Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Камо среќа навистина да ги тргнат...Илјадници непотребни предмети наредени рандом низ град, со кои се переле милиони и милиони евра кои ние не можеме да ги сониме.
    Како може најлесно да переш пари во земја каде што има партиоти? Лупај безврска споменици од кого стигнеш.

    Може низ светот си имаат Дизниленд, ама затоа Маќедонија си има(вме) Грујоленд :rofl:

    Е сега сиротите деца што ќе учат по историја еве не зннам :(
    Зашто нас ни правеа турнеи и екскурзии за со денови и денови да вртиме низ спомениците на шмизлите, мајките Терези и биковите, и навистина ни помогна во нашето согледување кон минатите настани...А за новиве генерации навистина жално и тешко :(
    На сила гејови ќе ги прават, па и шлагот е дека Аце ќе им го тргнат :( Да не си им во кожа.




    Оваа слика засекогаш ли ќе ја снема од интерент заедно со спомениците? :(
    Зачувајте ја!!!

    [​IMG]
     
    На marta993, galapce и Yowannty им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.774
    Пол:
    Женски
    Ај Каранџи те молам објасни ми каква историска важност за Македонија има имитацијата на француската Arc de Triomphe, која е изградена по Наполеонските војни во чест на загинатите? Која војна (скраја да е) се случила кај нас во 2010тите, па во проектов од 2014та ја градат за да остане како спомен?
    Или пак централниот штаб на ДПМНЕ налик на барок дворец од Алиекспрес? Уствари има тука логика, треба да ни научат децата за нивната единаесетгодишна „династија“...
    А најмногу ќе ни пропуштат утре децата од историја ако се тргнат шмизлите, биковите, лавовите и уште триста натрупани глупости :nod:

    Во сите нормални земји со богата култура има многу споменици, да, но си датираат од тоа време за кое сведочат - какви што ги имаме и ние (Камениот мост, Калето, црквите во Охрид, Крушево), а никаде не се градат нови во 21 век.
    Ама не, ништо ние не сме знаеле до 2014, не постоело учење и познавање на македонската историја... (facepalm)
     
    На Gosh, marta993, galapce и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    408
    Немате потреба стварно од лепење етикети бидејќи ниту еден режим не ми го полнел мозокот. Ниту пак сум имал било каква корист од некоја партија што е и реткост кај некој овде.

    Каде видовте вие и mishela дека јас сум рекол нешто или сум го бранел ефтов или некој друг.
    И мене ефтов не ми се допаѓа и сметам дека си работи за политичка страна, и бидејќи македонски канали ретко гледам и него ретко го пратам.

    Јас и не правев споредба помеѓу ефтов и грчев, туку реков дека однесувањето или поточно неговата метафора како што он си ја нарекува ми е ептен невкусно и сметам дека не му доликува на еден професор.
    Не мешам партии, националности.

    Канал 5 не сум го ни гледал не го ни гледам. Среќа што имаме сателитски денес.

    За скопје и фасадите на рекорд и улица македонија имам само позитивно мислење.

    Пред 2 години имав на гости пријателка од Италија, а пред 1 година пријател од Словенија дојдено.

    Беа изненадени од центарот на Скопје особено пријателката од Италија. Не очекуваа дека градот ќе биде така со нови фасади градби итн.

    Единствена замерка најдоа што ни е градот нечист, и што убавите работи се на многу мала површина. Од Центар до Водно за 10 минути и тоа е тоа. очекуваа некако тоа да биде на поголема далечина и да има повеќе за шетање.

