Спомениците на Андон Јанев-Ќосето и на Мајка Тереза, треба први да бидат отстранети, а по нив и тие на Александар Македонски, на Филип Втори и на порта „Македонија“, најави претседателот на Комисијата за „Скопје 2014“ при Министерството за култура, Мирослав Грчев. Колку неочекувано е ова. Кој би помислил дека спомениците ќе сакаат да ги остранат? На тие места што ќе има? Да не ги продаваат спомениците нешто слично како што го продадоа и мерцедесот гребен од мачки? http://expres.mk/грчев-најави-уривање-на-спомениците-о/
Е да, ние претходно не бевме Македонци. Требаше Груевски да не нареди со споменици за да станеме македонци. Па мислат ако се скратат шампитите, ќе ни се скрати македонштината.
Нека го укинат, ама одма, под хитно, без компромис да убацат некој нов Сериозно. Мислам дека треба како празник за православните да се додаде Св.Никола. Мислам дека половина македонски домаќинства го имаат за куќна слава. #декамалкупразнициимаме
ЧИРОВИ ЛИ се Александар Македонски, Мајка Тереза, Христо Узунов, Васил Чакаларов, Гоце Делчев, Пандо Кљашев, споменикот на децата бегалци? Чирови ли се сите што го дале животот за Македонија? Како ви се плука по Македонија и се што е македонско? Кога ќе ги тргнат спомениците ќе ти изградат станови за мигранти, тогаш ќе се тешиш битно Груевски го нема. Тогаш нема да ти смета што ќе немаш идентитет, нама да ти смета што ќе немаш име, знаме, химна, територија, нема да ти сметаат затворените фабрики, стечајците, ослободените терористи од Монструм, Диво Насеље, тогаш ништо нема да ти смета ќе велиш битно Груевски го нема. Единствени чирови и ситни души се тие што за пари се спремни да продадат име, држава и знаме. Мизерии
Па реално, споменикот на плоштад до Пелистер не да е чир, ами ЧИРИШТЕ - еден од многуте. Седиш на кафе и гледаш во масивната позадина на Цар Самоил - ммммм, фантастична глетка. Постојат музеи. Оној кој сака да се едуцира за сопствената историја ќе најде начин како да го направи тоа. Не мора да имаме дежурни потсетници насекаде низ градот. Тоа веќе не е архитектура, ами кичерај. Мирослав Грчев е многу покомпетентен од некои си, да збори за споменици, за град и за тоа што треба а што не треба да му се случува на градов за да заличи на метропола конечно и да престане да биде бал на стиропор-фасади - квази-барокни.
Само да те прашам зошто спомениците ги сметаш за потсетник и кичерај? Дали си свесна дека секоја држава има споменици? Која е потребата да се плука по Македонија? Зошто на пример смета споменикот на Христо Узунов (или на некој друг револуционер да не ги набројувам сите) го дале животот за Македонија и наместо да ги славиме и да се гордееме со нив некој ги нарекува потсетници и кичерај Доколку не си запознаена ќе бидат тргнати сите восочни фигури од музејот на македонската борба. Историјата е продадена на Бугарите, понатака ќе ги менуваат учебниците. Како децата и младите според тебе ќе се запознаат со историјата? Како ти на твоето дете ќе му објасниш за македонската историја? што ќе му речеш? Во турко време имало кичераи не им ги знам имињата ама го дале животот за Македонија, и детето ќе ти рече мамо грешка си нас не учат дека го дале животот за Бугарија, ти на тоа ќе речеш така бе сине, битно Груевски го нема што се битни кичераите (револуционерите) што е битно името, знамето, химната..... Што е битно кои сме? битно е да се најадеме, напиеме, прошетаме и да најбитно Груевски не е на власт. Епа целта на тргање на спомениците е да се заборави на македонската историја, да се заборави на идеалите на револуционерите, да се заборави на нашето потекло, да се заборави на Александар Македонски......
Знам јас многу убаво што е историја и знам како да си ги воспитувам децата. И знам дека сум многу покомпетентна од тебе да зборувам за град и урбанизам. Ти за жал, не ми ја ни сфати поентата, ама битно почна да ми паламудиш како да си ги воспитувам неродените деца - која дрскост!
Зборот паламудење од Заев го научи? Како си ти покомпетентна за некоја тема да збориш кога немаш никакви познавања за мене? Еден ден ќе имаш деца и те прашав на кој начин ќе им кажуваш за македонската историја? Не мора на твое дете на било кој млад човек ти би му објаснила за македонската историја? Учебниците ќе бидат променити, во учебниците ќе се збори за бугарски револуционери, спомениците ќе бидат тргнати, ќе бидат тргнати восочните фигури во музеите, епа на кој начин ти би запознала некој човек со македонската историја? Твоето објаснување со кои докази ќе биде поткрепено дека некогаш постоел македонски народ кој се борел за слободна и независна Македонија? За мене дрскост е навреда на луѓе кои умреле за својата земја да бидат наречени кичераи.
