Чекај сеа, ми персираш или ми кажуваш дека сум член на партија? Ако е првото, браос, така треба, значи си културна млада девојка. Ако е второто тогаш не ти чини тоа, не е убаво така, такви клевети. Ние сме само обични секташи и не одиме по партии, повеќе сме по гробишта и напуштени објекти. Сето е ова наивно и детски, како децата коа се на гости со родителите некаде и цело време ги тегнат за ракав "мамо тато ај да си одиме досадно ми е буааа"...е сеа ако имаат домаќините на кабловска картунс каналот ќе им пуштат цртани и ќе се смират... Проблемот е што сум премногу демократичен, премногу давам шанса и после сам сум крив за вакви цитати што ми доаѓаат во известувања. Премногу сум фин за мое добро. Мора да поработам на таа особина Значи реалноста не може да биде како цртан филм, па ни како игран филм, во таа реалност икономијата на РМ ќе колабира веднаш ако се отпуштат сендвичите, може тоа не ти се допаѓа. може си исчекувала инстант промени, нагла измена на менталитет, култура, навики...па и овде да биде убаво како во Парагвај ама на оди тоа така нажалост. Намалување на бројот на паразити е можен само како долготраен процес на начинот на кој го опишав во погорен пост. Вистинско чудо ќе биде ако РМ исплива од гомната во кои ја удави пастирот. Лично не верувам дека ќе успее тоа и мислам дека наредниве 10-15 години само ќе бидат тивко умирање, подлегнување на вирусот кој го вбризга екс-власта. Досега имаше еден куп апсења, и покрај тоа што цело време СЈО беше минирано преку сварофски-судиите кои се длабоко инсталирани во системот. И сеа некој очекува дека за три месеци ќе ги уапсат, затворат и осудат сите? Па јас мислев дека на темава разговараат возрасни луѓе. Прв пат во сите 26 години независност има организирано и систематско работење на санкција на носители на највисоки функции поради корупција и злоупотреба. Ама не било готово за три месеци. Абе има раја за три месеци еден испит не може да даде СЈО е само обвинителство, не е специјална полиција ниту специјален суд. Разликата please. Нема бе некои правници овде на темава?! Е сеа во замислено сценарио каде власта ги отпушта сите паразити веднаш ќе имаме немири, нереди, драми и евентуални предвремени и враќање на мртвиот пастир на власт пошто ќе им каже дека ќе ги вработи пак. Значи некои потајно сакаат пастирот да се врати преку некои чудни сценарија
Преку леб погача сакаме. Волку гласни да бевме и претходно, не верувам дека ќе го допревме дното. Сега сите сме експерти, критичари, гласни. Мерките и политиките моментално треба да даваат ефект може за една година. Ама да гледаме дека се превземаат мерки. Саглам мерки. Искрено ми скисна од политика и исправање криви дрини овде. Вмро вака, Сдсм така. И се повторуваме. И изморува и ти здосадува.
Наивно и детски е тоа што јас (заедно со многу други), очекуваме се што било ветено да се исполни, оти нели ете цело време се убедуваше во едно те исто “не се сите политичари исти“ или “аман, дајте им шанса“. 1. Неопределен си? Туку да, заборавив. Од сектата не ви дозволуваат да се мешате со партии. 2. Црна ружа плиззз, фер и демократичен? Ај донт тинк соу. Ама за релативизирање те бива, ти оддавам признание тука. Ти ми цитираш мислење, се нервираш после секој мој одговор. Мене ми е забавно. 3. Во твојата секта очигледно имате проблем со меланхолија. Мотото беше: „За живот во Македонија.“ Не за умирачка. 4. Апсења на прости извршители. Сакаме да видиме апсења на нарачатели. Јер има докази, цврсти, неоспорливи. Ај ако не, ќе почекаме до крајот на мандатот. Што би рекол ти: “Има рајата време за чекање.“ 5. Ај малку себекритичност. Како “возрасна“ личност убиваш со сарказми, со цел заобиколување на се што се очекува да го коментираш. СИТЕЛ. 6. Ружа бе, се читаш што пишуваш. Прво се проверува кадарот, пред да се намести на функција. Али очито, во Вукојебинска работите се прават обратно. 7. За три месеци се спрема дипломска, барем во мој случај било така. Ја мразам таа релативизација со времето. Ама што се 3,4,5 месеци, ќе се претворат во “дај бе почекајте уште некоја година.“ Трагикомедија е цела држава. И не знам, вака политички неопределен, зошто така жустро браниш.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10156034945164260&id=90137764259 Типичен пример за Сдс и премиеро
НЕзнам што им е на луѓево од новава власт, ама ептен летнале во облаци и ми делува како да сакаат да го казнат народот што ги гласал пред само 1 недела. Повисоки акцизи. Очекував дека нема да биде на арно работата, ама искрено ова со акцизиве дека ќе се качат не. Кога акцизата се качува се качуваат и многу други работи, Се правдаат немало пари, а градоначалникот на Центар за кој зборував и порано за каков човек се работи ќе уривал споменици. Не ми е јасно стварно. Има пари или нема пари. Или пак има и мајтап си игра некој со нив. Луѓево дали се избрани да градат или да уриваат ? Марин градоначалникот на Аеродром не му дал на Самсоненко да гради тениски игралишта. Се правдал со тоа што немало да биде од интерес на граѓаните. Идиоти невидени. Човекот по се веројатно ќе си ги спакува куферите и ќе си оди од овде бидејќи разбирачка со овие луѓе нема. Ако некој инвестирал во спортот во МК тоа е токму Самсоненко, а овие гледаат само како да го избркаат. Мирослав Грчев професорот веќе не е ни за коментар. Човекот толку си знае. До Југославија што му кажувала мајка му дома. Треба да му се објасни на човеков дека и пред Југославија имало луѓе на планетава. Ама историја сега ли ќе учи на 60 години. Ако до сега не научил нема ни од сега. Во меѓувреме додека се обидувам да си одговорам зашто толку си ја мразат државата и дали луѓево се воопшто нормални, свирепо е убиен човек во Аеродром пред Ред Кафе со 4-5 истрели. Многу често поминувам таму и не сум верувал ни на крај памет дека такво нешто може некогаш да се случи. Навистина ми е криво, што наместо да дојде некој кој стварно ќе ја однесе државата напред, доаѓаат вакви луѓе кои веќе незнам за што се се алчни. За толку малку време се направи хаос невиден. Една убава работа не видов да се направи во овие 6 месеци, а секој ден нови скандали.