    Штом тие се задоволни како странци тогаш јасно е дека е убаво.
    А и бројот на странците кои го посетиле Скопје секоја година се повеќе расте.
    Не сум во тек дали новава влада решила да вади и дислоцира споменици, но ако тоа е решено особено за целосно рушење воинот на коњ мислам дека е сосема погрешно и бзпотребно трошење на пари.
    Прво сметам дека не требало воопшто да се направи но кога е веќе направен

    1. Тој воопшто не ни потсетувал на александар бидејќи нема ниту едно обележје кое е карактеристично за А.Македонски
    Ако добро сте приметиле отстапки имало и кога се изградил па фалат неколку краци на фонтаната од знамето на вергина.
    Минатата влада се обиде да манипулира со народот како божем за александар се работи, а тие самите тргнаа по еден крак од споменикот.
    Овие сега Веќе ако се решиле да рушат нека рушат помал дел кој нема да чини многу.
    Малку е идиотски да се зема кредит од ммф за градба на споменици, а сега исто пак да се земе за рушење.

    Не е малку фер да народот плаќа поголеми даноци, акцизи и тие пари да се даваат за некој да лечи комплекси бутајќи споменици
    Економијата си тоне особено во оваа година и незнам дали е нешто решено да се руши, но нека ја стегнат малку работата а не да се фрлаат пари за глупости



    Но да не продолжувам, бидејќи гледам има некои членки кои очигледно се партиски активистки и не планирам да се расправам.
    Бидејќи не ме интересира и немам ни корист.
    Само сакам парите кои си ги заработувам да не ги давам за глупости или барем не за многу глупости.
     
    Последна измена: 28 октомври 2017
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.910
    Допаѓања:
    188.955
    Пол:
    Женски
    Спомениците се несоодветни од многу причини. На пример..
    1. Во време на тешка финансиска криза, избраниците на народот за да работат за народот, почнаа проект од милионски размери ( а сите знаеме колку пари завршија во приватни џебови, а колку помалку беше нивната реална вредност). Да не збориме за квалитетот на истите, кој воопшто го немаат. На место тие пари да се вложат во нешто продуктивно и што ќе биде од помош на оној кој те избрал.
    2. Во ред се споменици и можеби и ќе беа поприфатени доколку и беа распоредени соодветно и доколку се друго беше наредено па ќе праевме споменици во слободно време. Вака изгледа како целата македонска историја од различни временски епохи воопшто не поврзани една со друга, како да повратила во центарот на Скопје.
    3. Та малце им беа револуционерите, па алчни за уште пари, напраија споменици и на атентатори, кои потепале повеќе Македонци од самите Турци. Ама колку лесно ги лапате и голтате прикаските на екс власта, па тоа е чудо. Да се прифати се без ниту мала доза сомнеж. Нејсе.. идеме даље...
    4. Тоа што се форсираат одредени историски личности на сметка на други, а другиве далеку позаслужни од првиве.
    5. Прочитајте го сами договорот со Бугарија. Не само повторувајте нечии сервирани зборови. Таков договор е скроз билатерален и општ, и постои меѓу еден куп земји во Европа. Воглавно се заснова врз меѓусебна поддршка. Прочитајте и други такви договори, меѓу други земји, па видете дали ќе најдете разлика.
    6. Мене не ми треба споменик со историска личност за да јас знам што сум, зошто јас знам која сум и што сум. Не ми требало ни претходно за да знам. Историјата се истражува и осознава самостојно. Споменик за да те потсетува кој си и што си треба само на оние кои не знаат кои се и што се.
    7. Кога веќе се дадоа толку пари за споменици, туку така да ги рушат не верувам, а и не е во ред. Дел треба, атентаторите на пример. А другите да се дислоцираат соодветно, на место и во круг на своето време во историјата. А барокот целосно да се отстрани и градот конечно да продиши.
    Многу има..
     
    На Gosh, galapce, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  5. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.407
    Тоа дете утре да ти биде живо и здраво, верувај ми побитно ќе му биде колку има во џебот и како да си оформи некаква си иднина, отколку твоите приказни за историјатот на Македонија. Тоа се тие вмровски пулени, саде историјата лебот ни го дава. Учи го детето офис да работи и како да биде човек пред се, а ако толку сака да се образова историски, те му википедија...
     
