Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Битно е тоа што цела недела бевме главна тема по вестите низ Европа |( Ама ко ќе дојде за преговори, еее, пак не сте во право, еее, Грците вака, Грците онака |( Добро, една битка турнавме, што со целата војна?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.351
    Хрватска денеска во Брисел го потпиша Договорот за присоединување кон ЕУ, кој ќе и овозможи да стане членка на Унијата во јули 2013 година, откако Хрватите за тоа ќе се произнесат на референдум, а 27-те земји-членки ќе го ратификуваат Договорот.

    Потпишувајќи го Договорот за присоединување на Хрватска кон ЕУ, хрватскиот премиер во заминување Јадранка Косор рече дека го потпишува најважниот документ во својата политичка кариера.

    Свој потпис на долгопосакуваниот договор стави и хрватскиот председателот Иво Јосиповиќ, како и европските преставници Претседателот на Европскиот Совет Херман Ван Ромпуј, председателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Парламент Јиржи Бузек.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Лустрациски атак врз Фрчкоски!


    Лустрациски атак денеска ќе биде извршен врз професорот Љубомир Фрчкоски, влијателна јавна личност, познат колумнист, поранешен министер и претседателски кандидат на СДСМ, дознава Плусинфо.

    Според нашите сознанија, пред Комисијата за верификација на фактите ќе се најде материјал во кој Фрчкоски се товари како наредбодател, односно наводен потписник на акти за оперативни обработки на Димитар Црномаров и писателот Миле Неделковски, по пробугарска линија, на владиката Петар по просрпска линија и на извесно лице за албански екстремизам. Станува збор за периодот од 1992 до 1996 година, кога Фрчкоски бил министер за внатрешни работи.

    Комисијата ќе се обиде да докаже дека Фрчкоски од идеолошко-политички мотиви и ги одобрил актите за оперативна обработка, кои претходно биле потпишани од началници, помошници на министерот и од потсекретарот на Службата за државна безбедност, согласно со Правилникот за работа на СДБ.

    Извори на Плусинфо тврдат дека намерата на овој атак на комисијата на Томе Аџиев, на месец дена пред одлуката со која Уставниот суд би можел да го оспори лустрацискиот процес за периодот од 1990 година до денес, е да се искомпромитира професорот, познат по своите жестоки јавни настапи против власта и евентуално да се загрози неговата позиција на Универзитетот.


    Браво! Немам што да кажам повеќе :fubar: :fubar: Нив кој ќе ги суди? :fubar:
     
    На BoaVista и tanja6 им се допаѓа ова.
  4. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    ако се земе да се лустрира и од 1990 па до денес,за идеолошко-политички мотивирани акти и операции,прислушување и слично,тогаш мислам дека никој од сегашнава гарнитура функционери на вмро а богами и од претходната на сдсм не би поминал и не би можел да врши функција понатаму :D или барем ке бидат мнооооогу малку тие шо ке останат на прсти ке се бројат,можеби некои пресни или краткотрајни функционерчиња шо не стигнале уште да се извалкаат :D така да можеби конечно ке ми се исполни желбата да дојдам до шанса да бидам министерка за култура пошто нели ке нема кој па ке се даде шанса на нови луге :rofl: па како ганка министерката и ја ке си шетам по светот дотерана измазнета по изложби театри манифестации итн :D
    шала на страна ова е лудилоооо :^) до каде ке се стигне со овие лустрирања,затварања,подметнувања??точно е дека една држава мора да се бори со криминалот ама тоа не треба да биде селективно и стихијно..змиско око,фаланга итн калдрма сега 90 души.тие луге имаат фамилии,кои зависат од нив..
    а и лустрацијава нели беше целта да се откријат кодошите од комунизмот,да се спречат да вршат функција,да се расчистат некои работи во државата а и жртвите на комунизмот да добијат некоја своевидна сатисфакција,така е барем во светов.а вака ако се лустрира до ден денешен тогаш која е поентата-пресметка со противниците?сегашнава влада ке ги лустрита сдсм,па ако случајноо дојде сдсм на власт по некое време ке ги лустрира вмро и така лустрира-кастрира може и државава ке ни еволуира :^) :rofl:
     
    На zhap4e, Lilit и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Лустрација за оние кои соработувале со службите на Југославија..ах што ќе се случи ако некогаш се луструраат сите оние кои соработуваа со косово, бугарија, грција.
     