Ај ти одговори ми како е поставен споменикот на Самоил на плоштад? Ја блокира главната одна линија? - ДА Ти го блокира видикот? - ДА Има некаква просторна вредност? - НЕ, така е лупнат во просторот без резон. Ваквите слепи позиционирања на било што не се ниту архитектонски издржани, ниту пак имаат некаква вредност - не само кај нас, туку насекаде низ светот. Јас за тоа зборам, а ти предавањата по историја држи им ги на други. Кај мене сигурно нема да ти запалат. Никаде не оспорувам битност/небитност на историски ликови, ама тоа што му се случуваше на градот е фатално. И да, квази-барокните фасади се кич невиден затоа што ниту се барок, ниту се споменици кои сведочат за било што. Да те потсетам, Македонија немала барок никогаш, барем не во таква форма во каква што е сервиран проектов Скопје 2014. Ниту има естетска, ниту пак историска важност за нас. Аналогно на тоа, не гледам причина зошто тоа би се потенцирало на ликот на секоја зграда.
Аман @carangigia, спушти се малку на земја и имај граница што пишуваш бе девојко! Да, замисли има и некој што светлосни години повеќе се разбира од тебе во архитектура оти е професионален архитект, а ништо помалку ниту од историја од тебе. Луѓето ни се смеат, во Гардијан имаше статија за нас со наслов Europe's capital of kitsch, имаше и интервју со еден српски глумец или уметник (не се сеќавам точно) што не му се верувало на што заличело Скопје кога дошол после толку време. Во ниеден град низ светот го нема ова, да се градат допрва споменици и градби во барок стил во 21 век. Се знае поимот кичерај на што се однесува, на натрупаните неквалитетни споменици, а не на историските личности (ма да кога станува збор за такви ко Тодор Александров и Ќосето што ги направија идоли, ниту самите тие не заслужуваат почит). Ќе ги променеле учебниците, ахам, сигурно... Дај престани веќе со истава приказна и со дистопиите во штаб што ви ги пласираат, само кај партиските другарчиња можат да ти палат. Само занесувајте си се дека и историја знаете повеќе од другите. Оти да, познавање на историја е еднакво на поздравчиња дека сте спремни за борба за задржување на име, химна и знаме што некој наводно ни ги зема
Ами што со нас , што не ни е куќна слава , а сме родени на св. Никола ? Инаку @carangigia полека малку , споменици во Скопје има на секој ќош . Што им требаше шмизлата на сред плоштад ? Ајде ок за револуционерите ( иако мене ми изгледа пренатрупано , просторно се лошо поставени ) , сепак имале улога во Македонската историја , но лавовите што им требаа ? И тие ли имаа голема улога во Македонската историја ? Револуционери да не беа ? Дај не зафркавај . Не сум за да се тргнат спомениците , но може да се најде решение , да се постават на подобро место , да не е пренатрупано . Има куп училишта со имиња на тие револуционери , зошто не се постави споменикот на гоце Делчев во дворот на училиште со име Гоце Делчев на пример ? Ем спомениците ќе останат , ем плоштадот нема да е пренатрупан .
Сите вие кои мислите и сметате дека спомениците се океј, пред повторно да кажете дека изгледаат убаво и имаат историска вредност, де излезете од границите на оваа држава и прошетајте до некоја вистинска метропола, пример Белград, не мора да одиме подалеку во Виена или Прага. Што да кажам, видете како прават го прават тоа луѓето по "бел свет". Освен тоа што спомениците се наџиџани како сијалички за Нова Година, дискутабилно е колку тие имиња ја смениле Македонската историја. Нејсе, историјата е изобличена, зошто да не и ликовите кои се качени на споменик. Зошто да не направиме барок по воља, они имаат, имаме и ние. Црешовото топче за Македонија има огромно значење, а никаде не ставено, чисто онака, како потсетник за напредокот и начинот на кој нашите предци се бореле за слободата, во која, ние денес уживаме.
А во меѓувреме, додека Скопје се полни со многу значајни споменици и карикатури од фасади, Крушево зјае празно, речиси полу-мртво. Разочараност е мал збор за да опишам што почувствував кога се соочив со тамошната слика. Наместо споменици, да се инвестираше во Крушево, да се направи град-музеј - тоа таму е буквално учебник за нашата историја! Какви споменици, какви докази за спомениците од плоштад, во споредба со Крушево се што да кажам. Ама битно во Скопје се гради, знаете...прекрасно ни е.
