Што е работава со учките сеа?! Уште тие фалеа.. *смајлиштосекрстисолеванога* Изгледаат ко длабоко навлезени во холивудски филм. Има кој да спроведува правда. А има и каде да се обратат, има и повисоки инстанци. Ама не.
Зголемувањето на цените во јавниот превоз нема да постигнат помала загаденост. Луѓето кои го користеле јавниот превоз ќе продолжат да го користат, но ќе плаќаат повисоки цени. Мој предлог е следниот: 1. во секој дом да има само по еден автомобил 2. да се врати акцијата денот на дрвото (сдс ја укинаа оваа акција, мој предлог е да се садат повеќе дрва и акцијата не треба да трае само еден ден) 3. да продолжат субвенциите за печки на палети 4. да продолжат субвенциите за купување на велосипед (мерка што ја донесе Коце Трајаноски) 5. многу повисоки субвенции за купување на електрични автомобили 6. да се воведат бесплатни автобуси, со цел луѓето да не се возат со автомобили наместо тоа да корситат автобуси. Накратко тоа е мој предлог еве еден линк за тоа како ВМРО се справуваше со загаденоста на воздухот. Поздрав http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=019fcdc4-8dd0-4eb2-b61f-2ecc299ddb60 З.З предлага наместо бугарски фашистики окупатор од Втора Светска војна да пишува фашистички окупатор З.З. предлага наместо да велиме Егејска Македонија ќе велиме северна Грција Најважно од се он се фокусира околку промена на името Македонија. Убаво пишував на форумот дека целта е промена на името до крајот на годината/или почеток на наредната година. Значи Македонија треба да се прилагоди на сите барања на другите држави (промена на име, грб, знаме, тргање на спомениците посебно на Александар Македонски и Филип Втори, по историја ќе учиме дека македонските револуционери се всушност бугарски револуционери, прифаќање и изградба на станови на 200 000 мигранти) Ова се ќе се случи, а за возврат ќе добиеме ново име, плукање по сопствениот идентитет, зголемена акциза на нафта и секаде поскапи цени ама битно станува збор за ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА http://www.press24.mk/zaev-veruvam-deka-kje-najdeme-nachin-za-upotreba-na-novoto-ime-za-makedonijahttp://www.press24.mk/zaev-veruvam-deka-kje-najdeme-nachin-za-upotreba-na-novoto-ime-za-makedonija
Буџетот е сиромашен, ни покачување ни бутур... oh wait, покачување може да има, ама само на цените на производите. Ова го претпоставив јас уште лани ова време. И секако, ддв. Тешко дека државава ќе се оправи, па уште во ЕУ ќе влегувала.
Не е точно дека немало покачување на платите за време на вмро.Уште со самото доаѓање на Вмро во 2006 во септрмври беа покачени 10 % на сите вработени во државен сектор, во 2007 пак 10% а во 2009 беше покачена хранарината за 900 ден линеарно на сите вработени бо 2010 беа даденк 825 ден на сите вработени во државен сектор на име патни трошоци без оглед дали патувал кли не а после тоа тие влегоа во плата и редовно се исплаќаат на сите вработени. Сето ова се случуваше за време на најголемТа европска и светска економска криза каде во голем број земји илјадници луѓе беа отпуштани од работа а кај нас немаше отпуштања туки и колку толку имаше редовни плати и по некое мало покачување. Значи сум ги застасал и владата на Бучко 2004, 2005, 2006. И владите на Грујо 2006-2015 а и сега на зајко никогаш вмрк не ветувале плкачување ама покачувале тоа се докажа 2006-2007 год. Значи од 15300 ден. со се патни од 2300 во 2006 до 24300 во 2016 год без патни трошоци јас сум вработен и сето ова можам да го докажам
Како засегната, која работи во образование за 21000, итекако барам оваа Влада и реално да покаже дека има намера реално да го вреднува мојот труд и да го среди образовниот систем. Џабе им се сите планови и реформи ако тој што треба директно да ги спроведе- наставникот, е немотивиран и незадоволен. Од љубов не се живее. Истото важи и за здравството.
