Не знам луѓе, може еве и погрешно е. Сепак треба да се почне од главните загадувачи, а тоа секако не се колите. Ама мора нешто да се превземе. Ете ако сметате дека не е ок мерката, реагирајте. Не сум екологист и не знам што да понудам како ок решение.
Треба да дојдат и автомобилите на ред, ама да не бидат први на отстрел. Како што пишав, за да забранат делумно или целосно движење низ центар или низ Скопје, јавниот превоз треба да се беспрекорен, за да луѓево можат да се движат и да ги извршуваат тековните обврски. А не е. Најава за негово подобрување не прочитав, само за поефтинување, што не ги решава главните проблеми, а тоа е неефикасноста на јавниот превоз. Втор чекор е инфраструктурата и овозможување и поттикнување на користење на велосипед како алтернативно превозно средство. Главниве загадувачи не ги ни спомнувам, оти мислам никој нема нив да ги чепка (за жал) Домаќинствата треба да се субвенционираат, да им се овозможи парно греење, гасификација, итн... Има еден куп варијанти, ама не, најлесно е да се фатиме за автомобилите.
Јас не сум за да се праша народот за името. Името не треба да се чепка никако. Постојат милион други начини на водење политика. Мешање на историја, идентитет, име...не прифаќам во никој случај.
Браво Точно така, се согласувам со тебе. Името, знамето, химната, историјата не треба да се менуваат. Но, јасно е дека планот е да се смени името. Еднаш ни наметнаа ФИРОМ, а сега што ќе биде? Мене ми е страв дека ќе го променат името, без сознание на народот. Што ќе бидеме тогаш ние? Во сопствена држава ќе бидеме граѓани од втор ред. Бугарите ќе ни ја променат историјата, Албанија ќе бара двојазичнот, Грција ќе ни го промени името, а знаеме дека З.З е спремен се да прифати. На форумот имам видено многу бедни коментари на некои членови велејќи дека македонците имале лажна и украдена историја, не било важно како ќе се викаме само да сме имале повисок стандард Од такви плукачи (плукаат по сопствената држава, а ги величат др.држави) стигнавме тука кај што сме, а за пари се спремни се да продадат.
Значи обожавам да ви ги ставам разговориве. @carangigia, имај доблест и коментирај го видеово, те молам
Ставај секој ден, да не мислиш дека ги слушам видеата? Пфф одговорот е дека не. Изгледа се пронајде во моето мислење па ме цитираш, која е твојата цена? 1 евро за тебе 1 евро за Вицето? Инаку не е потврдено дали овие видеа се монтирани, сечени и лепени. На видеата се слушаат разговори кои секој може да ги сече и лепе (нема слика) На ова видео имаш и снимка
Се познава Те молам дај ми линк од каде што вика Шилегов дека ќе забрани движење во Центар? Било кој?
Ти како поединец не си да се праша народот, ама постојат многу други поединци што сакаат да се праша народот за името. Ако името се стави на референдум може ќе се смени, а може и не...50/50...Ама за тоа дека нема да се праша народот се лаги директно од штабот на коле. Баба гледа шител и се исплашила дека името скришно ќе го менувале, така некои личности од форумов ми звучат Бетер од 80 годишна жена размислувања @GrevMk сечени и лепени се видеата Ако гласовите се нивни, сепак не се тие...Разбираш? Еден човек викаше дека и магаре да ставеле за претседател на дпнне ќе го гласал Ете толку му е мозокот.
@carangigia се фативте за името и З.З. Разговорите се за името и варијантите кои би ги лупнал пастирот, секако со ваша дозвола. Јас не те прашав за да ми одговориш со прашање, а тоа значи недостаток на аргументи и менување правец на тема која вие ја наметнавте. Знаејќи дека во разговорот се зборува за името, нешто што крајно ве вознемирува, а ве вознемирува уште повеќе што разговорите престанаа да бидат монтирани. Убави предлози дава Антонио, еден од нив убаво би ни стоел
Нормално ќе ја смени темата...Не знаеш како е болно кога твојот најголем херој договара да се смени името Со солзи во очите сега ќе пишат дека тоа не е вистина, тоа се лаги, тоа не е потврдено, тоа е монтирано!!! Ете Спешл го доловила моментот
Абе луѓе, после се што доживеавме од страна на претходната власт, дајте малку време на новава, дајте и шанса! Неможеме да знаеме што планираат, треба тек да дознаваме... Може ќе биде уште полошо, но МОЖНО е да биде подобро, а тоа е толку лесно и веројатно во споредба со прошлата кај не однесе. Јас не сум била симпатизер на партии туку на луѓе. Го сакав и Киро Глигоров и Борис Трајковски (нека почиваат во мир и двајцата), кротки и мирољубиви луѓе според моето мислење, со срце и со љубов кон државата. Потоа кога почна со на чело на Груевски, си реков ете човек на место, работи! Се дури не ги слушнав бомбите. Тогаш се осетив изманипулирано и излажано од неговата страна. Сметам дека секој би требало така да се чувствува после сите тие подлости. Во Заев гледам карактеристики на К.Г и Б.Т, и се надевам на подобро за Македонија. Ако и овие не чинат, ќе паднат како и прошлите. За тоа се паѓа, кога луѓето ВЕЌЕ не се задоволни.
@DAngel гуглај ако знаеш тоа како се прави. @GrevMk Јас ти одговорив, ама ти слабо сфаќаш. Не е докажано дали тие снимки се лепени, сечени и монтирани. Се докажа ли нивната веродостојност? НЕ. Видеото што јас ти го пратив не беше монтиран разговор, имаш снимка на која јасно се гледа се. Не ми одговори која ти е цената? Дали ти е 1 евро. Види кои предлози ги нуди З.З за името не дека тебе би ти сметало да се промени името.Доколку сакаше ВМРО да го промени името имаше 11 години тоа да го направи. Знаеме дека ВМРО ги штити интересите на граѓаните, за разлика од сдс. Многу јасно дека ќе зборам за името, јазикот, химната, знамето и историјата.
Еве што најдов. http://plusinfo.mk/vest/132975/shilegov-vo-strog-centar-parking-samo-za-zitelite Се расправаат - читано а недочитано. Иди па докажи им.
Дека не се веродостојни снимнките затоа Ставревски, Јанкуловска и Мијалков дадоа откази и исчезнаа од земјинава топка...А на Н.Г. и компанијата одземени им се пасошите Нема лабаво. Туку само Ставревски беше човек со осет (и на снимките кога вика дека се лудаци и кога го критикува пастирот), штета што си замина....Другиве поголеми криминалци останаа да перат памет.