Ах, ко вчера да беше кога Велија го гураше Грујо на А1, и го донесе до победа... Да, да децо, не Латекс, не Ѕинго, туку Велија. Се надевам дека ќе се дружат у келија.
A исто ко вчера да беше кога го гурна зад решетки, 7 години поминаа децооо. Тој период почна грујо начисто да забегуе и да се мисли дека е апсолутен и непобедлив пара сјемпре.
Ама и прв преговори за забеганоста на Грујо. И заврши во затвор. Грујо успеа да затвори силен медиум , а ние молчевме. Уште тогаш се виде дека имаме работа со диктатор.
Па ако не одлежи ни ден затвор, можеби и со право мисли дека е непобедлив... Едит: Да не го правиме и Велија сега жртва, он требаше и порано да иде у затвор, а не оти почна да му смета Грујо само од кога овој не му го даде Министерството за земјоделство, па се отвори за тоа каков бил Грујо ... И двајцата се криминалци.
Села му е лут на Заев заради што македонските гласачи во Струга ги насочи кон Дуи , и Рамиз Мерко победи благодарение на македонските гласачи . Исто така и во Гостивар беше истата фрка , Заев апелираше сите македонски гласачи да гласаат за Бејта , но сепак успеа да победи Таравари во Гостивар . Сега Села се бунтува , а инаку на тв телма пред изборите рече дека не рекол дека македонците биле варвари и канибали Не знам зошто Заев го чува во влада
А и да не молчевме , знаеш и самата како заврши секој што му се спротистави на боксерот од мува категорија! Ништо не зависеше од нас
Па ако го избаци Заев нема да има влада...ете затоа го чува. http://fokus.mk/asddario-nikolovski-e-noviot-direktor-na-agentsija-za-stranski-investitsii/ Дарио има 25 години. Се мислев одамна да го поставам ова ама ја заобиколував темава. Од Гази Баба што? А за биографијата на шупачево мало во друга прилика. Ама да се спремиме тек за убавинте кои овој млад, но способен кадар што ќе и ги приушти за македонската економија. Правник со искуство во човечки ресурси со искуство во фирма со мешовит капитал...знае за странски инвестиции. Би му поставила неколку питањца околу надворешните економски политики... па чудим, чудим. Господипомилуј, нека е вечна слава, се гледаме до година на помен на нашата умрена економија...
Знаете ... Заев има време да се покаже ... Ако скривнува од патот и поставува мамини и татини мази како тој погоре , ке го снајде "Грујо октомври 2017" !!!! Никој не гласаше за Заев зашто е личен !!
Џастис, зарем не читаш? Цела багра од твитер “влијателните“, ја ухлеба во влада. Преку ноќ, неутралци станаа сдсм. Се моли по партиски штабови за работно место. Ист менталитет со претходна гарнитура, ама бадиела зборам јас. Кога македонец ќе сфати дека вработување треба да има исклучиво по заслуги? Пред некој ден имав дебата со познаник, ме убедуваше дека оправдано било што ги вработиле. Одработиле децата. Wtf? Цела неписмена раја ќе испобуткаат на клучни места, ќе има исти плачки. Aqua warned you. А сеа за странски инвестиции, речиси непостоечки. Многу добро се сеќавам кој беше претходникот. Памтам како се сечеа црвени ленти, раја ракоплескаше. За само по некој месец си осетат сериозен мобинг, сфатат дека плата од 200 евра не стига за ништо. Патем, на почеток им даваа по 8000 денари, со изговор на обука сте. Осеќам дека ќе се продолжи по такво сценарио, само со нови ликови. По мои сознанија, веќе постоечкиве странски компании се во лоша состојба. Се повеќе луѓе си даваат отказ, претходна година имаше масовни отпуштања. Цело време ротираат со кадар, ваљда за да искористат максимално. Не сум економист, ама логикава ми кажува дека нема уште долго да векуваат.
