Ама нема зграда која никнува на сред главна улица, како што е случај со некои од спомениците кои ги набројав, еве да те потсетам. И последен пат - нема да одговарам на прашања кои немаат смисла и ме навредуваат мене како иден родител - јас убаво те прашав што значи тоа за тебе од архитектонски аспект - ти не ме ни разбра а се вмеша. Јас говорев без да мешам лекции по историја и воспитување на моите идни деца и поколенија. Како јас ќе ги воспитувам моите деца е моја работа - нема што некој да се меша во тоа. А ти, да беше толку многу запознаена со нашата историја, ќе знаеше дека кај нас немало барок и дека стиропорите залепени на Стоковната куќа од Брезовски (кои патем ја изобличија зградата до степен на непрепознатливост!) до ГТЦ не ни значат и не допринесуваат за нашата историја ама баш ништо - така да, кога нешто нема важност, не гледам причина зошто не би се тргнало.
Може појаснување како овие двајцава ги дале животот за Македонија? Многу ме интересира,оваа лекција за нашиве борци сум ја пропуштила додека учев историја.
Се сложувам за споменициве кои се направија и се фрлија толку многу пари. Особено оние што висат по мостови и згради. Но кога се правеа никој не се бунеше. Некој чат пат ќе испаднеше да се побуни и ќе го снемаше. Сега кога се смени владата сите кажуваат како не требало, а да бидеме реални повеќето од нив тоа го прават за да се приближат кон новата власт или од корист. Што би се рекло до вчера никаде ги немаше. Многу ми е смешно што народ многу повеќе се бунеше за Гтц, отколку за милиони евра фрлени за споменици, како навидум Гтц им е важен. Да бидам искрен криво ми е што Гтц не се среди, бидејќи сега изгледа очајно како трговски центар, воопшто не е енергетски ефикасен и со години изгледа се поочајно. При секој дожд и ветар дува и капе од сите страни. Според мене требаше да се среди тоа досега и да добие лик па зашто да не и барок. Фасадите на зградите на рекорд и на плоштад мене ми изгледаат убаво и навистина имаат пристоен лик. Да го направеа и гтц таков верувам ќе изгледаше пристојно и многу подобро од сега и ќе имаше една целина до сега. Од новиот градоначалник не очекувам дека нешто ќе направи, па така гтц по се изгледа ќе пропаѓа најмалку и во наредниве 4 години.
Сум имал позитивно мислење за човеков до пред некое време. Но такви зборови да користи eден професор, и да користи такви изрази во неговите колумни кои што не доликуваат ни на еден човек кој продава пиперки на пазар. Јас разбирам критика, ама со фонд на зборови кои доликуваат на професор, а не вака и со вакви зборови. А дека партијата е побитна од речникот е јасно кога и неговитe најблиски роднини се дел од другата партија. Луѓево убаво си сватиле. Пола фамилија во една, пола во друга и зима нема. Жалосно е што и направија на оваа земја двете партии. Овој Грчев и Филип Петровски во нормална земја не би ни добиле работа, а професори па ич Еве од 5:20 секунда па натаму каков културен човек ни е професоров Грчев.
Да, а Васко Ефтов еден релевантен соговорник, што да ти кажам. Со таква криминална багра - ни јас не би бирала зборови, дури и премногу се толерирани и почитувани од негова страна. А исто така, нема да трошам од своето време да ја објаснувам важноста на згради како ГТЦ или МОБ на некои кои очигледно не ја разбираат нивната улога и важност како културни споменици на градот. Не "капе" кога врне во ГТЦ инаку за твоја информација. Зградата е замислена да биде таква за да не ја чувствуваш разликата внатре-надвор дури се движиш. Ама што разбираат таквите ко вас - битно не е енергетски ефикасна, тоа што е побитна од сите споменици што се налепија низ градот што е битно! Слободно продолжете да уживате во прекрасните накази од квази-стилови пребитни за нашата историја. Хммм, еве па фасадата на стоковната до ГТЦ и останатите реновирани згради е преенергетски ефикасна - како и сите други фасади или? - Упс, нема врска. Само стиропор и гкп на куп.
Со тој стиропор, само недајбоже да има некој пожар како тој лани во Лондон, ќе изгорат луѓето како глувци.
Ти поставив прашање како ти би му објаснила на своето дете за историјата и со кои факти и докази тоа ќе биде поткрепено? кога спомениците ќе бидат тргнати, музеите затворени, учебниците сменети? Во вториот пост ти пишав не мора на твое дете на било кој млад човек како ти би му објаснила за македонската историја. Немаше ниедна навреда, а ти мене ми напише дека ПАЛАМУДАМ збор земен од Заеб. Имам јас огромни познавање од историјата и постојано учам нови работи. Кога ти ќе се запознаеш со основните работи, тогаш ќе збориме за важноста на историјата, а до тогаш јас ќе читам за поставеноста на спомениците демек тоа е важното.... Јас зборам за важноста на спомениците, а ти збориш за поставеноста и видикот. Барок требаше да има на ГТЦ и има на неколку згради. Нема барок на спомениците....никој не спомна тргнување на ГТЦ јас ти спомнав дека од било кој објект може да немаш видик. Да не збориме за распаднатиот ГТЦ. Еве ти слободен видик од минатото....мислам во средина наместо споменикот на Александар Македонски да се изгради зграда за мигрантите. @ph.orhideja тоа што си испуштила по историја сама ќе го научиш. Мајка Тереза и Александар Македонски не биле револуционери, го немаат дадено животот за татковината. Има разлика помеѓу поимите треба да ги научиш. Споменикот на Алексанар Македонски и на Филип II ќе бидат тргнати поради спорот со Грција. Прашај го Грчев зошто сака да ги трга спомениците.