Ти стварно не знаеш дека Самсоненко е само фигура зад која стои капитал на Мијалков? Едит: сега прочитав дека и убиецот на фудбалерот е поврзан со Фамилијата. Како беше она, долга е раката...
Ако ги вратат жетоните ќе го гласам Заев засекогаш! Овие модерниве плаќања се синус на косинус по тангес. Пола ден гуглав како да платам во автобус, за вожња од 10 мин
Мене па пресмешно ми е дека некој верува дека било кој(независно ВМРО било на власт или СДСМ)дека господата ќе успеат од Македонија да направат држава со стандард од горе наведените-Швајцарија,Германија и остали Па 2000 евра да земаме тука? Ни на сон бре,и име сменете уште утре и споменици до еден срушете џабе ви е. И што сте запнале ЕУ та Еу,и Бугарија влезе во Еу,ама уште поголеми(со извинение)ѓупци станаа. Така да,нека не биде работава сонила гладна кокошка просо. И за крај:Ало Таравари?! Не те слушам нешто добро,нели се чукаше во гради ќе го опрајш здравството,кое 11 години тонеше под канџи на режимот? Ама се уплаши,тешко ти се виде? Или кутриот ти,полесно ти дојде да се избориш за градоначалник во град кај што не важат никакви правила. Ама ако,малку ни е. А само кога ќе се сетам,како се чукаа во гради и тука на форумов дека од тебе ќе цутело здравството,а од друга страна пак колку бебенца умреа,ниту еднаш не се побара објаснување од тебе. А на времето Тодоров го распнуваа ете тоа е мојата чудесна земја.
Ја следам на фб мила царовска и не можам да сватам како толку беше пофалена женава , а по цел ден објавува селфиња со кој била на состанок што е најтрагично разговарале за невработеноста кај младите ги има истите мерки од вмро со тој неповратен гарант што после 7-8 месеци обуки поминати кај некој скопски педерчиња и гарантот ке им го доделат после година и пол ама динар нема да видат бидејки тоа е гарант катастрофа е женава и оној министерот за финансии , не знам кај му бил паметот на Заев кога ги поставил овие двајца не верувам дека младите ке останат овде срушена е и последната надеж.... И вака ке биде долго време .... Немаме ни опозиција како што треба, полна со криминалци кои сеуште се надеваат дека ке дојдат на власт , а уште не се свесни дека се печени за во затвор... , нема ни добра трета опција ... Штета !!! Бегајте од овде што подалеку !
Пред некој ден читав дека Шилегов ги прекинал изградбите на деведесет и пет барокни фасади. Убаво тоа, и јас сум против барокот, но што правиме сега со зградите кои чекаат да се стави некаква фасада? По се изгледа ќе останат така, како да ги гранатирале од воздух со бомби. Причината била: „да се заштедат парите на граѓаните“. Тие пари и така ќе се дадат, едноставно мора да се дадат зошто ако ги остават вака градбите без фасада ќе бидат уште погрозни. А што правиме исто така и со извршителите кои ги воведе Грујо? Нив не ги чепкаат нешто...
