Форумџика на годината

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    20.270
    Пол:
    Женски
    Па ако првите не крадеа, овие нека не докрајчат. А патем, дали го прашаа народот за да буткаат споменици?! Наместо, да речеме да ги пренасочат тие средства таму каде што навистина има потреба. Чудно, оти поддршката е насочена кон деструкција.
     
    На joy1, orevokrsacka, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    А народот некој го праша дали да мести кичераи низ цел град?

    Колку е глуп цел проект.
    Додека обичниот народ ринта за 200 евра, тие кои пари ги переле со спомениците...па уште ќе ги браните.

    Како што им е преку глава на сите од психопатот, слободно нека го праша некој сега народот и според резултатите на сегашниве избори, ќе летнат одма сите споменици.

    Нека ги преместуваат по небитни села во земјава, нека ги фрлат...Што сакаат нека им прават на перените пари.

    Народот очигледно сака промена, поголеми плати, а не 200 евра да зема ама битно безврска споменици имало на секој чекор.
    Кај го има ова? Бруки.

    Нека се исфрли цел кичерај, па да влеземе во Европа, да се развие земјава, да се зголемат платите, да се подобрат односите со соседите...А не, тие што изигруваат на форум најголеми партиоти први вадат бугарски пасош и се избегани низ Европа....Ние овде будалите ќе седиме со спомениците и ќе земаме 200 евра.
     
    На prominent, Lejla8, НаталиЛили и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Јас нема потреба на такви како тебе кои сметаат дека Црпко ќе ја воскресне Македонија да им докажувам....
    А за граматика јас имам учено колку ти што имаш годинки!
    И уште нешто следеш ли во кое дереџе ни е економијава не прависе глува па као не знаеш 4 месеци по ред тониме во минус а згора на тоа поскапува се , се покачува акцизата на нафтата од 2018 год. Или глува си или се правиш ... , а ти бараш докази , слики , линкови :P за жалење а на друг кажуваш неписмен? Да ти кажам една работа не би околу твоето образование ама се гледа од далеку:x
     
    Последна измена: 2 ноември 2017
    На carangigia, Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Последно прочитав дека платата на професорите/наставниците/воспитувачките ќе биде зголемена за 5%, плус струјата веќе е ефтина и попладне, а друго не знам ништо...Што пропаднало ме интересира, што поскапе?
    Како тоне земјава кажи ми.

    Ете глува сум, те молам дај ми линкови како пропаднала земјава за 3 месеци.

    Досега се качувавме на врвот со гвујо твој, па сега тонеме...Бре, бре полека :rofl:
    Се виде на последните избори кој падна во бездна и кој потона до дно.
    Дебакл невиден, мене ќе ми беше срам да пишам нешто а не упорно со глава во ѕид да одам.

    п.с. Не се остава празно место пред интерпункциски знак...Чисто информативно де :P
     
    На НаталиЛили, Elen4e_sonce, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Хаха ти најде да збориш за интерпукциски знаци а од кога тоа на форуми требало да се води сметка за граматика...Имало ефтина струја хехе а каде тоа и кога си платила ли ти чек за струја па да ми кажуваш за тоа.Јас убаво го знам тоа дека е политички маркетинг кој брзо ќе излезе на виделина, бидејќи сите броила треба да се прилагодат на таква тарифа ако воопшто ја има.
    Друго ќе се покачела платата за 500 или 1000 ебени денари во образование па толку пари тоалетна не можат да купат за месец дена.А дали ти знаеш како се излега со плата во обеазование за еден месец?
    И за тебе зголемувањето на даноците не е пропаст , зголемувањето на цената на нафтата не е пропаст, зголемувањето на цената на водата не е пропаст лошата економска политика и задолжувањето од пола милион евра за 5 месеци не е штета на
    граѓаните,намалениот извоз за повеќе од 60 мил € месечно не е пропаст,што уште да ти кажам за да се увериш дека се што направија е на штета на тие кои ги гласаа.
    Намалениот број на стански инвестиции и туркањето на ФЕНИ во стечај како и назначување на стечаен управник кој е близок донатор на Сдс и Зајакот
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    @DAngel aj vidi malku
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Тоа и јас викам, сине Бруте :D
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Данокот за кој велеа дека ќе го укинат, сега размислуваат да го покачат(facepalm)
    Здравството го фрлија за градоначалничко место....ехеее...
     