Ќе го однесам во Крушево. Таму ќе дознае се што воопшто треба да се знае за неговата историја и неговите корени. Нема потреба од споменик на секој чекор и евтини имитации на периоди некарактеристични за нас. За жал, немаш баш толку познавања од историја колку што мислиш. Јас многу убаво објаснив што означува ГТЦ, а вие со вашите искази не покажувате воопшто почит за оние кои оставиле коски за да го дигнат Скопје послр земјотресот од 1963та. Срамота. И престани да ме навредуваш за моето знаење - секако ти ни покажа колку само не ја познаваш историјата. А јас никаде не употребив навреда и не можеш да го спориш моето познавање на историја - моето секако не е базирано на субјективизам. А тоа со Заев се прашувам до кога ќе ви биде беден "штит", срамота. Не знам што кажал Заев патем, не ги следам неговите излагања, затоа престани да се повикуваш на тоа.
@Mishela, па ти не знаеше дека ние пред вмро не знаевме ни историја, ни уметност, ни култура, ни ништо? На нив чекавме очите да ни ги отворат, инаку бевме слепи.
Дали знаеш дека како било крушевска револуција покрај Крушево имало и други градови ослободено? Тоа не се учи по историја. Станува збор за Невеска и Клисура. Купи си ја книгата Дневникот на војводата Васил Чакаларов, самиот револуционер ги запишувал сите битки, како со денови немале храна, како селаните ги помагале, во книгата на последните страни пишува со име и презиме секој човек на кој начин е убиен и на која возраст е убиен. Најголемиот дел на револуционерите потекнуваат од Егејска Македонија, а не од Крушево. Повторно ќе ти повторам дека имам огромни познанавања, а твоите коментари дека немам познавања не допираат до мене. Не може да биде евтина имитација споменик, а таква историја немаат другите земји. Епа кого имитираме ние? Сигурно сега ќе ја спомнеш Порта Македонија. Заборавајќи ја нивната симболика и се она што е отсликано на неа. Еве слика од македонските револуционери по ослободувањето на Невеска и Клисура.
Богами, да живеат небулозите на груевизмот. Знаеш што е најжално - и ГТЦ е дел од нашата историја. И тој е споменик кој во себе ја ткае нашата историја и е учебник за некое време. Во неговата приказна има испреплетено толку функционалистички аспекти, што не би ни стасал цел ден ако почнеме да разлагаме за тоа. Продолжение е на тоа кое започнал Големиот Андреја Дамјанов и она кое датира уште од турско со принципот на „отворена чаршија за сите“, а Поповски, Лаловиќ и останатите продолжиле да го негуваат тогаш кога Скопје станало пепел и прав. И тоа е споменик - зар треба да се сруши и да се заборави на постмодерната? Не полемизирам јас од каде потекнуваат нашите револуционери, туку сфатете ја малку симболиката на Крушево и појди посети го музејот на НОВ, таму има и повеќе од доволно за запознавање дете со нашата историја, на пример. И пак - триумфална капија не е својствена за нас и за нашето поднебје, но не го негирам фактот дека онака поставена има симболика - повторно просторната поставеност ја тргам настрана. Не кажав ништо за тоа, сама си се плеткаш во сопствената мрежа, Каранџи. Сепак, некој треба да си купи книга и да прочита малку за улогата на модерната, брутализмот и постмодерната за нашата земја, а не да попува без основ.
Да не го заборавиме најбитниот споменик дигнат во времето на Грујо, за кој ниеден полтрон не зуцна. Е ај баш да видам кој има муда ова ѓубре да го сруши, у комплет со ова нашево...
Како учеше историја пред да ги направат спомениците? Како постоевме воопшто и ние и Скопје, па и Македонија? Стварно не знам, изгледа светов не постоел пред да се појави свети Грујо. И побогу, никој не ни имаше чуено за Чакаларов, Ќосето, Кљавчев и другиве новокомпонирани. Па Черноземски и Тодор Александров како најголеми синови на земјава? Ок, имајте си партиска идеологија, но не ја идентификувајте со суштината на македонизмот. Но нејсе, зборуваме за архитектура и естетика. Естетика во Жена Парк нема! Пренатрупан е. Во моите средношколски денови тоа беше мирно катче каде се собиравме по часови. Сега е одбивен, со џуџести дисморфични фигури(тотално аматерски како и другите). Со Порта Македонија (Триумфална за сиромашни) потполно се затвори погледот на плоштадот. Па владана, штабот на вмро, па новиот театар и музеј кои уште недоправени се поплавуваат редовно... Па коритото на Вардар, од прекрасно среден кеј добивме отпад кој е како темпирана бомба која секој момент ќе го поплави Скопје кога ќе се покачи водостојот... Мене ми е интересен феноменот што Грујо успеа да ви го наметне својот невкус. Кој би рекол дека толку ќе му ги величате шизофрените фикс идеи ?
