Да.... ние што мислиме дека менувањето на името на аЈродромот е моментално непотребно сме неинтелигентни и со екстремно низок коефициент на интелигенција. Ама затоа тие што мислат дека тоа ќе ги среди сите проблеми, и сега сите ќе бидат богати, среќни, државата ќе биде просперитетна и бериќетна, ќе тече мед и млеко... многу се интелигенти. Просто, од толку мозок што имаат, не им го собира во глава па дури низ уши им тече.
Точно така. Се соглсувм со пишаното и би сакала да прашам ОвиЕ што се сезнјковци -што доби Македонија од оној ден кога се преименува аеродромот? Голема провокација или јак патриотизам....?
Така де. Ама после 10 годишно перење здрави мозоци, сега имаме последици при правењето разлика меѓу илузиите и реалноста. И да, ќе си земам за право да одговорам во име на сите “нас прозваните”. Никој од нас не го рекол тоа, зошто не го ни мисли, ниту верува дека конкретно со промената на името на аеродромот сите ќе сме среќни и ќе тече мед и млеко и бла бла бла муабети. Ама дека веруваме дека е битна алка од скалилото кое ќе не качува на горе - да. Чекор по чекор на горе, е многу подобро од денсање во место, а тек пак од чекор по чекор назад, што впрочем се дешаваше со години. Не си додавајте и одземајте зборови од она што е пишано, зошто на вас така ви одговара. Тажно и смешно е. Сите сме толку писмени да прочитаме што некој навистина напишал.
Малку не сме се разбрале... Јас ништо не ти пишав конкретно што би значело извртување на твои зборови итн... Јас се согласив со тебе. Промената на името ништо не смени во нашата држава. Се почна со политиката на директни провокции кон Грција со поставувњето на спомениците како и со промена на името на аеродромот. Грција реагираше , сите знаме како. Значи за мене ништо не ми значи дали аеродромот е вака или онака именуван. Ниту со таквиот чекор ма тогашната политичка сцена не не нарправи величесвени патриоти, нас македонците. На сметка на тоа си добивме годинии тапкање во место и на празно. Кој ќе го врати изгубеното време? Никој... Сите знаеме што бизнис се вртеше со тие фамозни споменици и разни барокни чуда.
@makedonkamak воопшто не сме се разбрале. И јас се согласувам со тебе. Вториот дел од мојот коментар воопшто не се однесуваше на твојот. Misunderstanding.
Well, well. Изгледа дека пропуштам нешто. Името на аеродромот, оти до сега, се решивме. И да не е така, ова е многу важно оти е приоритет. Фантазии, илузии за големата (не) реалност, оти аеродромот од мртва точка ќе не мрдне. Уствари, неговото име. Многу битна ствар. Хм, да видиме. Претходната власт дотолку беше тоталитарна што ја заменивме со нова, со онаа која нема да дозволи Македонија да заврши со фалсификувана историја, македонските вредности нема да бидат деградирани и сведени на најнизок степен, ниту ќе бидеме еднакви со фашистите. Пратениците нема да бидат збунети и дефокусирани, па ќе гласаат за подобрување на човечките права. Нема да ги буткаат спомениците, оти народот ги плати и преплати до сега, и тие тоа го знаат. Ќе го почитуваат Судот, ама нема да одат на рочиште кога ним ќе им се суди, ами истиот само за другите ќе важи, во спротивно, тој е невалиден. Нема да го менуваат името, ниту ќе преговараат за промена на истото, ама затоа пак постојано ќе не убедуваат дека не треба така, оти и претходните сакале да го сменат, што значи, сосема е во ред да го направат истото. Ќе го почитуваат Уставот, едновремено и законите, па затоа на сосема легален начин Талат е таму кај што е. Ќе почнат да ги решаваат проблемите и во здравството. Или веќе почнаа?! Нема да не задолжуваат со кредити, оти тоа им беше главен аргумент во кампањата против ВМРО и секако, маѓично ќе не сторат на пример, Данска. Ќе најдат и начин да ја финансираат МРТВ, а тоа да не биде џебот на народот. Никако и под никакви услови нема да ги покачат даноците. Плус, замислете, департизација. But wait. Што беше тоа?! Можеби веќе почнале да ги исплаќаат долговите кои ги има здравството, направени во од двете партии. Или?! Исто, на сосема соодветен начин ќе го решаваат проблемот со загадениот воздух. Нам во Аеродром, очекувам нов ајро да ни увезат. За волја на вистината, не знам дали истиве овие, ние ги изгласавме или самите се наместија во Влада. Не, па како можев да заборавам?! Го употребија џокерот "повикај пријател". Навистина. И се тоа следствено законот. Со очајнички обиди за боење на се што е државно обележје, со срамни презервативи и по некој балон. И се тоа, во услови на режим. Wow. И сета оваа "шизофрена" политика секако дека не покажува колку народот не знае каква моќ поседува. Оh wait. Не знам дали се зезам или ја кажувам вистината. П.С.1. Не знаењето на народните маси е сила, двигател за моќта на Владите. П.С.2. Се прашувам како Маркс би ја опишал денешнава ситуација.
11 години срања очекувате да се решат за 6 месеци? Име на аеродром се менува за 1 ден, здравството треба време да се опраи. Дали ќе средат здравството, ќе видиме, во повеќе наврати рековте како дојдоа така и ќе заминат, нели? А за дали да се вика аеродромот Киро Глигоров? Секако дека да, и ништо да не направил, а направи, повеќе е од тоа што за Македонија го направил воинот на коњ.
