Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Па очигледно не верувам само јас дека нема да биде толкав криминалец ко грујо... Ете се виде од изборите дека народот сака промена.

    Не сме малоумни, сите знаеме дека луѓето на власт си ги полнат џебовите (затоа се тепаат за фотеља) ама треба осет и граница... А не да ја силуваш државава.

    Реков нека краде и нека се глупира и тој ко грујо, ама одма народот ќе се крене на нозе и ќе го испрати и него.
     
  2. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.898
    Допаѓања:
    7.582
    jolly ти стварно веруваш дека нема да краде?(facepalm)
     
    На Lianna Anna и ADOKI им се допаѓа ова.
  3. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    Грујо ги премина сите граници на нормалното и не само во врска со крадење.се изјаснив јас за тоа уште одамна ама да тврдите упорно дека немало да краде зошто „немал потреба“ е за тоа малце морген
    искрено сакам да верувам дека ти си во право ама.... знаеме каде живееме

    @Justicija пошо вчера читав наводно си ги знаела законите.Барање мито не се важи за криминал?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Ќе краде со осет... Денар од ваму, денар од таму... Ќе собере и тој кутриот да преживее.

    П. С. Кажав погоре што мислам.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Кога би имала праведна судска разрешница за минатата власт , и големи казни , тешко би се решил некој за лева рука десни џеб ...

    Бране се збогати благодарение на тие што не го чепкаа , али беше голем послушник на Еу и на Сад , све што ке испорачаа Бране исполнуваше .
    А Грујо изгледа се замисли дека е масон од прв ред , и ... Ке видиме што ке биде на крај
     
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    48.649
    Гледам повеќе пати го употребуваш зборов за Грујо у темава, па не ми е баш јасно дали го знаеш значењето? :bandit:
     
    На ADOKI и DAngel им се допаѓа ова.
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Повели Гош , види го значењето и научи ;)
    Шовинизмот, во оригиналната смисла на зборот, е претеран патриотизам и агресивно верување во национална супериорност и слава.

    Тој дојде да вклучува екстремна и неразумна пристрасност во име на која било група на која некој припаѓа, особено кога пристрасноста вклучува злоба и омраза кон ривалските групи.
     
    На galapce, sjdgo и Gosh им се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Не знам за други општини, ама во Гази Баба деновиве се уништува документација на велико.
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Нешто ке те прашам Неџби право да ми кажиш кои војводи беа на халкидики :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: хахахаааа урламмм :rofl::rofl:
     
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Сигурно секаде ќе е така,се селат преку ноќ,празнат кабинети кога нема вработени,изгледа не очекувале дека ќе губат па сега им е фрка
     
    На Annath, LollySky и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.124
    Пол:
    Женски
    @H.VAGA не се трудам јас ништо да докажам . И онака не сум партиски обоена . Штабовите не ни знам каде се во градов . Ама кога сме кај вмро , значи навистина претераа . Во овие 11 години , додека беа на власт , јас видов повеќе осиромашување на народот . Казни се вадеа од ракав , закони за даночно обврзување се носеа на секој саат , средната класа сосема умре .. На страна нека е се , ама капак ми е што воените ветерани мораа да ги вратат парите од оштетата , а повеќето од нив се со рани по телото и длабоки трауми . Засегната сум за ова од 2 страни . Татко ми беше резервист . По пиџами го собраа од дома во 5 наутро , 3 недели не знаевме дали е жив или мртов , за малку глава ќе изгубел бидејќи го пратиле на отворено бојно поле . Среќа , па се врати здрав и најважно жив . Ама таа среќа ја немаа поголем дел од војниците и резервистите . Од друга страна , мм е во АРМ , вработен во државна институција а униформите исцепани како уличар да е . И не само неговите . На поголем дел вработени се такви . Па не е ли должна државава да им даде една саглам опрема бре мајка му стара ? Па една војна да фати ( скраја и далеку било ) овие ќе немаат една исправна пушка за на бојно поле .
    Додека беше бившиот министер за одбрана , повеќе се ветуваше од што се исполнуваше . Баш во тоа време мм се вработи и од она што се ветуваше , пола не е исполнето . Туку , фала Богу што се освести народов , па сега претпазливо ќе се следи секој чекор на новиот состав на врвот , и се надевам дека секоја грешка ќе биде строго казнета , според тежина на истата , не само од народот , туку и правно .
     