    На butterfly.mk и Offspring им се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.757
    Допаѓања:
    116.814
    Пол:
    Женски
    Еве зашто сум против синхронизација. Децава све слушаат па после им доаѓаат луди идеи. Турските серии не се воппшто наивни а се даваат преку цел ден.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Не огра сонце чак и во Декември :rofl:

    МАКЕДОНИЈА "ЛЕЖИ" НА НАФТА ВРЕДНА ОКОЛУ 500 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ? ^_^ ^_^ ^_^

    Македонија која спаѓа во земјите на Јадранскиот Базен на одредени локации има богати количини на нафтени резерви.Тоа се Пелагонискиот дел , каде има и богати наоѓалишта на јаглен, Овчеполскиот дел, Полошкиот дел и Охридско Струшкиот базен.

    Резервите кој ги има во Македонија од екс Југословенскиот Геолошки институт кој во 1974 година вршел бушења на наколку локациии во Македонија , во склоп на армискиот проект на екс Југославија под кодно име „Бунар„ дошле до сознанија дека општа проценка во тоа време била дека експлотацијата на нафта е исплатлива и тогаш проценето било дека како сурова нафта , необработена вредноста била околу 500 милијарди долари , а доколку истата се рафинирала и се пристапело кон производство на нафта и нафтени деривати ,заработката би била трократно поголема. Пробни бушотини се правени и во Охридскиот базен на два локалитети, едниот кај вулканското дувло кај селото Косел и другата бушотина крај Св.наум.
    При извршените пробни бушења кај вулканското Дувло кај Косел на длабочина од 300 метри , се наишло на геотермална вода која имала температура од 90 степени целзиусови, додека на длабочина од 800 метри се наишло на природен гас-Плин и Нафта.Бушотината е затворена и бетонирана ,а целокупната архива околу наодите на бушотината и комплетниот елаборат се наоѓаат во Војно техничкиот Институт во Београд (ВТИ).Во реонот на Свети Наум на длабочина од 1400 метри откриен е наод на природен гас –Плин и Нафта , овој наод се поврзува со Албанската таканаречена нафтена жила , која од страна на Албанија се експлатира веќе 50 години.
    Многу ќе се запрашаат зошто екс Југославија не ги екплотирала овие наоѓалишта, но одговорот е едноставен.Стратегијата на Тито била продажба на оружје на неврзаните земји чиј лидер беше Тито , во замена за ефтина нафта и нафтени деривати , па поради таквата политика на тогашниот систем експлотацијата на сопствените ресурси барало вложување на тешки милијарди долари, нешто што во тоа време не бил приоритет на екс СФРЈ.Инаку Македонија Србија ,Војводина и Босна спаѓаат во земјите на Европа каде има најголеми резерви на природна Нафта.
    Како пример со мали зафати и со кредит од светска банка Охрид со бушотина кај вулканското дувло кај Косел може да се снабди со топла вода и воведување на парно греење за цел Охрид и Струга со што би се решила топлинската мака на домакинствата во Охридско Струшкиот регион.

    Дали Македонија ќе се зафати со експлотација на овие наоѓалишта зависи од Владата на Р.М.докумантецијата –елаборатите може да се побараат од Р.Србија и со тоа да постанеме водечка економска сила на Балканот.

