Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Кoлку не убедлив гoвoр нa Груевски. Не знaм дaли ми звучи исплaшенo, гневнo или без сaмoдoвербa.
     
    На kuc, marta993, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.911
    Допаѓања:
    188.959
    Пол:
    Женски
    Искрено не гледав. Сликава ми излезе на фб и ми се виде смешна коинциденција, па споделив. :)



    Кога веќе сум на таа тема, воопшто од цела кампања не ми се допаѓаше ниту еден говор, ниту дуел меѓу кандидатите за градоначалници. Бар од она скромно што го изгледав. Баш попладнево загледав Само вистина на канал 5, со кандидатите за Бутел, 100 пати очи превртев на начинот на кој бранеа ставови.
    Не знам зошто имаат потреба секој муабет да го свртат на потсмевање, надменост, цинизам. Цела кампања беше таква. Еден нормално да дебатира немаше, се беше во фокусот на цинизмот. Ми се чини цела кампања беше натпревар за бољи сарказам.
     
    На galapce, marta993, DAngel и 4 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    @Yowannty Јас малку гледав, зошто навистина излагањата на сите до еден им се да превртиш очи.
    Еве еден цитат од говорот: "вмро на овие избори влезе како фаворит"
     
    На kuc, marta993, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Баш. Еве и излезе како фаворит. Катастрофа.
     
    На Elen4e_sonce, oblace1 и DAngel им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав дуелот помеѓу кандидатите за градоначалници во Бутел. Задоволна сум од Дарко Костовски од ВМРО. Се приметува дека од срце и душа го сака Бутел и дека ќе работи за доброто на граѓаните, од друга страна Велимир беше многу слаб соговорник. Вели дека е против изградба на христијански симбол-крстот. Од причина дека ќе го мочале кучиња и мачки :wasntme: Тој крст нема ли да биде заграден? Како не го мочат кучиња и мачки крстот во АЈРОдром?
    Велимир е роден, но не живее во Бутел. Не ги ни знаеше улиците на Бутел. Па како може да се кандидира за градоначалник кога не живее во Бутел? Катастрофа
     
    На zuto, Rama, Michelle* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Кога станува збор за локални избори, навистина е важно да кандидатот се анализира пред се како личност. Колку и да знеме која политичка партија стои зад кандидатот, многу е важно кој е човекот за кого гласаме.
    Се сложувам со твојата анализа на кандидатите од аспект на тоа дека ги анализираш лично.
    Партиите мораат да водат сметка кого предлагаат. Вмро имаа многу утки, од кои ЈТ им е кикс бр.1 на избориве.
     
    На kuc, Mishela, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Богами, психопатологијата на Тарчуловски тешко дека може некој да ја надмине.
    Тој живее во К.Вода само 4-5 години, ниту ја знае населбата како што треба ниту луѓето во неа и нивните проблеми. Ако веќе сакаа да му удоволат, можеа да го кандидираат во Бутел на пример.
     
    На referentka, oblace1, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    408
    За многу работи е забеган, но за ова ми се чини и те како е во право. Нападот врз Стефче е токму од еден од тие луѓе кои ги збори.
    Вториот е Красниќи толку време се закануваше дека ќе го дигне Скопје во воздух, и се сеќавам добро како народот тогаш беше во страв и бараше токму од владата на сдсм да реагира, а тие велеа опасно било. Не можела државата да влезе во едно село. Но изгледа не било баш така.

    И сега после толку години кога сдсм се враќа овие луѓе се на слобода.
    Не велам дека некој бившата влада го затворила политички, но за најмалку двајца се знае.
    Едниот всушност сам си отиде и направи инцидент на денот на изборите

    Исто чудно е што на овие избори вмро беше најслабо организиран, како никогаш досега.
    Дали тоа им било алиби за подоцна да кажат дека се заплашувани или се стварно заплашувани незнам,
    Важно комшии кои едно време одеа дење ноќе за вмро сега останаа дома. Воопшто не ни им било дадена команда. Другиов комшија кој е член на Сдсм самиот си кажа дека работено е за прв пат после толку години.

    Се согласувам дека премиерот бивши си кажува и еден куп лаги кои ги збореше и изминативе години.
    Па мислам дека е време да си оди. Што порано тоа подобро.
    Мислам дека само лошо прави и е штета за Македонија со секој изминат ден. А 11 години и претходно како министер се дури и премногу.