    На stilas7 и makedonkamak им се допаѓа ова.
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Општество во кое на креатури како Јохан и Ивона се трошат милиони евра не заслужува да постои.

    Не, сериозно, општество кое инвестира милиони буквално во локална бараба со жена певаљка од локална биртија, и водителка на ефтини пропагандни бљувотини кои ги чита искуцани во ворд последните извештаи на партијата... не знам зошто би требало да постои воопшто.
     
    На Bridget, Annath, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    55.555
    Пол:
    Женски
    И јас деновиве се изнаслушав дека Заев е поштен,немало да кради и пустоши.
    Таков бил само Бранко,а овој невиниов далеку бил од него-да де само дур да се намести удобно на фотеља.
    Дека се подосвести народов да го урне режимот,за поздрав е,ама дека очекувам некои големи промени и екстра придобивки,искрено не очекувам.
    Сите се исти,сите гледаат да удрат по грбот и џебот на обичниот граѓанин.
    И дај достате со споредбите дека Заев е добродушно невино јагне,тоа му доаѓа како да речеме отворено Груевски е гнаса,ама Миле,Ставревски и Гордето се анѓелчиња кутри.
    Ете таква е споредбата со Бранко и Заев :D
     
    На Michelle* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    доста ма ти што знаеш:Dизборите фер премиерот поштен дома си има доволно.Ќе тргнеме напред конечно со олку чесност и правда:rofl:
     
    На zuto и Rama им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    8 години по 60 000 евра (12 месеци по 5000) се 480 000 евра:o:o

    Убаво сме ја почестиле фамилија Тарчуловски.

    Па и секој месец по една недела одела во Хаг:o
    Незнам зошто става во есап три карти по 800 евра, кога синот подоцна се роди:?:
    Па неморала и со најскапите летови да оди, колку знам до Хаг има и за 300 евра лет, па и поефтин.
    Па и хотел ЕДНА НЕДЕЛА:o.

    Никако не ми е јасно..нели таа беше вработена во Влада?...како тоа секој месец по една недела ,,тепала,, низ Хаг ?:tmi:

    Скандалозна, срамна и надвор од сите правни норми е одлуката на поранешната влада на Никола Груевски да му се исплаќаат по 5.000 евра месечно парична помош од државните резерви на семејството на Јохан Тарчуловски, хашкиот осуденик во случајот Љуботен, додека тој ја издржувал казната во холандскиот затвор Шевенинген, реагира јавноста, но и правни експерти и бараат одговорност од сите инволвирани во овој скандал.

    Хелсиншкиот комитет во изјава за Плусинфо ја повикува Владата да покрене постапка со која ќе преиспита дали постои злоупотреба на буџетски средства. Уранија Пировска, правник и извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, вели дека е неопходно да се покрене постапка и да се испита кој дал одобрение за такво нешто со оглед на тоа што на објавениот документ кој всушност е одлука на поранешната влада не е наведено по кој основ била исплатувана паричната помош. Во Владата велат дека од вчера ја проверуваат целокупната документација и дека јавноста навреме ќе биде информирана.

    [​IMG]

    Одлуката за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2011 година е потпишана од поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски на седница одржана на 22.02.2011 година. Пред да се најде одлуката на владината седница, како што дознаваме, за неа се расправало и на владината Комисија за човечки ресурси со која тогаш раководела Гордана Јанкулоска. Биле одобрени средства во висина од 3.690.000 денари месечно како парична помош за семејството на Јохан Тарчуловски. Тие пари биле исплатувани од државните резерви затоа што кога се кроел Буџетот не била предвиден трошокот од 60.000 евра на годишно ниво како помош за семејството Тарчуловски, пари кои биле на товар на буџетот на Министерството за правда во времето кога министер беше Михајло Маневски.