Барем тие фасади да отсликуваа некој период од историјата на оваа држава, да беа барем некако поврзани со нашата историја. Фрустрира фактот што градбите немаат допирни точки со историјата на Р. Македонија. Поимот "кичерај" најдобро го опишува Скопје. Покрај фактот што Крушево е запустено а има богата историја, многу други градови се запустени и немаат ниту едно спомениче, мало, малецко. Кога само ќе ми текне дека сакаа да го сменат изгледот на ГТЦ, ме фаќа една нервоза...
@Emy867 Сме учеле само основни работи по историја. Не учевме за битката на Ножот, не учевме за Невеска и Клисура, не учевме за многу револуционери. Потпишан е договор со Бугарија, според кој ние со Бугарите сме еден народ и имаме една историја. Ова ќе се учи во книгите по историја, спомениците и музеите ќе бидат отстранети, а луѓето полека ќе заборават на својата историја..... @Mishela на ниедно мое прашање не одговори, не знам зошто? Што ако споменикот на Самоил блокира видик? видикот може да ти го блокира секој објект зграда, трговски центар, катна гаража....Дали има просторна вредност? нема, но има преголема историска вредност, кои парите не можат да ја заменат таа вредност. Јас во моето мислење не зборев за поставеноста на спомениците туку за нивното значење, кое не можете да го разберете. Јас кажав која е целта за нивното тргање, а вие зборите за нивната поставеност...која е логиката? За тебе спомениците нема историска важност ама за огромен број на Македонци има. @Someonespecial кој би помислил дека ти би ме означила Вакви гафови одамна не си ми напишала, полека се надминуваш. Немаш познавања од историјата затоа ги споменуваш само оние револуционери за кои имаш наслушната од патриотските здруженија или тоа што го имаш учено по историја. Јас сум секогаш на земја (не сум птица, немам крила да летам па за да се спуштам на земја), Би те советувала да намалиш со размислувањата добиени од западот кои искрено се многу патетични. Што ми е гајле што некој пишуавал во некој весник за Скопје или Македонија. Немам комплекси па да гледам какво мислење има Америка за мене, немам комплекси ниту потреба да се прилагодувам на тредовите на Америка... такви небидни работи се оставени на тебе. Замарај се ти со такви глупости. Да ќе ги променат учебниците, зошто е потпишан договорот со Бугарија ако не се менуваат учебниците и нашата историја? Пак ќе ти речам немој мене да ми лепиш етикети за штаб. @CrazyGirl15 јас си бранам свој став, а некој моето мислење го навредува. Спомениците нема да бидат преместувани, туку тргнати. Тука има огромна разлика. Инаку лавовите имаат друга симболика. Доколку те интересира нешто повеќе околу тоа прочитај на линковите http://www.mn.mk/komentari/2481 http://republika.mk/361375
Скопје 2014 е копиран од историјата на Франција ,Италија ,Шпанија само се вметнати некој "врвни " личности како Косето кое делел правда , па затоа е пред судот ставен Се прашувам колку треба да е пореметен човек за ваква глупост и да смисли и да состави Па уште не требело да се руши
Не одговорив затоа што не се поврзани со тоа што го зборувам јас, ти кажав уште при првото реплицирање. И дај не продолжувај @carangigia. Едноставно не се согласувам со тебе и објаснувањата не држат вода. Плоштад и населба не е исто. Се знае како и по кои принципи се уредува плоштад. Ова таму е без принцип. За композиција и вредност архитектонска да не правиме муабет воопшто. Не е исто Фонтана ди Треви од Салви и Цар Самоил на сред улица од хмм...непознат автор. Нема споредба. Делата направени реда-ради не се дела. Немаат никаква важност, па ти негирај го тоа колку сакаш. Сум за истакнување историја низ споменици, но не на тој начин, по цена на узурпирање било каков простор. Можело целиот тој зафат да се изведе многу поинаку, ама очигледно останува на "можело" и ништо повеќе. Е да, ако ГТЦ тебе ти блокира видик и нема никакво значење, тогаш мојата дискусија завршува тука и сега. За мене тоа е најголем споменик на нашата некогашна модерна. Сироти мои Живко Поповски и Радомир Лаловиќ, штета.
Јас позиционирањето на спомениците не го споменав, па сепак бев фер и одговорив на твоите прашања. На плоштад има згради кои блокираат видик. Спомениците имаат историска важност, секогаш може подобро истото се однесува и за спомениците. Но, јас не зборувам за нивно позиционирање тука за нивно целосно отстранување. И мене некои објаснувања што тука ги читам не држат вода, па сепак кога ме цитираат одговарам. Форумот треба да биде место за размена на мислења, ама штом не сакаш да дискутираш поздрав