Чекај, прво во нато па у еу. Најинтересно ми е што озбилно си мислат дека со влегување во еу ќе им се промени стандардот. Со ваква економија, ќе се сонуваат тие плати од 5000 евра. Ама тоа е, кога читаш само за омилениот тим, а не следиш целокупна состојба на Балканот. Да имавме острови за продавање како Грчка, ситуацијата сигурно ќе беше подобра.
@ADOKI во 2006та покачија во администрација, но не и во образование, исто во 2007ма. Во 2009та се случи тоа „покачување“ кога хранарината и патните трошоци влегоа во бруто/нето пресметките за плата, ама тоа излезе во полза на еден дел, а во штета на оние што навистина имаа патни трошоци Во 2012г. синдикатите на школите се заканија со штрајк и мислам дека истата или наредната година им покачија 5%. Значи тоа дека немало повишување во време на дпмне не е точно. Имаше - еднаш селективно, еднаш за сите..... @LollySky како што е моменталната ситуација во образованието верувам ќе се согласиш дека поголема мотивација ќе е некој воопшто да ги праша засегнатите за сите тие реформи кои се ветуваат па се случуваат. Додека не се среди целиот процес и додека реформата не започне од самите носители на образованието - џабе повишици.
Прво нека средат моронине што работат во образование, пола и повеќе се неписмени што којзнае како се пикнале таму, срамота за професијата што ја имаат (ако ја имаат), учев во едно од најдобрите средни во државава, а некои си 10тина професори појма немаа кај се наоѓаат, значи не ни доаѓаа на часови, а во основно е уште бетер психичка тортура им вршат на децана, да не знаеш што е полошо, дојдени од штипски што не знаат лекција да предадат, или па оние што се останати во комунизам и комплекси лечат врз ученици.Дефинитивно треба психолошки тестови за таа работа да се воведат. Ова истово и за градинките важи кој стигна работи таму, уште си имам трауми заради ненормални учителки што се раздераваат на 3 годишни деца. Со чесни исклучоци, ама на повеќето и таа плата им е многу, треба да се прочешла се од градинка до средно, па на заслужните и 20% покачување нека им дадат.
Прашани сме, за првпат бевме вклучени во работни групи во организација на МОН Усвоени се огромен број забелешки и изработени се нови закони за основно и средно образование кои се во процедура пред да бидат ставени на гласање во парламент. Од учебната 2018/2019 ќе се стартува со тие измени.
Секако дека оној што го убил мора да си одлежи соодветна казна ! Во никој случај не оправдувам убиство , па макар и најголем душман да ми е ! Инаку , дечкото што кажа дека фудбалерот се замерил со убиецот , е доверлив , плус го познавал Јанушев и бил во непосредна близина кога се случила кавгата помеѓу убиецот и Мартин . Секако , и тој претпоставува дека тој е убиецот , бидејќи утрото кога се случило убиството , пријателов бил на работа и не го видел лично убиството , само подоцна разбрал дека детето е убиено , така што он не е сигурен дека убиецот е тој . П . С . Не реков дека знам , туку дека ми е пренесено дека фудбалерот имал нерасчистени сметки со убиецот т.е потенцијалниот убиец . Нека не се крие Оливер , но дали можеби сеуште не нашле докази за убиецот ? Ако е фудбалерот убиен сред бел ден , ако кафулето во близина било полно со луѓе ( а и да не било , келнери сигурно имало ) тогаш зошто не дадат опис во станица за брзо рассветлување на случајот ? Не оправдувам убиство ни на најголемиот душман , а не пак на човек што ниту го познавам ниту ми згрешил нешто во животов . Сите вмешани во убиството нека си ја одлежат соодветната казна , па ако сака и самиот Оливер нека е вмешан ! Убиство е убиство , и не треба да се попушти на никој кој е сторител на истото !