За сите оние кои биле цицалчиња во текот на деведесеттите едно мало мемо што направи Киро Глигоров и СДСМ: Го сменија името на државата и знамето. За "добра воља" на Грците. Направија преседан невиден и нечуен во историјата. Поголемо лудило ниеден народ и ниедна држава нема направено никогаш, за никаква цена. А каква отстапка направија Грците? - Никаква. А што добивме ние за отстапките? Едно големо НИШТО. На тоа и ќе останеме. Европска иднина? Во некој друг паралелен универзум можеби. Во овој никогаш.
Кoлку јaднo им се умилкувaaт нa грците Немaaт кaпaцитет нештo дa изгрaдaт, сaкaaт сaмo дa рушaт спoменици или дa гo менувaaт иметo. И Лaзaр ми рече АЈРOдрoмoт дa се викa Кирo Глигoрoв-ФИРOМ. Мнoгу нaпрaвил зa Мaкедoнијa.
@DAngel уствари збориме за еднорог што прди виножито. Така ни кажуваа со години, некои уште веруваат у тоа. Моментално на еден археолошки локалитет се бара рогот. Oh wait. Ни го набиваа на нас, на народот цели 10 години. Аеродромот да си го имаше старото име, денеска, немаше такви небулози да играат битна улога. Ама играат. И ќе изиграат, сакал некој да глуми лудило “се решивме, па до аеродромот стигнавме” или не. Некои промени што сакате да ги преставите со “се решивме па до тоа стигнавме”, имаат реална шанса да не однесат многу подалеку од она што ви е тешко да го прифатите. Ништо не тврдам изрично, како вас што тврдите одредени работи, небаре можете да прошаптате со иднината. Да сме здрави и живи, па ќе видиме за некоја година резултати. Позитивни или негативни.
Пффффффф Многу глупости изнакажавте , иако не ми е по кејф историјата , но еве : Киро Глигоров единствено Мк излезе од Сфрј без еден испукан куршум благодарение на него , додека некој бил уште во мудата од татко му , некој правеше држава а во соседството од поранешните Сфрј имаше крвава војна , за да влезиме во историска институција ОН како независна млада држава мораше да се направи ПРИВРЕМЕНА СПОГОДБА со грците , НЕ ТРАЈНА!!! И ние први од Сфрј влеговме во Он , и бевме многу напред од поранешните Сфрј , а сега сме последни , дури после Албанија . . .. Тоа беше големината на Киро Глигоров , испиша историја !!! Знамето од 16 краци скратено на 8 краци и тоа било промена на знамето пффффффф Знаете 11 години имаше перење на мозок и не ми е чудно што толку смотано размислувате .
Мене ми се смешни оние кои упорно сметаат дека сме еднакви партнери во преговорите со Грција. Не сме. Грција е членка на ЕУ, ЕУ има корист од Грција и затоа и толерира се. Ние од друга страна молиме за да станеме членки и ЕУ од нас нема никаква корист, така што.... Ај погодете кој диктира услови тука? И ве молам кажете ми што конкретно ни се подобри во државава со тоа што аеродромот го крстивме по Ацета? И што ќе изгубиме ако го смениме името на аеродромот? Само немојте ве молам со патриотските изјави, оти поголемиот дел од вас што тука се правите патриоти имате Бугарски пасоши, а тоа е навистина многу патриотски чин
https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Трговско_ембарго_од_Грција_1994-1995. Штетата што ја претрпе Република Македонија од грчкото ембарго, според проценките на економските експерти, изнесуваше околу 2 милијарди долари. Ете зошто беше промената на знаме и ставање на привремената скратеница Фиром, која и ден денес се користи. Ако не се случеше тоа, одаамна ќе ги имавме изедено 16те краци на знамето. Не се гордеам со таа одлука, напротив. Али ембарго од земја која го има едно од најголемите пристаништа во светот, воопшто не ни одговараше. Тие што се сеќаваат што се случуваше тие 18 месеци, арно, тие што не се сеќаваат, пак арно. Грција и ден денес ја има моќта да манипулира со нас, а сигурно не ни оди во прилог да ги чепкаш каде што не треба. Епа извинете, во овој случај ние не сме Давид а они Голијат.
Ти треба мало појаснување. Ембаргото беше после воведувањето на референцата. Тоа беше фала од Грција. Референцата е од 1993. Едит: Во 1995 го сменивме знамето. Секако дека и Уставот.
А претходно ни беше многу благодарна за референцата и стави трговско ембарго како услов за знаме и Устав. Знаеш ли дека Грција во тој договор т.е резолуција го задржува правото на блокада на Македонија? Кој гарантира дека нема да блокираат и нема да се случи пак нешто како ембарго да речеме. Нека се извинат за геноцидот, а не да се плашат од територијални претензии.
Не, не би ми сметало ако аеродромот се вика Киро Глигоров, ама ништо не ми менува како ќе се вика аеродромот. Ама очекував многу побитни работи да почнат да се решаваат... претходниот премиер се занимаваше со исто вакви 'многу битни' работи, и не доведе до ова дереџе, ама и овој некако ги следи неговите чекори. Од каде да знам, може потсвесно му е идол, и мотото му е, кад пораснем бичу Грујо Така ми изгледа мене.
@Lianna Anna се согласувам со тебе. Замисли колкави би биле штетите денес да се случи едно такво ембарго? Никој нема да застане позади нас. Кај сме катастрофа, тоа ќе не докусури. Зошто провокации? Вистина е, не боли, ама не треба да се однесуваме како мали деца. Не им е филмот територијални претензии, гордоста, моќта е во прашање. Никогаш нема ни да се извинат за геноцидот, а верувај повеќе ми е гајле за народот да има што да јаде и пие, него да се чукам во гради дека Солун е наш. Никад нема да е наш.