    На Nigredo Odor, Rama, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.406
    За да се влевале доволно пари во буџетот за повисоки пензии и плати (што само по себе е за поздрав!) ќе го поскапеле бензинот од следната година. Но зарем тоа нема да предизвика автоматски и зголемување на трошоците за живот а со тоа потреба од уште поголеми плати и пензии? Или имаат некој механизам кој ќе го ублажи тоа? Не знам, прашувам само...
     
    На zuto и ADOKI им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.992
    Допаѓања:
    26.124
    Пол:
    Женски
    Не се замарај Џоли , на овој господинов Адоки не може да му се докаже дека " економијата во пораст во време на Н.Г " беше само замачкување очи на народот за да си перат парички . Секој месец се вработуваа по 10, 20 илјади луѓе , а сите невработени . Па сега ќе оправа криви дрини како струјата поскапела , нафтата итн .

    Како не разбирате дека се само 3 месеци на власт ? Сакате сета каша што ја " зготви " предходната влада , овие да ја " изедат " за 3 месеци ? Не оди тоа така преку ноќ .
     
    На JollyGirl и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.995
    Допаѓања:
    14.634
    Ако не е тајна, колку се сега платите во образование и колку ќе се покачат?
     
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Адоки стално влегуваш во жешки дебати за тој пусти Грујо што не вреди ниту 1 денар , види ние не сме толку против партијата вмро , ние сме против врхушката на вмро . И самиот знаеш дека врхушката на вмро се мафијашка банда , зошто не го признаеш тоа , и да барате ново лице за лидер на партијата? Јас лично многу го ценам Никола Попоски и сигурна сум дека тој би бил добар лидер .


    А што се однесува за Заев , сега е на почеток , но ако не е како што треба , ако не се подобри моменталната состојба на државата и народот ,ние сме тие што ке му го свртиме грбот и ке го бутнеме од власта ! Нема више трт-мрт !
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Помалку од 20 000 зема почетник
    А доколку се покачат тоа ќе биде некаде од 800 до 1000 ден или 5% ама ако се покачат?
    Прашање и тоа големо а што фајде и да се покачат кога сите цени ќе рипаат како луди па тоа ќе биде никому ништо
     
    На carangigia и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    @Justicija Адоки, т.е. Брут, сега кажува дека тој отсекогаш бил за смена на Груевски, а пред само 3-4 дена го величаше царот.
     
    На GrevMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.805
    Пол:
    Женски
    Го читам бе срцка , затоа му појаснувам , стварно многу пати влегува во конфликти за кого ??? За Грујо (facepalm)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.677
    Како можете и зошто сте толку не објективни?
    "Порастот на цената на горивото, нема да ја зголеми цената на транспортот" :?:
    " Оваа мерка нема да влијае на инфлацијата бидејќи ќе поскапи само дизелот, не и бензинот и лпг" :?:

    Речиси 100% од тешките моторни возила се на дизел. Како нема да влијае на цената на транспортот?
    Погледнете на www.bastrucks.com
    колку камиони се на друго гориво.
    Зошто тресат глупости?

    За спомениците. Да, за дислоцорање. Не, за уништување.
    Ама..да се дислоција споменикот на Александар и оној на Филип, ми е само акција по желба на грците.
    Спомениците се на вистинско место.

    Портата...не ми се допаѓаше. Но сега, ме асоцира на успехот на спортистите... сепак е вишок таму каде што е.
     
    На Tanjamm, daylight, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.958
    Допаѓања:
    14.028
    Пол:
    Женски
    Факт е дека поскапувањето на нафта значи фактички инфлација и повлекува поскапување на се друго. И нека не фрлаат трошки од 5% пораст на плата, аман, нека си скратат патни трошоци и разноразни хонорари и ќе има пари и за поголема плата.
     