Зошто мислите дека Спасовски е вмешан во убиството на Јанушев? Имате причина да се сомневате во тоа? Веќе поставив прашања кои никој не ми го одговори. Да прашам пак. Се обиде некој да го прикрие убиството? Дали убиецот бил полицаец на службена должност кога го извршил убиството? Ако одговоривте и на двете прашања со "не", време е да престанете да ги споредувате двата случаи. Второ, до берово возат 4 ПРИВАТНИ превозници. Ако не им чини што овие од 520 ја направиле картата 602 - има и компанија која вози за 420, во подобри услови, со попријатен и поуслужлив персонал. Не можете да кажете на приватна компанија колку да ја стави цената на превозот. @carangigia рече требало да се намалат цените на автобусите за да се намали загадувањето, или да се пуштат бесплатни. Еве, чекаме 15ти, Шилеков рече ќе зголемел линии, ќе намалел цена на билети, ќе пуштел бесплатно по потреба. ЌЕ ВИДИМЕ. Има многу работи за кои може да и замерите на новава влада, ама тие дефинитивно не се убиството на Јанушев и поскапувањето на автобуската карта до Берово.
Кои сте прашаните?? Оти за Прилеп можам да ти гарантирам дека ниту еден професор, па и наставник не е вклучен во такви групи. А и кој одбира кој ќе биде прашан? Да не си продолжат ко со досегашната пракса...
Што да се каже за “генијалниот” проект на градоначалников на Скопје со забрана на движење на возила низ центар? Идејата, како идеја е ок, ама за да почне да се реализира прво треба да се исполнат други услови, ама не... кај нас мора попатно да се решаваат работите Па така, наместо прво да го зголеми интензитетот и да го упристои јавниот превоз, тој забранува движење со возила. А како ќе се возиме ние од Аеродром до Карпош? Еве не знам... Инфраструктурава ни е мизерна и место прво да се позанимава со тоа, тој ќе забранува сообраќај! Генијално! Услови за возење велосипед ужасни и скоро и да ги нема, ама не, нема да возите низ центар и точка! Ете така се владее. Просто, без размислување, неплански. Браво!
Наставник си? Наставниците кои се вклучени во групите се пријавија преку Наставнички Пленум. Има неколку од Прилеп, не би пишувала имиња овде. Те поканувам да се вклучиш во фб групата за да бидеш во тек.
^не сум. Во пленумот знаеме и јас и ти кои членуваат Е тоа уште на почетокот ми беше целта - се додека има селективност, реформите нема да не' носат во вистински правец.
Прво ќе споменам за Водно како најзасегнат. За забрана сум, но искрено немам некое верување дека ќе се исполни до крај т.е како што треба. Дали забраната покрај коли вклучува и мотори бидејќи тие се најголемите штетници на водно и безбедноста. Се сеќавате дека велосипедистот кој загина пред некоја година беше удрен токму од мотор. Кој ќе ја врши контролата за тоа кој поминува а кој не? И пак ќе кажам се согласувам доколку се воведе забрана и за мотори. Ако тие се пуштаат нагоре тогаш одлукава има повеќе штета отколку добро. а со забранава низ центар не се согласувам. Премногу е избрзано и мислам дека не е плански. Имам зборувано и порано дека прво што треба да се направи е да престане увозот на бмв, голф и сл. отпади од запад кој имаат по 500.000км и уште одамна требало да одат на топење. Овде стварно се забега. Секој втор кој има 3000 евра купил некое прикрпено бмв кое чури како цементара. Треба закон да се донесе во кое ако имаш пари ќе си купиш бмв но поново кое не загадува, ако се нема ќе се купи спарк. Секојдневно гледам коли кои што се технички неисправни и димат како фабрики. Решение според мене е да се укинат царините и ддв на поновите коли. Не ми е јасно како некој што увезува отпад кој сите знаеме дека