    Не знам кои ви се во Бутел кандидати, но тоа што велиш дека кандидатот на сдсм е против изградба на крст е нормално. Џабе фрлени пари во нешто што нема вредност и ако така размислува јас го подржувам.

    А крстови, џамии и цркви имаме веќе еден куп па сметам дека немаме потреба од други.
    Парите треба да се пренаменат во спортот, хигиената, гасификација. Работи кои се многу побитни
    за едно општество и кои ни фалат
     
    Последна измена: 22 октомври 2017
    На Justicija и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    38.205
    Пол:
    Женски
    Сакаш ли да се менуваме со населбите? Еве јас во АЈРОдром живеам. Цркви, крстови, на секој чекор. Колку сакаш. Ептен ни е убаво со нив. Вода не ни треба, имаме цркви. Улици, такоЏе. Инфраструктура, не. Градинки, што е тоа? За воздух нормален да не зборувам. Ама... битно имаме црквички и крстови. Ете колку ни беше вреден бившиов градоначалник.
    Да ви го пратиме ако сакаш? И така сега нема ангажман. Да ви ја среди општината :?:
     
    На galapce, JollyGirl, marta993 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Точно така, јас од емисијата Само вистина заклучив дека Дарко Костовски има цврсти ставови, страствено и емотивно зборуваше за Бутел, дури имаше и сјај во очите, се приметува дека многу ќе се залага за општината. Од друга страна Велимир Смилевски беше изгубен, се приметува дека не живее во Бутел (не ги знае ни улиците) едноставно се приметува дека не располага со аргументи.
    Јохан Тарчуловски го почитувам како патриот и идеалист но, за време на кампањата не беше медиумски активен. Сметам дека има послаб вокабулар, но јас него премногу го почитувам. Мислев дека ќе победи во Кисела Вода....ќе видиме во вториот круг,

    @Albertos не реков дека живеам во Бутел, туку дека ја гледав емисијата Само вистина, на интернет читав доста работи кои ми се потврдија во емисијата. Се тоа што ти напомена инвестирање во спортот, гасификација и сл. стоеше во програмата на кандидатот Костовски. Не знам дали си запознаен со фактот дека во Бутел беше СКВЕРНАТ ОСВЕТЕН ТЕМЕЛНИК на крст. Значи поголема навреда од сквернавење на цркви, манастири, икони и крстови за мене како верник не постои. Велимир Смилевски јавно рече дека нема да се изгради тој крст не поради фактот што нема нема средства во буџетот, туку за да не бил мочан од мачки и кучиња (facepalm) тоа со мачките ме потсети на Заеб дека блиндираниот мерцедес бил гребен од мачки.
    Осветен темелник на крст мора да се изгради. Дозволено беше негово сквернавење, сега должност е да се изгради. Знаеме зошто сдс тоа одбива да го направи.

    @An-na не реков дека живеам во Бутел, како што погоре пишав ја гледав емисијата Само вистина. Не би живеела во АЈРОдром, бидејќи не би сакала да живеам во зграда (таму претежно се згради) Еве Заеб ќе ви донесе воздух што се секираш, само пази со воздухот да не донесе и мигранти. Сум била во АЈРОдром има и улици, вода, градинки и.т.н Кога станува збор за крстот во Бутел ќе ти кажам дека беше осветен темелник за крстот. Потоа овој осветен темелник да биде СКВЕРНАТ. Епа никој за тоа не одговараше.
    Јас сакам да биде поставен тој крст, никој нема право да сквернави осветен темелник.

    Доколку сте верници ќе ме сфатевте во спротивно очекувам да велите дека има поважни работи од поставување на крст. Јас ќе речам дека осветен темелник не смее да се уништува, сторителите не добија никакви казни. Очекувам поставување на крстот.
     
    На zuto, Rama и sanjaeva им се допаѓа ова.
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Sega imate Ajro Ajro vazduh :) :) :P
     
    На Tanjamm, Lianna Anna, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    38.205
    Пол:
    Женски
    Кој е како нас :rock:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Блазе си ви :D:rofl:
     