    Македонски шеици .... :P :wasntme:
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Венди, сега Американците ќе дојдат да ни спроведат демократија :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    ^

    Готови сме ако дознае Американа има нов непријател одма ќе се префрлат тука :D И нели многу нормално еден мора жртвено јагне да биде , ќе биде претставен како диктатор , Лошко , Баба Рога само кај нас има голема конкуренција :( мене тоа ме секира како да се одбере вистинскиот ? :wasntme: :rofl:
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Леле сто посто оној луд чичко на татко ми веќе купил пури и чалма и ќе се куропеца. :lol:

    Станува интересно во светов! Грујо ко Гадафи! :D
     
    На Offspring и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    http://www.economist.com/blogs/graphicd ... linggloomy

    Истражувањата на еден од најчитаните весници во светот Лондон Економист,обајвени вчера, покажале дека во Македонија се живее мизерно и дека таа е прва земја по мизерија и сиромаштиија во светот.
    А нашите патриоти, повторно се вадат со Бранко Црвенковски и Сдсм, дека тие бројки биле од времето кога тој владеел.


    Стварно не ми е јасно, кога тие кукавици ќе соберат еднаш храброст и ќе признаат дека е така? До кога планираат да се вадат со Бранко Црвенковски и Социјал демократскиот сојуз. Ова е веќе претерано, што и да се случи во државата, Бранко им е крив. Како ноќна мора им е. :x
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.086
    Допаѓања:
    26.699
    Овие се на власт толку години, а уште Бранко им е крив... Ај тоа, него народов незнам до кога ќе мижи и молчи за мочани 10 000 денари што ги зима по основа партиска книшка....
    Една од најголемите причини зошто би се иселила од земјава е заради овој глупав, прост, мизерен народ, што толку ефтино го поткупуваат.... :puke:
     
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
  14. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    401
    Девојки а што е работава со Телеком не можев да сватам баш? СДСМ мегу себе се караат, па ги обвнуваат ВМРО, па американци истражувале. Што е работава знае ли некој?
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Додека ние се караме меѓу себе, кој лаже а кој не,кој е патриот а кој предавник, пратенициве си ги качија платите за 5% мислам дека од декември ова година.
    Епа кога сме офци ќе не стрижат.
    Да беше ова во Грција сега ќе гореше собрание сосе пратници!
    Мутаво Македонче до кога ќе се задоволуваш со трошки кои ти ги фрлаат?
    Само имам да кажам дека сме срамна раса, не Гоцева! Офчарска сите не стижат.
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Актуелен политички настан-зошто се доделуваат 1000+1000 карти за единственото случување кај што светот ќе слушне за Македонија! |(
    Веќе ја претеравме со полнење оф топик темата наменета за тоа, ќе ви се обратам тука, па кој сакал читал, кој не, баш ме брига, што се однесува до мене, ако ова не ви е настан, бришете ме |(
    Ќе почнам со „засрамете се“! Знаете зошто? Зашто најдовте политика во натпревар во кој треба да се гордееме. Толку ли гледате низ портокалови очила па се ви изгледа портокалово? Толку многу ли ви смета власта која народот ја избра? Од секогаш ли вие бевте задоволни, па сега незадоволни сте од животот? СДСМ е искоренета од сите институции и сите можни битни функции во државава и припаѓаат на власта? Толку ли плитко стасуваме? Е браво за нас! Испаѓа работава, Грујо е октопод, пуштил раце секаде, не не припушта. Хм, е па јас просто се чудам како може да е веројатно и Бучковски да е ВМРОвец, зашто нели, гордо носеше национален дрес и гризеше нокти на сред натпревар... Што е многу многу е!
    Се најде совршен изговор за плукање и искажување незадоволство- се се случува за време на Груевски!
    Кога Црвенковски беше на власт, немаше ништо, сите демек беа среќни и задоволни, цутеше економија, спортот соврешно резултираше, и бидна, падна, па сега ни е криво зошто по десет години сега најдоа да тепаат спортистиве, м?!
    Тоа е болката, а не е болката што вчера еден куп неранимајковци отидоа да си пробаат среќата и да им ја лапнат картата на извлечените |( Ако добро ги прочитавте постовите на Тедигреј и Другарка, ќе си речевте добро, тие беа во средината на нередот и убаво се потрудија да ни ја објаснат ситуацијата, па сега среќни и задоволни си раскажуваат импресии. Но не, упорно се бара во јајцето влакно, па се бараташе со информации, со списоци, со броеви?! Браво, ви личи.

