Најголемите душмани на Македонија, не би можеле да сонуваат за ваков лик ко гљујо, какви андарти, балисти, четници, татари, све се тоа аматери, да обремениш економија ко овдешнава со 200К раја која на овој или оној начин зависи од буџет Кога би бил more conspiratorial minded би рекол дека е инсталиран директ од Атина , ама за жал не е така домашен производ е, со она сонценцето на фискалните
Адоки не ми е јасно што толку го браниш грујо , не го слушаше во бомбите ?? Тој е криминалец заглавен до в гуша со го*на . Јас ти кажувам дека доколку Заев скршне од патот јас прва ке плукам по него ! Ниту ми е татко ниту брат да го бранам како што го бранеш ти грујо а слушнавме во бомбите што правел , каков криминал правеле целата врхушка на вмро . Знаеш можеби некогаш кога би имало нова чесна врхушка во вмро јас би гласала за нив , но за ова што е сега никогаш!!! И дај не го брани више
Хаха, знаеш со кого зборуваш? Колку пати сум пишувала да го затворите и пастирот и сите пастири што се огрешиле. - Каде е конфискацијата на имот што се ветуваше? Тоа нели беше начинот да се справиме со презадолженоста. - Парите ќе ги вратат. Ќе ги вратат и тие 5 милијарди. Кога? На Св. Бајрам? Ова е најголем проблем со тебе кога човек дебатира, цело време вртиш наоколу. Не се труди да ми објасуваш каква е состојбата во институциите, ја гледам секој ден. Никој не ве тера чуда да правите, ама не требаше ни толку да се лажи во кампањите. Разочарана не би можела да бидам, затоа што имам хронична недоверба кон се што ќе излези од уста на политичар. И повторно за парите од твоите љубимци потрошени во шител, ниту зборче? Нишо не праиме вака Ружа. Себекритичност, тоа и фали на комуњарата. Со нос кренат до плафон, ништо нема да постигните. И не ловете новинари-неистомисленици, како да е ноќ на вештерки. Не дискредитирајте мислења кои не ви се свиѓаат. Не се вреѓејте кога сте ја укењале, немора плачки по фејс. Се поише на вмро наликувате. Они велеа Бранко е крив, вие се правдате со Грујо и тоа е доволно за никој ништо да не сработи во овој обид од држава. Еве, од фамозните 120 дена веќе под истрага за корумпираност се Алаѓозов и Рашковски. Барем тоа кадарот бирајте го. И да, можете да ги поапсите сите корумпирани вмро-овци, мислиш дека се грижам за некој лешинар-политичар? Поапсете и ја пола држава која се бави со криминал, пак нема да ми биди гајле. Не штитам јас ничии политички интереси. По 11 години, ништо не се научи од вмро-овското брукање, па толку сте желни да го ископирате. ПС Немој во наредна реплика за пастирот, досаден си више. Иста приказна вртиш. Пробај сеа нешто пооригинално.
Барем и од Влада ги ставаат под истрага. Добро ова не ви е за поздрав? За Сител и рекламите, тешко некој ќе соџвака, ама вие овде од форумот и на фб, не сте биле во внатрешноста каде што Сител е СВЕТОСТ. Еве ви со големи букви. Ајде малце отворете очите и бидете реални. Кај нас живее прост народ кој верува на Сител. Проста логика. Тој народ гледа како Сител форсира кампања на Сдсм. Тоа може мене не ми влијае, патем јас не изгледав 1 мин политичка програма, ама на остатокот и те како влијае. Требаше да си остане Грујо. Оти сите плачеме по него изгледа. Ама, и пред локални да не ви ги цитирам мислењата каде што прогнозиравте дека Сдсм ќе губи, демек народот се разочарал. Разочарани се некои кои не седнаа во фотељи. Народ, најгласен на фб и по форуми, а во суштина секој си гледа за џебот и за интересот. На форумот исто. И како ќе му дојде, знам те пушко кад си пиштол бил. Ако нека има дискусија, ќе си критикуваме, ама да сме на чисто со намерите и очекувањата.