Овој Ефтов до пред 3-4 години беше најголемиот критичар на НГ , но лапна колач бааги голем и ја смена политиката спрема НГ . Мирослав Грчев ти е во споредба со Ефтов и НГ како коњска приколка - авион , толкава е разликата Васко Ефтов ја кани Солза Грчева во емисија како некој експерт да каже за новата влада ( Солза му е на Мирослав Грчев снаа од брат) оваа Солза Грчева во собрание има кажано : Мајкути ваша " наменето за Катица Јанева ... Па гостуваше во една емисија и се јавив да и поставам едно прашање Дали син и од странство се гордее со неа што и опцу пред сите на Катица Јанева ?? Но не ме пуштија во програмата на анал5 .... И така , не дозволувајте едни бранители на режимот да ви го полнат мозокот И така е готово со нив
Мене сите споменици ми се убави. Проблем е што и баби и жаби се на куп. Можеа да се распоредат соодветно. Барокот е се само не наша историја, архитектура. Стиропорниот барок уште помалку. Факт е дека Скопје такво какво што е сега привлекува туристи како никогаш до сега. Факт е и дека ова не е моето Скопје, ама е Скопје на моето дете, кое поинакво не го ни познава па ова му е убаво, прифатливо, негово. Уметноста секој различно ја доживува. За мене најубав дел е оној кај споменикот на Филип. Најмногу жалам за старата чаршија која ја изгуби својата душа. ГТЦ плаче за реновирање. Не алудирам на барокно, туку задржување на постоечкиот архитектонски проект. Било какво затварање мислам дека ќе го претвори во еден пластичен Сити Мол. За фонтаната на плоштад.. Немаше некој кој не реагираше на вадењето на коцката, а после истите тие фрштеа со слики на ФБ, секако покрај фонтаната. Камионот кој пропадна на плоштад...таа слика беше злоупотребена за ниски партиски поени. Па нормално е да пропадне, се знае дека за да има инсталација одоздола треба да има и простор за истата. Тоа беше грешка на возачот. И на крај. Ред е да се оди напред и да се создава. Не да се уништува она што веќе е направено.
Не знам како сме учеле ние историја што не сме пораснале во Скопје? За мене Скопје 2014 уште не содржи ништо историско. Не гледам поента да му речам некому "Види ова е Самоил тој бла бла бла". За таа цел ќе го одведам на Самоиловата тврдина. 30 денари е влез, дефинитивно е поголемо доживување од статуата на Самоил на сред центар. Мајка Тереза е католик. Тоа под еден. Под два, има многу многу контроверзии за тоа колку таа навистина била хумана. За некој како тебе, што се декларира како огромен православен христијанин и бара крстови на секој чекор, нели ти е криво што Мајка Тереза се почитува повеќе од св. Климент? До Крушево нема автобуси во зима од Скопје. Тотално е запуштено, а штета е, вистинска штета. Јас кога шетам некого во Скопје му ја покажувам чаршијата, камениот мост, а не галиите и лажниот барок.
Скопје 2014 има огромна историска важност, да си запознаена со историјата ќе ја утврдеше важноста. Во секоја држава има споменици од нивната историја, да не набројувам. Поентата на тргање на споменицие е да избледе македонската историја. Си учела историја ама тогаш не беше потпишан договорот со Бугарите, кои сега бараат измени на учебниците. Велат дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја и се еден народ, ова ќе се учи по историја. Заеб се поклонува пред споменикот на цар Самоил во Бугарија, а не во Македонија. Тоа е разликата. Кога ти некој ќе шеташ не треба да речеш овој е споменик на некој цар/револуционер и.т.н треба да имаш познавања за човекот што го дал животот. Што е важно што Мајка Тереза е католик? Помагала на премногу луѓе. затоа што е католик треба да и се тргне споменикот? Нели Мајка Тереза беше прогласена за светица? Горда сум со својата религија и не се согласувам со католичката религија, но тоа не е причина за тргање на некој споменик. Да јас сум Православна Христијанка, која бара да не се сквернави осветен темел на крст и на тоа место да се изгради ветениот крст.
Католичка Како државата обележа 1100 години од упокојувањето на св. Климент? Зарем Атина Бојаџи е побитна од св. Климент?
Како може да има историска важност објект стар неколку години? Всушност да, историска важност како обележје од периодот на груевизмот, ништо повеќе. Спомен од едно лудо време кое нема да се повтори. Толку мала доверба имаш во патриотизмот на Македонците што мислиш дека еден договор е доволен да ја промени целата историја? Тешка параноја и ксенофобија, тоа е.