    Ниту една од вас не се потруди да разбере дека сме живееле и во полоши времиња, дека човекот може да има различно мислење и дека секогаш ќе си го штити лебот! Ебате партијата која мене пред десет години ми го одземаше секое право на нормален живот, а сега се обидува да ми го одземе секое право на радост! Јас имам свое мислење. Мене животот сега ми е добар. Јас се радувам што нашите намачени спортисти застанаа на рамна нога со сите останати, без да бидат потценати и испаднати уште на првиот натпревар. И се радувам што нашите кошаркари добија ордени. А знаете зошто? Затоа што никогаш во изминативе 20 години не сме биле едно, како сега! Всушност, сме немале ни прилика да викнеме „напред Македонијо!“
    Одете и преиспитајте ги вашите аргументи. Ви смета успехот на спортистите или ви смета што се тоа се случува за време на ВМРОвската власт?
    Останете со здравје, и продолжете да жалите, наместо со свои раце да превземете нешто и да испливате во подлабоки води!

    А, и да не заборавам, еве ви го дупачот, што убаво ве напецка, па после кажете кој меша политика и онаму каде не и е местото |( И уште да кажете дека е во право, ВРВ!
    Патриоти, право у Ниш!

    Гордан Георгиев

    Ги молам ракометарите да освојат барем четврто место на Европското првенство. Тоа ќе биде добро за нацијата, а нив ќе ги поштеди од бесмислени критики
    ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
    Атмосферата во Македонија пред почетокот на европското првенство во ракомет наликуваше како еуфоријата што пред секое светско првенство во фудбал се создава во Бразил. Бразилците се фаворити број еден во фудбал, а за бразилската нација секој пласман под првото место е неуспех и национална катастрофа.
    Ете, деновиве Македонија наликува на Бразил. Не, не сакам да кажам дека деновиве Македонија е една голема сиромашна фавела како оние во Сао Паоло (нашата држава е фавела последниве шест години), туку мислев на „филмот“ кој секојдневно ни' се наметнува во поглед на големите очекувања од нашите ракометари. Во најавите на „најпатриотската“ телевизија секојдневно слушаме повици од типот „ајде ракометари да го повториме успехот на кошаркарите“ и разни други споредби од тој тип кои ни' ги подигаат апетитите со опасност потоа да треснеме од земја.
    Во таа неподнослива врева, ми се чини дека не успеваме доволно достојно да го валоризираме неверојатниот успех да се изигра реми со Шведска (која е своевиден Бразил или Аргентина во ракометот) и тесно и помалку несреќно да изгубиме од Германија (Германија си е Германија и во фудбал и во ракомет).
    Склон сум слободно да кажам дека оваа ракометна репрезентација е на еднакво ниво на квалитет како и нашата кошаркарска репрезентација, иако споредбите се навистина бесмислени. Но притисокот кој овие момци секојдневно го трпат од „Гоцевата раса“ е неверојатен. Дотолку повеќе треба да се валоризира досегашниот успех на нашите ракометари. Ако се сеќавате, пред почетокот на Европското првенство во кошарка повеќето од вас не ни знаеја дека се одржува такво првенство, а таман работа некој да помислеше дека Македонија е еден од фаворитите. По аналогијата на нашите кошаркарски херои, сега практично излегува дека секој пласман под четврто место на европското првенство во ракомет ќе значи национална катастрофа за нас. Тоа не е фер, бидејќи нашите ракометари играат првокласен ракомет, а притисокот свртен кон нив е огромен. Конечно, едно е да играш без психолошки оптеретувања во некоја далечна Литванија, а друго е да си „у Ниш“.
    Приказната околу подигањето и спуштањето на очекувањата на јавноста е исто така класична тема во политиката. Еден друг припадник на „Гоцевата раса“, ама со нагласени античко-хеленистички црти, веќе шест години вешто си игра со очекувањата на два милиона народ. Во оваа наша ролер костер држава, граѓаните секојдневно се изложени на лажни очекувања од секаков тип. Премиерот Груевски и неговиот кум, економски експерт-пророк-кој-нема-да-знае-каде-да-побегне-од-срам кога пердето ќе се крене и лагите и манипулациите ќе излезат на виделина, му ветуваа брда и долини на македонскиот народ. Од економска благосостојба досега невидена на овие простори (балкански тигар), до освојување на светот и победа на македонската фаланга против Грција.