Во право си . Подобар човек во политикава од Грујо немало и нема да има . Ама во КРАДЕЊЕ и ЗАМАЧКУВАЊЕ ОЧИ на народот 10 години по ред ! Освести се дете ! Величиш криминалец тежок милијарди евра , финансии на државата во која живееш и народот со кој живееш ! Навистина не можам да те разберам . Велиш ако некој направил криминал да биде казнет ако се докаже дека направил , од друга страна , покрај сите докази велиш Никола не е виновен а кој е ? Баба ми Зора станала од гроб и ја задолжила државава до гуша
@JollyGirl Џоли, малку реалност е во наша корист. Дали стварно мислиш дека уништувањето на спомениците и фрлените пари за истото ќе ни отворат врати во ЕУ?! Па уште да прават што сакаат со нив?! Како го осудувате правењето на истите оти било кражба и перење пари?! Дали стварно верувате во тоа дека сега нема да се перат пари?! Во Европа не се влегува така, ами со подобрување на животниот стандард. Нам ни треба стандард. Заев вети дека истиот ќе ни биде како во САД. Македонците се навикнати на системот на партиско поврзување. Дали ние ќе бидеме способни да се ослободиме од стегите на таквата стагнација и да оствариме динамична економија, во услови на голема бирократска машинерија со спротивставени интереси за ЕУ, ич не зависи од спомениците. Македонија е задолжена во кредити, кои ние треба да ги враќаме. Сега долговите се зголемуваат, со новите задолжувања. Па не ми е сеедно каде одат тие пари и не мислам дека е во ред да не се насочат таму каде што има потреба. Нека постават бројчаник на портата, како што ветија. Не да ја тргаат. Ние треба да се ослободиме од фалични политичари кои употребуваат механизми кои ги нема во ниту една постоечка функционална демократија. Жално е тоа колку Македонецот е навикнат на ниско политичко ниво и колку се повеќе станува индиферентен кога е во прашање промена на политичка свест. Заев е исто онолку криминалец, колку што е и Груевски. И многу повеќе од тоа. И нареден пат означи ме или цитирај. Слободно. Не сум љутка бе.
Груевски не е таму каде што беше затоа што е казнет. Ако знаевте дека треба да биде казнет, ред е сега со ладна глава да кажете кога некоја мерка на владата не е ок. Доста со тоа 10 год вс 100 дена. Штом бил 10 год. имало луѓе кои го гласале, а со тоа ја прифаќале и неговата политика. Сега е сменет, не од оние кои никогаш не го поддржувале, тука напротив од оние кои му даваа поддршка. Знаете како ми излага ова со споменициве? Како снаа кога ќе влезе во куќата на свекрвата и сега она е главна, па ќе менува се од кревет до завеси. Свесен човек размислува дека тоа што претходникот го направил имал право да го прави, затоа што тогаш ја имал поддршката на народот. Или можда е подобро едниве да прават па другите да рушат, па вториве да прават па следбеникот да руши. Его. Глупаво, надувано, саможивно его. Пораснете политичари, и едни и други.
---- Извор: http://meta.mk/hronologija-na-palenata-na-makedonskoto-zname-na-kosovo/ ---- Хронологија на палењата на македонското знаме на Косово Скопје, 3 ноември, 2017 - 11:13 (META) Палењето на македонското државно знаме вчера во Пеќ и во Гњилане, по изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, е последниот таков настан од низата вакви инциденти регистрирани на Косово во изминатите десетина години. Сторителите, главно, се членови на навивачки групи, а македонското знаме гореше на спротски натпревари и на протести, но такви инциденти се случуваа и по судски, политички или културно-научни настани во земјава. Првпат македонското знаме на Косово беше запалено во 2009 година, а последниот ваков инцидент е регистриран вчера, по пресудите за „Диво Насеље“. Еве ја хорнологијата на палење на македонското државно знаме на Косово: 29 септември 2009 година, Приштина – Македонското знаме беше запалено во Приштина на фудбалскиот меч помеѓу прволигашките екипи на „Влазними“ и „Приштина“. Знамето беше запалено, наводно, како одговор на издавањето на „Македонската енциклопедија“ од Македнската академија на науките и уметностите (МАНУ), која предизвика бурни реакции меѓу Албанците и дома и во соседството. 24 ноември 2011 година, Качаник – На фудбалскиот меч помеѓу „Лепенци“ и „Дрита“ во Качаник, маскирани навивачи го запалија знамето на Македонија на стадионот. На самиот почеток на натпреварот навивачите истакнаа и навредлива парола: „2012 не е крај на светот, туку крај на Македонија“. 16 февруари 2012 година, Приштина – Македонското државно знаме беше запалено на пријателски ракометен меч на младинските репрезентации помеѓу Косово и Македонија, како наводен одговор за навредливите песни на македонските навивачи на Европското првенство во ракомет во Србија, одржано еден месец порано. Покрај знамето, како декор во салата беа и паролите „Бугари од Господ, Македонци од Тито“, „Македонија не постои“. 8 јули 2014 година, Приштина – На протест одржан во главниот град на Косово повторно беше запалено македонското знаме, а поводот беше изрекувањето на пресудите за обвинетите во случајот „Монструм“. Знамето беше запалено пред македонската амбасада во Приштина, од страна на навивачката група „Плисат“, каде присутните извикуваа и антимакедонски пароли. Тогашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, го оцени како „неприфатлив“ ваквиот чин и побара од полицијата и од правосудните органи да ги откријат сторителите. 14 мај 2015 година, Пеќ – Ммакедонското знаме беше запалено на кошаркарскиот плејоф-натпревар помеѓу екипите на „Пеќ“ и „Сигал Приштина“. Знамето го запалија членови на навивачката група, наводно поради полициската акција во Диво Насеље, во Куманово. 2 ноември 2017 година, Пеќ и Гњилане – Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, во овие два града во Косово јавно биле запалени македонски знамиња. „Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава, го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа“, порачаа од навивачката група „Соколи“ во Гњилане. Инаку, освен во Косово, македонското државно знаме беше запалено и во Албанија. Инцидентот се случи на 24 ноември 2014 година во Тирана, за време на официјалната посета на тогашниот премиер, Никола Груевски, на Албанија. ---- Освен ако е изрично наведено поинаку, содржините на Meta.mk се заштитени со лиценцата Криејтив комонс „Наведи извор - Некомерцијално 2.5“ ----
А, бе..нели овие од Диво насеље беа невини?! Оти ги затворија, шЧо им напраја?! Оти толку одлагаа за по изборите... Аљи бееее... Ме занима, како се викаат таквите приказни за невиноста: misinformation, disinformation, fake news ил propaganda?
