Чекам промени. И дигнав глас..ми рекоа ,,стрпи се, избори се во тек, ништо неможе,, Гласав за П Р О М Е Н И !! Тоа го ВЕТИЈА и еве чекам. Ако не направат промени, тогаш од мене немаат глас веќе, а кај и да е, ќе почнат да зборат за парламентарни. Точно е дека една птица пролет не прави, ама не сум единствена птица
Штом коментирам дека ми смета секако дека нема да го користам она "И Вмро така правеше". Значи не се согласувам и критикувам. Борба за живот е. Не знаеш дали луѓето се принудени вака да се однесуваат или сакаат да се дограбат до функција. Али ај обвини ги. Кога нема саглам работа и плата. Многу подлабко е проблемот. Ниту е да се вработат несоодветните, ниту пак да се остават. Добар дел од нив се и без никакви или минимални примања. Но мора да се почне од некаде. На пример, пушти конкурс, па кој вреди, нека работи. Фер за сите. Ама не, сеуште ќе гледаме изгледа штабски вработувања. За жал.
Нека не вработуваат штабски деца, ама и пре-вработените (кои бај д веј толку години не доаѓаа на работа) нека ги отпуштат. Има на кого му се работи. Од партиски играчи кои цел ден место на работа одат по штабови-аман !!
@JuLleE Тоа е главниот проблем во државава, се кријат конкурсите и се вработува стриктно според политичка заднина. Вмро целосно го уништија здравство и образование, сдсм сега ќе ни докажат дека сепак не е допрено дното. @referentka Цело време тоа го повторувам, да се вратат дома тие што биле вработени на таков начин. Да има санкции кон неработниците. Наместо тоа, тие се ушалтаа кон сдсм и не само што нема да бидат избркани, може и унапредување ќе добијат.
За ова имам да дискутирам до бескрај. Се ушалтале и фатиле врски уште подебели од претходните. И сега? Пак исто ќе продолжиме? Муабетот ,,е знаеш, ми се јави ОВОЈ /ОНОЈ за да ургира и неможам да го одбијам,, ми е веќе
Ова сеуште не е актуелна политичка тема. Се прашувам, кога ќе стане? Извршителите се производ на ДПМНЕ. Совршена спрега меѓу банките, судот и извршителите. Совршен рекет. Кога ќе заврши? Што е поважно, цигарите или рекетов? ИЗВРШИТЕЛ ЕДНА ГОДИНА ОДЗЕМА СЕМЕЈНА ПЕНЗИЈА НА ДВЕ СИРАЧИЊА https://sdk.mk/index.php/glasno-za-...nzija-na-dve-sirachina/#.WfRDGjj4ELU.facebook ПЕТИЦИЈА https://www.change.org/p/оштетени-граѓани-на-македонија-damaged-citizens-from-macedonia-стоп-за-приватните-извршители?recruiter=168331084&utm_source=share_petition&utm_medium=copylink&utm_campaign=share_page.share_redirect-control
referentke,bas me interesira ti sto rabotis zatoa sto si najaktivna vo temata i celata tvoja energja ja prenasocuvas tuka.
Ова ми е дел од работата Затоа ме има постојано, и дневна и вечерна шема И не само на темава, туку на форумов. И...не е цела енергија насочена, има уште многу, многу енергија за насочување кон ПОДОБРУВАЊЕ на рабои кои некој ги упропастил Или најлесно е-прозивај го некој , можеби ќе го замолчиш Секој е ,,платен,, за да работи нешто во животот, така и јас
Како поставувате вака лични прашања? Не разбирам како ви одат во прилог сознанијата што ќе ги добиете од нив... Кај сака нека работи кога фактите се факти што се прави и како се прави. Не бевме да гласаме за таму некој дибек без вода у очи да си го намести гзот. Гласавме за суштински промени. Додека ги средат овие трчачиве да се задоволат, ќе помине мандатот. Мислев за партија се гине од идеологија, не за 300 евра...
Јас да сум на местото на младиве избрани советници, нови административци, божемни невладини кои пишуваат нарачани статии (исто како во време груево), не би се радувала многу. Четири години се дечки, ќе ви поминат многу брзо. За тие четири години нема да си ги решите финансиските проблеми. Според моја логика, економијава ќе продолжи да се влошува. До 2019 е неминовно да се зголеми ДДВ или персонален данок, ќе се качуваат цените на горивото. Трошоците за живот ќе растат, платите нема да мрднат од 200-250 евра. Ако земат кредит од ММФ, ќе треба да отпуштаат од администрација или да кратат плати. Како да ви објаснам дека нема пари во буџет за исплата на толку неработници? Кој знае дали и тие четири години ќе си ги поминат слатко. Ама ајде, барем три вечери се славеше лудо. Не иде, па не иде, памет кај македончето.