    Резултатот после шест години е поразителен: Македонија е шампион во мизерија (Економист) а Премиерот пред некој ден призна дека „и покрај тоа што правдата е на наша страна“, силата во политиката е на сила во светот и Македонија не може да се бори против тоа. Лагите на владиниот тим се толку големи, што ни сите изгорени книги од Александриската библиотека не можат да ги соберат. И да биде перверзијата на оваа колективна хипноза уште поголема, нашиве властодршци постојано се китат со туѓи перја. Овојпат перјата се парите на македонските граѓани кои секоја година се слеваат во државниот (вмровскиот) буџет. Македонија е богата држава (со најголем буџет од осамостојувањето) а во неа живеат најсиромашните граѓани во Европа. Мама миа, порка мизерија, или во превод „Мајко моја, свинска мизерија“.
    Овие сиромашни граѓани (мизерни ми е премногу тежок и тажен збор и затоа избегнувам да го употребувам) секојдневно гледаат како пред нивни очи, со нивни пари се гради центарот на градот со најскапоцени и истовремено најбесмислени градби. Во меѓувреме, државниот ревизор (поставен од Владата) ни кажува дека сомнежите на СДСМ во врска со криминалните градби, тендери и анекси на проектот Скопје 2014 можеби и имале основа.
    Ако овие работи се покажат како точни, а вистината кога тогаш ќе излезе на виделина, тогаш ќе се покаже и дека кој лаже тој и краде, или кој краде мора и да лаже. И додека траат овие политичко-коруптивни „жмурки“, поставувањето на милионски скапите коњи, копја, штитови и безимени воини треба да послужат како арена за прославување на епохалните успеси на нашата држава (како пречекот на кошаркарите) или пак пригодно место кадешто ќе се ставаат на „гилотина“ или на „клада“ оние што ќе се огрешат.
    Затоа ги молам и Кире, и Наумче, и Стевче и Ванчо, да освојат барем четврто место на европското првенство во ракомет. Тоа ќе биде добро за здравјето на нацијата, а и ќе ги поштеди нив од бесмислени критики. За мене, пак, огромен успех е ако ја прегазиме Чешка и се обидеме да се пласираме на Олимпијадата во Лондон.
    Залудно надевајќи се дека нашата Влада сепак гледа кон Брисел или Вашингтон, сфаќаме дека груевистичкиот идеолошко-политички дострел не досега подалеку од Ниш, а најдалеку Белград. Затоа, да се опуштиме малку, да седнеме пред телевизор, да не глумиме големи патриоти, да газиме цврсто на земја, да си гледаме ракомет и да навиваме за Македонија.
     
    На MSkorpionka и Abeja им се допаѓа ова.
  17. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    не ми е јасно зашо мешате спорт и политика?што има врска успехот на ракометарите со тоа која партија е на власт,или пак со колумната на некој преставник на опозицијата?што тука партијата одземала или дала,или пак колумната на некој политичар?успехот е успех само на ракометарите,и тренерите,тимот позади нив,а не на некоја партија или политичар..ракометарите се заслужни за тоа..и да,се радувам за ракометарите,навивам страсно ја дигам зградата у вис :) пресрекна сум за тоа шо го постигнавме и досега покажавме дека сме добри за да не не потценуваат другпат.
    кате,те разбирам дека ако поубаво живееш сега нормално ке ја подржуваш оваа партија..тоа си е ок..ама тоа е твое лично искуство..има многу луге на кои им било поубаво за време владеење на другата партија,на сдсм.шо по пагањето на сдсм ги изгубиле функциите или работата пример.незначи дека ако на тебе ти е поубаво,дека и на сите им е поубаво.јас глобално не гледам некое напредување во државата,и во стандардот на лугето,и пред 10 години се земаа истите плати и сега се земаат истите,и тогаш просечно се земаа околу 150 евра-200 евра плата..и сега е исто.а богами трошковите за живот,грееење струја и слично од година во година се накачуваат така да не гледам дека сега е нешто подобро како што велиш..
    мене лично не ми е било подобро ни за време на сдсм ниту сега..затоа што моите примања и примањата во мојата фамилија не зависеле од политичка партија.ниту од оние ниту од овие сум имала некаква корист.приватно со свој труд заработуваме,а не по основ на членска книшка.така да не може да ми се залепи никаква етикета.
     