Пошо немале среќа Кикеркова да ги едуцира и книгата да треба ко оче наш да ја кажат и да извадат студија на случај од реална компанија. Како правник со 25 години на ваква сериозна позиција?! Знае ли он два биланси да прочита и анализа да направи? Знае ли со кои други институции дома треба да води политики за да знае како со надвор? Не е ова ситноштабска трчачкодудлачка работа. Дали се нормални бре? За оваа позиција треба сериозно искуство од минимум 10 години. Ова ли се кадрите кои ги ветуваа? Мрсулко. Му дудлаа теткиците во совет во Гази Баба што се напикаа. За срам, со деца колку него по дома. Они и го сместија таму. Уште ќе веруваме во небитноста на штабските мишеви? Не би рекла. Мизерија.
Работата е во тоа што Заев е сеуште на почеток .... И мене не ме радува посебно вработувањето на Лукаревска за директор на Ујп со 33 години ??? Прво вработување !! Зошто била од шарената револуција ?!?! Сега помина Заев но следниот пат ке се прашаме
Ама како за почеток многу ја иске*аа ако ме прашаш мене. Со 11 годишна диктатура, ми се кренаа стандардите за политичари, ги гледам дека на пат се да ги направат истите грешки. Anyways, речиси сите пријатели ми се од сдсм. Пред некое време научив за многу вруќи “интерпартиски“ приказни т.е. афери. Скромниве дечки си водат двоен живот. Немам потреба да кажувам за имиња и детали, ако си во партијата веројатно знаеш. Јас не одам по штабови, па ми беше изненадување. А барем за момент си помислив дека се поинакви.
+ она кога навидум критичари неутралци апла се осеќаат дека се партиски ориенрирани . + Не ми се верува колку народот е задоен дека никола не треба да си оди. А другиве пак што запињате да си оди,нека седи на чело и нека губат уште 333 пати. Тројката ради трите општини.
Кога сме кај млади директорчиња.. Од СДСМ ставиле на странски инвестиции 25 годишен. А Кежаровски Лука на Службен Весник ДОЕНЧЕ беше кога стана директор..22 накај 23. Ај..да не збориме за партиски "решенија" зашто СЕ е јасно.
Ама, нели овие ги гласавме за да бидат подобри? Никакво оправдување не треба да бидат постапките на претходниците. Кога ВМРО се вадеа со СДСМ и викаа "вие да не бевте поарни” се бунтувавме тука и ни сметаше, нели? Епа, и сега треба исто да ни смета што и СДСМ ги прави истите финти.
Изгледа до прва ќе гледаме циркус Сега после добивање и на локална власт, ќе ги заситуваат апетитите. Според утрото се познава денот, нели.. Верувам дека ќе има неидеални решенија, луѓе на несоодветни места, разни ,,пушачи,, во фотељи, носење на Закони кои се вон памет..
На мене ова ми смета многу. Што ако сум подржувач на Сдсм, ова страшно ме нервира. Кај нас образовниот кадар или се сврте кон Вмро или се исели. Раководството сака соодветни кадри, ама членството притиска. Реално е да очекуваме дека ќе се постават луѓе од Сдсм, ама барем да се соодветни.
Истото и со советничките листи. Ставаа деца на моја возраст, кои освен што трчале за партијата немаат никакви познавања од политика. За да биди уште потрагично, некои од нив беа само со средно. Што ќе кажат тие на седница на совет, претпоставам нема да имаат храброст да земаат збор. И знам, сега ќе речеш: “и вмро така правеа“. Ама затоа што така правеа, некои нивни не одеа на работа и земаа плата (советник + место во администрација = плата околу 600 евра), им стигна партијата на она место, ни нивните членови за нив да не гласаат. Наместо праксата од вмро да стане лекција како не треба, изгледа стана репер за квалитет и снаоѓање во животот.
Па овие имале време да праат шема штабче-кафе со парите од нивните од по дома. Ние случајно да не имаме? Па тоа се нервирам, тоа!!! Чекав промени, протести, надеж, олабавување и добиваш...ова. Ова! Во случајов беше битно кого ќе стават вратар, за важни функции да не правиме муабет.