    На Gosh, Elen4e_sonce, marta993 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    6.666
    Пол:
    Женски
    Каква врска има нејзината религија со нејзиниот споменик? Во Македонија не живеат ли католици? Споменикот треба да се тргне бидејќи е каталик? На форумот се претставуваш како open minded, a ова што го пишуваш е ограничувачко. Мајка Тереза помагала на секој. Сигурно не прашувала на која вероисповед припаѓа некој човек пред да помогне.
    Еве на каков начин се одбележува 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

    http://kurir.mk/video/odbelezhuvane-1100-godini-od-upokojuvaneto-na-sv-kliment-ohridski/



    Еве и споменик на Св. Климент Охридски (не се наоѓа во Скопје) Имаш и училишта што го носат неговото име.
    [​IMG]

    @GrimTheReaper важно е како ќе го воспиташ детето, да има вистински вредности, важно е неговото потекло и неговата историја. На википедиа може да пишува било кој, постојат книги, документи и емисии од кој секој човек може да се едуцира. Мојот поглед не е ограничен на јадење, пиење и да се има пари, јас имам поинакви гледишта кои сум горда, кои не ги наметнувам и никој не може да ги промени. Поздрав

    @Someonespecial ти објаснив погоре. Не планирам да се повторувам. Прошетај кај Триумфалната порта види што е насликано на нив, седни едуцирај се можеби ќе ја сфатиш нивната вредност, иако не верувам дека нешто би сфатила. Ќе ти кажам дека пред проекот Скопје 2014 се учело историја, но тогаш не беше потпишан договорот со Бугарија. Сега ќе се менуваат учебниците, Заеб ќе се поклонува пред цар Самоил во Бугарија, ќе се учи дека Гоце Делчев бил бугарин и.т.н. Поентата околку тргањето на спомениците е да се заборави на македонската историја, минато, да се уништи македонскиот дух.

    Досадно ми е едните исти членови да ме цитираат во секоја тема, мислењата не ви се поткрепени со никакви докази. Не планирам повеќе да се објаснувам. Глумите дека сте open minded, а поразлично мислење не сакате да слушнете.
    Изнесов свој став кој не го наметнувам и кој нема да го променам. Мислењата кој тука ги читам не можат да влијаат на моето размислување, на мојот став, на моите вредности и погледи.
    Поздрав тука јас ја завршувам дискусијата, бидејќи не планирам и во наредните 10 страни да се објаснувам и да го изнесувам својот став, а искрено немам ни време.
    Што не ви е јасно препрочитајте ги моите претходни мислења.
     
    На baba Rada, Nalutena1 и zuto им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Да,заборавив дека влечеме корени од Александар Македонски.
    Супер што ја знаеш историјата,не’ има и такви кои учеле пред тебе.Фала Богу доволно сме писмени и свесни за и децата да си ги едуцираме за својата историја.
    И бидејќи си толку многу поткован(а),може ли да ми го објасниш значењето на споменикот на голиот(подоцна покриениот)Прометеј?И на коњите на античките столбови во позадина,бледата копија на Брандербуршката порта?
    Каква е поврзаноста на Прометеј со нашата историја?Или е тоа некаква уметност за која не сме доволно едуцирани?


    Не сум архитект по прифесија,но плановите на Кензо Танге за модерно Скопје му даваа специфичен печат на градот кој сега се удави во барок и кичерај.
    Во таа насока,модерни,нови градби му требаа на Скопје,не Аце со мајка му,татко му и лавовите во секој период од неговиот живот.Уште кога ќе ми текне колку пари чинеше овој проект,ми се згадува.

    После федерализација и кантонизација,дојдоа становите за мигрантите.Кој уште верува во ова?
     
    Последна измена: 28 октомври 2017
    На Gosh, Mishela, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    5.524
    Пол:
    Женски
    Малку офф, ама не знам каде да прашам.
    Имаме евтина струја во останатите 6 дена или нема сеуште?
     