И мене ми е смешна ситуацијава со Мила. Изгледа како да ужива во фоткање и тоа е нејзината работа. Ако мислиш на тие грантовите за страт-ап бизинси и јас имам слушнато дека таквиот начин на финансирање не функционира. Порано, мислам дека им ги давале парите, за кандидатите да ги потрошат само на опрема. А сега, мислам дека тие им ја даваат опремата. Неколку години постои и упорно не функционира. Од агенција за вработување имаа и некој проект, за привремено вработување, на три месеци. Пази ова те молам, платено неверојатни 4000 денари. И знаеш што? Никој им се нема пријавено таму. Сега се измачуваат како да ги оправдаат средствата за проектот и зошто нема пријавени. И заклучок за крај. Сите овие божемни “проекти“ ги имаше и во време Груево. И тогаш сите знаеа дека се измама, ама сеа генијално се одлучија да сменат некое зборче и еве сме, гледајте што правиме за вас. Мизерија. @Rama Добро е што го спомна Таравари, затоа што е убедливо најголемото разочарување. Впрочем, најмногу се глорифицираше по медиуми, за ете по само неколку месеци се откаже од функција. Јас мислам дека има две опции зошто го направи тоа: 1. Ситуацијата во здравство е beyond repair, му станало јасно дека пред и над се, нема квалитетен кадар во болниците, затоа и се случува она што се случува. Увидел и дека сам не може да донесе промени кои впрочем ги вети, цело време ќе биде на мета на медиуми. Па фино лепо си дал отказ. Јер не може секој таков притисок да издржи. 2. Ова е моја теорија, ама апетитите за крадоначалник нараснале, затоа што најверојатно има помалку контрола и ревизија што се прави на локално ниво. Веројатно утврдил дека ќе има повеќе можност за злоупотреба, далеку од очи на медиуми и влада. И сеа знам, ќе има некој кој ќе почне да убедува “ама Таравари е чесен човек.“ А јас упорно тврдам дека нема чесни во политиката. It's all about the money, honey. Мислам дека ни Заев нема контрола врз апетите на неговите пратеници, а уште помалку на коалиционите партнери. Последна точка. Се надевам дека информациите кои излегоа во медиуми се точни. И дека за скоро време, ќе се олесни процедурата за добивање на бугарско државјанство (за оние кои можат да докажат потекло). Ако навистина ја скратат процедурата, на само 6 месеци, тогаш другари, Маќедонија ќе стане земја на духови.
Мила Царовака да ја прекрстиме во Министерка за селфи Многу беше фалена Царовска дека била профисионалец а она 5 месеци ништо не прави освен селфи катастрофа !
2. Ова е моја теорија, ама апетитите за крадоначалник нараснале, затоа што најверојатно има помалку контрола и ревизија што се прави на локално ниво. Веројатно утврдил дека ќе има повеќе можност за злоупотреба, далеку од очи на медиуми и влада. И сеа знам, ќе има некој кој ќе почне да убедува “ама Таравари е чесен човек.“ А јас упорно тврдам дека нема чесни во политиката. It's all about the money, honey. Мислам дека ни Заев нема контрола врз апетите на неговите пратеници, а уште помалку на коалиционите партнери. @Aquamarine93 Се согласувам до збор со цел твој пост,ама болдираново го издвоив,нека трепка тука
@Rama Конечно и со мене некој да се согласи. Фала мила. @Justicija Сериозно, као некоја тинејџерка. Впрочем, не само она. И другиве кои влегоа во влада, се убија од сликање по конференции и такви ствари. Која им е поентава се прашувам? До толку биле ископлексирани, па патат сеа за лајкови на фб. А и Бранимир Јованович, глеам си го добил со релативизирањето за поскапување на горивото. Абе ќе стигнат на функција и си мислат добиле право сите да ги прават будали. А го мислевме за чесен/поштен.
На Бранимир му пишав порака во инбукс дека е многу симпатичен но појма нема што зборува!!! Од Јануар ке има луда инфлација , а мила царовска уште ке си прави селфи (а и сите неиживеани што секој ден си постираат селфиња од коференции и состаноци и пијат и ждерат на државна сметка, а предходно ги обвинуваа овие од вмро за истото) и ке промовораат мерки од вмро само под различно име .... И така младите што побрзо ке си заминуваат од овде ....
Една армија незадоволни му коментирале под статусот. Имаше и некои смешни коментари. И овој, одма нов статус, како на секој негативен коментар ќе врател со љубов. Абе, стварно почнаа да забегуваат. Пишал, немало да сменат ништо тие 3.5 денари поскапување, било за општото добро. И така ќе почнат 2000 евра плата да земаат и ќе јадат буреци по фб. За Васиљ, не ми се ни спомнува. Новиот Бетмен стана.
Ова е заради слабата опозиција што ја имаме се додека грујо е лидер на опозиција овие ке си бидат релакс да беа вмровчињата бар малку писмени ке го сменеа грујо од лидер на партијата ,и сега ке го бутнеа Заев и неговите паразити од власт И на Бранимир и на сите нови Бетмени ке им дојде крајот ! Како и на Грујо што му е дојден крајот , но она што ме чуди е тоа што никој нема доблест да даде оставка после толку критики
Гвујо сам не си оди од страв дека веднаш ќе го поапасат. Параноја е во прашање. Забележав, многу е мал бројот на критичари од страна на новинарите. Од порталиве јас што ги читам, објективни анализи прават сдк и дојче веле. Другиве, ни гледаат, ни слушаат. Од партии, вмро одамна немаат кредибилитет да се бунат. Левица даваат отпор, но мала партија се, па речиси и да нема ефект тоа. Какви оставки, едвај чекаа да ги заменат претходните.