    На sanjaeva, Lianna Anna, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не знам како си замислуваш тоа да се случи, каков живот да дојде, јас не знам што очекувале луѓево и сеа као разочарани, 20% што ги споменав би биле како 7-а на лото, чудо небесно.
    Што е тоа завршено со пастирот? Ајде ќе пробам да ти објаснам, пошто овој трендов со ama pastirot vise neje na vlas е малку иритирачки. Пошто гледам никој не разликува политичка од кривична и скраја да ем морална одговорност.

    Знаеш колку доаѓа за наплата на ентитетот РМ, кредитите? Посебно 2020-2021, знаеш дека треба да се враќаат милијарди евра, знаеш колкави камати има? Ќе ги опростат тие задолжувања финансиерите пошто пастирот нема да се бавел со политика повеќе?:D
    Не оди тоа така, пастирот тие пари ги позајмувал во име на РМ и ги полнел своите и џебовите на друштвото, колатерала се граѓаните на РМ, уште дооооолго време ќе треба да се плаќаат потезите на пастирот.
    Знаеш во какви долгови се болници, школи, министерства, општини, во каква состојба е АРМ, какви дупки зјаат во фондови? Уште најмалку 15 години пастирот ќе биде присутен, макар уште утре да се надене на колец и да цркне.

    Тоа што бил збришан на избори нема магично да ги избрише последиците и правецот кој го зазела економијата. Пример некој ти дојде дома, те убие во поим од ќотек и те ограби, тоа што ќе исчезне од местото на злочинот нема магично да направи да заздравиш веднаш и да се опоравиш.
    И сеа некој доаѓа и ти вика ама сторителот го нема повеќе, дојди да џогираме 5км прај ми друштво...ти му викаш абе раце нозе ми се во гипс...тој ти вика пффф оправданија бараш:party:

    Ако сендвич-армијата биде отпуштена тогаш како што кажав, ќе настапи колапс на економијата, кредитирањето на обични граѓани ќе биде замрзнато, и онака слабата ликвидност ќе умре, парата која слабо врти скоро ќе престане, извади ги од услужен сектор вработените во државно и ќе видиш катанци на врати насекаде. Тие трошат, тие вртат пара, тие плаќаат кредити. Да е до мене јас би организирал и јавни спалувања на сендвичи ама тоа ќе донесе крај.
    Ако знаеш за некој магичен начин каде што ќе бидат отпуштени а тоа да не доведе до колапс, слободно изјасни се :)

    Затоа тој едноставно мора да биде осуден на што поголема казна и да биде конфискувано украденото. Без тоа, без еден таков исчекор е готово, крај. Ако правосудството не го стори тоа во наредниве пар години макс. тогаш веќе можеме да зборуваме дека курто е исти со мурто. Само жестока казна како пример за тоа што би се случило со некој нареден обид да се биде пастир би била зрак надеж.
     
    На Annath, Elen4e_sonce, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.893
    Допаѓања:
    48.629
    10 години ја ебаа мајка Македонија, све покрадоа и запустеа, и сеа од коа паднаа од власт, и се е на виделина, новиве биле криви, и тоа за само 100 дена.

    Well played, Грујо, well played. :clap::clap::clap:

    Те молам, врати се. Малку ни е...
     
    На Annath, galapce, theowndemon и 10 други им се допаѓа ова.
  20. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.713
    Пол:
    Машки
    Само едно да знаете никогаш не сум бил за тоа ако некој направил кривично дело а тоа биде докажано нека си плати за тоа.
    А друго искрено доколку се одлучи Грујо да биде сменет немам ништо против само едно да знаете дека подобар човек во македонската политика од него нит имало нит ќе има, за кратко време ќе видете дека тоа е така само што ќе биде касно нема назад враќање.
     
    На orevokrsacka и zuto им се допаѓа ова.