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Заради Ефтов ти се сменило мислењето во негативно мислење за еден интектуалец каков што е Грчев . Јас сакав да ти посочам како режимот переше мозок преку вакви искористени куртони , ако режимот дадеше наредба за ваква негативна пропаганда кон некое лице , Васко ефтов и компанија тргнуваа во напад (и за тоа беа дебело платени )
    Конечно на сите нив им дојде крајот !
    Немам ништо против тебе , ова е само дискусија , и разменување на мислење :)
     
    На Elen4e_sonce и DAngel им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    100.534
    А од што живееш ти? А, ако стварно се живее од воздух, кажи како, барем ние неинформираните да не се мачиме да печалиме за јадење и пиење.

    @Rubiii има ефтина од 14-16ч секој ден
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Ако имаат дојдено од ЕВН за да приклучат кај саатот ефтина струја тогш имаш, инаку не.
    Кај нас минатата недела дојдоа, а кај баба ми уште пред 2-3 недели...Може некаде не се поминати.

    Ќе ти каже тој што ќе приклучува дека секој ден ќе имате ефтина од 14 до 16 часот (и навечер после 22), а недела цел ден.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    100.534
    Кај нас не доаѓаа за приклучок, а се јавивме на роднина кој работи во ЕВН и рече дека има ефтина струја во тој период од денот.
     
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Имаме,јас од 17-ти овој месец:)
     
  14. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.729
    Допаѓања:
    5.524
    Пол:
    Женски
    @JollyGirl @Emy867 така и моите ми кажаа, но кај нас не се појавил никој, а слушам се повеќе луѓе дека имаат, па си реков дали треба да дојде некој, сами треба нешто или автоматски е средена работава.
    Има најава кога одат, зошто дома нема никој (сами живееме со партнерот)?
    Фала на инфо.
     
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Може и така да е ко што ви кажале, ама како што знам треба прво да приклучат од евн, нели затоа одат по куќи.
    Може и ние сме имале и пред да ни приклучат, ама не ни се ризикуваше да пуштиме некој појак електричен уред преку ден :lol:

    @Rubiii Нас не известија од кој до кој датум да ги чекаме и навистина дојдоа во тој период.
    Треба да ви стигне известување.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    100.534
    Многу ни е близок, не верувам дека е непроверена информација. Баш пред 2-3 дена му ѕвоневме...
     
  17. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    7.682
    Пол:
    Женски
    Во последната сметка има обавестување кога ќе дојдат.Кога ќе дојдат да го читаат струјомерот,тогаш и ќе го наместат.
     
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Јас имам од 9 октомври евтина струја 8)
     
  19. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.069
    И, сега, дали конечно ќе ги зауздаат овие извршителите (кои почнаа со работа благодарение на Гвујо) кои заработуваат по милиони евра годишно и од граѓаните кои немаат но и од граѓаните кои имаат никакви приходи? Или пак ќе се занимаваат со глупави работи како на пример законот за пушење?
     
    На galapce, Justicija и LollySky им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.195
    Допаѓања:
    222.269
    Пол:
    Женски
    Овој болниов на сител уште колку ќе чита?
    Се изгуби во "патриотизмот" "љубовта" кон државата, чиниш 3 та светска војна избила во државава а богами и ке падне кај да е од поразот ќе му запени устата. Ептен подголтнува нешто..
    Опроштајно писмо ли чита?
    Па добро бре мајка му стара 300 години чита како стара расипана грамафонска плоча!
    Ќе каже ли некогаш нешто или заувјек ќе чита оти сиротиот цел живот не умее да се изрази пред народот со една проста проширена реченица.
    Ајд фајрон.
    Аман заман веќе.
    Едно нешто не кажа како што треба, едно нешто не кажа како што е, едно нешто не призна, нит се извини, нит прозборе.
    Ненормален е, стварно е ненормален.
    Не знам до кога ќе живее во неговиот врмровски свет.
    Еве не знам.
     
    На oblace1, Gosh, НаталиЛили и 7 други им се допаѓа ова.