ТОА што викаш Грујо украл многу париња ако се докаже дека е виновен нека си плати не ми е гајлњ ама како што гледам еден криминал го осудувате а друг го оправдувате евро за мене евро за Вицто
Јас па никогаш не сум мислела дека за партија се гине од идеологија. Можеби некој едноцифрен процент од оние кои се ветерани. За остатокот, партија = ИНТЕРЕС. И не се криви луѓето, политичарите се криви. Оти ниеден паметен не се најде и верувам дека нема да се најде кој ќе се крене против оваа 'традиција' и да воведе вработување по заслуга со соодветни квалификации за позицијата. Ама не, најубаво е тие што те кошкаат да си ги наредиш околу тебе и заедно да си крадете. Избркај се што не треба, ама ако некој си таму е вреден, зошто да си оди ако е вмро а ти си сдсм? Или обратно. Па ставаш некој неписмен мочко само оти е обоен со твојата боја. Народот во коски страв е наполнет од такви стави-извади игри по партиска линија. Покрај сувото и суровото гори. Ама па, они си бркаат вработени од членството, а не па од спротивниот табор. Боже мој. Е, се додека е така, ќе се гине и за 200 евра, не за 300, оти 300 се па премија овде. Их, на коњот си море. Се така додека не си најдеш пат за подобро... надвор, нормално. Погоре беше Референтка испрозивана за форумот. Еве, да се надоврзам. Рени, ништо лично. Ќе кажам за сите, нешто што отсекогаш сум го мислела. Одам во АВРМ, таа забутала глава во мобилниот, мислиш последно и е. Нека НЕМА пристап до мобилен. Во ташна! На пауза нека си го зеде, после пак назад. На компјутерот програм само за работа. Не јутуб, не фејсбук, не форум. Да знае дека е на работа, а не кога ќе дојде странка да не може главата да си ја одлепи од монитор или екран на телефон. Наставник - мобилен носи во училница на час. Ма немој! Ред, ред немаме! Колевка сме на башибозукот. Нашите се сега на власт, ни се може, ајј. Оправија, јас барем, не гледам...
Уметнички дело - Тиха језа. Техника - издркотини на платно. Лешко сеа на Васуљче му е најбоље другарче, со него ќе им крадат јакните. Овој со наочарите има фаца као мушка верзија на Мирка, по што можам да заклучам дека Мирка е убава жена. Ме интересира само што функција има... Мајкин језив син...
Тоа е во ред, но прашање е колку се можни такви промени, колку е можно отпуштање на армијата на гљујо или да не ги вработат оние кои "одработувале" вклучително дно фаци тукушто излезени од факс. Од старт не знам колку такви очекувања би биле реалистични. Останува надеж дека ќе бидат барем 20% подобри од екс-власта, што и не е којзнае каков предизвик ако се имаат во обзир "резултатите" од владеењето на искривениот.
Ако се задоволуваш со такви минимални промени, за еден мандат да бидело само 20% подобро, тогаш потребни се пет мандати по четири години, вкупно 20 години да поминат за реална промена. Или да го протуркаш животот во чекање. А до тука стасавме, затоа што во Маќедонија се поминува. Се гледаше низ прсти за владеењто на Грујо, сега истото се прави и за Зајко. Народ со многу ниски стандарди за политичари. Затоа е вака.
Ке ги тестирале сите учители , наставници , професори , бидејки го уништија образованието, бидејки ги вработи живи неписмени со психички проблеми !!! Али тоа више го нема
Све е јасно што сакаш да кажеш , и се согласувам со тебе , но ке почекаме уште малце ...Јас воопшто не се плашам да му свртам грб на Заев , нека му е мисли тој сега што ке прави ! Пак ке има избори , од нас Заев зависи
Тоа е точно само очекувањата не мора да имаат врска со реалните можности, може да се очекува и пласман на светско во фудбал но тоа нема да се случи поради икс фактори. Секако дека најправилно би било да ги отпуштат нишачите на врати, цела таа гадна паразитска армија која се влече на државна цицка, само сметај дека пазарот ќе колабира веднаш, замисли 80-100К+ раја нагло да се најде надвор од работно место. Трагично е што тој систем на клиентелизам ја создаде економски најмоќната класа во РМ а тоа се административците. Тие се најголеми трошачи и најголеми корисници на кредити. Таков потег би повлекол и добар дел од реалниот сектор во пропаст така да не гледам начин тоа да се направи. Тука лежи проблемот. А краткорочно решение е невозможно, дури и да претпоставиме таква намера кај типот од Муртино. За почеток треба да има мораториум на нови вработувања на испразнетите места ради пензија, смрт, емиграција или рандом напуштање на работно место во државно. Нека преместуваат нека прават, само нека не пикаат нови и нови. Инаку не знам како планираат да направат нешто.
Како ќе ги тестирале? Баш ме интересира. Ама да не биде стапот само на наставниците и канцелариските глувчиња нека ги размрдаат малку повеќе, оти и така се задремани повеќето од денот.