Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Актуелни политички настани

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ariel, 3 август 2010.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    За пратениците, па поскапеа парното и струјата и зошто господата да си кратат од задоволствата кога може тоа државниот буџет да го покрие.
    Толку.

    Смирете страсти, ова станува смешно.
     
    На kate21 и JuLleE им се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    253.438
    Абеја во овој случај ти си таа која паѓа толку ниско и која се провоцира.
    Смешна си девојко, и не ти е прв пат, со секого влегуваш во конфликт, ако некој поинако искоментира од тебе.
    Прочитај си ги повторно мислењата, па ќе сфатиш што пишуваш, ако можеш и самата да заклучиш што и воопшто коментираш.

    И не коментирај за платите, сигурно дека нема да кажеш ништо паметно.
    Плус, треба да се оди и на зимување, па мора да им се покачат платите.
    Сироти, досега мораа да се ускратуваат од некои работи.
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Па како да не коментирам кога ти цело време мене ме цитираш. Нормално дека ќе вратам, особено нема да бидам имуна на лични навреди. Ако сте навикнале да формирате групи и да се поддржувате меѓусебно во било што, не значи дека ќе дозволам да ме напаѓа некој особено со навреди. Ти мене ми зборуваш за години и култура, ама појди прво од себеси. Цело време нешто ми докажуваш а уствари цело време вртиш дека сум политички определена, сите твои мислења се околу тие ебани политички определби. И секогаш сакаш да бидеш последна што цитира, не дозволуваш никој да се искаже и ти си таа која провоцира. Ти прочитај ги твоите мислења.

    За платите на пратениците нема што да коментирам, ниту ме интересира ниту сакам да мислам на тоа, а и кога би се интересирала сигурно нема да коментирам од причина што губам време на беспотребни дуели овде, кога јасно е дека вие "постарите членки" се поддржувате меѓусебно и не дозволувате никој ништо да каже што би се косело со ваше мислење.

    p.s. како пример ќе наведам директна навреда кон член на форумов-беше наречена амеба, дека не вредел разговор со неа, а девојчето нај пристојно си напиша, навредата после беше избришана од глобален модератор.
    И друга навреда е -колку плакати требало да залепи за да добие карта, лично упатена, исто и таа навреда беше избришана.
    И покрај вакви навреди, членовите се откажуваат од било какво дебатирање, зашто вие сте последните кои сакаат да го имаат секој збор.
    Е тоа е смешно!
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    253.438
    Па те цитирам од причина што сакам да го искоментирам твоето мислење, затоа.
    Ако те цитирам не значи дека те напаѓам или навредувам.
    Каде те навредив кажи ми?
    И кажи како да го сфатам твојот последен пост упатен кон мене? Ти не навредуваше?
    Очигледно е дека ти си таа која се испровоцира.

    Дозволувам да ми реплицираш, ама не тапкај во место и ти си таа која се обидува да го наметне своето мислење. Јас имам поинаков став кон таа тема, ти контрам во мислењето, ти врати ми но со аргументи, а не да ми посочуваш некакви си лајкови, цветчиња и групи, кои ниту ме интересираат ниту пак сум дел од таквите. Но веројатно ова ти е најсилниот противаргумент.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Како бре да ти контрам во твое мислење, да докажувам ли дека не сум партиски обоена а ти упорно ме вбројуваш во такви, и за сестра ми ли да кажам дека не е партиски член, да извадам извештаи од некојси комјутер кај што водат таква евиденција дека ме нема на список, да побарам потврда да ми дадат од вмро или било која партија дека не сум член, како?
    А ти ако толку се вадиш со аргументи, кажи го името на тој што бил на список а не отишол а ти бил пријател. Во спротивно ти зборуваш едно, а тие што биле и доживеале ти зборуваат друго. Ова е јас како да ти кажам-јас денес јадев сарма а ти да ми кажеш-е не ти денес си јадела компир манџа, и како да ти докажам дека не сум јадела компир манџа туку сарма? :o
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    253.438
    За да си партиски определен немора и да имаш книшка нели.
    И ти ме посочи мене дека сум партиски обоена, еве и јас ти велам дека немам никаква книшка и слично.
    Реков јас дека има такви и по случаен избор, но повеќето беа по партиска линија избрани. Пишав и на кој начин, да не се повторувам. Потоа пишав и дека сестра ти е можеби меѓу тие, со цел да ја смирам ситуацијата, но ти продолжи до степен да почнеш да употребуваш и навреди.