    На Tanjamm и carangigia им се допаѓа ова.
  14. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Народот ке одлучи !!!
    Народот и стварно одлучи , како може уште да ја потценува интелегенцијата на народот
    Се чудам како не свати дека никој не го сака и ке одговара за своите здлодела !!!
    Иако прочитав дека сакал Мицковски да го стави на неговото место (поранешниот директор на елем) па му се налутиле некои други членови , како и да не се налутат кога мицковски е поим за ароганција , дури фацата му е како луцифер (facepalm) и не му личи да биде лидер на партија ..... Иако очекував дека ке го назначат Никола Поповски сепак човеков има харизма , шарм , култура на дипломат , али чика грујо сака војниче кое ке го слуша (facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
  15. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    @Albertos
    Со оглед на тоа колку Стевче Јакимоски е омразен меѓу луѓето,претпоставувам дека и неговиот напад е со нешто заслужен, а не дека е директно вмешана Сдсм.
    На Зоран Заев не му беше од никаква корист правење инциденти пред и за време на изборниот процес.
    Кампањата на Вмро си беше и те како организирана и единствена цел им беше да му покажат на Заев дека пивторно ќе го поразат и згазат буквално. Тоа им беше мотивот за успех, но НЕ успеа.
    На луѓето веќе им е доста од мозок перење. Голем број активни борци на Вмро воопшто не ни излегоа на гласање зошто беа разочарани од Никола.
    Плус немаа толку многу можности да си ги местат изборите како што сакаат и мува да не ги лазе, никој за ништо да не одговара.
    Доколку биле навистина ангажирани сомнителни лица нека повели јавно со доказ нека обелодени.
    Години наназад првеа шшто сакаат, аболицираа по Вмроски список извршители на тешки кривични дела. Меѓу таквите е еден од напаѓачите на З.Заев од 27 април кој е извршител на двојно убиство , едното убиство на дете од 4 години т.е бате Геле така мислам му беше прекарот.
    Во мојот град немаше ниту еден единствен инцидент, заплашување, уценување, поткуп и слично.
    Без потреба сака Груевски да си излезе невин, нема. Поголем дел од граѓаните го чекаат денот кога ќе го видат Николче зад решетка. Се надевам за брзо.
    Не дека Зајко е нешто посебен или безгрешен, но ќе го видиме и него. Има уште време.
     
    На Tanjamm, CrazyGirl15, Elen4e_sonce и 3 други им се допаѓа ова.
  16. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    9.318
    Пол:
    Женски
    upload_2017-10-23_15-1-54.png
    Патриотски?!:o или идиотски сакаше да кажи?(facepalm)
    :headbang::headbang::headbang::headbang::headbang:
     
    На oblace1, CrazyGirl15, makedonkamak и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    48.647
    Тодоров сеа за кај го спремаме, татко на мајка Македонија или татко на ќерка ВМРОу?:smirk:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Гледав исечок од интервјуто на алфа кога бил грујо гостин, и овој водителот му вика:
    - Во понеделик се празнува денот на вмро дпмне....(си продолжува)....

    :?: :rofl: :?: стварно дпмне рече? :?:

    Неписмени платени новинари со книшки од вемеро левел 100000000000.

    Јас па очекував со повеќе новинари околу него, со публика во живо да му поставува прашања (како што прави Заев), и како што е ПРАВИЛНО да излезе еден (бивш) кандидат за премиер и претседател на паритија...Ама нема да ја имате таа чест...Ќе го гледате само како чита со прашањата пред него, со еден платен новинар и со еден скриен камерман.

    (facepalm)
    Брука...Како може некој да рече дека е нормално НИКОГАШ да нема тв дуел (бившиот) премиер?
    Да бега од новинари? Да бега од Заев? Да бега од сите луѓе што не се со испран мозок?

    Бре ама е дунда во душа.

    Ајде секако во Шутка заминува...Нека чита таму и нека ги лаже уште тие малкуте во земјава што останаа со зинати усти да му веруваат. (ако воопшто уште постојат такви или само се преправаат за да не бидат апла сончогледи).

    п.с. Пак глумел патриот...Мене затворете ме, само немој да и наштетувате на земјава :rofl: :rofl:
    Умирачка е човеков....Се виде на катастрофалната загуба на изборите колку му е гајле на народот за тебе патриоту ;(
     
    На galapce, CrazyGirl15, anaja1 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    За да, кога ќе го уапсат, рече дека се жртвувал за спасот на земјата.
    Не дека е нешто крив.
     
    На CrazyGirl15, makedonkamak, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Нормално дека нема да му поставуваат незгодни прашања во НИВНА телевизија ;)
    (Мијалков ја има изрекетирано од Штерјо Наков.)
     
    На Gosh и JollyGirl им се допаѓа ова.