http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Заев-Ми-велат-дека-јас-сум-на-ред-за-атентат&id=26c38e0d-31f1-4201-bca6-37968252cdc8 Што мислите за ова? Безбедносни аналитичари го предупредиле македонскиот премиер Зоран Заев на ризик од атентат. Ова го изјави Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=412749472460865&id=304096446659502 Замислете убиство на млад фуфбалер а Спасовски исчезна
Mислам дека е вистина ова. Заев е искрен, дури и наивен во некои ситуации. Што си мисли тоа си кажува. Не верувам дека е лага.
Пријатели што живеат во Аеродром и го познавале дечкото кажаа дека се имал замерено од летово со убиецот . Не е Заев крив
Двојни стандарди,овај аршини де?! Како тоа од сигурни извори знаеш дека убиениот се замерил со убиецот и ај нека го убива сега оправдано е. И никој не рече дека Заев е крив Само,колку што памтам во време владеење на династијата Груевски-Мијалков,и куче да се убиеше на улица се бараше одговорност од нив,а сега одма оп Заев не е крив. Што знам,за мене убиство си е убиство и треба да биде најстрого казнето истото. Неспорно е дека секогаш имало и ќе има вандали кои убиваат наоколу,ама дека треба и мора да понесе некој одговорност МОРА. И за крај,се потивко го слушам она познатото #че си лежите,а толку работи се изподесија последниве месеци,ама ниту еден либерал или демократ не излезе со осуди или критики. Извини што ти се надоврзав на мислењето,ни те знам ни познавам,ама морав... Не го бранам ич,ич ни Грујо,ама за него деноноќно викаа шутка не ти бега Никола и што уште не,а Заев и другарчињата овај брачата испаднаа светци невидени. Револтирана сум стварно,гледам дека се продолжува исто,дури и бетер е. Ама,искрено сакам секој злосторник да си #лежи,ма кој сака нека бил,а дотогаш ќе веруваме дека дојде животот @CrazyGirl15
Кога го убија Мартин Нешковски деноноќно се известуваше за тоа. Имаше и протести, а убиецот беше затворен. Тогаш сите се служеа со паролата Груевски е крив, епа каде се сега истите тоа да го тврдат за З.З? Спасовски не даде ниедна изјава за убиството за Јанушев? Каде е паролата нема правда нема мир. Еве линкче да се потсетиме како З.З се ракува со убиецот на Мартин Нешковски http://netpress.com.mk/zaev-mu-stisna-raka-na-ubiecot-na-martin-neskovski/ Дојде живот а? ама со повисоки цени http://mms.mk/v2/news/дојде-животот-повисока-цена-за-повратен-билет-скопје-берово?uid=117887 Експертот за нето ДДВ и бруто ДДВ апелира да не се манипулира на темата за дизелот Епа изгледа ние сме згрешиле и сме фантазирале дека со зголемување на акцизите на нафтата ќе се зголемат цените на производите. Зошто само дизелот поскапува, а што е со бензинот? Дискриминација? ќе биде после пак паролата нема правда нема мир http://fokus.mk/tevdovski-apelira-mediumite-da-ne-manipuliraat-na-tema-za-dizelot/
Кој го уби Јанушев? Некој што бил на службена должност таа вечер? Кој одлучува за цената на превозот Скопје-Берово? 4 превозници има. Може да се возат и со тие што не покачиле, а не со најкрш компанијата во Македонија, со смрдливи автобуси што се распаѓаат на секој чекор и возачи кои немаат ни грам култура.
Никој не рече сека Зајко е крив ама нека не се крие неговиот министер, зашто дозволија убиецот да избега, зарем ти тоа го оправдуваш?
Не разбирам зашто којзнае по кој пат ти повторно стрелаш со ќорци. Не разбирам зашто се правиш дека не разбираш, па еве ти кажувам пак, професионално и приватно не зависам од партија (болдираното читај го на слогови). Не ми е јасно, зошто твое сожалување? Кои последици по мене, не разбирам? Не сфаќам, кому сум должен? Не разбирам, што не се олабавиш. Напиздуење ко ова твоево до степен на она во видејцата на Хитлер во "Даунфол" стварно не можам да разберам. И највеќе од се, ама стварно највеќе не разбирам, што мајка барале ДПМНЕ-вците со стариот твој у парк. Пасусот до зборче ти е формулиран двосмислено, а еве има човеци кои многу работи не разбираат.
Убаво вака звучи, ама кој да го избереме??? Немаме избор некако, што и да заокружиш, трн в нога... Страшно
епа 5 > 0 не може директ 200% да се покачат Со години уназад немаа никакво покачување, и си молчеа, арно им беше, сеа па биле потценети, океј тие 5% нека не ги земаат, нека ги донираат за унапредување на нивното работно место, пошто работат во руинирани објекти од времето на деда Ное
Чија сопственост се автобусите за превоз на релацијата Скопје Берово? Што предлагаш при намалување на загаденоста во Македонија?
Грешка си душо, очигледно е дека си ги заборавила штрајковите на белиот мантил..протести имаше многу, подршка од граѓани немаше и како капак на сето тоа беше не законската забрана од претходната влада да се излегува на протести.. Беше забрането право на искажување незадоволство, беа намалени платите на сите штрајкувачи, го угушија бесправно секој обид на демократско изјаснување...никогаш не молчеле, никогаш не биле задоволни од тоа каде работеле, во какви услови, како им го вреднувале трудот и др. Што мислиш како доби гласови Зајко!? На голема жалост не излага сите, абер нема за нешто подобро за обичниот граѓанин.. Срамота...ако ветил, треба да си го исполни тоа. Повторно останавме со прст у...
epa сеа 3 месеци наспроти 11 години не се ништо, има време ќе видиме колкав процент од ветено ќе се исполни, вчера стапи на власт човекот, не може преку ноќ да очекуваме брда и долини, време треба да помине
Па ако не ги сакате тие 1000 денари од покачувањето донирајте ги, никој не ве фатил во гуша за да ги земете. Досега 11 години никакво покачување немаше и во здравство и образование земаа најмизерни плати, и ќутевте... А сега 1000 по 1000 денари ќе накачува и ви сметало. Ама имате логика ехеее со таков памет до 101 и назад хехехе.
Не е штосот повторно да бидеме заебаната страна, па зошто тогаш ги симнавме едните за да ги качиме другите? Зајко не го тегневме за јазик да ни ветува брда и долини, сам изјавуваше и ако е човек од збор, човек кој има образ, треба да си го исполни ветувањето. Пет проценти во септември 2018год....тоа се вика не прави будали, не понижува, достоинството ни го дотепа...
И јас се чудам како очекуваат одеднаш да добијат покачување, кога очигледно врска немаат колку е задолжена земјава. Битно да се пише нешто де да не им пишат од штаб минус. Да не правиме муабет дека во сите институции има по 5000 души во една канцеларија со книшки вработени...Сега Заев не сака да ги брка, а сите тие луѓе бараат покачување кое не го добиле од грујо. (башка што не работат ништо, туку си ги ладат по цел ден...двајца работат, а 20 одмараат)
Никој не очекува, разбираш ли...ни вети тој преварантот, го гласавме и сега бараме да си го исполни ветенито од неговата програма. Не ме занима дали има или нема пари, нека најде штом знае да лаже.