    Јас радо би го објавила постот за да ти докажам тебе, ама ете постојат правила на форумот кои не го дозволуваат тоа.
    Во врска со оваа тема, мислам дека веќе кажавме се. Јас си стојам на своето мислење дека не се качија сите, ти дека се качија.
    Може уште два дена да продолжиме со дискусијата на овој начин, и на крај секој со своето мислење.
    И еве не те цитирав, за да не сум последна, се со цел да не продолжи оваа дискусија бидејќи ми одзема непотребно време, кое секако би го искористила за попаметни работи отколку овде да дебатирам за тебе и сестра ти и твојата политичка не/определеност, која патем моментално не ми е од животно значење |( .
     
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    [/quote]
    julie,во потполност се согласувам со ова твое напишаново горе.едноставно на темиве во политика,не знае да се води една нормална дискусија,на пристојно ниво..нормално дека ке има спротиставени мислења,неможеме сите да се согласуваме и да веруваме во исто.мегутоа кога некоја форумџика ке изнесе свое мислење треба и да си стои позади истото,а не прво напиши,па после не не напишав јас така,ти прва почна,ми ги извртувате зборовите итн.место да се дебатира со аргументи,ако некој мисли дека сега е подобро нека образложи зашто мисли дека е подобро,јас мислам дека е полошо образложив зашто мислам дека е полошо,итн..место тоа веднаш се преминува во напад на лична основа,и се вадат некои излитени фрази дека некој е во потрага по аплауз и лајкчиња затоа што пишал на темава..
     
    На Angel.girl и JuLleE им се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    Незнам колку е актуелен, ама секако ШОКАНТЕН
    Пратени биле по грешка, хмм ајде бе :D
     
  9. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Јас ова го толкувам како провокација и порака од мексиканските нарко-картели, односно дека е неефикасна цела организација и потрошени државни средства за борба со нарко-дилерите, кога на наједноставен начин без никој да забележи со брза пошта се испорачуваат килограми и колограми дрога во центарот на светот ОН.
     
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    140.754
    Ова што се случува во Струга ме измести. Душава ми е стегната, се чувстувам одвратно.
    Струга е многу сменете од 2005 до сега, и секое влегување во неа ги затворам очите да гледам што се случува. Нештата кои се случуваат ги чувствувам некако како мој неуспех, а никогаш не ни мислев дека нешто е сменето таму. И никогаш нема ни да биде.
     
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    После овие случувања никогаш ништо нема да биде исто.
    Најболно е што албанското население не е сторител на овие хулигански работи туку македонско-муслиманското. Оние кои до вчера на пописите се деклариираа како македонци а преку ноќ станаа албанци. Неможам да ги сфатам во никој случај. Ме плаши состојбава... :x
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    -После две палења на знаме во Струга,
    -трет инцидент - спуштено е знамето на Мк пред општината, а на негово место е ставено зеленото исламско знаме.
    -Четврт инцидент - во струшко село бил оштетен крстот на Црквата Св. Богородица.
    -Биле напишани графити на Црквата Св. Никола во струшко село.
    -Бил каменуван автобусот од Вевчани.
    -Била оштетена поликлиника во село со муслиманско население (кое го држеле вевчанци).
    :x :x :x

    Кога бил прашан градоначалникот за знамињата, дал изјава дека силниот ветар ги одвеал. :fubar: :fubar:

    Превземено од интернет.
     