    - Немам информации дека на семејството Тарчуловски му било исплатувано парична помош - вели за Плусинфо поранешниот министер за правда Михајло Маневски, наспроти владината одлука на која пишува како ќе се исплатуваат парите.

    Соња Тарчуловска во изјава за Плусинфо вели дека парична помош од државата почнала да прима по неколку месеци откако нејзиниот сопруг беше приведен на 13 март 2005 година. Таа тврди дека за сите пари што ги примила од државата стои законска одлука донесена од тогашната влада на Владо Бучковски, а подоцна и од владата на Никола Груевски.

    - На третиот ден откако го приведоа и го однесоа Јохан во Хаг отидов во кабинетот на министерката Мери Младеновска. Првите месеци го посетував Јохан со парична помош, собрана од здружение на граѓани, а подоцна кон средината на летото со парична помош од државата - вели Тарчуловска и ги повикува инспекциските органи да ги проверат сите нејзини трошоци и сметката на која биле уплатувани парите за да се утврди дека се било направено врз основа на владини одлуки.

    Тарчуловска и во отворено писмо потврди дека примале пари од државата во период од 8 години, а парите ги користела за патни трошоци и за сместување при нејзините посети на Јохан в затворот. По овој податок што го откри Тарчуловска, Плусинфо спроведе истражување, според кое семејството Тарчиловски, но и семејството на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во прво време добивале парична помош од држвата со одлука на поранешната влада на Владо Бучковски, а подоцна со доаѓањето на Груевски на власт помошта била зголемена на 5.000 евра месечно, за што потврдува и документот, односно одлуката на поранешната влада од 2011 година.

    Во однос на забелешките дека еден куп пари биле трошени за нејзините посети во затворот во Хаг, Тарчуловска објаснува дека, тогаш за разлика од сега кога има евтин авионски превоз, билетот чинел 800 евра. Нејзината пресметка покажува дека 2.400 евра се трошеле за три авионски билети, 1.050 евра за сместување во хотел за една недела, по 1.000 евра оделе на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, а дека семејството во Скопје преживувало со 270 евра. Таа тврди дека ниту денар од парите не биле злоупотребени, ниту пак земени незаконски.

    Поранешната министерка за правда Мери Младеновска потврдува дека на семејствата на хашките затвореници им била исплатувана парична помош

    - Точно е дека донесовме одлука да им се исплатува парична помош на семејствата на Тарчуловски и на Бошкоски. Одлуката беше донесена врз основа на компаративни искуства што ги добивме од другите земји кои веќе имале осуденици на Хашкиот трибунал за воени злосторства - вели Младеновска за Плусинфо.

    Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи кого Хашкиот трубунал во 2008 година го ослободи од обвиненијата дека сторил злодела против етнички Албанци, во судирите во 2001 година се присетува дека неговото семејство примало најмногу по околу 1.500 евра месечно, пари кои биле одобрени од владата на Бучковски, а кои неговата сопруга Виолета ги трошела заедно со децата да го посетува во затворот во Шевенинген.

    - Тие пари беа пред се за патни трошоци, во затворот се сами си плаќавме, така што тие трошоци беа многу поголеми. Подоцна владата на Груевски ја зголеми паричната помош на 5.000 евра, но во меѓувреме бев ослободен - вели Бошкоски.

    Поранешниот министер за внатрешни работи вели дека скндалозно во случајов е што државата исплатувала парична помош, спротивно на хашките правила, според кои таква помош можеле да добиваат само високи воени и државни претставници. Јохан Тарчуловски, како поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на поранешниот претседател Борис Трајковски во никој случај не можел да добива таква помош.