И тие тврдат дека се невини, дека УБК ги истоварило во Куманово, ама без разлика кој ги истоварил или им платил ТИЕ се извршителите и МОРА да одговараат за делото.
^^Поима немам јас, Рефи. Еве, ко аматер кој поима си нема од ништо, па и што значи некој невин да е и да се крева прашина за како ќе бидат ослободени, пак ради безбедносни причини да се одлага читање на пресуда по избори....vикам, многу пропаганда и многу чаршиски муабети. Кујзнае оти.
А тие што ги нарачаа хитмениве ќе лежат негде освен у Грчка на плажа? М? Не, а? А за тоа никој да зуцне, си трпите, си траете... Да беше тоа терористички напад, а овие шупаци терористи, ќе ни ја еб*а мајката за една вечер, и сеа ќе бевте у була, и ќе пишувавте на косоварски тука... Али ако, малце ни е...
Е, сега ова се вика веќе...дефокусирање, релативизирање. Ама ако, едни изградија империја на база на истотот. Оти да не и овие.
Денoвиве читaв декa ги врaтиле стaрите aвтoбуси, мислев се шaлaт луѓетo. Денес видoв хaрмoникa aвтoбус сo бр.3. Зa мoмент пoмислив декa сме вo титoвo време Штo е пoентaвa сo стaриве aвтoбуси? Се штo е убaвo ќе рушaт и ќе менувaaт? Нaместo нaпред ние oдиме 100 чекoри нaзaд. Бруки. Нaфтaтa пoскaпувa, a сo тoa и сите прoизвoди, спoмениците ќе ги рушaт, стaрите aвтoбуси ќе ги врaтaт штo е следнo? Дa претпoстaвaм менувaње нa иметo дo крaјoт нa гoдинaтa......
Што бидна со понудената програма од владава моментална на РМ, мислам поточно во делот на платите во јавното здравсто, најавувањето на покачување со кое би ги поттикнале медицинарите да не ја напуштаат земјава, да работат задоволно и професионално..каде е тоа покачување??????? Најавуваат 5%...за срамота Од нивното ЌЕ ЌЕ ЌЕ ЌЕ направиме вака и онака, граѓаниве на Македонија неможат од ЌЕнеф да излезат За жалење сме навистина, не ебаваат како сакаат
Е коцката фали богами, и на плоштад и на Камени Мост, сите стари градски јадра низ Европа имаат коцка. Фали автентичноста на градот, никој нема против обновување но притоа мора да се зачува автентичноста а не да се всадува квази барок од гипс картон и стиропор. Бар да беше мермер. А платено е како мермер... Што се однесува до спомениците... Никој не не праша ни дали ги сакаме. Исто и за фасадите. Според мене, еве и нека не се уриваат сите, ама да се дислоцираат. Ич не ми е жал ако се потрошат пари за да се врати духот на Скопје.
Баш ваков беше автобусот што денес го видов, дури имаше картон напред Нема повеќе клима, нема парно, нема удобност на седиштата во автобусите. Сега само промаја ќе има. Баш ме интересира како ќе се куцаат карти во автобус, да не ги враќаат жетоните? Се надевам ќе се појави некој член на форумот кој ќе убедува дека старите автобуси се уметност како и стариот ГТЦ. http://infomax.mk/wp/граѓаните-ќе-се-возат-во-старите-автоб/
A да се вратеше духот кај народот, да имаме некој стандарт и да не му се тресеме за ништо? деновиве само тоа читам, ова ќе се чешла, она ќе се чешла, и така ќе поминат годиништа дур не прочешлаат се Незнам,ама не ми мириса на арно,се повеќе некако почнувам да се разочарувам