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    А како би го отцениле мочањето на куранот... извинете да ве прашам и кој настан на годината го означува таа маска на Вевчанскиот карневал?
    Македонка сум, ама како што не сакам некој да ми се моча во икона исто така и за нив е болно тоа. А организаторите на карневалот и градоначалникот на Вевчани наместо да се извинат, земаат уште повеќе сила и навредуваат...
    За конфликт се потребни двајца, така да, криви се и двете страни... :(
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Последна информација е дека е запалена црквата во село Лабуништа... е ова веќе ги надмина сите граници на толеранција...после ова никој веќе нема да молчи...се ближи...
     
  15. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ивана јас сум Вевчнка, јас ќе ти кажам...Дека некој се мочал на куранот тое дезинформација од новинариве или од каде и да си слушнала..Маската беше во стилот како Муслиманките се подадени по верата и ја почитуваат, а од друга страна всушност се сосема поинакви, тоа беше целта на маската....И да напоменам Куранот не беше вистинска книга туку обична книга...

    Ова што го прават тука во Струга, да знаете дека им е наредено од Мухадиџините(добиваат пари и мораат да слушаат со ќе им се нареди), иначе зошто сето ова се прави после две недели од карневалот!

    И да, ако кажам дека секоја година има луѓе што се прават де оџи, де муслимани и на крај никој ништо не рекол ниту се бунел!

    Жал ми е за селава што се околу Вевчани што страдаат заради нас, бидејќи не се моќни да дојдат Вевчани и да покажат револт кај нас, зш знает дек изопрани ќе заминат!
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Маскенбал е во прашање, карневал, традиција која трае векови и на која отсекогаш се отсликувале минати и престојни случувања, со доза на хумор и брутално исмејување.
    Не е од годинава проблемот со навредени страни. Да погледнеме наназад, ќе сфатиме дека можеби цела Струга требаше да биде срамната со земја досега, но не беше зашто некој сепак ја сфаќа поентата на карневалот.
    Пред некоја година што требаше? Груевски да се обеси на бодликава жица или да го запали Вевчани заедно со Струга и околните села? Или некому во крвта му е да чека мал потег за да реагира?

    Струга е потисната, и ова трае со години.
    Муслиманите на попис се декларираа како албанци, не како македонци, поголемиот дел зборуваат течно албански и ги користат привилегиите што им ги нуди прелевањето и играњето верни послушници.
    На државен празник во Струга главно нема високо издигнати знамиња по бандерите на главната улица, а доколку има, и во тие ретки случаи, не поминува сонцето без орелот до него.
    Како магариња јаделе моите врсници ќотек во средното училиште, зашто не смееја да писнат, додека за албанските ученици ни управа, ни директор не постоеше. Дури и нивни професори тепаа македонски ученици, и ене ги ден-денес се „борат“ за соживот.

    Отсекогаш и јас бев за соживот, и бев дел од заеднички организации и проекти, но кога ќе сфатиш дека и добар другар да е во прашање, при најмала раздразнетост ќе се сврти против тебе како пантер во лов, нема резон да толерираш и да се надеваш дека ќе е подобро.
    Времево е таква погибија за Струга и околината, што останува само да молчиш...

    Кратка хронологија на изминативе случувања:
    - запалено македонското знаме пред Општина Струга;
    - протести од илјадници предводени од ИВЗ во центарот на Струга, „Долу каури“, „Умрете каури“, „Долу Вевчани“ и „Господ е со нас“;
    - каменуван автобусот на вевчанскиот превозник Сприја;
    - оштетен осветениот дрвен крст висок 4 метри во дворот на црквата „Св. Богородица“ во струшкото село Боровец;
    - „Каури, за вас само смрт“, синоќа испишано на ѕидот на црквата „Св. Никола“, во струшкото село Октиси;
    - запалена црква во струшкото село Лабуништа.

    Границите се преминати.
     
    На LivingGlam и miljkovic им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    253.438
    Луѓе, мене ова почнува да ме плаши, овие си бараа само повод и ете им!
     
  19. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Додека ние уште тажиме за солунско поле и пирин планина, некој ќе ни го земе и ова малку што ни остана..
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Јас веќе не знам за кој Куран се борат и плачат кога во него сево ова што го прават е грев...мислам нема логика веќе.
    Добра режија има оваа трагедија.