    Љубе Бошкоски и Јохан Тарчуловски беа обвинети за кршење на законите и обичаите на војување во случајот „Љуботен“. Бошкоски беше обвинет за „командна одговорност“ односно дека како министер за внатрешни работи му одобрил на Тарчуловски да ја формира и да ја предводи полициската единица која во август 2001 година спроведе акција во Љуботен. Тој беше екстрадиран во Хаг од Хрватска на 24 март 2005. Бошкоски до заминувањето во Хаг, неколку месеци беше во истражниот затвор во Пула.
    Јохан Тарчуловски замина од Скопје во Хаг на 16 март 2005 година.Тој беше осуден на 12 години затвор. Казната му беше намалена на осум години, од кои шест години помина во Шевенинген, а останатиот дел го одлежа во германскиот затвор Диез. Во Македонија се врати во 2013 година.

    Јака политика воделе, нема што:lol:

    Се прашувам дали ќе им го осатават станот во Кисела Вода што им го доделија за живеење?
    Исто ме интересира дали ќе ги вратат парите?
     
    На Gosh, anaja1, LollySky и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    За хаг има секакви летови освен тие од 800 евра.кого лаже кутрата?постот не е пишуван од неа пошо се гледа шо коментарите колку е да не речам(ама ќе речам)неписмена.па и уште без срам кажува дека по хотели спиеле 'најефтини";(требаше уште пари да им дадеме за да може цо троа поасолен вака мн се мачела ;(
    парите нема да се вратат станот ќе им остане а дотичниот и градонаачалник ќе го стават.тоа е нашата чудесна земја македонија:inlove:
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Мене ова најмногу ме интересира , дали ке ги вратат парите и станот ?? Одела секој месец да се ебава по затворине затоа и требале 5000евреки и плус малку и биле (facepalm) Само нека кажи колку пари земаше од донации:x

    Инаку друга тема :Ке го брка Заев на Села од влада а?
     
    На Gosh, LollySky и referentka им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Не го сведувајте сето на: одела таму да се ебе со мажот и'. Што прави со мажот и', исто ко вие со вашите дечковци/мажи...е нејзина работа, соодветно ваша. Нек ве занимаат само парите што се потрошени без да има основ за тоа. Нека не ве занима сексот помеѓу двајца брачни партнери. Не го вулгаризирајте целово.
    Исто, нема да си трошам здив на објаснување дали Тарчуловски бил терорист или патриот кога во влада имате цела постава терористи кои се заштитени ко мечки и кон кои се однесувате со огромна доза на политичка коректност во ситлот: Албанците нека да си се сеќираат за тоа што тие убиваа и силуваа цивили. Не е наша работа.
    Ама, париве што се фрлани за фамилија Тарчуловски, наспроти целото претходно фијаско со семејствата на загинатите бранители кај Вејце, кога државава ги тужеше и психички ги тормозеше за да ги вратат парите од оштетата, па после се пишманија.... бљак.

    Груевски, не личи на некој што така лесно ќе поднесе оставка. Ќе остане до крај да го води ВМРО и ќе гледа да се одржи....дур може, дур е на слобода. Нема ми се чини помоќен, кој да му каже сиктер.
    Реформаторите... не се од сега. Веќе некое време се сликаат и парадираат со интервјуа. Ама,немаат тие моќ за ништо повеќе од сликање и парадирање. Има очигледно причина оти Груевски не се повлекува и покрај сите притисоци...особено тие од надвор.
     
    На friendy, Rama и Michelle* им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    38.205
    Пол:
    Женски
    Јас се плашам дека вака ќе биде. Ќе го гледаме сценариото од СДСМ пред 10-тина години. Кога не го пуштаа Бране да си оди. Го допреа дното, па почнаа да се креваат малку. Не дека заменава што ја одбраа е којзнае што :^), ама барем не е Бране. Тргнаа од мртва точка. Така и ВМРО, ќе се држат за Грујо ко слеп за стап. А се додека им е он лидер, не верувам дека пак ќе се вратат на власт. Мислам дека подлабоко ќе тонат. Всушност, се ова ми личи на дежаву од пред 10-тина години. Само актерите ги имаат сменето улогите.
    Жално :x
     
    Последна измена: 20 октомври 2017
    На Rama и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809

    Да си плаќаше од свој џеб, никој нема да збори..немаше ниту да разбере
    ТОА ги иритира луѓето
     
    На daylight, Mishela, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.