загадува да плати давачки 1000 евра, а друг кој ќе земе еуро 6 кола со највисоки еко норми да плати 5000 евра. Ова никаде не постои во Европа па дури не и во бугарија. Државата ќе мора да се откаже од овој убав ќар со увозов на возила па и да субвенционира за коли на струја од типот на Теsla на пример. Еве јас сакам да купам една tesla и да го тргнам дизелов кој го возам сега, но прво овде нема ниту субвенции, ниту пак има некој импортер кој воопшто ги увезува. Значи треба многу свест на луѓето и откажување од пари на државата, кое што не верувам дека овие барем ќе пробаат да го направат
Од она што досега го изјавија, во образование или било кој сектор нема да има отпуштања од работа. Во превод, тој што бил неписмен, ќе продолжи да си зема плата. Впрочем, тие што биле партиски вработени (а речиси и да нема некој што не бил), успешно преминаа во владеачката партија. Така да, спектакуларни промени со стар вмро-вски кадар не очекувајте. Макар што, за воља на вистината, ни овие од сдсм што ги ухлебаа не се покажаја нешто достојни за функциите. Кога партиите се агенции за вработување, а партиската книшка единствен услов, тогаш се добива неспособен кадар, т.е паразити на државен буџет. Сдсм нема да извршат промена, тука замена на веќе нефункционални и погубни практики. Како и да гледаш, цела оваа лавина на поскапувања која ќе следи, претставува директна последица на армијата партиски државни слуги, на кои е неопходно да им се исплати плата. А за приватен сектор, доволни се 200 евра и тоа нередовно исплатени.
Па овие поскапувања се сосема очекувани и се последица на 11 годишното крадење и банкротирање на државата. Се знаеше ова, идат кредити за враќање, само што им се падна на Сдсм да го јаде стапот. Не ја оправдувам мерката за зголемување на акцизата. Сепак треба да бидат подобри и да понудат во моментот подобро решение. Читам не ви чини и некои мерки за воздухот што ги најавуваат. Јас мислам многу експерти имаме и сите тие треба во Влада. Ама стварно.
Никој на форумот не рече дека е Спасовски е замешан. Само се крие, не даде ни една изјава. Кога го убија Мартин Нешковски беа организирани протести иако убиецот беше фатен за помалку од 24 часа. Како некој се обидол да прикрие убиство кога убиецот на Мартин Нешковски е во затвор? Не знаеме кој е ниту каде се крие убиецот на Јанушев, пошто никој не дава изјава. Кога ВМРО беше на власт убијците беа затварани веднаш, а сега кога сдс е на власт ниеден случај не е решен. Одговараше ли некој за нападот на Стевчо Јакимовски?Одговараше ли некој за нападот на Елвис Бајрам? Што се случи со напаѓачот на Никола Тодоров? Одговараше ли некој за нападот на Тодор Петров?Што се случи со полицаецот кој пукаше во малолетни деца во Струмица, а едното дете се бореше за живот? Одговараше ли полицаецот? Одговорат на сите прашања е не, па затоа ќе ги споредуваме случаите, бидејќи видовме кога ВМРО беше на власт како за најкраток можен рок сите криминалци/убијци одговараат пред лицето на правдата, гледаме како денес се одвиваат работите. Каде ви е денес паролата нема правда нема мир? Шилегов рече дека постепено ќе се намалувале автобуските билети, а еден ден бесплатно ќе било возењето во автобус (мижи Асан да ти бајам) Си заборавила да пишеш дека ќе поскапе паркингот во Скопје. Меѓу овие работи за замерка ја имам и изјавата на З.З за ново име на Македонија. Без народот да биде прашан он планира да ни менува име.
Се нервирам, не можеш убиство да скриеш. Тоа беше проблемот, едно убиство да не може да се скрие, срамота. Абе од кал да е, вмро да е, а се што е сдсм не чини. Така функционираат ботови.