    На BoaVista, JuLleE и Abeja им се допаѓа ова.
  18. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Taња, ти само оваа тема ја читаш?
    Јас ја префрлив дебатата тука, за да не ја расипиме и онака подпалената тема која не беше за таа намена |( И јас не бев таа која смеша политика и спорт, напротив, на два три наврати пробав да ги одделам |( Ама, пошто нели си имаме ние мувиче едно малецко, па ај ќе го ишкаме наваму натаму |( Пролистај па види кој замеша манџи и излезе кисело благо на крај, оставајќи сите останати да џвакаат!
    Кај спомнав јас дека мене книшката ми помогнала поубаво да живеам? Никаде! Зашто мене подобар живот ми донесе вербата за промена. А фала богу, животот е тркало, некогаш таа промена ќе те однесе горе, ама некогаш и ќе те спушти многу долу, па ќе си офкаш и мрчиш дека власта е крива!
    На првиот добиен натпревар, штама, само радост за постигнатиопт резултат, вториот исто, кој гледа гледа, кој не од комшијата научил дека нашите ракометари на големо се спремаат за повисок ранг. И оп на третиот натпревар, кога веќе почна вистинската еуфорија, ете една паметна глава, не обвини затоа што се радуваме. И почнаа нередите. Се јавија партиите. А вие, жени, ги поддржавте зборовите на оние кои без трунка срам го засенија успехот кој сите го посакувавме. Јас не спомнав партија никаде, Тања, јас само го цитирав дотичниот Господин кој ја почна оваа фрка со навреда! А кој си сфаќа дека е прозван, нека повели :) Што се однесува до мене, сакавте вистинска битка, повелете, водете ја! Ама не правете проѕирни стапици за оние кои гледаат натпревар, а не двобој!
    Мене ич ама ич не ми е гајле дали подмладокот на едната партија оди вечерва во Белград, мене ми е гајле што сите останати не превзедоа нешто во сите изминати години да го сменат тој адет, туку само си стојат отсрана и ракоплескаат на секој навредлив збор.
    Вас, драги мои, на повеќето ви е битно да има за што да се плука, а не дали воопшто е оправдано тоа! Зашто учени сме ние, 100 000 ќе живеат ко бубрег во лој, а другите ќе патат за лебче, и ко ќе се сменат тие 100 000 на местото на овие мирниве, ќе пуштат глас како да се Африканско племе, небројно!

    И уште ова, вие самите си залепивте етикети тука, само кога ќе ви ги пребројам лајковите за индиректни навреди( а нема, јас за себе не се интересирам, па ќе ве тражам вас, како не), кукууууу, ќе бараме грмушки |(
    Пријатно, довиџења, обратете се кај надлежните кои со дрвена лајца мешаат по манџава!
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    kate21 - потполно се согласувам со твоите мислења
    А со tanja6 само во овој дел
    Тања6 за да ја цитираш кате21, треба да ја разлисташ темата на која и се однесува постот.
    Ама некако ми изгледа дека се поделени на групи па нон стоп си плукаат и си се лајкнуваат и по десет мислења ставаат на иста тема со едно исто, цитирајќи после секој што се изјаснил за, они го кажуваат по стоти пат своето-против, како демек не ги прочитавме првиот пат :lol: . И во теми за спорт мешаат политика, ако некој добил карта, одма на тој татко му добил фотеља од Груевски :rofl: тоа ти е кога нема за што друго да се мисли и зборува.
    Темата за бесплатните влезници стана толку одвратна што не се осмелувам да ја отворам, многу негативна енергија шират поединци, и бидејќи веќе еднаш -два пати се искажаа што мислат, нивното повторување на едно исто дава заклучок дека си редат постови и си го растат цветчето, а за лајкови да не правам муабет :lol:
    Срамота е да мешаат политика и кај треба и кај не треба, па еве им простор за тоа, нека плукаат тука, а не да го рушат расположението на оние кои имаат импресии од ракометот.
    Овде се расправа за политички настани а не во спорт, уште малку и во рецепти ќе почне да се плука политички, крив за тортатата ќе им биде Груевски :lol:

    Туку ДЕНЕСКА СТАРТУВА АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА ПРОЕКТОТ: "КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН"

    Субвенционираните кредити се за сите граѓани, но во фокусот на проектот се младите, за кои нерешеното станбено прашање е причина тешко да се одлучуваат да стапат во брак, да имаат дете или да го прошират семејството. Статистичките податоци покажуваат огромен расчекор меѓу бројот на изградените станови и бројот на склучените бракови. Во 2010 година во државата е изграден 871 стан, а склучени се 14.155 бракови.
    Извор вечер

    Планира ли некој да се обиде да аплицира и лесно ли е да се среди документацијата?
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.700
    Допаѓања:
    253.450
    Абеја еве јас ќе ти реплицирам бидејќи се чуствувам повикана во твојот пост, бидејќи и јас сум една од членките кои плукат.
    Најпрво политика во секој сегмент во општеството ја замаша владеачката партија, тие први почнаа да собират поени од успесите на кошаркарите и ракометарите. Видоа дека македонскиот народ е во еуфорија и се пали на успесите на спортистите па си најдоа сигурно поле на собирање на поени преку пумпање на лажен патриотизам.
    Се убаво, нека редат и нижат успеси било кои спортисти, ама доколку оваа влада, а и било која друга е толку засегната за спортот, не треба да купува гратиси за своите едно 70 % сопартиици, туку да инвистира во него и финансиски да ги поткрепи тие кошаркари, спортисти, фудбалери.
    Во ред е и тоа шти имаме одлична публика, но пред се приоритет треба да бидат ракометарите. Пример само ќе ги земам Хрватите, кои играат во Србија, без ни приближно толку публика, а знаеме како играат. Значи не е клучна публиката, за која се дига толку голема еуфорија и ми се чини дека поголем број тоа го сметаат за најголемо достигнување.
    Јас спомнав еднаш дека немора директно ти да бараш врски да те изберат за лотаријата за гратиси, туку си имаат таква политика да избираат лица кои се дела од владеачката партија. Сестра ти беше избрана, така? Сакаш да кажеш дека ти не си партиски определена? И да не ги именувам и останатите членки кои се пратиски определени, а се прават неопределени.

    Да ти одговорам и за твојот дел во кој пишуваш дека некои членки тоа го правеле за цветче и за лајкче.
    Јас ако сакав да билдам рејтинзи и да ми растат мислењава досега требаше да бидам една од членките кои имаат најмногу мислења, бидејќи ако можеш да видеш јас на форумот сум од самиот почеток, а имам одвај 900 и нешто мислења. Кој рејтинг го бркам јас.
    За навредите мислев уште синоќа да пишам. Сите ја посочувате Оффи како навредува, а сите вие, истите,упативте навреди кон неа, како таа е неиживеана и слично. Нејзините мислења беа избришани, бидејќи ве навредуваа, а вашите не се.
    Имам чуство дека во секој збор вие се чуствувате навредени.
    И не, не ја бранам Оффи, не припаѓам на никаков клан или како и да посочуват, тоа може да се види од моите мислење.

    И уште едно прашање, зошто не се запрашате зошто толку се мрчи? Дали ако на некој му е убаво, ќе мрчи, ќе плука? Значи нешто не штима.
    Ама владеачката паритја си најде совршен одговор на било какви напади од народот, и кратко и јасно, за се Бранко е крив!
     
    На tanja6 и BoaVista им се допаѓа ова.