си плаќаат, а овие ќе уживаат во фотеља.
Тоа дека се глупави, де факто е. И дека ќе го јадат за ретарди, ќе го јадат. Ама глупавост гледам на двете страни. Сдсм се повеќе наликува на ребрендирано вмро. Уште не добиени избориве, правеле листи кој-каде да се вработи. Епа не сме глупави да не гледаме дека не се бира квалитет, туку партиски послушник со сомнително високо образование.
За жал, системот партиска книшка = вработување кај нас нема никогаш да се искорени. Ни на крај памет не ми паднало дека ќе се случи тоа кој и да дојде. Ама знаеш што? Веќе ќе немаат ни кој да командаат. Малку останаа од оние што ги гледаат такозваните политичари во нивните лажливи очи и молат за вработување, а за возврат 15-20 сигурни гласачи. Народот се чини не е свестен, ама е... Јасно му е веќе на секого дека овде НЕМА ПРОМЕНИ, па собира партали и по бел свет. Можеби таму ќе е граѓанин од втор ред, ама нема да е манипулиран од некој простак кој студирал десет години за 200 евра плата. Мирно ќе спие и колку ќе си сработи, толку ќе си има.
Епа тоа е кратковидоста кај Македонцот. Си велат јас да се снајдам овие 4 години, па што ќе биде после ќе мислиме. А реалноста е дека се намалува бројот на работоспособно население, се зголемува бројот на пезионери. И не се прашуваат уште кој ќе плаќа даноци и полни буџет. Да не зборам дека освен дефицит на медицинари, ќе има дефицит и во сите останати сектори. Ќе им светне еден ден, ама касно ќе биде.
Па има ли некој кој од други причини е во политика? Политичка партија по дефиниција се бори за власт. А власта е моќ. Нема човек на планетава кој влегол во политика без мотивација да ја освои власта. Е, сега има разлика од Мандела до Хитлер. Али и двајцата сакале да ја освојат власта. @ADOKI еј, срамота е друже. Морате малку да почнете да размислувате. Ама тоа надвор од штаб. Искочи во природа, или запали кола прошетај по државава, и размислувај малце.