Во стронг центар И плус паркинг само. Го прочитав ова Значи ни тие немаат појма за што се расправаат..
Не е вмро на власт. Нека си ги анализираат причините и нека си ги решат проблемите сами, ми е гајле. Мене како граѓанин ме интересираат само оние што се во даден период на власт, затоа што тие се тие кои имаат можност да си ја исполнат обврската за која се избрани и платени. На изборите избираме на кој ќе му ги даваме парите следните четири години. Тој со тие пари одредува кои му се приоритети (во здравство, економија, образование, екологија итн.). За жал на повеќето приоритети им се џебот и задникот.
Мене на ФБ ми излезе вест за забрана на движење низ Центар. Се утепав барајќи, не можам да ја најдам веста. Можеби била опозициски спин, па го избришале, не знам... Како и да е, во Фокус има вест каде градоначалникот најавува класифицирање на возилата по категории во зависност од тоа колку загадуваат и по потреба исклучување на истите од сообраќајот. Да се разбереме, јас мислам дека идејава е во ред, ама.... се брза беспотребно. Како тие луѓе на кои ќе им се забрани користење на автомобилот ќе стасаат некаде со постоечкиов јавен превоз? Замислете наезда на луѓе, а автобусиве и така се натрупани, уште нови фалат. Затоа и реков, прво треба да се среди јавниот превоз, па после да се размислува и спроведува забрана за сообраќај. Вака не е во ред и не се ништо подобри од претходниците, оти и тие имаа слични политики.
Апсолутно сум согласна со мислењево. Болдираното како мерка е употребено во Еу. Исто, би било добро да се реши и увозот на секакви возила во Мк. Можеби едно од решенијата би било да има подземна железница. Стварно не ми е јасно како поинаку би се решил јавниот превоз.
Јавниот превоз е катастрофа. Лоши се линиите, не се поврзани општините... Никогаш немам со автобус на работа отидено, а не сум возач. 30-40 минути би ми требало за со автобус да отидам, а за 35 минути стигаш пеш. Кога ми се брза пак, не ни помислувам на автобус. Во европските градови не можеш автомобил да видиш на улица, ама нивниот јавен превоз и нашиот не може ни да се споредуваат.
И што докажа со првото видео за З.З,дека е лопов? Па добро знаеме дека сите политичари се лопови пар екселанс,тоа ни е познато веќе триесетина години. А во врска со второво видео не гледам што толку трагично кажа за толкава хистерија дека ќе се менувало име,знаме,грб и ред други работи.Човекот си кажа дека ќе пробат да најдат решение за проблемот со името,ќе се разговара.Не знам за ниеден официјален став на владата дека ќе се менува името,знамето и тн..
Класифицирање на автомобили требаше да има одамна. Можеби со малку послаби мерки за разлика од запад, но да има некоја контрола за возилата низ центар. Но не верувам дека вакво нешто ќе се случи и со оваа власт. Лошото се копира од претходните, а доброто немаат сила да го донесат.
Да, многу сериозно и паметно. 1. Дали додека аеродромот се викаше Петровец, ние не бевме Македонци? 2. Дали ако аеродромот се преименува, ние ќе престанеме да бидеме Македонци? 3. Па според тоа, што би добиле/постигнале Грците со истото, освен што им треба нешто да “продадат” на народот, а што добиваме ние со тоа, освен покажување добра воља, одземање аргументи од нивните погани усти и поголеми шанси за европски напредок.
Јас па баш за тоа се радував на доаѓањето на новиов премиер, едвај чекав да го преименува аеродромот. Преименувањето на аеродромот е многу важна работа, и тоа е за многу подобра иднина на македонците. Мислам нели... што ќе се занимаваме со битни ствари, да почнеме од најнебитното, така??? Не ми е чуден Заев, чудни ми се луѓето што мислеа дека ќе биде поинаков од претходниците.
Ај те молам подобјасни го ова "поголеми шанси за европски напредок". Се трудам ама не можам да разберам што е "европски напредок"?
Тоа е нешто кон кое оваа земја се стреми од самото нејзино осамостојување. Ако до сега не си сфатила што значи тоа, се сомневам дека јас можам да ти помогнам.
Колкава узбуна кренаа за името на аеродромот, ами што ќе прават за името на земјава кога ќе го сменат Секој чекор е испланиран и не е залуден, не се секирајте. Овде тим на професионалци работат, а не платеници на пастирот.
@orevokrsacka Amen to that! И јас се надевам, дека и ти еден ден ќе сфатиш колку тоа нешто (без наводници) е премногу важно за оваа земја.
Името на аеродромот не е самостоен проект, па да како такво не е битно. Самото тоа длабоко задира во големата слика и затоа е многу битно. Не знам дали навистина не сфаќате, или само не сакате. Шо и да е, нека ви е.
90% навистина не сфаќаат, а 10% се прават на Тошо. п.с. И јас тоа викам...Се средија па до аЈродромот им дојде. Навистина не знам што им текна ама нека им биде.